жежок автомобил Archives - Република https://republika.mk/tema/zhezhok-avtomobil/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 13:27:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жежок автомобил Archives - Република https://republika.mk/tema/zhezhok-avtomobil/ 32 32 Пластични шишиња и други предмети што не треба да се оставаат во возило на топло време https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/plastichni-shishina-i-drugi-predmeti-shto-ne-treba-da-se-ostavaat-vo-vozilo-na-toplo-vreme/ Thu, 01 Aug 2024 12:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=802368

Автомобилот е неизоставен дел од човековото секојдневие, па полезно е да се знае кои секојдневни предмети и производи никогаш не треба подолго да се оставаат во возилото лете и на потопло време.

Лекови

Лековите секогаш треба да се вадат од автомобилот, бидејќи многу од нив имаат температурни ограничувања. „Парацетамолот“, на пр. има горна граница од 25 Целзиусови степени. Ако се остави во автомобил, топлината може да влијае на кој било лек и да го направи бескорисен. Затоа, секогаш е добро и корисно да се провери етикетата на лекот, за да се види дали има ограничување, пишува „Мирор“ (Mirror).

Според американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ), за само еден час, возило оставено на Сонце може да се загрее од 26 Целзиусови степени до 50 степени.

Вода во шише

На високи температури, важно е да луѓето секогаш да имаат вода со себе. Но, исто толку важно е никогаш да не се оставаат пластични шишиња во загреан автомобил.

Топлината предизвика испуштање хемикалии како полиетилен-терефталат и други, од пластиката во водата. Последиците не се целосно познати и објаснети, но влијае на вкусот и бојата на водата...

Креми за сончање

Како и со водата, кремот за сончање е важен производ за време на топлотните бранови, но не оставајте го во возилото. Според познавачите, пред сѐ, шишето може да се прегрее и да ја изгуби својата делотворност - слично како лекот. Топлината, исто така, може да предизвика шишето да се подува и да експлодира, по што следи сосем непотребното подолго чистење на автомобилот.

The post Пластични шишиња и други предмети што не треба да се оставаат во возило на топло време appeared first on Република.

]]>

Автомобилот е неизоставен дел од човековото секојдневие, па полезно е да се знае кои секојдневни предмети и производи никогаш не треба подолго да се оставаат во возилото лете и на потопло време.

Лекови

Лековите секогаш треба да се вадат од автомобилот, бидејќи многу од нив имаат температурни ограничувања. „Парацетамолот“, на пр. има горна граница од 25 Целзиусови степени. Ако се остави во автомобил, топлината може да влијае на кој било лек и да го направи бескорисен. Затоа, секогаш е добро и корисно да се провери етикетата на лекот, за да се види дали има ограничување, пишува „Мирор“ (Mirror). Според американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ), за само еден час, возило оставено на Сонце може да се загрее од 26 Целзиусови степени до 50 степени.

Вода во шише

На високи температури, важно е да луѓето секогаш да имаат вода со себе. Но, исто толку важно е никогаш да не се оставаат пластични шишиња во загреан автомобил. Топлината предизвика испуштање хемикалии како полиетилен-терефталат и други, од пластиката во водата. Последиците не се целосно познати и објаснети, но влијае на вкусот и бојата на водата...

Креми за сончање

Како и со водата, кремот за сончање е важен производ за време на топлотните бранови, но не оставајте го во возилото. Според познавачите, пред сѐ, шишето може да се прегрее и да ја изгуби својата делотворност - слично како лекот. Топлината, исто така, може да предизвика шишето да се подува и да експлодира, по што следи сосем непотребното подолго чистење на автомобилот.

The post Пластични шишиња и други предмети што не треба да се оставаат во возило на топло време appeared first on Република.

]]>
Бебе од осум недели почина во жежок автомобил во Њу Џерси https://republika.mk/zivot/semejstvo/bebe-od-osum-nedeli-pochina-vo-zhezhok-avtomobil-vo-nu-dhersi/ Thu, 18 Jul 2024 10:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=798004

Татко е уапсен откако неговата осумнеделна ќерка починала во жежок автомобил во Њу Џерси, соопштија властите.

Бебето починало во понеделникот во вжештена кола кога доживеало срцев удар, соопшти обвинителството на округот Оушн, пренесе Еј-би-си. Бебето починало во автомобилот.

Таткото на детето, 28-годишниот Аврахам Чаитовски, подолго време го оставил бебето во автомобилот, за што било утврдено дека е причина и начин на смртта, соопшти обвинителството.

Во Лејквуд Тауншип, каде што почина детето, температурата во понеделникот надмина 38 Целзиусови степени. Обвинителите соопштија дека таткото на бебето бил обвинет за загрозување на благосостојбата на дете.

Истрагата е во тек и можни се нови обвиненија, соопштија обвинителите.

Според националната непрофитна организација KidsAndCars.org, досега загинале најмалку 11 деца во загреани автомобили низ САД оваа година.

Според KidsAndCars.org, од 1990 година, најмалку 1.095 деца загинале во жешки автомобили, а околу 88 отсто од тие деца биле на возраст од 3 години или помлади.

 

The post Бебе од осум недели почина во жежок автомобил во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>

Татко е уапсен откако неговата осумнеделна ќерка починала во жежок автомобил во Њу Џерси, соопштија властите. Бебето починало во понеделникот во вжештена кола кога доживеало срцев удар, соопшти обвинителството на округот Оушн, пренесе Еј-би-си. Бебето починало во автомобилот. Таткото на детето, 28-годишниот Аврахам Чаитовски, подолго време го оставил бебето во автомобилот, за што било утврдено дека е причина и начин на смртта, соопшти обвинителството. Во Лејквуд Тауншип, каде што почина детето, температурата во понеделникот надмина 38 Целзиусови степени. Обвинителите соопштија дека таткото на бебето бил обвинет за загрозување на благосостојбата на дете. Истрагата е во тек и можни се нови обвиненија, соопштија обвинителите. Според националната непрофитна организација KidsAndCars.org, досега загинале најмалку 11 деца во загреани автомобили низ САД оваа година. Според KidsAndCars.org, од 1990 година, најмалку 1.095 деца загинале во жешки автомобили, а околу 88 отсто од тие деца биле на возраст од 3 години или помлади.  

The post Бебе од осум недели почина во жежок автомобил во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>