жена на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/zhena-na-godinata/ За подобро да се разбереме Tue, 09 May 2023 11:46:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жена на годината Archives - Република https://republika.mk/tema/zhena-na-godinata/ 32 32 Шакира: Во животот на жената доаѓа момент кога повеќе не е толку важно дали некој ти е верен или не https://republika.mk/scena/muzika/shakira-vo-zhivotot-na-zhenata-doaga-moment-koga-poveke-ne-e-tolku-vazhno-dali-nekoj-ti-e-veren-ili-ne/ Tue, 09 May 2023 11:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=638773

Шакира ја доби наградата за жена на годината во рамки на свеченоста во организација на „Билборд“ за Жени во латино музиката, што се одржа во Мајами, каде што пејачката престојува со своите деца по разводот со Жерар Пике.

При примањето на наградата, Колумбијката се осврна на разводот со Пике, настан што што ја одбележа изминатата година во нејзиниот живот.

Доаѓа момент во животот на секоја жена во кој таа повеќе не зависи од некого за да се сака или да се прифати себеси каква што е. Потрагата по другиот се заменува со потрагата по себе, а желбата да се биде совршена за некого се заменува со желбата да се биде автентична“, изјави Шкира.

Со својот настап, Шакира го оправда имиџот на независна жена, нешто што предизвика бројни аплаузи во „Вацко“ центарот, каде што се одржа манифестацијата.

Ова е година во која сфатив дека жените се многу посилни отколку што мислиме. Ние сме похрабри од она што мислиме дека сме. Мислам дека сме и понезависни отколку што нè учат да бидеме. На која жена не и се случило да бара внимание, наклонетост или одобрување од друг и да се заборави себеси. Тоа ми се случи и на мене“, изјави пејачката.

Шакира зборуваше и за односот на жените во одредени ситуации со кои се случуваат кога се во врска.

Веќе не е толку важно дали некој ти е верен или не, она што навистина е важно е дали ќе продолжиш да си верна самата на себе“, порача Шакира, по што доби гласни овации.

Шакира изјави и благодарност до музиката, во која што пронашла утеха и помош во тешките моменти.

Точно е дека кога се чувствував најизгубено, музиката беше таа што ме стави на патот назад кон себе. Тука се најважните лекции што ги научив од другите жени, за нив, за вас, го напишав тоа што напишав и го пеев тоа што го пеев. Затоа што само жената може да сака до тој степен да се распарчи самата себе“, заврши Шакира.

The post Шакира: Во животот на жената доаѓа момент кога повеќе не е толку важно дали некој ти е верен или не appeared first on Република.

]]>

Шакира ја доби наградата за жена на годината во рамки на свеченоста во организација на „Билборд“ за Жени во латино музиката, што се одржа во Мајами, каде што пејачката престојува со своите деца по разводот со Жерар Пике. При примањето на наградата, Колумбијката се осврна на разводот со Пике, настан што што ја одбележа изминатата година во нејзиниот живот.