жан митрев клиника Archives - Република https://republika.mk/tema/zhan-mitrev-klinika/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Jun 2023 09:05:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жан митрев клиника Archives - Република https://republika.mk/tema/zhan-mitrev-klinika/ 32 32 Холандска компанија презема мнозински удел од клиниката „Жан Митрев“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/holandska-kompanija-prezema-mnozinski-udel-od-klinikata-zhan-mitrev/ Tue, 20 Jun 2023 09:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=653297

Холандската компанија „Балкан алајанс хелткер Б.В.“ купува мнозински удел од клиниката „Жан Митрев“. Вакво нешто покажуваат податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).

„Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.145/10, 136/11, 41/14, 53/16 и 83/18), на ден 09.06.2023 година, а дополнето на ден 13.06.2023 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација кое се однесува на стекнување на директна контрола од страна на Балкан Алајанс Хелткер Б.В. со регистрирано седиште на ул. Стравинскилан бр. 1421, 1077ХХ Амстердам, Холандија над Приватна здравствена установа-Клинилка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје со регистрирано седиште на ул. Бледски Договор бр. 8, 1000 Скопје, Република Македонија преку купопродажба на удели.

Балкан Алајанс Хелткер Б.В. друштво основано согласно регулативата на Холандија, со седиште во ул. Стравинскилан бр. 1421, 1077ХХ Амстердам, Холандија, во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со Приватната здравствена установа – Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје со седиште на ул. Бледски Договор бр. 8, 1000 Скопје преку стекнување на контрола со купување на мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита.

Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат на адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје или по e-mail: [email protected] и истите треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, пишува во известувањето на КЗК..

The post Холандска компанија презема мнозински удел од клиниката „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>

Холандската компанија „Балкан алајанс хелткер Б.В.“ купува мнозински удел од клиниката „Жан Митрев“. Вакво нешто покажуваат податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК). „Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.145/10, 136/11, 41/14, 53/16 и 83/18), на ден 09.06.2023 година, а дополнето на ден 13.06.2023 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација кое се однесува на стекнување на директна контрола од страна на Балкан Алајанс Хелткер Б.В. со регистрирано седиште на ул. Стравинскилан бр. 1421, 1077ХХ Амстердам, Холандија над Приватна здравствена установа-Клинилка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје со регистрирано седиште на ул. Бледски Договор бр. 8, 1000 Скопје, Република Македонија преку купопродажба на удели. Балкан Алајанс Хелткер Б.В. друштво основано согласно регулативата на Холандија, со седиште во ул. Стравинскилан бр. 1421, 1077ХХ Амстердам, Холандија, во рамките на својата инвестициона политика има намера да стапи во стратешко партнерство со Приватната здравствена установа – Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ Скопје со седиште на ул. Бледски Договор бр. 8, 1000 Скопје преку стекнување на контрола со купување на мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита. Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат на адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје или по e-mail: [email protected] и истите треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, пишува во известувањето на КЗК..

The post Холандска компанија презема мнозински удел од клиниката „Жан Митрев“ appeared first on Република.

]]>
Клиника Жан Митрев: Приклучок кон обвинението за Стаменковски е единствениот начин да се заштитиме https://republika.mk/vesti/crna-hronika/klinika-zhan-mitrev-prikluchok-kon-obvinenieto-za-stamenkovski-e-edinstveniot-nachin-da-se-zashtitime/ Sat, 11 Feb 2023 20:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=607882

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет, информираа денеска од клиниката на Митрев.

„Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ, со работата на истражителите на јавното обвинителство кое ја води постапката против нас. Имено, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која обвинителството ја побара три дена после објавата на текстот“, велат од клиниката.

Оттаму тврдат дека во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката биле предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ биле објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа била нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци.

„Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија. Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели“, велат од клиниката.

Оттаму веруваат во транспарентност, во објективност и ги поддржуваат начелата на истражувачкото новинарство и посебно слободата на говорот.

„Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение“, велат од клиниката Жан Митрев.

 

The post Клиника Жан Митрев: Приклучок кон обвинението за Стаменковски е единствениот начин да се заштитиме appeared first on Република.

]]>

Клиника Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет, информираа денеска од клиниката на Митрев. „Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ, со работата на истражителите на јавното обвинителство кое ја води постапката против нас. Имено, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која обвинителството ја побара три дена после објавата на текстот“, велат од клиниката. Оттаму тврдат дека во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката биле предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ биле објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа била нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци. „Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија. Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели“, велат од клиниката. Оттаму веруваат во транспарентност, во објективност и ги поддржуваат начелата на истражувачкото новинарство и посебно слободата на говорот. „Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение“, велат од клиниката Жан Митрев.  

The post Клиника Жан Митрев: Приклучок кон обвинението за Стаменковски е единствениот начин да се заштитиме appeared first on Република.

]]>