Жељко Самарџиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/zeljko-samardzikj/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 06:45:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Жељко Самарџиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/zeljko-samardzikj/ 32 32 Жељко Самарџиќ за Џаро: Збогум легендо на Балканот https://republika.mk/scena/estrada/zhelko-samardhik-za-dharo-zbogum-legendo-na-balkanot/ Fri, 26 Apr 2024 06:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=771115

На 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски Џаро, попознат како „кралот на фудбалот“.

Популарниот Џаро беше апсолутен крал на фудбалските местење, а и покрај тоа го обожаваа сите што го познаваа.

Неговата смрт погоди многу членови на естрадата, а Жељко Самарџиќ и Рибља Чорба беа меѓу првите кои се огласија на официјалната страница на Фејсбук.

Ми беше задоволство да те познавам и да работам со тебе. Збогум легендо на Балканот – рече Самарџиќ.

https://republika.mk/scena/estrada/pochina-velibor-dharovski-dharo/

Заедно со фотографијата на Велибор, од легендата се прости и групата „Рибља Чорба“.

Замина нашиот голем пријател, најимагинативниот измамник, единствениот Велибор Џаровски Џаро. Не изневери, но тоа го направи толку шармантно и духовито што никој не можеше да му се налути. Патувај драг Џаро и мами ги ѕвездите на небото – напишаа на социјалните мрежи.

The post Жељко Самарџиќ за Џаро: Збогум легендо на Балканот appeared first on Република.

]]>

На 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски Џаро, попознат како „кралот на фудбалот“.

Популарниот Џаро беше апсолутен крал на фудбалските местење, а и покрај тоа го обожаваа сите што го познаваа. Неговата смрт погоди многу членови на естрадата, а Жељко Самарџиќ и Рибља Чорба беа меѓу првите кои се огласија на официјалната страница на Фејсбук.
Ми беше задоволство да те познавам и да работам со тебе. Збогум легендо на Балканот – рече Самарџиќ.
https://republika.mk/scena/estrada/pochina-velibor-dharovski-dharo/ Заедно со фотографијата на Велибор, од легендата се прости и групата „Рибља Чорба“.
Замина нашиот голем пријател, најимагинативниот измамник, единствениот Велибор Џаровски Џаро. Не изневери, но тоа го направи толку шармантно и духовито што никој не можеше да му се налути. Патувај драг Џаро и мами ги ѕвездите на небото – напишаа на социјалните мрежи.

The post Жељко Самарџиќ за Џаро: Збогум легендо на Балканот appeared first on Република.

]]>
„Бисер балкански“ ечеше во салата „Борис Трајковски“: Магична ноќ со Жељко Самарџиќ, Бора Чорба и Калиопи https://republika.mk/scena/biser-balkanski-echeshe-vo-salata-boris-trajkovski-magichna-nok-so-zhelko-samardhik-bora-chorba-i-kaliopi/ Mon, 15 Apr 2024 09:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=766212

Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ викендов во Скопје.  Гостинка на концертот беше Калиопи која со Самарџиќ  ја пее „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот, а гостуваше и Бора Чорба.

Ефективен беше стартот на  концертот со песната „Бисер балкански“ од Гоце Николовски и целата сала пееше со него. Присутните во еден глас ја пееја култната песна и тоа дополнително ја загреа атмосферата заедно со настапот на гостите кои ја разиграа публиката кога во дует ја испеаја „Елено ќерко“.

Самарџиќ пееше речиси три часа, раскажуваше забавни приказни и се фотографираше со публиката кога при крај на концертот слее од бината.

Концертот го организираше продукцијата „Прагма“.

The post „Бисер балкански“ ечеше во салата „Борис Трајковски“: Магична ноќ со Жељко Самарџиќ, Бора Чорба и Калиопи appeared first on Република.

]]>

Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ викендов во Скопје.  Гостинка на концертот беше Калиопи која со Самарџиќ  ја пее „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот, а гостуваше и Бора Чорба. Ефективен беше стартот на  концертот со песната „Бисер балкански“ од Гоце Николовски и целата сала пееше со него. Присутните во еден глас ја пееја култната песна и тоа дополнително ја загреа атмосферата заедно со настапот на гостите кои ја разиграа публиката кога во дует ја испеаја „Елено ќерко“. Самарџиќ пееше речиси три часа, раскажуваше забавни приказни и се фотографираше со публиката кога при крај на концертот слее од бината. Концертот го организираше продукцијата „Прагма“.

The post „Бисер балкански“ ечеше во салата „Борис Трајковски“: Магична ноќ со Жељко Самарџиќ, Бора Чорба и Калиопи appeared first on Република.

]]>
Калиопи и Жељко Самарџиќ по Белград, „Знам“ ја промовираат во Скопје https://republika.mk/scena/muzika/kaliopi-i-zhelko-samardhik-po-belgrad-znam-ja-promoviraat-vo-skopje/ Tue, 25 Apr 2023 12:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=633974

Денеска во Аудио култура во Скопје беше промовирана дуетот и видео записот на Калиопи и Жељко Самарџиќ, насловен „Знам”. Песната е комплетно авторско дело на Ромео Грил, тој е автор на музиката, текстот и аранжманот, и продуцент.

Промоција на дуетот веќе се одржа во соседна Србија пред неколку дена.

Спотот за песната на Калиопи и Жељко Самарџиќ е снимен во Кочани, а фановите се воодушевени од песната.

Песната беше објавена на официјалниот канал на Јутјуб на Жељко Сарамџиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=x4wSpVakc_U

The post Калиопи и Жељко Самарџиќ по Белград, „Знам“ ја промовираат во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска во Аудио култура во Скопје беше промовирана дуетот и видео записот на Калиопи и Жељко Самарџиќ, насловен „Знам”. Песната е комплетно авторско дело на Ромео Грил, тој е автор на музиката, текстот и аранжманот, и продуцент. Промоција на дуетот веќе се одржа во соседна Србија пред неколку дена. Спотот за песната на Калиопи и Жељко Самарџиќ е снимен во Кочани, а фановите се воодушевени од песната. Песната беше објавена на официјалниот канал на Јутјуб на Жељко Сарамџиќ. https://www.youtube.com/watch?v=x4wSpVakc_U

The post Калиопи и Жељко Самарџиќ по Белград, „Знам“ ја промовираат во Скопје appeared first on Република.

]]>
Кога и да дојде тој месец, со Маја сами тагуваме: Самарџиќ првпат за загубата на синот https://republika.mk/scena/estrada/koga-i-da-dojde-toj-mesec-so-maja-sami-taguvame-samardzikj-prvpat-za-zagubata-na-sinot/ Sat, 26 Nov 2022 10:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=578467

Пејачот Жељко Самарџиќ (67) го загубил синот во 80-тите години, кога тој бил сè уште бебе. Со сопругата Маја добил син по раѓањето на нивната прва ќерка Сања, а бебето починало само три месеци по раѓањето.

Самарџиќ сите овие години не сакаше да зборува за трагедијата, а сега првпат проговори за тоа за српски „Блиц“.

Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја сами ја споделуваме таа тага и секогаш размислуваме колку години би имал да останеше жив, но тоа е животот. Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи сè. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам. Како семејство сите отидовме од Мостар во Никшиќ за да ги извршиме тие церемонии, изјави пејачот за синот Златко.

Инаку, Жељко и Маја имаат три ќерки Сања, Данијела и Миња, а Миња е како татко ѝ, талентирана за музика. Првиот албум го објави пред седум години, но не доживеа никаков успех, па нејзиниот татко сакал да ѝ помогне да се пробие на сцената, но Миња ја одбила неговата помош и му се посветила на семејството.

The post Кога и да дојде тој месец, со Маја сами тагуваме: Самарџиќ првпат за загубата на синот appeared first on Република.

]]>

Пејачот Жељко Самарџиќ (67) го загубил синот во 80-тите години, кога тој бил сè уште бебе. Со сопругата Маја добил син по раѓањето на нивната прва ќерка Сања, а бебето починало само три месеци по раѓањето. Самарџиќ сите овие години не сакаше да зборува за трагедијата, а сега првпат проговори за тоа за српски „Блиц“.
Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја сами ја споделуваме таа тага и секогаш размислуваме колку години би имал да останеше жив, но тоа е животот. Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи сè. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам. Како семејство сите отидовме од Мостар во Никшиќ за да ги извршиме тие церемонии, изјави пејачот за синот Златко.
Инаку, Жељко и Маја имаат три ќерки Сања, Данијела и Миња, а Миња е како татко ѝ, талентирана за музика. Првиот албум го објави пред седум години, но не доживеа никаков успех, па нејзиниот татко сакал да ѝ помогне да се пробие на сцената, но Миња ја одбила неговата помош и му се посветила на семејството.

The post Кога и да дојде тој месец, со Маја сами тагуваме: Самарџиќ првпат за загубата на синот appeared first on Република.

]]>
Над 20.000 посетители на 4-дневната роденденска прослава: Со спектакуларен концерт на Жељко Самарџиќ заврши Културно лето 2022 https://republika.mk/vesti/skopje/nad-20-000-posetiteli-na-4-dnevnata-rodendenska-proslava-so-spektakularen-koncert-na-zeljko-samardzikj-zavrshi-kulturno-leto-2022/ Mon, 04 Jul 2022 09:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=523468

Саботната летна бура во Скопје, не ги обесхрабри посетителите да бидат дел од четвртиот ден од неколкудневната роденденска прослава на најстарата општина во Скопје, - Општина Кисела Вода. Со концертот на мега популарната балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ, заврши и овогодинешното издание на „Културно лето 2022“, кое беше организирано во склоп на роденденската кампања на општината, - „67 години Моја Кисела Вода“.

Летната вечер во саботата, Расадник беше центарот на роденденското одбележување, каде се собраа над 10.000 посетители, кои сѐ до полноќ уживаа во забавната атмосфера на безвременските хитови на Самарџиќ, како и на омилениот Боби Павловски.

За време на „Културно лето 2022“ над 20.000 посетители беа дел од овие настани, кои уживаа во културно-забавна програма, која се реализираше за првпат по 30 години.

„Културно лето 2022“ траеше 4 консекутивни дена, а започна на 29 јуни со Хуманитарна Коријада, по која следеа концерти на Филип Шурбевски Егзија Квартет, како и на Ефто Пупиноски со кои беше доловена убавината на македонската народна песна. По нивните настапи, следеше концертот на македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски - Лозано, кој заедно со присутната публика ги пееа неговите најпознати хитови.

Главни за забавата во Парк Македонија на втората вечер, беа младите музички артисти и миленици на помладата публика, ДиЏеј Оги и Теа Трајковска, а со свој концерт познатите ДНК, кои оваа година го прославуваат и својот 20-годишен јубилеј на македонската сцена, направија вистински спектакл за присутните.

Третата вечер почна со традиционален концерт на талентираните КУД Китка од Драчево, чии настапи, коишто ја пренесуваат љубовта кон македонската култура и изворна музика, се секогаш меѓу најомилените кај македонскиот народ. За збогатување на роденденската забава во петокот во Три Круши во Драчево, задолжени беа маестрата на македонската фолк музика, Миле Кузмановски, како и Наум Петрески, Зуица Лазова и Владимир Поповски со бенд.

На 02 јули (сабота) гласот на дечињата од „Златно славејче“, како и настапот на танцовото студио Данса Латина Стефи, ги разиграа присутните со дневна роденденска забава и слатки изненадувања и подароци, пропратени со весела атмосфера збогатена со жонглери, магионичари и забавувачи.

По повод 67 годишното постоење, Општина Кисела Вода, покрај организација на Културното лето во изминатата седмица, секојдневно официјализираше и промовираше седум капитални инфраструктурни проекти за доброто на сите жители на оваа општина.

The post Над 20.000 посетители на 4-дневната роденденска прослава: Со спектакуларен концерт на Жељко Самарџиќ заврши Културно лето 2022 appeared first on Република.

]]>

Саботната летна бура во Скопје, не ги обесхрабри посетителите да бидат дел од четвртиот ден од неколкудневната роденденска прослава на најстарата општина во Скопје, - Општина Кисела Вода. Со концертот на мега популарната балканска ѕвезда, Жељко Самарџиќ, заврши и овогодинешното издание на „Културно лето 2022“, кое беше организирано во склоп на роденденската кампања на општината, - „67 години Моја Кисела Вода“. Летната вечер во саботата, Расадник беше центарот на роденденското одбележување, каде се собраа над 10.000 посетители, кои сѐ до полноќ уживаа во забавната атмосфера на безвременските хитови на Самарџиќ, како и на омилениот Боби Павловски. За време на „Културно лето 2022“ над 20.000 посетители беа дел од овие настани, кои уживаа во културно-забавна програма, која се реализираше за првпат по 30 години. „Културно лето 2022“ траеше 4 консекутивни дена, а започна на 29 јуни со Хуманитарна Коријада, по која следеа концерти на Филип Шурбевски Егзија Квартет, како и на Ефто Пупиноски со кои беше доловена убавината на македонската народна песна. По нивните настапи, следеше концертот на македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски - Лозано, кој заедно со присутната публика ги пееа неговите најпознати хитови. Главни за забавата во Парк Македонија на втората вечер, беа младите музички артисти и миленици на помладата публика, ДиЏеј Оги и Теа Трајковска, а со свој концерт познатите ДНК, кои оваа година го прославуваат и својот 20-годишен јубилеј на македонската сцена, направија вистински спектакл за присутните. Третата вечер почна со традиционален концерт на талентираните КУД Китка од Драчево, чии настапи, коишто ја пренесуваат љубовта кон македонската култура и изворна музика, се секогаш меѓу најомилените кај македонскиот народ. За збогатување на роденденската забава во петокот во Три Круши во Драчево, задолжени беа маестрата на македонската фолк музика, Миле Кузмановски, како и Наум Петрески, Зуица Лазова и Владимир Поповски со бенд. На 02 јули (сабота) гласот на дечињата од „Златно славејче“, како и настапот на танцовото студио Данса Латина Стефи, ги разиграа присутните со дневна роденденска забава и слатки изненадувања и подароци, пропратени со весела атмосфера збогатена со жонглери, магионичари и забавувачи. По повод 67 годишното постоење, Општина Кисела Вода, покрај организација на Културното лето во изминатата седмица, секојдневно официјализираше и промовираше седум капитални инфраструктурни проекти за доброто на сите жители на оваа општина.

The post Над 20.000 посетители на 4-дневната роденденска прослава: Со спектакуларен концерт на Жељко Самарџиќ заврши Културно лето 2022 appeared first on Република.

]]>