зголемен Archives - Република https://republika.mk/tema/zgolemen/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 13:18:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зголемен Archives - Република https://republika.mk/tema/zgolemen/ 32 32 За 2,6 отсто зголемен бројот на работници во индустријата во јануари на годишно ниво https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-2-6-otsto-zgolemen-brojot-na-rabotnitsi-vo-industrijata-vo-januari-na-godishno-nivo/ Tue, 12 Mar 2024 13:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=754046

Бројот на работници во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемен за 2,6 осто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во јануари 2024 споредено со јануари 2023 година статистиката евидентира пораст од шест проценти на бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен, од 2,4 проценти во Преработувачка индустрија, а од 0,8 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,5 проценти, Капитални производи за 17,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 проценти.

The post За 2,6 отсто зголемен бројот на работници во индустријата во јануари на годишно ниво appeared first on Република.

]]>

Бројот на работници во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемен за 2,6 осто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во јануари 2024 споредено со јануари 2023 година статистиката евидентира пораст од шест проценти на бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен, од 2,4 проценти во Преработувачка индустрија, а од 0,8 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,5 проценти, Капитални производи за 17,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 проценти.

The post За 2,6 отсто зголемен бројот на работници во индустријата во јануари на годишно ниво appeared first on Република.

]]>
НАТО за 12 отсто го зголемува воениот буџет за 2024 година https://republika.mk/vesti/svet/nato-za-12-otsto-go-zgolemuva-voeniot-budhet-za-2024-godina/ Wed, 13 Dec 2023 17:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=722666

НАТО денеска соопшти дека го зголемил воениот буџет за 2024 година за 12 отсто, на 2,03 милијарди евра, додека цивилниот буџет на Алијансата е зголемен за 18,2 отсто, на 438,1 милиони евра.

Зголемувањето и проширувањето на заедничкиот буџет на НАТО им овозможува на сојузниците поефикасно да се справат со заедничките безбедносни предизвици, соопштија од седиштето Алијансата во Брисел.

Цивилниот буџет на НАТО обезбедува средства за персонал, оперативни трошоци и програмско проширување на штабот на НАТО и неговиот меѓународен персонал, додека воениот буџет ги покрива оперативните трошоци на командната структура на штабовите на НАТО, мисиите и операциите низ светот, наведуваат британските медиуми.

The post НАТО за 12 отсто го зголемува воениот буџет за 2024 година appeared first on Република.

]]>

НАТО денеска соопшти дека го зголемил воениот буџет за 2024 година за 12 отсто, на 2,03 милијарди евра, додека цивилниот буџет на Алијансата е зголемен за 18,2 отсто, на 438,1 милиони евра. Зголемувањето и проширувањето на заедничкиот буџет на НАТО им овозможува на сојузниците поефикасно да се справат со заедничките безбедносни предизвици, соопштија од седиштето Алијансата во Брисел. Цивилниот буџет на НАТО обезбедува средства за персонал, оперативни трошоци и програмско проширување на штабот на НАТО и неговиот меѓународен персонал, додека воениот буџет ги покрива оперативните трошоци на командната структура на штабовите на НАТО, мисиите и операциите низ светот, наведуваат британските медиуми.

The post НАТО за 12 отсто го зголемува воениот буџет за 2024 година appeared first on Република.

]]>