Жељка Цвијановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/zhelka-tsvijanovik/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 08:53:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жељка Цвијановиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/zhelka-tsvijanovik/ 32 32 Претседателката изрази сочувство до семејствата на настраданите во поплавите во БИХ https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-izrazi-sochuvstvo-do-semejstvata-na-nastradanite-vo-poplavite-vo-bih/ Tue, 08 Oct 2024 08:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=824072

Унапредувањето на регионалната соработка со цел справување со предизвиците, како и напредокот на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан, се од круцијално значење за стабилноста и просперитетот на регионот, оценија денеска на средба претседателката Гордана Сиљановска Давкова и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Средбата се одржа во Тиват, во рамки на состанокот на лидерите на земјите-учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

Претседателката Сиљановска Давкова, како што соопшти нејзиниот кабинет, ја изрази македонската поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина, како и нашата подготвеност за размена на искуства со БиХ.

На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемна поддршка и почит, при што беше изразен интерес за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во сите сфери, пред сè на економски план.

Стана збор и за минатонеделните поплави во Босна и Херцеговина, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на настраданите и посака брзо закрепнување на повредените.

The post Претседателката изрази сочувство до семејствата на настраданите во поплавите во БИХ appeared first on Република.

]]>

Унапредувањето на регионалната соработка со цел справување со предизвиците, како и напредокот на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан, се од круцијално значење за стабилноста и просперитетот на регионот, оценија денеска на средба претседателката Гордана Сиљановска Давкова и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на Босна и Херцеговина. Средбата се одржа во Тиват, во рамки на состанокот на лидерите на земјите-учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Претседателката Сиљановска Давкова, како што соопшти нејзиниот кабинет, ја изрази македонската поддршка за европските и евроатлантските аспирации на Босна и Херцеговина, како и нашата подготвеност за размена на искуства со БиХ. На средбата беше изразено задоволство од одличните пријателски односи и соработка меѓу двете земји кои се карактеризираат со заемна поддршка и почит, при што беше изразен интерес за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и продлабочување на билатералната соработка во сите сфери, пред сè на економски план. Стана збор и за минатонеделните поплави во Босна и Херцеговина, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на настраданите и посака брзо закрепнување на повредените.

The post Претседателката изрази сочувство до семејствата на настраданите во поплавите во БИХ appeared first on Република.

]]>