зголемување на платите Archives - Република https://republika.mk/tema/zgolemuvanje-na-platite/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 16:09:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зголемување на платите Archives - Република https://republika.mk/tema/zgolemuvanje-na-platite/ 32 32 Ќе се зголемат платите на медицинскиот персонал, покачување се очекува и во други сектори https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-zgolemat-platite-na-meditsinskiot-personal-pokachuvane-se-ochekuva-i-vo-drugi-sektori/ Mon, 14 Oct 2024 16:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=826753

Ќе се зголемат платите и на медицинскиот персонал, откри министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа не кажа колку ќе изнесува покачувањето, но најави дека ќе го има. По зголемување на платите во образованието, вели дека мора да се покачат и платите на вработените во здравството, не но на докторите, чии плати изминатиот период бележеле пораст

Очекуваме сега и во здравството да видиме, особено за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам овде бидејќи тие во минатото имаа повеќе покачување. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри, вели министерката.

Ако се полни буџетот со ваква динамика, како во изминативе 100 дена, ќе има и за покачување на платите во другите сектори, вели Кочоска.

Најголема наплата има токму во Царината. Директорот вели дека натрфиле во сите области.

 

The post Ќе се зголемат платите на медицинскиот персонал, покачување се очекува и во други сектори appeared first on Република.

]]>

Ќе се зголемат платите и на медицинскиот персонал, откри министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Таа не кажа колку ќе изнесува покачувањето, но најави дека ќе го има. По зголемување на платите во образованието, вели дека мора да се покачат и платите на вработените во здравството, не но на докторите, чии плати изминатиот период бележеле пораст
Очекуваме сега и во здравството да видиме, особено за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам овде бидејќи тие во минатото имаа повеќе покачување. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри, вели министерката.
Ако се полни буџетот со ваква динамика, како во изминативе 100 дена, ќе има и за покачување на платите во другите сектори, вели Кочоска. Најголема наплата има токму во Царината. Директорот вели дека натрфиле во сите области.  

The post Ќе се зголемат платите на медицинскиот персонал, покачување се очекува и во други сектори appeared first on Република.

]]>
Дали ќе откажат од зголемената плата? Пендаровски ќе зема 2,500 евра, Ковачевски 2.000 https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-ke-otkazhat-od-zgolemenata-plata-pendarovski-ke-zema-2-500-evra-kovachevski-2-000/ Fri, 31 Mar 2023 15:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=625884

Не стивнуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд за 78 проценти да им се зголемат платите на министрите, судиите, градоначалниците, премиерот, претседателот и уште многу други фунцкионери.

Народот е револтиран, на социјалните мрежи се повикува на протести. Со право се прашуваат дали во буџетот има пари за овие зголемување на платите и дали државата може ова финансиски да го издржи.

Владата излезе со нејасно сооптение за одлуката на Уставниот суд.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-odlukata-na-ustavniot-sud-e-konechna-toa-ne-znachi-deka-avtomatski-ke-se-zgolemat-platite/

Оттаму велат дека одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува но и дека тоа не значело дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти.

Со новото покачување платата на премиерот Ковачевски ќе биде 2000 евра, на министрите нешто помалку.

[caption id="attachment_616884" align="alignnone" width="640"] фото: Фејсбук/ Артан Груби[/caption]

Вчера со реакција излезе и претседателот Пендаровски. Тој како невкусна ја искоментира одлуката на Уставниот суд во време на економска криза.

Но, она што е најважно е што ниту Пендаровски ниту Ковачевски не се изјаснија дека ќе се откажат или ќе ја донираат зголемената плата.

Досега тоа најавија дека ќе го сторат градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и на Центар Горан Герасимовски.

The post Дали ќе откажат од зголемената плата? Пендаровски ќе зема 2,500 евра, Ковачевски 2.000 appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд за 78 проценти да им се зголемат платите на министрите, судиите, градоначалниците, премиерот, претседателот и уште многу други фунцкионери. Народот е револтиран, на социјалните мрежи се повикува на протести. Со право се прашуваат дали во буџетот има пари за овие зголемување на платите и дали државата може ова финансиски да го издржи. Владата излезе со нејасно сооптение за одлуката на Уставниот суд. https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-odlukata-na-ustavniot-sud-e-konechna-toa-ne-znachi-deka-avtomatski-ke-se-zgolemat-platite/ Оттаму велат дека одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува но и дека тоа не значело дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78 проценти. Со новото покачување платата на премиерот Ковачевски ќе биде 2000 евра, на министрите нешто помалку. [caption id="attachment_616884" align="alignnone" width="640"] фото: Фејсбук/ Артан Груби[/caption] Вчера со реакција излезе и претседателот Пендаровски. Тој како невкусна ја искоментира одлуката на Уставниот суд во време на економска криза. Но, она што е најважно е што ниту Пендаровски ниту Ковачевски не се изјаснија дека ќе се откажат или ќе ја донираат зголемената плата. Досега тоа најавија дека ќе го сторат градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и на Центар Горан Герасимовски.

The post Дали ќе откажат од зголемената плата? Пендаровски ќе зема 2,500 евра, Ковачевски 2.000 appeared first on Република.

]]>
ССМ бара поголеми плати за 2800 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-bara-pogolemi-plati-za-2800-denari/ Mon, 23 May 2022 14:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=506057

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итна средба со претседателот на Владата, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика во врска со барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

ССМ викендов реагираше дека во ребалансот на Буџетот не се предвидени средства за оваа намена, како што им било ветено за време на преговорите за Општиот колективен договор за јавниот сектор.

– Согласно презентираниот ребаланс на Буџетот од страна на министерот за финансии и анализите на ССМ, не видовме дека има предвидено средства за линеарно – солидарно зголемување на платите во нето износ од 2.806 денари, како што бараше ССМ во Општиот колективен договор за јавниот сектор и за време на преговорите што ги водевме со тимот министри на кои добивме уверување дека со релабансот на Буџетот ќе го добиеме линеарното зголемување, вели во изјава за МИА претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Доколку ова не се случи со ребалансот на Буџетот, Синдикатот најавува дека од септември ќе бара зголемување на платите за 18,4 проценти повикувајќи се на членот 8 од Законот за минимална плата, кој предвидува усогласување на останатите плати со минималната плата.

Од ССМ не ја исклучуваат и можноста за генерален штрајк, доколку не се исполни ветеното.

The post ССМ бара поголеми плати за 2800 денари appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итна средба со претседателот на Владата, вицепремиерот за економски прашања и со министрите за финансии и за труд и социјална политика во врска со барањето за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. ССМ викендов реагираше дека во ребалансот на Буџетот не се предвидени средства за оваа намена, како што им било ветено за време на преговорите за Општиот колективен договор за јавниот сектор. – Согласно презентираниот ребаланс на Буџетот од страна на министерот за финансии и анализите на ССМ, не видовме дека има предвидено средства за линеарно – солидарно зголемување на платите во нето износ од 2.806 денари, како што бараше ССМ во Општиот колективен договор за јавниот сектор и за време на преговорите што ги водевме со тимот министри на кои добивме уверување дека со релабансот на Буџетот ќе го добиеме линеарното зголемување, вели во изјава за МИА претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Доколку ова не се случи со ребалансот на Буџетот, Синдикатот најавува дека од септември ќе бара зголемување на платите за 18,4 проценти повикувајќи се на членот 8 од Законот за минимална плата, кој предвидува усогласување на останатите плати со минималната плата. Од ССМ не ја исклучуваат и можноста за генерален штрајк, доколку не се исполни ветеното.

The post ССМ бара поголеми плати за 2800 денари appeared first on Република.

]]>
Наставниците најавија штрајк доколку и нивните плати не се зголемат од 1 март https://republika.mk/vesti/makedonija/nastavnicite-najavija-shtrajk-dokolku-i-nivnite-plati-ne-se-zgolemat-od-1-mart/ Mon, 14 Feb 2022 15:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=458500

Наставничкиот пленум бара зголемувањето на платите за вработените во образованието од 7 отсто, кое е предвидено со годинашниот Буџет, согласно со колективниот договор и поврзано со покачувањето на минималната плата, да се пресметува и реализира од 1 март 2022.

Во барање до ресорниот министер Јетон Шаќири, Пленумот наведува дека просветните работници се незадоволни и се чувствуваат дискриминирани во однос на другите вработени во јавниот сектор поради тоа што секторот образование е изземен од исплатата на регресот (К-15).

Бараат и организиран превоз, месечен билет за јавен превоз или месечен надомест за патни трошоци за просветните работници што патуваат на работа во рурални средини или од една во друга општина, како и надомест за одделенските наставници кои работеа дополнителни часови со учениците за време на онлајн-наставата во периодот на пандемијата во учебната 2021 година.

Ако нашите барања не бидат земени предвид, ние, наставниците на Наставнички пленум, предвидуваме бојкот на наставата, штрајк или протести и ги повикуваме да ни се придружат сите синдикати од секторот образование и сите граѓански образовни здруженија, како и здруженијата на родителите, се наведува во барањето до министррот Шаќири

The post Наставниците најавија штрајк доколку и нивните плати не се зголемат од 1 март appeared first on Република.

]]>

Наставничкиот пленум бара зголемувањето на платите за вработените во образованието од 7 отсто, кое е предвидено со годинашниот Буџет, согласно со колективниот договор и поврзано со покачувањето на минималната плата, да се пресметува и реализира од 1 март 2022. Во барање до ресорниот министер Јетон Шаќири, Пленумот наведува дека просветните работници се незадоволни и се чувствуваат дискриминирани во однос на другите вработени во јавниот сектор поради тоа што секторот образование е изземен од исплатата на регресот (К-15). Бараат и организиран превоз, месечен билет за јавен превоз или месечен надомест за патни трошоци за просветните работници што патуваат на работа во рурални средини или од една во друга општина, како и надомест за одделенските наставници кои работеа дополнителни часови со учениците за време на онлајн-наставата во периодот на пандемијата во учебната 2021 година.
Ако нашите барања не бидат земени предвид, ние, наставниците на Наставнички пленум, предвидуваме бојкот на наставата, штрајк или протести и ги повикуваме да ни се придружат сите синдикати од секторот образование и сите граѓански образовни здруженија, како и здруженијата на родителите, се наведува во барањето до министррот Шаќири

The post Наставниците најавија штрајк доколку и нивните плати не се зголемат од 1 март appeared first on Република.

]]>