жени жртви на насилство Archives - Република https://republika.mk/tema/zeni-zrtvi-na-nasilstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 16:39:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png жени жртви на насилство Archives - Република https://republika.mk/tema/zeni-zrtvi-na-nasilstvo/ 32 32 Ковачевски: До три години затвор за оние кои им ги загорчуваат животите на жените и девојките https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-do-tri-godini-zatvor-za-onie-koi-im-gi-zagorchuvaat-zivotite-na-zenite-i-devojkite/ Fri, 02 Dec 2022 16:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=581015

Клучот за успешно справување со родовото насилство е во примената на механизмите кои произлегуваат од новите законски решенија. Говорејќи на регионалната конференција за родово насилство, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Законот за родова еднаквост треба да ја зајакне положбата и статусот во општеството и да обезбеди еднаков пристап до ресурсите и еднакво учество во донесувањето одлуки во сите сфери во општеството.

Законот предвидува формирање на Секретаријат, чија основна намена е следење на мерките за родова еднаквост. Случаите како „Јавна соба“ ни ги покажаа слабостите на системот, но исто така ни покажаа дека санкционирањето и превенирањето се најважните алки во справувањето со родово базирано насилство, рече Ковачевски.

Тој додаде дека пресудите на обвинетите во случајот „Јавна соба“ обесхрабруваат други повторни појави на вакви случаи, кон што придонесуваат измените и воведувањето на дело „демнење“.

Се предвидуваат строги санкции за вознемирување преку интернет. Тоа значи дека секој што неовластено ќе следи, прогонува или ќе се меша во личниот живот на друго лице, вклучувајќи и да направи непосакуван контакт, може да се казни со казна до три години затвор и тоа верувам дека ќе направи пресвртница во слободата кои ја чувствуваа оние кои досега безодговорно ги загорчуваа животите на многу жени и девојки, заклучи Ковачевски.

The post Ковачевски: До три години затвор за оние кои им ги загорчуваат животите на жените и девојките appeared first on Република.

]]>

ЕУ воведува единствен телефонски број за жени жртви на насилство https://republika.mk/vesti/svet/eu-voveduva-edinstven-telefonski-broj-za-zeni-zrtvi-na-nasilstvo/ Thu, 24 Nov 2022 12:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=577811

Европската комисија денеска најави единствен телефонски број за жените жртви на насилство: 116 016.

Сите жени жртви на насилство можат да се јават на овој број во ЕУ и да добијат поддршка и совети. За сега 15 земји членки на ЕУ учествуваат во иницијативата. Рокот за да се етаблира телефонската линија е април 2023.

Утре се одбележува Меѓународниот ден против насилство врз жените. Повеќе протести се предвидени во земјите на ЕУ. Во Брисел протестот ќе се одржи во недела, 27 ноември.

Европската комисија во март оваа година усвои предлог директива за борба против родово и семејно насилство која вклучува и насилство преку интернет.

Најголемиот број жртви на трговија со луѓе во ЕУ се жени и девојки.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека “ЕУ осудува секаков вид на насилство против жени и девојки”.

-Неприфатливо е во 21 век жените и девојките да бидат и натаму злоставувани, вознемирувани, силувани, или насилно омажени, рече тој.

Оваа година ЕУ сака посебен фокус да им се даде на жените жртви на насилство во војни и конфликти, како Украинките и Иранките.

The post ЕУ воведува единствен телефонски број за жени жртви на насилство appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска најави единствен телефонски број за жените жртви на насилство: 116 016. Сите жени жртви на насилство можат да се јават на овој број во ЕУ и да добијат поддршка и совети. За сега 15 земји членки на ЕУ учествуваат во иницијативата. Рокот за да се етаблира телефонската линија е април 2023. Утре се одбележува Меѓународниот ден против насилство врз жените. Повеќе протести се предвидени во земјите на ЕУ. Во Брисел протестот ќе се одржи во недела, 27 ноември. Европската комисија во март оваа година усвои предлог директива за борба против родово и семејно насилство која вклучува и насилство преку интернет. Најголемиот број жртви на трговија со луѓе во ЕУ се жени и девојки. Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека “ЕУ осудува секаков вид на насилство против жени и девојки”. -Неприфатливо е во 21 век жените и девојките да бидат и натаму злоставувани, вознемирувани, силувани, или насилно омажени, рече тој. Оваа година ЕУ сака посебен фокус да им се даде на жените жртви на насилство во војни и конфликти, како Украинките и Иранките.  

The post ЕУ воведува единствен телефонски број за жени жртви на насилство appeared first on Република.

]]>