зимбабве Archives - Република https://republika.mk/tema/zimbabve/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 08:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зимбабве Archives - Република https://republika.mk/tema/zimbabve/ 32 32 Зимбабве со слонови ќе ги рани жителите https://republika.mk/vesti/svet/zimbabve-so-slonovi-ke-gi-rani-zhitelite/ Wed, 18 Sep 2024 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=817350

Зимбабве одобри план за отстрел на 200 слона за да ги нахрани своите граѓани, кои страдаат од глад поради најголемата суша во последните неколку децении.

Според Тинаше Фараво, портпарол на Управата за паркови и диви животни, речиси половина од населението на земјата се соочува со акутен глад. Планот следи по слична одлука на Намибија за убивање на животни за да се ублажи гладот, наведува Си-Ен-Ен.

Фараво напомена дека Зимбабве има над 84.000 слона, што е значително над капацитетот од 45.000.

Министерката за животна средина Ситембисо Њони истакна пред пратениците дека „Зимбабве има повеќе слонови отколку што му требаат“.

Таа додаде дека големиот број слонови значи и „недостиг на ресурси“ за нивната исхрана, што поттикнува конфликт меѓу човекот и дивиот свет во земјата. - Разговараме со Управата за паркови и диви животни на Зимбабве и некои заедници за да го направиме она што го направи Намибија, нагласи таа.

- Кога има пренатрупаност со диви животни во одреден парк, тие потоа ќе се обидат да излезат надвор од паркот во потрага по ресурси како вода или зеленило. Кога тоа ќе се случи, тие ќе дојдат во контакт со луѓето и ќе започнат конфликти, додаде таа. .

Минатиот месец Намибија одобри колење на 700 диви животни, вклучително и слонови, а нивното месо ќе биде дистрибуирано до луѓето кои се соочуваат со недостиг на храна. Веќе се убиени повеќе од 150 животни, објави намибиското Министерство за животна средина, шумарство и туризам, а поделени се над 50.000 килограми месо.

The post Зимбабве со слонови ќе ги рани жителите appeared first on Република.

]]>

Зимбабве одобри план за отстрел на 200 слона за да ги нахрани своите граѓани, кои страдаат од глад поради најголемата суша во последните неколку децении. Според Тинаше Фараво, портпарол на Управата за паркови и диви животни, речиси половина од населението на земјата се соочува со акутен глад. Планот следи по слична одлука на Намибија за убивање на животни за да се ублажи гладот, наведува Си-Ен-Ен. Фараво напомена дека Зимбабве има над 84.000 слона, што е значително над капацитетот од 45.000. Министерката за животна средина Ситембисо Њони истакна пред пратениците дека „Зимбабве има повеќе слонови отколку што му требаат“. Таа додаде дека големиот број слонови значи и „недостиг на ресурси“ за нивната исхрана, што поттикнува конфликт меѓу човекот и дивиот свет во земјата. - Разговараме со Управата за паркови и диви животни на Зимбабве и некои заедници за да го направиме она што го направи Намибија, нагласи таа.
- Кога има пренатрупаност со диви животни во одреден парк, тие потоа ќе се обидат да излезат надвор од паркот во потрага по ресурси како вода или зеленило. Кога тоа ќе се случи, тие ќе дојдат во контакт со луѓето и ќе започнат конфликти, додаде таа. .
Минатиот месец Намибија одобри колење на 700 диви животни, вклучително и слонови, а нивното месо ќе биде дистрибуирано до луѓето кои се соочуваат со недостиг на храна. Веќе се убиени повеќе од 150 животни, објави намибиското Министерство за животна средина, шумарство и туризам, а поделени се над 50.000 килограми месо.

The post Зимбабве со слонови ќе ги рани жителите appeared first on Република.

]]>
Во Хараре има епидемија на колера, прогласена е вонредна состојба https://republika.mk/vesti/svet/vo-harare-ima-epidemija-na-kolera-proglasena-e-vonredna-sostojba/ Fri, 17 Nov 2023 11:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=702508

Зимбабве прогласи вонредна состојба во главниот град на земјата, Хараре, поради епидемија на колера, објави градоначалникот, Иан Маконе, пренесува Би-Би-Си.

Поради епидемијата досега починаа десетици луѓе, додека повеќе од 7.000 се заразени. Властите сега бараат помош за да се спречи ширењето и да се обезбеди безбедна вода, велејќи дека помошта што моментално се добива е несоодветна.

Според Меѓународниот Црвен крст, болниците се справуваат со големиот број заразени по избувнувањето на епидемијата. Во него се укажува за недостиг на здравствени работници за справување со случаите, како и недостиг на материјали за да се запре ширењето на болеста.

Министерството за здравство на Зимбабве вчера соопшти дека во земјата се регистрирани 7.398 случаи, 50 починале, а 109 лица се примени на болничко лекување.

The post Во Хараре има епидемија на колера, прогласена е вонредна состојба appeared first on Република.

]]>

Зимбабве прогласи вонредна состојба во главниот град на земјата, Хараре, поради епидемија на колера, објави градоначалникот, Иан Маконе, пренесува Би-Би-Си. Поради епидемијата досега починаа десетици луѓе, додека повеќе од 7.000 се заразени. Властите сега бараат помош за да се спречи ширењето и да се обезбеди безбедна вода, велејќи дека помошта што моментално се добива е несоодветна. Според Меѓународниот Црвен крст, болниците се справуваат со големиот број заразени по избувнувањето на епидемијата. Во него се укажува за недостиг на здравствени работници за справување со случаите, како и недостиг на материјали за да се запре ширењето на болеста. Министерството за здравство на Зимбабве вчера соопшти дека во земјата се регистрирани 7.398 случаи, 50 починале, а 109 лица се примени на болничко лекување.

The post Во Хараре има епидемија на колера, прогласена е вонредна состојба appeared first on Република.

]]>
Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве https://republika.mk/vesti/svet/shest-rudari-zaginaa-a-15-ostanaa-zatrupani-pri-urivane-na-okno-od-rudnik-za-zlato-vo-zimbabve/ Sat, 30 Sep 2023 09:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=686557

Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно на рудник во Зимбабве. Како што јавуваат државните медиуми, во уривањето на огнотол на рудникот за злато Беј Хорс, во Чегута, на 100 километри западно од градот Хараре, повеќе од 30 луѓе беа заробени, но неколкумина од нив подоцна беа спасени или успеаја да побегнат.

Би-би-си јавува дека е тек акцијата за спасување на оние кои останале под земја, а не е познато што го предизвикало колапсот.

Федерацијата на рудари на Зимбабве соопшти дека нејзиниот генерален секретар и претседател на Здружението на рудари, Чегуту, ќе одат на местото на настанот за да се обидат да утврдат што се случило.

Рударските инциденти во Зимбабве, земја која има огромни резерви на злато, платина и дијаманти, не се невообичаени.

Методите на рударство се често рудиментарни и безбедносните стандарди во голема мера се игнорираат.

The post Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве appeared first on Република.

]]>

Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно на рудник во Зимбабве. Како што јавуваат државните медиуми, во уривањето на огнотол на рудникот за злато Беј Хорс, во Чегута, на 100 километри западно од градот Хараре, повеќе од 30 луѓе беа заробени, но неколкумина од нив подоцна беа спасени или успеаја да побегнат. Би-би-си јавува дека е тек акцијата за спасување на оние кои останале под земја, а не е познато што го предизвикало колапсот. Федерацијата на рудари на Зимбабве соопшти дека нејзиниот генерален секретар и претседател на Здружението на рудари, Чегуту, ќе одат на местото на настанот за да се обидат да утврдат што се случило. Рударските инциденти во Зимбабве, земја која има огромни резерви на злато, платина и дијаманти, не се невообичаени. Методите на рударство се често рудиментарни и безбедносните стандарди во голема мера се игнорираат.

The post Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве appeared first on Република.

]]>
Кинеска компанија потпиша масовен договор со африканска фирма за копање литиум https://republika.mk/vesti/svet/kineska-kompanija-potpisha-masoven-dogovor-so-afrikanska-firma-za-kopanje-litium/ Mon, 11 Jul 2022 20:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=527113

Африканската компанија „Премиер Африкан Минералс“ (Premier African Minerals) очекува наредната година да ги испрати првите пратки на минерали од рудникот за литиум Зулу во Зимбабве, според договорот со кинеската фирма „Сужу ТА&А Ултра Клин Технолоџи Ко“ (Suzhou TA&A Ultra Clean Technology Co).

Според извршниот директор на африканската компанија, Џорџ Роч, кинеската фирма има во план да инвестира 35 милиони долари во изградба на пилот-централа со големи капацитети во Зулу. Годишно таму би требало да се произведуваат речиси 50.000 тони концентрат на сподумен, минерал од што се добива литиум.

Целта е првите пратки да тргнат до 31 март 2023 година.

Зимбабве е меѓу земјите со најголеми резерви на литиум. Кинеската фирма е само една од растечката низа компании, коишто во јужноафриканската земја вложуваат во проекти поврзани за производство на батерии.

Во март, кинеската фирма стекна удел од 13,38 отсто во компанијата „Премиер“ со инвестирање од 12 милиони фунти или 14,37 милиони долари, обезбедувајќи снабдување со концентрат на сподумен за водечкиот кинески производител „Јибин Тианји“ (Yibin Tianyi), најголемиот светски производител на батаерии за електрични возила.

The post Кинеска компанија потпиша масовен договор со африканска фирма за копање литиум appeared first on Република.

]]>

Африканската компанија „Премиер Африкан Минералс“ (Premier African Minerals) очекува наредната година да ги испрати првите пратки на минерали од рудникот за литиум Зулу во Зимбабве, според договорот со кинеската фирма „Сужу ТА&А Ултра Клин Технолоџи Ко“ (Suzhou TA&A Ultra Clean Technology Co). Според извршниот директор на африканската компанија, Џорџ Роч, кинеската фирма има во план да инвестира 35 милиони долари во изградба на пилот-централа со големи капацитети во Зулу. Годишно таму би требало да се произведуваат речиси 50.000 тони концентрат на сподумен, минерал од што се добива литиум. Целта е првите пратки да тргнат до 31 март 2023 година. Зимбабве е меѓу земјите со најголеми резерви на литиум. Кинеската фирма е само една од растечката низа компании, коишто во јужноафриканската земја вложуваат во проекти поврзани за производство на батерии. Во март, кинеската фирма стекна удел од 13,38 отсто во компанијата „Премиер“ со инвестирање од 12 милиони фунти или 14,37 милиони долари, обезбедувајќи снабдување со концентрат на сподумен за водечкиот кинески производител „Јибин Тианји“ (Yibin Tianyi), најголемиот светски производител на батаерии за електрични возила.

The post Кинеска компанија потпиша масовен договор со африканска фирма за копање литиум appeared first on Република.

]]>