земјотрес во Турција Archives - Република https://republika.mk/tema/zemjotres-vo-turtsija/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 08:05:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png земјотрес во Турција Archives - Република https://republika.mk/tema/zemjotres-vo-turtsija/ 32 32 Турски градежник осуден на 62 доживотни казни затвор за зграда што се урна во катастрофалниот земјотрес https://republika.mk/vesti/svet/turski-gradezhnik-osuden-na-62-dozhivotni-kazni-zatvor-za-zgrada-shto-se-urna-vo-katastrofalniot-zemjotres/ Sat, 28 Sep 2024 09:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=820440

Турскиот суд вчера досуди 62 доживотни затворски казни за градежник обвинет за невнимание при изградбата на зградата што се урна во разорниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција во 2023 година.

Изведувачот Хасан Алпарѓун, кој веќе е во затвор, е осуден на 865 години за „предизвикување смрт и повреда со можна умисла“, објави државната новинска агенција Анадолу.

Уште 34 обвинети се осудени на по 25 години затвор, изјави Бешир Екинчи, адвокат на семејствата на жртвите, пренесува агенцијата.

Тие се товарат за непочитување на стандардите за градба на опасен простор.

Вкупно 96 лица загинаа откако нивниот станбен блок, изграден од Алпарѓун, се урна во југоисточната провинција Адани во февруари минатата година.

Во два земјотреси на 6 февруари 2023 година загинаа повеќе од 60.000 луѓе во Турција и соседна Сирија.

The post Турски градежник осуден на 62 доживотни казни затвор за зграда што се урна во катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>

Турскиот суд вчера досуди 62 доживотни затворски казни за градежник обвинет за невнимание при изградбата на зградата што се урна во разорниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција во 2023 година. Изведувачот Хасан Алпарѓун, кој веќе е во затвор, е осуден на 865 години за „предизвикување смрт и повреда со можна умисла“, објави државната новинска агенција Анадолу. Уште 34 обвинети се осудени на по 25 години затвор, изјави Бешир Екинчи, адвокат на семејствата на жртвите, пренесува агенцијата. Тие се товарат за непочитување на стандардите за градба на опасен простор. Вкупно 96 лица загинаа откако нивниот станбен блок, изграден од Алпарѓун, се урна во југоисточната провинција Адани во февруари минатата година. Во два земјотреси на 6 февруари 2023 година загинаа повеќе од 60.000 луѓе во Турција и соседна Сирија.

The post Турски градежник осуден на 62 доживотни казни затвор за зграда што се урна во катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>
Тлото не се смирува: Нов силен земјотрес во Турција https://republika.mk/vesti/svet/tloto-ne-se-smiruva-nov-silen-zemjotres-vo-turtsija/ Sat, 18 Feb 2023 18:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=610569

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Турција, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот се случил во 16:15 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од два километри во близина на Адијаман.

Засега нема информации за нови жртви, а не се знае ниту дали овој земјотрес предизвикал нови штети.

Минатиот понеделник два разорни земјотреси погодија делови од Турција и Сирија. Бројот на починати надмина 43.000.

 

The post Тлото не се смирува: Нов силен земјотрес во Турција appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Турција, јавува ЕМСЦ. Земјотресот се случил во 16:15 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од два километри во близина на Адијаман. Засега нема информации за нови жртви, а не се знае ниту дали овој земјотрес предизвикал нови штети. Минатиот понеделник два разорни земјотреси погодија делови од Турција и Сирија. Бројот на починати надмина 43.000.  

The post Тлото не се смирува: Нов силен земјотрес во Турција appeared first on Република.

]]>
Нoв земјотрес од 5,6 степени по Рихтери ја погоди централна Турција https://republika.mk/vesti/svet/nov-zemjotres-od-5-6-stepeni-po-rihtja-pogodi-tsentralna-turtsija/ Tue, 07 Feb 2023 07:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=605731

Нов земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил на длабочина од 2 километра.

Според најновите информации, над 4.300 луѓе загинале во вчерашниот разорен земјотрес во Турција и во Сирија.

Бројот на загинати во Турција од силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтер се искачи на 2.921, објави деенска тамошната агенција за помош АФАД.

Новиот број го донесе потврдениот број на загинати во Турција и соседна Сирија на 4.365, по земјотресот што се смета за најсилниот што го погодил регионот во изминатите речиси 100 години.

Најмалку 5.606 згради се урнаа во земјотресот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците, се вели во соопштение

The post Нoв земјотрес од 5,6 степени по Рихтери ја погоди централна Турција appeared first on Република.

]]>

Нов земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил на длабочина од 2 километра. Според најновите информации, над 4.300 луѓе загинале во вчерашниот разорен земјотрес во Турција и во Сирија. Бројот на загинати во Турција од силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтер се искачи на 2.921, објави деенска тамошната агенција за помош АФАД. Новиот број го донесе потврдениот број на загинати во Турција и соседна Сирија на 4.365, по земјотресот што се смета за најсилниот што го погодил регионот во изминатите речиси 100 години. Најмалку 5.606 згради се урнаа во земјотресот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците, се вели во соопштение

The post Нoв земјотрес од 5,6 степени по Рихтери ја погоди централна Турција appeared first on Република.

]]>