Зиги Фајгл Archives - Република https://republika.mk/tema/zigi-fajgl/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 08:25:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зиги Фајгл Archives - Република https://republika.mk/tema/zigi-fajgl/ 32 32 Џон Рајли и Зиги Фајгл – двајца исклучителни гости на Националниот џез оркестар на концертот во сабота https://republika.mk/scena/muzika/dhon-rajli-i-zigi-fajgl-dvajtsa-iskluchitelni-gosti-na-natsionalniot-dhez-orkestar-na-kontsertot-vo-sabota/ Thu, 30 May 2024 08:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=783031

Националниот џез оркестар на 1 јуни (сабота) во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе одржи концерт со двајца исклучителни гости – Џон Рајли на тапани и Зиги Фајгл, веќе добро познатиот диригент и пријател на македонскиот џез состав.

На програмата ќе бидат композиции од оркестарот Тед Џонс/Мел Луис, оркестарот Vanguard Jazz, како и од Бади Рич биг бендот и Оркестарот Стен Кентон, создадени од повеќе различни композитори меѓу кои: Тeд Џонс, Џим Мекнили, Боб Брукмаер, Бил Холман.

Рајли e светски реномиран и признат изведувач, автор и учител, кој соработува со светските водечки џез музичари повеќе од 40 години. Четирикратен добитник на „Греми“ наградата, од вкупно 14 номинации, Џон има реализирано стотици снимки и настапи со Мајлс Дејвис, Дизи Гилеспи, Стен Гец, Вуди Херман, Џон Скофилд, Џо Ловано, Боб Минцер, Карнеги Хол џез бендот, џез оркестарот Вангард и многу други.

Џон Рајли е автор на The Art of Bop Drumming, моментално објавена на пет јазици, Beyond Bop Drumming, The Jazz Drummer’s Workshop и The Master Drummer.

Џон има завршено дипломски студии по џез музика на Универзитетот во Северен Тексас (1975) и мастер студии на Музичката школа на Менхетен (1985), каде денес е и професор. Тој исто таке е професор и на Универзитетот Куцтаун, визитинг професор на Конзерваториумот во Амстердам во Холандија, и редовно држи предавања низ целиот свет.

Зиги Фајгл е добро познат на нашата публика, меѓу другото и по неколкуте досегашни настапи со нашиот оркестар. Фајгл е светски познат диригент на биг бенд, првенствено познат по неговиот придонес за австриската џез сцена. Водел различни биг-бендови и ансамбли, меѓу кои биг бендот во Грац, каде што е и декан и професор на Универзитетот за музика и изведувачки уметности; ХГМ биг бендот, биг бендот Суд, преку својата работа покажувајќи го својот талент за аранжирање и диригирање на големи музички состави.

Работата на Фајгл во музиката за биг бенд често опфаќа широк спектар на стилови, од традиционалните свинг и џез стандарди до посовремени и експериментални композиции. Соработувал со многу реномирани музичари и уметници, како во Австрија, така и на меѓународно ниво, меѓу кои Бил Холман, Тутс Тилеманс, Арт Фармер, Марк Марфи, Боб Брукмаер, Артуро Сандовал и други, и се стекнал со репутација за неговото вешто лидерство и иновативни аранжмани.

Билети за концертот може да се набават на билетарницата на МНТ или online на страната на МНТ. Студентите и пензионерите може да ги набават своите билети со попуст од 50% на билетарница, по приложување на соодветен документ.

 

The post Џон Рајли и Зиги Фајгл – двајца исклучителни гости на Националниот џез оркестар на концертот во сабота appeared first on Република.

]]>

Националниот џез оркестар на 1 јуни (сабота) во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе одржи концерт со двајца исклучителни гости – Џон Рајли на тапани и Зиги Фајгл, веќе добро познатиот диригент и пријател на македонскиот џез состав. На програмата ќе бидат композиции од оркестарот Тед Џонс/Мел Луис, оркестарот Vanguard Jazz, како и од Бади Рич биг бендот и Оркестарот Стен Кентон, создадени од повеќе различни композитори меѓу кои: Тeд Џонс, Џим Мекнили, Боб Брукмаер, Бил Холман. Рајли e светски реномиран и признат изведувач, автор и учител, кој соработува со светските водечки џез музичари повеќе од 40 години. Четирикратен добитник на „Греми“ наградата, од вкупно 14 номинации, Џон има реализирано стотици снимки и настапи со Мајлс Дејвис, Дизи Гилеспи, Стен Гец, Вуди Херман, Џон Скофилд, Џо Ловано, Боб Минцер, Карнеги Хол џез бендот, џез оркестарот Вангард и многу други. Џон Рајли е автор на The Art of Bop Drumming, моментално објавена на пет јазици, Beyond Bop Drumming, The Jazz Drummer’s Workshop и The Master Drummer. Џон има завршено дипломски студии по џез музика на Универзитетот во Северен Тексас (1975) и мастер студии на Музичката школа на Менхетен (1985), каде денес е и професор. Тој исто таке е професор и на Универзитетот Куцтаун, визитинг професор на Конзерваториумот во Амстердам во Холандија, и редовно држи предавања низ целиот свет. Зиги Фајгл е добро познат на нашата публика, меѓу другото и по неколкуте досегашни настапи со нашиот оркестар. Фајгл е светски познат диригент на биг бенд, првенствено познат по неговиот придонес за австриската џез сцена. Водел различни биг-бендови и ансамбли, меѓу кои биг бендот во Грац, каде што е и декан и професор на Универзитетот за музика и изведувачки уметности; ХГМ биг бендот, биг бендот Суд, преку својата работа покажувајќи го својот талент за аранжирање и диригирање на големи музички состави. Работата на Фајгл во музиката за биг бенд често опфаќа широк спектар на стилови, од традиционалните свинг и џез стандарди до посовремени и експериментални композиции. Соработувал со многу реномирани музичари и уметници, како во Австрија, така и на меѓународно ниво, меѓу кои Бил Холман, Тутс Тилеманс, Арт Фармер, Марк Марфи, Боб Брукмаер, Артуро Сандовал и други, и се стекнал со репутација за неговото вешто лидерство и иновативни аранжмани. Билети за концертот може да се набават на билетарницата на МНТ или online на страната на МНТ. Студентите и пензионерите може да ги набават своите билети со попуст од 50% на билетарница, по приложување на соодветен документ.  

The post Џон Рајли и Зиги Фајгл – двајца исклучителни гости на Националниот џез оркестар на концертот во сабота appeared first on Република.

]]>