жетва Archives - Република https://republika.mk/tema/zetva/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 09:11:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жетва Archives - Република https://republika.mk/tema/zetva/ 32 32 Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени https://republika.mk/vesti/ekonomija/toplotniot-bran-povolen-za-zhetvata-na-jachmenot-i-pchenitsata-ostanatite-kulturi-zagrozeni/ Fri, 12 Jul 2024 09:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=796076

Топлотниот бран со многу високи температури што ја зафати земјава неповолно влијае на сите земјоделски култури. Единствено, како што велат агрометеоролозите, сувото и топло време е поволно за жетвата на јачменот која е при крај, како и за жетвата на пченицата која е во полн ек.

Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. Загрозени се и повеќегодишните култури кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува производителите да ги користат сите можни капацитети за наводнување.

Во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надминува 40 степени. Од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура на воздухот ќе се движи во интервал од 14 до 24, а максималната од 34 до 42 степена, потсетуваат агрометеоролозите.

The post Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени appeared first on Република.

]]>

Топлотниот бран со многу високи температури што ја зафати земјава неповолно влијае на сите земјоделски култури. Единствено, како што велат агрометеоролозите, сувото и топло време е поволно за жетвата на јачменот која е при крај, како и за жетвата на пченицата која е во полн ек. Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. Загрозени се и повеќегодишните култури кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува производителите да ги користат сите можни капацитети за наводнување. Во следните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надминува 40 степени. Од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура на воздухот ќе се движи во интервал од 14 до 24, а максималната од 34 до 42 степена, потсетуваат агрометеоролозите.

The post Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени appeared first on Република.

]]>
Огромен пад на жетвата на жито во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ogromen-pad-na-zetvata-na-zito-vo-ukraina/ Mon, 13 Jun 2022 19:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=514704

Висок украински владин претставник, изјаи дека жетвата на житото во Украина оваа година најверојатно ќе падне на околу 48,5 милиони тони од 86 милиони тони минатата година.

Првиот заменик-министер за земјоделство, Тарас Висоцки, изјави дека вкупната засеана површина е намалена за 25 отсто, пренесуваат британски медиуми.

Украина е водечки светски производител на житарки и маслодајни семиња, но нејзиниот извоз е сериозно погоден од војната.

The post Огромен пад на жетвата на жито во Украина appeared first on Република.

]]>

Висок украински владин претставник, изјаи дека жетвата на житото во Украина оваа година најверојатно ќе падне на околу 48,5 милиони тони од 86 милиони тони минатата година. Првиот заменик-министер за земјоделство, Тарас Висоцки, изјави дека вкупната засеана површина е намалена за 25 отсто, пренесуваат британски медиуми. Украина е водечки светски производител на житарки и маслодајни семиња, но нејзиниот извоз е сериозно погоден од војната.

The post Огромен пад на жетвата на жито во Украина appeared first on Република.

]]>