жичница Archives - Република https://republika.mk/tema/zichnica/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:07:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жичница Archives - Република https://republika.mk/tema/zichnica/ 32 32 Не работи жичницата на Водно поради силен ветер https://republika.mk/vesti/skopje/ne-raboti-zhichnitsata-na-vodno-poradi-silen-veter/ Mon, 30 Sep 2024 08:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=820891

Жичницата која води од средно Водно до врвот, е надвор од употреба поради силниот ветер, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Жичницата не работеше и во текот на вчерашниот ден.

„Ве информираме дека Жичницата не работи поради силниот ветер.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, стои во соопштението на ЈСП Скопје.

The post Не работи жичницата на Водно поради силен ветер appeared first on Република.

]]>

Жичницата која води од средно Водно до врвот, е надвор од употреба поради силниот ветер, соопштуваат од ЈСП Скопје. Жичницата не работеше и во текот на вчерашниот ден. „Ве информираме дека Жичницата не работи поради силниот ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, стои во соопштението на ЈСП Скопје.  

The post Не работи жичницата на Водно поради силен ветер appeared first on Република.

]]>
Оштетена сајла на жичницата Тетово-Попова Шапка потенцијална опасност по патот и викенд населбата во ски центарот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oshtetena-sajla-na-zhichnitsata-tetovo-popova-shapka-potentsijalna-opasnost-po-patot-i-vikend-naselbata-vo-ski-tsentarot/ Fri, 07 Jun 2024 08:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=785416

Пукната челична сајла од жичницата од Тетово до Попова Шапка може да биде опасна по луѓето, алармираа лани граѓаните, а речиси една година потоа, проблемот не е надминат. Лани во август МИА информираше дека постои опасност оштетената сајла да се искине и да предизвика проблеми доколку падне на патот. Состојбата е иста и сега, сајлите се надвиснати и се забележителни кога се минува со возило под нив.

Уште малку фали до судниот ден кога сајлата „ќе фати“ камион кој се движи по патот Тетово-Попова Шапка или нема да може да пројде. Сајлата е опасна мислам го знаат тоа само игнорираат. Ако не ја поместуваат, барем да ја офарбаат со црвено-бела боја, што се над патот да знаат луѓето и да внимаваат кога поминуваат под сајлите, вели Надир Мурсели, алпинист со големо искуство и во спасувачки операции на планина, кој од лани ја следи состојбата со сајлите.

Хавзи Ризвани, претседател на месната заедница на сопственици со викендички Попова Шапка, вели дека жичницата поминува над населбата, па затоа е важно да се најде решение.

Според мене сега нема некоја голема опасност над патот или над населбата, но со тек на време може да биде опасно за возилата и луѓето што поминуваат, ако се случи целосно да се скине сајлата. Треба да се реши еден ден, да се тргне целата сајла или нешто да се направи. Но освен да се извади цела сајла не гледам што друго може да се направи. Поставена е околу 1998 година, а во време на конфликтот во 2001 година најмногу беше оштетена и од тогаш жичницата не функционира и инфраструктурата пропаѓа, изјави Хавзи Ризвани.

Во август 2023 тогашната управата на ЕЛЕМ Турс која раководи со ски-центарот Попова Шапка, информираа дека жичарницата е во нивна надлежност и во тек се со состојбата. Беше речено дека техничко одговорно лице ја олабавува сајлата одвреме на време за да не се скине, најавија преземање повеќе чекори, поточно чекаат насоки од Машински факултет каде се прават испитувања и за другите жичарници.

Сајлите се на иста висина како досега. Ние сме ги виделе сајлите. Ние ги имаме преземено сите мерки, имам поднесено известување и барање до АД ЕСМ за случајот за да може да се отстранат тие. Требаше да се ангажираат инженери од Машинскиот факултет, тоа оди преку АД ЕСМ од каде имаат склучено договор со Машински факултет. Ние поднесовме барање до АД ЕСМ да ни ги известат инженерите да излезат на терен, да направат некој елаборат за отстранување на истите, затоа што реално го загрозуваат животот на жителите и сообраќајот. Чекаме одговор од АД ЕСМ, што поконкретно е преземено од инженерите, таква е процедурата, сме фирма ќерка на АД ЕСМ. Тоа е голема работа која финансиски влијае, изјави Адем Авзиу, тогашен управител на ЕЛЕМ Турс, а сега Ски-центар Попова Шапка ДООЕЛ Тетово.

Жичарницата Тетово-Попова Шапка е со должина од околу 6,5 километри. Возењето во т.н. воздушни гондоли за четири лица траеше 40 минути, со капацитет од 400 луѓе на час.

The post Оштетена сајла на жичницата Тетово-Попова Шапка потенцијална опасност по патот и викенд населбата во ски центарот appeared first on Република.

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-zhichnitsata-na-vodno-ke-raboti-dva-chasa-poveke-od-dosega/ Wed, 01 May 2024 14:08:43 +0000 https://republika.mk/?p=773027

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември.

– По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“, од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.

The post Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега appeared first on Република.

]]>

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември. – По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“, од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.  

The post Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега appeared first on Република.

]]>
Автобусите утре ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи https://republika.mk/vesti/skopje/avtobusite-utre-ke-vozat-po-nedelen-vozen-red-zhichnitsata-na-vodno-nema-da-raboti/ Tue, 23 Apr 2024 08:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=769581

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

The post Автобусите утре ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи appeared first on Република.

]]>

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи. Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

The post Автобусите утре ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи appeared first on Република.

]]>
Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време https://republika.mk/vesti/skopje/zhichnitsata-na-vodno-od-utre-so-prodolzheno-rabotno-vreme/ Mon, 01 Apr 2024 08:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=760817

Јавното сообраќајно претпријатије-Скопје ( ЈСП) известува дека од утре, вторник жичницата ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

Од таму додаваат дека согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.

The post Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време appeared first on Република.

]]>

Јавното сообраќајно претпријатије-Скопје ( ЈСП) известува дека од утре, вторник жичницата ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот. Од таму додаваат дека согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.  

The post Жичницата на Водно од утре со продолжено работно време appeared first on Република.

]]>
Заглавените патници во жичницата на Водно вратени до патот https://republika.mk/vesti/skopje/zaglavenite-patnitsi-vo-zhichnitsata-na-vodno-vrateni-do-patot/ Sat, 25 Nov 2023 19:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=716252

Од МВР известуваат дека жичницата на Водно е пуштена да работи и луѓето што биле заглавени се вратени на асфалтираниот пат.

Од АМСМ известуваат:

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ:

Од 13:00 на Пат. правец Кичево-Стража има забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ

Од 17:20 патниот правец Струга - ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.

Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

The post Заглавените патници во жичницата на Водно вратени до патот appeared first on Република.

]]>

Од МВР известуваат дека жичницата на Водно е пуштена да работи и луѓето што биле заглавени се вратени на асфалтираниот пат. Од АМСМ известуваат: ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Од 13:00 на Пат. правец Кичево-Стража има забрана за движење на ТТМВ. Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ. Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ Од 17:20 патниот правец Струга - ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила. Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ. Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ. Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

The post Заглавените патници во жичницата на Водно вратени до патот appeared first on Република.

]]>
Внимавајте: На повеќе места пукната челичната сајла на жичницата Тетово-Попова Шапка https://republika.mk/vesti/makedonija/vnimavajte-na-poveke-mesta-puknata-chelichnata-sajla-na-zhichnitsata-tetovo-popova-shapka/ Thu, 17 Aug 2023 10:16:59 +0000 https://republika.mk/?p=672962

Сајлата од жичницата Тетово - Попова Шапка на неколку места е распукана или пак се повеќе се спушта до земјата блиску до патиштата, објекти и шумата. Граѓаните кои ја забележале оваа појава алармираат дека поради ваквата состојба на ова километарско челично јаже може да предизвика некој опасност по луѓето, но и по објектите.

Сајлата е оштетена и постои опасност да се искине. Бидејќи сајлата е затегната, мора да помислиме на тоа како би изгледало, како на пример доколку нешто како затегнат ластик, кој доколку се искине знаеме што се случува. Би можел да додадам дека е изградена помеѓу периодот 1962 до 1965 година. Стара е веќе над 60 години. Тоа е челична сајла, обложена е со тие челични влакна што се околу нејзе и „кошулицата“ е оштетена. Така покрај жичарава каде што се поставени столбовите во моментот има две села и објекти каде што се близу жичарницата и останува само прашање што се може да се случи доколку сајлата се искине, изјави Надир Мурсели, алпинист со големо искуство и во спасувачки операции на планина.

На неколку места сајлата е толку спуштена што е прашање на време кога некое повисоко возило како автобус или камион би го допреле ова челично јаже.

Другите недостатоци се дека таа на повеќе места се спушта и како што можевте да видите на тоа се повеќе места од патот што води кон Тетово-Попова Шапка. И тоа е еден проблем доколку се спушти скроз сајлата до патот, нема да можат коли да поминуваат како и да се стигне до селата. Големите возила доколку не постои внимателност дека постои таква опасност како што се камиони, автобуси може да биде опасно, потенцира Мурсели.

Во управата на ЕЛЕМ Турс која раководи со ски-центарот Попова Шапка велат дека жичарницата е во нивна надлежност и се во тек со состојбата.

Од страна на техничко одговорно лице се олабавува сајлата одвреме на време за да не се скине сајлата па да направи посериозни проблеми. Реално тоа треба да се отстрани целосно од столбовите. Наша надлежност е да се тргне. Ќе видиме, имаме во план, работиме на тоа да направиме некоја постапка за да ја отстраниме целосно сајлата. Баравме да се направи увид од техничка инспекција за да имаме насоки и ќе исконтактираме со инженерите од Машински факултет коишто ни прават испитувања и за другите жичарници. Да ни дадат конкретно некоја насока што да преземеме за да можеме да ја отстраниме. Тоа е стара и огромна сајла и треба да се преземат чекори поради безбедност за да може да се отстранат. Не можам да кажам конкретно време но имаме сознание за тоа, преземаме чекори што се во наша надлежност, изјави Адем Авзиу, управител на ЕЛЕМ Турс.

Жичницата Тетово-Попова Шапка е со должина од околу 6,5 километри. Возењето во т.н. воздушни гондоли за четири лица траеше 40 минути, со капацитет од 400 луѓе на час.

The post Внимавајте: На повеќе места пукната челичната сајла на жичницата Тетово-Попова Шапка appeared first on Република.

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот https://republika.mk/vesti/zhicharnitsata-na-vodno-od-deneska-ke-raboti-do-20-chasot/ Mon, 01 May 2023 07:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=635682

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ поради Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата на Водно од денеска, пак, ќе работи од 10 до 20 часот.

Од мај жичарницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работното време за период мај - септември. Од 19 - 19.30 часот е последното возење од долу нагоре, а во 19.45 часот ќе биде последното возење од горе надолу, објави ЈСП.

The post Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот appeared first on Република.

]]>

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ поради Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат. Жичарницата на Водно од денеска, пак, ќе работи од 10 до 20 часот.
Од мај жичарницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работното време за период мај - септември. Од 19 - 19.30 часот е последното возење од долу нагоре, а во 19.45 часот ќе биде последното возење од горе надолу, објави ЈСП.

The post Жичарницата на Водно од денеска ќе работи до 20 часот appeared first on Република.

]]>
Жичарницата утре нема да работи до 14.30 часот https://republika.mk/vesti/skopje/zicharnicata-utre-nema-da-raboti-do-14-30-chasot/ Tue, 27 Sep 2022 09:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=554710

Утре, среда (28.09.2022 год) Жичарницата до 14.30 часот нема да работи.

Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани активности во електродистрибутиваната мрежа во реонот на Средно Водно.

Автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе има изменет возен ред од вообичаениот, односно ќе сообраќа во следниве термини.

Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч.
Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.

The post Жичарницата утре нема да работи до 14.30 часот appeared first on Република.

]]>

Утре, среда (28.09.2022 год) Жичарницата до 14.30 часот нема да работи. Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани активности во електродистрибутиваната мрежа во реонот на Средно Водно. Автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе има изменет возен ред од вообичаениот, односно ќе сообраќа во следниве термини. Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч. Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.

The post Жичарницата утре нема да работи до 14.30 часот appeared first on Република.

]]>
ЈСП за Илинден сообраќа по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-za-ilinden-soobrakja-po-nedelen-vozen-red-zichnicata-kje-raboti/ Fri, 29 Jul 2022 07:52:35 +0000 https://republika.mk/?p=534526

Во вторник (02.08.2022 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници, а жичницата ќе работи вообичаено.

Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

The post ЈСП за Илинден сообраќа по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено appeared first on Република.

]]>

Во вторник (02.08.2022 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници, а жичницата ќе работи вообичаено. Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

The post ЈСП за Илинден сообраќа по неделен возен ред, жичницата ќе работи вообичаено appeared first on Република.

]]>
Спасени лицата кои преку ноќта беа заглавени во замрзнати гондоли од жичница https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/spaseni-licata-koi-preku-nokjta-bea-zaglaveni-vo-zamrznati-gondoli-od-zichnica/ Mon, 03 Jan 2022 10:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=439936

Екипите за потрага и спасување во Ново Мексико, спасија 21 заглавено лице, кои преку ноќта останале заглавени во замрзнати гондоли од жичница.

Тие со хеликоптери и јажиња успеале да спасат 21 човек вработени во ресторанот на врвот од планината, кои по завршување на смената влегле во гондолите за да се спуштат. Дваесет од нив биле прво спасени, затоа што биле во една од гондолите, а потоа уште еден човек, кој бил сам во друга гондола.

Инцидентот се случи во близина на градот Албукерки, високо на планината Санди. Годолите сопреле поради замрзната главна сајла на жичницата. Никој од спасените не еповреден, но биле видно исплашени.

https://www.youtube.com/watch?v=dZi3FJYncdE

The post Спасени лицата кои преку ноќта беа заглавени во замрзнати гондоли од жичница appeared first on Република.

]]>

Екипите за потрага и спасување во Ново Мексико, спасија 21 заглавено лице, кои преку ноќта останале заглавени во замрзнати гондоли од жичница. Тие со хеликоптери и јажиња успеале да спасат 21 човек вработени во ресторанот на врвот од планината, кои по завршување на смената влегле во гондолите за да се спуштат. Дваесет од нив биле прво спасени, затоа што биле во една од гондолите, а потоа уште еден човек, кој бил сам во друга гондола. Инцидентот се случи во близина на градот Албукерки, високо на планината Санди. Годолите сопреле поради замрзната главна сајла на жичницата. Никој од спасените не еповреден, но биле видно исплашени. https://www.youtube.com/watch?v=dZi3FJYncdE

The post Спасени лицата кои преку ноќта беа заглавени во замрзнати гондоли од жичница appeared first on Република.

]]>