Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите.
Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“.
Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.
ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.
The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.
]]>ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.
The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.
]]>Педесет и седумгодишната тетовка И.Т.К., вчера во 16 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот зет Н.С.(33) од тетовско Шемшово, кој се наоѓал во куќен притвор, агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.
The post Тетовец во куќен притвор си ја нападна снаата appeared first on Република.
]]>The post Тетовец во куќен притвор си ја нападна снаата appeared first on Република.
]]>Според податоците од Централниот регистар, зетот за ќерка на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Куштрим Смајлај, на почетокот на 2022 година направил заедничка фирма со бизнисменот Ерџан Сулкоски и веќе во првата година направиле обрт од 12 милиони евра и профит од околу 2,5 милиони евра, открива „360 степени“, додавајќи дека пред месец дена, Сулкоски го продал својот удел од 50% за 2 500 евра на Смајлај.
https://republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-ne-e-najgolemiot-biznismen-vo-semejstvoto-parite-gi-vrti-zetot-na-ali-kosovetsot-kushtrim-smajlaj/
Во истата 2022 година Сулкоски „влегол“ во уште еден бизнис. За 24.000 евра добил 65% од компанијата РКМ, која во тој момент имаше гарантиран бизнис од 112 милиони евра за набавка на мазут за потребите на државната ЕСМ), а годината (очекувано) ја заврши со профит од 6,2 милиони евра.
Во понеделникот во „360 степени“ гостуваше претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, каде на прашањето „Дали треба да заклучиме дека семејството Ахмети е во бизнисот со увозот на мазут?“ тој одговори:
Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо со … како се викаше, Ерџан Сулкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-erdhan-sulkoski-ahmeti-ke-go-prasha-zetot-koj-pravi-milioni-dali-e-toa-likot-za-bratska-biznis-delba-dui-sdsm/
Но, „360 степени“ го открива договорот од 11 јануари 2022 година кога две лица ја основале фирмата „К.С.А. Интернатионал“. Името на едниот содружник е Куштрим Смајлај, во тој момент, германски државјанин со привремен престој во Зајас. Во документите од Централниот регистар не пишува дека истиот Куштрим Смајлај е зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сопруг на неговата ќерка Ускана.
https://republika.mk/vesti/makedonija/zetot-na-ahmeti-kushtrim-smajlaj-lani-osnoval-firma-napravil-prihod-od-12-milioni-evra/
Вториот содружник во компанијата „К.С.А. Интернатионал“ е Ерџан Сулкоски, македонски државјанин со адреса на живеење во Кичево.
Целата сторија на „360 степени“
The post Зетот на Ахмети партнер со бизнисмен кој за 24.000 евра купи фирма со веќе добиени 112 милиони евра вредни државни тендери appeared first on Република.
]]>Јас ве убедувам дека семејството Ахмети нема ништо со … како се викаше, Ерџан Сулкоски.https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-erdhan-sulkoski-ahmeti-ke-go-prasha-zetot-koj-pravi-milioni-dali-e-toa-likot-za-bratska-biznis-delba-dui-sdsm/ Но, „360 степени“ го открива договорот од 11 јануари 2022 година кога две лица ја основале фирмата „К.С.А. Интернатионал“. Името на едниот содружник е Куштрим Смајлај, во тој момент, германски државјанин со привремен престој во Зајас. Во документите од Централниот регистар не пишува дека истиот Куштрим Смајлај е зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сопруг на неговата ќерка Ускана. https://republika.mk/vesti/makedonija/zetot-na-ahmeti-kushtrim-smajlaj-lani-osnoval-firma-napravil-prihod-od-12-milioni-evra/ Вториот содружник во компанијата „К.С.А. Интернатионал“ е Ерџан Сулкоски, македонски државјанин со адреса на живеење во Кичево. Целата сторија на „360 степени“
The post Зетот на Ахмети партнер со бизнисмен кој за 24.000 евра купи фирма со веќе добиени 112 милиони евра вредни државни тендери appeared first on Република.
]]>Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашните невеста и зет на Галичката свадба, соопштија од Месна заедница Галичник.
По објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар. Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.
Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка!, им посакуваат од Месна заедница Галичник.
The post Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашни невеста и зет на Галичката свадба appeared first on Република.
]]>Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка!, им посакуваат од Месна заедница Галичник.
The post Елисавета Булоска и Оливер Андреевски се избрани за годинашни невеста и зет на Галичката свадба appeared first on Република.
]]>Шеесет и осумгодишната тетовка С.М., на 17 април во 14 часот во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот поранешен зет Ш.А. со приложување на фалсификувано полномошно пред надлежни органи и служби пред извесно време противправно го продал нејзиниот имот во Република Косово.
Се расчистува и документира случајот.
The post Со фалсификувано полномошно поранешниот зет ѝ го продал целиот имот appeared first on Република.
]]>The post Со фалсификувано полномошно поранешниот зет ѝ го продал целиот имот appeared first on Република.
]]>Битолчанецот Тони Ѓорѓевски-Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот Стојанче Соколов (44). Судот ја прифати ваквата одбрана односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот.
Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката, напиша неговиот син Јове Ѓоргиевски.
Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-tatko-mi-ne-go-ubieshe-so-garancija-nie-kje-bevme-mrtvi-svedoshtvo-na-sinot-na-protestot-za-sloboda-na-toni-gjorgievski/
Семејството Ѓоргиевски 20 години имаше проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.
The post Ослободен Тони Ѓоргиевски, битолскиот суд потврди дека во самоодбрана го убил зетот кој на врата му зачука со мачета appeared first on Република.
]]>Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката, напиша неговиот син Јове Ѓоргиевски.Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-tatko-mi-ne-go-ubieshe-so-garancija-nie-kje-bevme-mrtvi-svedoshtvo-na-sinot-na-protestot-za-sloboda-na-toni-gjorgievski/ Семејството Ѓоргиевски 20 години имаше проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.
The post Ослободен Тони Ѓоргиевски, битолскиот суд потврди дека во самоодбрана го убил зетот кој на врата му зачука со мачета appeared first on Република.
]]>Група битолчани со мирен протест пред Основниот Суд во Битола побараа да биде одлободен од притвор Тони Ѓоргиевски-Фердо, за кого е поведена истрага заради убиство на Стојанче Соколов (44) исто така од Битола.
Осомничениот Тони Ѓоргиевски-Фердо е притворен по неодамнешното убиство над Соколов, кое според учесниците на протестот е извршено со цел да се заштити семејството на Ѓоргиевски.
Починатиот Стојанче Соколов е познат на полицијата како прекршител на закони, а 20 години ги малтретирал семејство Ѓоргиевски.
Пред да се случи убиството, истакна Јове Ѓоргиевски, син на притворениот Тони Ѓоргиевски, ѝ се заканувал на неговата сестра, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.
Учесниците на протестот побараа институциите да му дозволат на Тони Ѓоргиевски да се брани од слобода.
The post Ќерка му со двете деца тоа утро побегнала кај него: Битолчани протестираа пред судот за ослободување од притвор на Тони Ѓоргиевски appeared first on Република.
]]>The post Ќерка му со двете деца тоа утро побегнала кај него: Битолчани протестираа пред судот за ослободување од притвор на Тони Ѓоргиевски appeared first on Република.
]]>Пред битолскиот основен суд за денеска напладне е закажан протест за поддршка на Тони Ѓоргиевски Фердо, кој е обвинет за убиство со умисла, затоа што го застрела поранешниот зет за ќерка кој со мачета насилно му упадна во домот.
Семејството повикува на укинување на притворот и можност тој да се брани од слобода.
Драги пријатели, добронамерници и сите што ја знаете вистината за мојот татко кој што си ја бранеше својата фамилија од 20-годишните маки, ве повикувам на ден 23.02 во 12 часот на мирен протест пред судот во Битола, поради одлуката на судот за притворот на мојот татко и истиот да биде пуштен дома да се брани од слобода за дело што го направи во самоодбрана за да спаси пет животи и неговиот 6, пишува неговиот син.
Битолчани на социјалните мрежи изразуваат поддршка за Фердо и алармираат до судот дека нема основа ова дело да се води како „убиство со умисла“.
Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место, се наведува во соопштението од Обвинителството, од каде беше одреден притвор за дедото.
The post „Не судете без да ја знаете вистината“: Денеска протест пред битолскиот суд за поддршка на таткото кој „спаси шест животи“ appeared first on Република.
]]>Драги пријатели, добронамерници и сите што ја знаете вистината за мојот татко кој што си ја бранеше својата фамилија од 20-годишните маки, ве повикувам на ден 23.02 во 12 часот на мирен протест пред судот во Битола, поради одлуката на судот за притворот на мојот татко и истиот да биде пуштен дома да се брани од слобода за дело што го направи во самоодбрана за да спаси пет животи и неговиот 6, пишува неговиот син.Битолчани на социјалните мрежи изразуваат поддршка за Фердо и алармираат до судот дека нема основа ова дело да се води како „убиство со умисла“.
Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место, се наведува во соопштението од Обвинителството, од каде беше одреден притвор за дедото.
The post „Не судете без да ја знаете вистината“: Денеска протест пред битолскиот суд за поддршка на таткото кој „спаси шест животи“ appeared first on Република.
]]>Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место, се наведува во соопштението од Обвинителството.
По настанот, јавен обвинител извршил увид и издал наредби за обдукција на телото на починатиот, за прибирање траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор на објектот.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците.
The post Дали ќе му се суди за убиство? Притвор за битолчанецот кој го застрела зетот насилник кој дома му влета со мачета appeared first on Република.
]]>Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место, се наведува во соопштението од Обвинителството.По настанот, јавен обвинител извршил увид и издал наредби за обдукција на телото на починатиот, за прибирање траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор на објектот. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците.
The post Дали ќе му се суди за убиство? Притвор за битолчанецот кој го застрела зетот насилник кој дома му влета со мачета appeared first on Република.
]]>Убиство ја потресе утрово Битола кога татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг го застрелал зетот.
Убиениот рано утрото упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и и се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал на лице место. Според полицискиот извештај, екипата на Итната медицинска помош само ја констатирала смрт. Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата со дебело криминално досие.
Денеска во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) од Битола затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ, која е негова поранешна сопруга“, стои во извештајот на СВР Битола.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
The post Во Битола, дедо го застрелал поранешниот зет, откако тој му влегол дома со мачета да ја нападне ќерка му appeared first on Република.
]]>Денеска во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) од Битола затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ, која е негова поранешна сопруга“, стои во извештајот на СВР Битола.Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
The post Во Битола, дедо го застрелал поранешниот зет, откако тој му влегол дома со мачета да ја нападне ќерка му appeared first on Република.
]]>Месната заедница Галичник информира дека започнато е пријавувањето за зет и невеста за Галичката свадба 2022 година.
Оваа година Галичка свадба ќе се одржува од 15 до 17 јули.
Заинтересираните кандидати за зет и невеста за оваа година, најдоцна до 31.03.2022 година треба да достават мотивациско писмо со фотографии на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „За избор на зет и невеста“.
Критериуми за избор кои ќе бидат земени предвид:
-Потекло од Галичник (двајцата или едниот);
-Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога;
-Учество во активностите на Месната заеница;
-Ова да им е прв црковен брак.
Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и истата ќе биде објавена до 31.05.2022 на веб страната на Галичник и официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.
The post Се бираат зет и невеста за Галичка свадба appeared first on Република.
]]>The post Се бираат зет и невеста за Галичка свадба appeared first on Република.
]]>