згрижувачки семејства Archives - Република https://republika.mk/tema/zgrizhuvachki-semejstva/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 14:35:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png згрижувачки семејства Archives - Република https://republika.mk/tema/zgrizhuvachki-semejstva/ 32 32 Тренчевска: Секое дете има право да расте во семејна и топла атмосфера https://republika.mk/zivot/trenchevska-sekoe-dete-ima-pravo-da-raste-vo-semejna-i-topla-atmosfera/ Mon, 12 Feb 2024 14:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=743304

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес спроведе активност со деца од згрижувачки семејства на тема „Моите емоции, во моето семејство“ со поддршка на вработените во Јавната установа Детски дом „11 Октомври“- Скопје.

„Преку уметноста децата најдобро ги искажуваат своите емоции, затоа денес преку цртежи и боички комуницираме за емоциите. За мене е од особена важност кај децата да преовладуваат позитивните емоции кога се зборува за семејствата во кои децата се згрижени. Затоа што згрижувачкото семејство треба да биде пријатна околина за правилен раст и развој на децата“ рече Тренчевска за време на активноста.

Тренчевска ја објасни и важноста од подготвувањето на згрижувачките семејства за децата навистина да ја добиваат соодветната грижа и нивното секојдневие да поминува во топла семејна атмосфера.

„За нас како Министерство за труд и социјална политика од особена важност е децата да бидат сместени во соодветни згрижувачки семејства, затоа лицата кои се заинтересирани поминуваат преку долг процес на консултации во Центрите за згрижувачки семејства“ рече Тренчевска.

Процесот низ кој треба да поминат згрижувачките семејства започнува со контакт со Центарот за социјална работа (ЦСР) во местото на живеење и се пополнува соодветниот образец. Потоа потребно е семејството да помине низ информативна сесија каде Центарот за поддршка на згрижувачки семејства заедно со ЦСР извршуваат првична посета во домот на згрижувачот. При посетата во домот се разговара со семејството и се утврдува состојбата и потребите и воедно се оценува семејството согласно критериумите. Доколку истите се позитивни, семејството поминува низ задолжителна обука во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Процесот завршува со крајна проценка за подобноста на семејството.

Моментално на територијата на Република Македонија има 362 згрижувачки семејства во кои се згрижени 601 дете. Министерството за труд и социјална политика досега има спроведено две кампањи со UNICEF и СОС детско село со цел зголемување на свеста за важноста на згрижувачките семејства и зголемување на нивниот број.

The post Тренчевска: Секое дете има право да расте во семејна и топла атмосфера appeared first on Република.

]]>

Тренчевска: Заедно да обезбедиме што повеќе топли домови за децата без родители и родителска грижа https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-zaedno-da-obezbedime-shto-poveke-topli-domovi-za-detsata-bez-roditeli-i-roditelska-grizha/ Wed, 17 May 2023 10:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=641728

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставничката на UNICEF во Република Македонија, Патриција ДиЏовани ја промовираа новата комуникациска кампања насочена кон мобилизирање на нови згрижувачки семејства, со фокус на итни и специјализирани згрижувачки семејства кои можат да обезбедат специјализирана грижа за деца под специфичен ризик.

„ Во последниве неколку години во Република Македонија интензивно се работи на развивање на формата сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма. Секоја наредна година се стремиме да бидеме што подобри, работиме кон исполнување на најдобрите можности за децата без родители“ објасни Тренчевска во своето обраќање.

Министерката зборуваше и за важноста од поддршката на згрижувачките семејства и истакна дека со реформата на системот за социјална заштита за прв пат се предвидени центрите за поддршка на згрижувачки семејства кои треба да  вршат промоција на услугата згрижување во семејство, подготовка,  проценка  и  обука  на  идни  згрижувачки, како и следење  и  давање на  поддршка  на постојните згрижувачки семејства.

Таа се осврна и на кампањата за згрижувачки семејства која ја спроведе министерството за труд и социјална политика заедно со UNICEF во 2018 година.

„Во 2018 година УНИЦЕФ и министерството за труд и социјална политика спроведоа кампања на национално ниво наменета за мобилизирање на нови згрижувачки семејства и подигање на свеста за нивната важност. Кампањата допре до 1 милион луѓе Со ваков достигнат успех денеска сум горда што ја промовираме новата комуникациска кампања за згрижувачки семејства со фокус на итни и специјализирани згрижувачки семејства“ рече Тренчевска.

Во моментот на територијата на Република Македонија има 360 згрижувачки  семејства во кои се згрижени 608 деца. Според Тренчевска спроведувањето на ваквите кампањи треба да придонесе кон зголемување на бројот на згрижувачки семејства. По обраќањето на министерката и на претставнничката на UNICEF од страна на присутните згрижувачи беа раскажани лични приказни за искуствата и мотивот за прклучување кон кругот на згрижувачките семејства.

The post Тренчевска: Заедно да обезбедиме што повеќе топли домови за децата без родители и родителска грижа appeared first on Република.