Земја на штркови Archives - Република https://republika.mk/tema/zemja-na-shtrkovi/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 08:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Земја на штркови Archives - Република https://republika.mk/tema/zemja-na-shtrkovi/ 32 32 Претстава за „белата чума“ во Македонија „Земја на штркови“ вечерва премиерно во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/pretstava-za-belata-chuma-vo-makedonija-zemja-na-shtrkovi-vecherva-premierno-vo-ohrid/ Mon, 18 Nov 2024 08:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=839032

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Земја на штркови“. Работена е по мотиви од текстот „Топлината во ноември“ на Јана Добрева, а во режија на Роберт Ристов, кој се потпишува и зад адаптацијата и сценографијата на „Земја на штркови“.

Од Театар Провокација – Скопје информираат дека „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината. Дејствието на претставата се одвива во Охрид и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од земјава. Едниот - разделен пред 20-тина години, а другиот - го живее моментот на разидување од истите причини.

Ги поставува прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до кое дереџе сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!, се вели во соопштението.

Во претставата играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски. Продукцијата е на Театар Провокација – Скопје. Автори на музиката се Оливер Јосифовски и Давор Јордановски. Вокал е Вера Милошевска, а кореографијата е на Кренаре Невзати - Кери. Костимите се креација и спонзорство на Елена Лука.

Претставата е делумно поддржана од Општина Охрид и од неколку општествено одговорни македонски компании и медиумски покровители.

Следните изведби на претставата се на 22 ноември 2024 година во Свети Николе, на 26 декември во Пробиштип, на 6 декември во Велес, на 10 во Охрид (реприза), а на 11 декември премиерно во Скопје, во Младинскиот културен центар. Изведбите почнуваат во 20 часот.

 

The post Претстава за „белата чума“ во Македонија „Земја на штркови“ вечерва премиерно во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Земја на штркови“. Работена е по мотиви од текстот „Топлината во ноември“ на Јана Добрева, а во режија на Роберт Ристов, кој се потпишува и зад адаптацијата и сценографијата на „Земја на штркови“. Од Театар Провокација – Скопје информираат дека „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината. Дејствието на претставата се одвива во Охрид и ги следи животните разидувања на два пара во однос на иселувањето од земјава. Едниот - разделен пред 20-тина години, а другиот - го живее моментот на разидување од истите причини.
Ги поставува прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до кое дереџе сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!, се вели во соопштението.
Во претставата играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски. Продукцијата е на Театар Провокација – Скопје. Автори на музиката се Оливер Јосифовски и Давор Јордановски. Вокал е Вера Милошевска, а кореографијата е на Кренаре Невзати - Кери. Костимите се креација и спонзорство на Елена Лука. Претставата е делумно поддржана од Општина Охрид и од неколку општествено одговорни македонски компании и медиумски покровители. Следните изведби на претставата се на 22 ноември 2024 година во Свети Николе, на 26 декември во Пробиштип, на 6 декември во Велес, на 10 во Охрид (реприза), а на 11 декември премиерно во Скопје, во Младинскиот културен центар. Изведбите почнуваат во 20 часот.  

The post Претстава за „белата чума“ во Македонија „Земја на штркови“ вечерва премиерно во Охрид appeared first on Република.

]]>