Желјаско Радуков Archives - Република https://republika.mk/tema/zheljasko-radukov/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 12:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Желјаско Радуков Archives - Република https://republika.mk/tema/zheljasko-radukov/ 32 32 Героски: На Денот на народното востание Али Ахмети покажа дека помила му е Бугарија одошто земјата во која неговиот внук се наполни ко брод! https://republika.mk/vesti/makedonija/geroski-na-denot-na-narodnoto-vostanie-ali-ahmeti-pokazha-deka-pomila-mu-e-bugarija-odoshto-zemjata-vo-koja-negoviot-vnuk-se-napolni-ko-brod/ Mon, 14 Oct 2024 12:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=826619

Средбата во Мала Речица беше уште една порака упатена до јавноста дека во спорот меѓу Скопје и Софија, Али Ахмети е на страната на своите софиски пријатели, реагира уредникот Бранко Героски во својата последна колумна, зборувајќи за средбата на лидерот на ДУИ со новиот амбасадор на Бугарија во Скопје, Жељазко Радуков, на големиот национален празник 11 Октомври.

Замислете, на 28 Ноември, на Денот на албанското знаме, националниот празник на Албанците, делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски, да се сретне со српскиот амбасадор во Македонија. А потоа, oд средбата да биде издадено официјално соопштение, во кое ќе се каже дека владејачката партија изразила ставови идентични со позициите на Белград во спорот со Приштина.

Како би го доживеале тоа Албанците во Македонија?

Како тешка провокација што ги загрозува меѓуетничките односи во Македонија. А како поинаку?

Секој Албанец би рекол – погледнете, Мицкоски нè предаде!

Не го сакам тој тежок збор, но да – во случајот, тоа би било рамно на предавство.

Како би реагирала коалицијата Вреди, која е партнер во Владата?

Како би реагирала опозициската ДУИ?

Најостро. Во најблагата форма, би барале повлекување на изјавата и јавно извинување од Мицкоски. Но, не би било неочекувано еден таков непромислен гест да доведе и до сериозна политичка криза, па и до распад на владејачката коалиција.

Она што Мицкоски нема да го стори на 28 Ноември, го стори Али Ахмети на 11 октомври, на Денот на народното востание.

11 Октомври е важен датум во поновата историја на Македонија, бидејќи го означува почетокот на народното востание против фашистичката окупација во Втората светска војна. Тоа што некои луѓе во Бугарија сега велат дека 11 Октомври бил „антибугарски празник“, тоа само покажува дека тие се самоидентификуваат со марионетската фашистичка влада на Бугарија, која ја предводела окупацијата на Македонија, од 1941 година до капитулацијата на таа влада во 1943 година.

Целата колумна на „Плусинфо“

The post Героски: На Денот на народното востание Али Ахмети покажа дека помила му е Бугарија одошто земјата во која неговиот внук се наполни ко брод! appeared first on Република.

]]>

Средбата во Мала Речица беше уште една порака упатена до јавноста дека во спорот меѓу Скопје и Софија, Али Ахмети е на страната на своите софиски пријатели, реагира уредникот Бранко Героски во својата последна колумна, зборувајќи за средбата на лидерот на ДУИ со новиот амбасадор на Бугарија во Скопје, Жељазко Радуков, на големиот национален празник 11 Октомври. Замислете, на 28 Ноември, на Денот на албанското знаме, националниот празник на Албанците, делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски, да се сретне со српскиот амбасадор во Македонија. А потоа, oд средбата да биде издадено официјално соопштение, во кое ќе се каже дека владејачката партија изразила ставови идентични со позициите на Белград во спорот со Приштина. Како би го доживеале тоа Албанците во Македонија? Како тешка провокација што ги загрозува меѓуетничките односи во Македонија. А како поинаку? Секој Албанец би рекол – погледнете, Мицкоски нè предаде! Не го сакам тој тежок збор, но да – во случајот, тоа би било рамно на предавство. Како би реагирала коалицијата Вреди, која е партнер во Владата? Како би реагирала опозициската ДУИ? Најостро. Во најблагата форма, би барале повлекување на изјавата и јавно извинување од Мицкоски. Но, не би било неочекувано еден таков непромислен гест да доведе и до сериозна политичка криза, па и до распад на владејачката коалиција. Она што Мицкоски нема да го стори на 28 Ноември, го стори Али Ахмети на 11 октомври, на Денот на народното востание. 11 Октомври е важен датум во поновата историја на Македонија, бидејќи го означува почетокот на народното востание против фашистичката окупација во Втората светска војна. Тоа што некои луѓе во Бугарија сега велат дека 11 Октомври бил „антибугарски празник“, тоа само покажува дека тие се самоидентификуваат со марионетската фашистичка влада на Бугарија, која ја предводела окупацијата на Македонија, од 1941 година до капитулацијата на таа влада во 1943 година. Целата колумна на „Плусинфо“

The post Героски: На Денот на народното востание Али Ахмети покажа дека помила му е Бугарија одошто земјата во која неговиот внук се наполни ко брод! appeared first on Република.

]]>
На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarskiot-ambasador-ke-mu-bide-vrachena-protestna-nota/ Mon, 16 Sep 2024 09:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=816720

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.

Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.

Ние, нагласи, сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropa-i-svetot-vidoa-koi-se-vistinskite-nameri-na-sofija-da-pokazhuvaat-muskuli/

Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.

Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.

За работата на Мешовитата комисија со Бугарија очекува разговорите да продолжат во духот на пријателството и добрососедство.

Очекувам објективно да се преговара и да се разговара. Тоа се процеси кои траат со децении. Имаме такви примери во Европа. Секоја избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тие избрзани одлуку можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух членовите на комисиите од двете страни ќе разговараат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.
Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.
Ние, нагласи, сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropa-i-svetot-vidoa-koi-se-vistinskite-nameri-na-sofija-da-pokazhuvaat-muskuli/ Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.
Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.
За работата на Мешовитата комисија со Бугарија очекува разговорите да продолжат во духот на пријателството и добрососедство.
Очекувам објективно да се преговара и да се разговара. Тоа се процеси кои траат со децении. Имаме такви примери во Европа. Секоја избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тие избрзани одлуку можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух членовите на комисиите од двете страни ќе разговараат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот амбасадор денеска на рапорт во МНР за неистакнувањето на македонското знаме https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-deneska-na-raport-vo-mnr-za-neistaknuvaneto-na-makedonskoto-zname/ Mon, 16 Sep 2024 06:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=816641

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.

Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи  и надворешна трговија на разговор ќе биде повикан Амбасадорот на Република Бугарија, потврдија вчера од МНРиНТ.

За денеска во 11 часот е закажан и брифинг за медиуми на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за досегашните и идните активности, како и за актуелни прашања од доменот на работата на МНРиНТ.

The post Бугарскиот амбасадор денеска на рапорт во МНР за неистакнувањето на македонското знаме appeared first on Република.