железници Archives - Република https://republika.mk/tema/zeleznici/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 19:54:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png железници Archives - Република https://republika.mk/tema/zeleznici/ 32 32 Србија Карго изнајми четири електрични локомотиви на Железниците на Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/srbija-kargo-iznajmi-chetiri-elektrichni-lokomotivi-na-zheleznitsite-na-severna-makedonija/ Tue, 24 Sep 2024 19:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=819384

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.

Србија Карго наведува дека овој договор носи бројни придобивки, бидејќи значително ќе го забрза протокот на стоки од грчките пристаништа, како што се Солун и Пиреја, преку Македонија и Србија, што ќе овозможи побрз транзит кон Европската унија.

- Се очекува оваа иницијатива значително да придонесе за зголемување на приходите на двете железнички компании и подобрување на нивните деловни процеси, се додава во соопштението.

Се проценува дека закупот на дополнителни локомотиви на македонската компанија ќе овозможи зголемување на капацитетот на транзитниот сообраќај на Коридорот 10, кој делумно минува и низ Србија.

- Србија Карго генерира дополнителен приход со изнајмување достапни локомотиви, додека Железниците на Македонија со овој закуп обезбедува поефикасен транспорт на транзитни возови, вклучително и оние на големите компании како Коско, обезбедувајќи континуитет на сообраќајот низ Србија, се наведува во соопштението.

Овој договор овозможува полесна и побрза соработка меѓу соседните земји и претставува значаен чекор кон модернизација и подобрување на железничкиот транспорт во регионот, дополнително зајакнување на економските и инфраструктурните врски меѓу Република Србија и Македонија.

The post Србија Карго изнајми четири електрични локомотиви на Железниците на Македонија appeared first on Република.

]]>

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград. Србија Карго наведува дека овој договор носи бројни придобивки, бидејќи значително ќе го забрза протокот на стоки од грчките пристаништа, како што се Солун и Пиреја, преку Македонија и Србија, што ќе овозможи побрз транзит кон Европската унија.
- Се очекува оваа иницијатива значително да придонесе за зголемување на приходите на двете железнички компании и подобрување на нивните деловни процеси, се додава во соопштението.
Се проценува дека закупот на дополнителни локомотиви на македонската компанија ќе овозможи зголемување на капацитетот на транзитниот сообраќај на Коридорот 10, кој делумно минува и низ Србија.
- Србија Карго генерира дополнителен приход со изнајмување достапни локомотиви, додека Железниците на Македонија со овој закуп обезбедува поефикасен транспорт на транзитни возови, вклучително и оние на големите компании како Коско, обезбедувајќи континуитет на сообраќајот низ Србија, се наведува во соопштението.
Овој договор овозможува полесна и побрза соработка меѓу соседните земји и претставува значаен чекор кон модернизација и подобрување на железничкиот транспорт во регионот, дополнително зајакнување на економските и инфраструктурните врски меѓу Република Србија и Македонија.

The post Србија Карго изнајми четири електрични локомотиви на Железниците на Македонија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ветив дека 4400 вработени нема да останат без плата, исплатени платите на Железници и Пошти https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vetiv-deka-4400-vraboteni-nema-da-ostanat-bez-plata-isplateni-platite-na-zheleznitsi-i-poshti/ Thu, 18 Jul 2024 16:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=798172

Ветувањата се реализираат! Ветив дека 4400 вработени нема да ги оставам без плата!, вели министерот за транспорт Александар Николоски.

-Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти. Повикувам на одговорност за претходните раководства за недомаќинско работење! Во мојата четврта недела како Министер покажувам дека може поинаку!, пишува Николоски на Фејсбук.

The post Николоски: Ветив дека 4400 вработени нема да останат без плата, исплатени платите на Железници и Пошти appeared first on Република.

Николоски: Додека сум јас министер, никој нема да остане на улица, а ќе има одговорност за душманското трошење на парите од „Пошта“ и „Железници“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-dodeka-sum-jas-minister-nikoj-nema-da-ostane-na-ulitsa-a-ke-ima-odgovornost-za-dushmanskoto-troshene-na-parite-od-poshta-i-zheleznitsi/ Tue, 09 Jul 2024 17:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=795070

Јас знаев дека секторот кој што го преземам ќе биде тежок, но е многу полошо и многу потешко од моите најлоши очекувања и предвидувања. Со години не се работело ништо и се оставале проблемите под тепих. И јас како министер на оваа позиција сум само 12 дена до денес и не можам за 12 дена да решам нешто што изминатите седум години било запоставувано, но се обидувам да помогнам колку можам“, истакна Александар Николоски, вицепремиер за економски прашања и министер за транспорт во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Она што можам да го ветам на сите дека во мојот мандат нема ниеден човек од секторите кои што се под мене да остане без работа без негова волја, нагласи тој.

Николоски вети дека нема да дозволи ниту еден човек да си замине од работа и да остане на улица.

Сега ние имаме две паралелни реалности, ако ги гледате компаниите пред се тука мислам на Македонски железници – транспорт, Македонски железници – инфраструктура, тоа се две различни претпријатија, едните ги имаат возовите под нив, а другите ги имаат пругите под нив и Македонска пошта. И ако гледате чисто менаџерски тие се во многу лоша состојба. Но, ако гледате од човечки аспект од таму егзистираат 4.400 семејства, кои што секој месец треба дома да однесат нешто и да живеат нормално во текот на тој месец. И затоа работите не можат да се гледаат праволинински“, појасни Николоски.

Тој посочи дека според него првично треба да се направи стабилизација за која што е потребно од 5 до 6 месеци. И после откако ќе се направи стабилизацијата ќе се направи и рационализација за да се увиди зошто се трошеле средства, како се трошеле истите и кој ги трошел.

Секаде каде што има сомнежи за криминал да си влезе МВР и да си ги испоапси тие што го правеле истиот тој криминал. За тоа што не случајно се донесени претпријатијата во таа состојба. А, јас не случајно ја повикав МВР да влезе во мојот ресор и во фирмите кои што се под мене, рече министерот Николоски.

Николоски укажа дека е потребно среднорочно и долгорочно да се направи план како претпријатијата да станат профитабилни.

Трите претпријатија ја имаат потрошено платата за оваа година комплетно. Значи досегашните менаџери тоа што требало да го потрошат за 12 месеци, го потрошиле за 6 месеци. Тоа е душмански однос кон претпријатијата кои што ги водат. И за тоа мора да има одговорност, истакна министерот.

„Јас не смеам да дозволам луѓето кои што егзистираат од овие претпријатија да останат без приходи затоа што на крајот на денот тие луѓе не се виновни што претходната Влада на Заев и Ахмети ставила такви менаџери какви што ставила“, нагласи Николоски.

The post Николоски: Додека сум јас министер, никој нема да остане на улица, а ќе има одговорност за душманското трошење на парите од „Пошта“ и „Железници“ appeared first on Република.

Експерти од Градежен вршат увид на мостот на Црна Река пошто ќе се знае како ќе продолжи железничкиот сообраќај https://republika.mk/vesti/makedonija/eksperti-od-gradezhen-vrshat-uvid-na-mostot-na-tsrna-reka-poshto-ke-se-znae-kako-ke-prodolzhi-zheleznichkiot-soobrakaj/ Wed, 15 Nov 2023 14:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=701886

Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници - Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес.

Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај.

Во однос на настанатата ситуација со железничкиот мост на Црна Река кај локалитетот Стоби, Ве информираме дека на терен се излезени екипи на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, професори од Градежен факултет, експерти и стручни лица од областа и истите вршат увид на моменталната ситуација по што ќе се одлучи како најсоодветно и најбрзо да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај, се наведува во изјавата.

Од МЖ Транспорт за МИА велат дека патниците кои ги користат железничките услуги на релација Скопје – Гевгелија - Скопје и понатаму ќе бидат превезувани до крајните дестинации, со тоа што возовите од Скопје ќе сообраќаат до станицата Градско, а возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до станицата Неготино Вардар.

На делот Неготино Вардар – Градско - Неготино Вардар, патниците ќе се превезуваат со автобус. Утринскиот воз, број 630 ,што досега од Гевгелија поаѓаше во 04.40 часот, а од 15.11.2023 година ќе поаѓа во 06.15 часот, велат од МЖ Транспорт за МИА.

The post Експерти од Градежен вршат увид на мостот на Црна Река пошто ќе се знае како ќе продолжи железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>

Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници - Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес. Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај.
Во однос на настанатата ситуација со железничкиот мост на Црна Река кај локалитетот Стоби, Ве информираме дека на терен се излезени екипи на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, професори од Градежен факултет, експерти и стручни лица од областа и истите вршат увид на моменталната ситуација по што ќе се одлучи како најсоодветно и најбрзо да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај, се наведува во изјавата.
Од МЖ Транспорт за МИА велат дека патниците кои ги користат железничките услуги на релација Скопје – Гевгелија - Скопје и понатаму ќе бидат превезувани до крајните дестинации, со тоа што возовите од Скопје ќе сообраќаат до станицата Градско, а возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до станицата Неготино Вардар.
На делот Неготино Вардар – Градско - Неготино Вардар, патниците ќе се превезуваат со автобус. Утринскиот воз, број 630 ,што досега од Гевгелија поаѓаше во 04.40 часот, а од 15.11.2023 година ќе поаѓа во 06.15 часот, велат од МЖ Транспорт за МИА.

The post Експерти од Градежен вршат увид на мостот на Црна Река пошто ќе се знае како ќе продолжи железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>
Поради напукнатиот мост, патниците од воз се преместуваат во автобус кај Кукуричани https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-napuknatiot-most-patnitsite-od-voz-se-premestuvaat-vo-avtobus-kaj-kukurichani/ Wed, 15 Nov 2023 08:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=701674

Согласно информациите од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот - и патнички и товарен. Но, патничкиот сепак се одвива со „премостување“ - со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици - Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.

Во соопштението се додава дека пожарникарите од Битола во период од 17:37 до 18:33 часот, со едно противпожарно возило и тричлен тим, интервенирале на запалена ниска вегетација, сува трева и грмушки, на стариот пат за село Могила. Помали интервенции имале пожарникарите, по една, од Валандово, од Кавадарци и од Охрид, а две - пожарникарите од Скопје.

Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи, имало вкупно 1.583 повици. „Реални“ повици за итни случаи имало 31,59 отсто. Имало 68,41 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон полицијата биле упатени 54,60 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош -38,65 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 1,84 отсто. Кон ЦУК имало 4,91 проценти од итните повици, што е во рамки на просекот од три до 10 проценти што ги решава, секако заедно со 68,41 отсто од другите, именувани и како „неитни повици“, поточно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се додава во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од Единствениот број за итни случаи Е-112, добиле информација дека на крстосницата на улицата „Варшавска“ со Булеварот „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.

Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје, пријавата е доставена до Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, пишува во соопштението.

The post Поради напукнатиот мост, патниците од воз се преместуваат во автобус кај Кукуричани appeared first on Република.

]]>

Согласно информациите од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија - Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот - и патнички и товарен. Но, патничкиот сепак се одвива со „премостување“ - со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици - Градско и Криволак, патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот факултет во Скопје, во текот на денешниот ден планирано е да излезат на терен, за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи. Во соопштението се додава дека пожарникарите од Битола во период од 17:37 до 18:33 часот, со едно противпожарно возило и тричлен тим, интервенирале на запалена ниска вегетација, сува трева и грмушки, на стариот пат за село Могила. Помали интервенции имале пожарникарите, по една, од Валандово, од Кавадарци и од Охрид, а две - пожарникарите од Скопје.
Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи, имало вкупно 1.583 повици. „Реални“ повици за итни случаи имало 31,59 отсто. Имало 68,41 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон полицијата биле упатени 54,60 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош -38,65 проценти, а кон пожарникарите биле упатени 1,84 отсто. Кон ЦУК имало 4,91 проценти од итните повици, што е во рамки на просекот од три до 10 проценти што ги решава, секако заедно со 68,41 отсто од другите, именувани и како „неитни повици“, поточно ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, се додава во соопштението.
Регионалниот ЦУК Скопје информира дека од Единствениот број за итни случаи Е-112, добиле информација дека на крстосницата на улицата „Варшавска“ со Булеварот „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.
Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје, пријавата е доставена до Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, пишува во соопштението.

The post Поради напукнатиот мост, патниците од воз се преместуваат во автобус кај Кукуричани appeared first on Република.

]]>
Од попладнево штрајк во Железници, не возат ни товарните возови https://republika.mk/vesti/makedonija/od-popladnevo-shtrajk-vo-zheleznitsi-ne-vozat-ni-tovarnite-vozovi/ Fri, 10 Nov 2023 16:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=700347

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие.

Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во сообраќај е со број 631 на релација Скопје-Гевгелија што тргнува во 16.55.

Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот, рече Димовски.

The post Од попладнево штрајк во Железници, не возат ни товарните возови appeared first on Република.

]]>

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие. Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови, а првиот воз што нема да биде во сообраќај е со број 631 на релација Скопје-Гевгелија што тргнува во 16.55.
Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот, рече Димовски.

The post Од попладнево штрајк во Железници, не возат ни товарните возови appeared first on Република.

]]>
Машиновозачите бараат повлекување на решенијата за суспензија на 12 колеги или отказни решенија за сите https://republika.mk/vesti/makedonija/mashinovozachite-baraat-povlekuvane-na-reshenijata-za-suspenzija-na-12-kolegi-ili-otkazni-reshenija-za-site/ Thu, 31 Aug 2023 12:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=677630

Машинскиот и извршниот персонал на Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје повторно е во бојкот од 25.08.2023 поради неисплатен втор дел на плата и неисполнети барања, изјави денеска на прес-конференција претставникот на машинскиот и извршниот персонал, Тони Димовски.

Тие освен редовна исплата на плата, бараат и покачување на коефициенти, изнајмување на две локомотиви од странство и подобрување на условите за работа, за кои велат дека се под минимум.

Шефот на работна единица на ЖРСМ Транспорт АД Скопје во текот на вчерашниот ден доставил список на машиновозачи за суспендирање од нивното работно место.

-Сите прашуваат зошто се бојкотира, а никој од менаџерскиот тим не дава објаснување зошто нема плата, кое е основно средство за живеење. Крајно време е одговорноста за нефункционалноста и пропаста на железницата да ја преземе менаџерскиот тим и Владата. Доста покажуваат со прст кон нас, крајно време е да го свртат прстот кон себе за состојбата во која не донесоа. Бараме од денеска да биде суспендиран цел машински персонал, а не само тие 12 машиновозачи, изјави Димовски.

Во случај на суспендирање на целиот машински персонал ќе нема кој да ги управува возовите, а на менаџерскиот тим му се одзема правото за пишување на дневен распоред и како што велат, со тоа ќе не можат да вршат мобинг врз вработените.

-Некои шефови на работна единица, директори на теретен сообраќај или генерален директор сега се јавуваат кај колегите и ги тераат да одат работа, а ако не одат се закануваат со отказно решение. Бараме да ги повлечат решенијата за суспензија на 12-те колеги или на сите да ни доделат решенија за суспендирање, па дури и отказни решенија, рече претставникот на машинскиот и извршниот персонал, Тони Димовски.

ЖРСМ Транспорт АД Скопје, деновиве излезе со свое соопштение и ги обвини машиновозачите дека го блокираат целиот сообраќај и вршат директна штета врз претпријатието. Оттаму информираат дека во периодот од 1 август до денот на прекинот на железничкиот сообраќај на 25 август, машиновозачите оствариле вкупни просечни лични примања во износ од 60.000 денари, додека за споредба во истиот период, раководител инженер, остварил лични примања во висина од 21.000 денари.

Димовски ги демантира информациите со кои излезе Железница и вели дека се работи за дезинформација.

-Нашата основна плата, според коефициент на сложеност е 23.000 денари. Доколку ги земеме надоместоците за ноќна работа, работа за празници и работа во недела стигаме до максимум 40.000 денари. Повисоко примање од тоа сме немале, рече Димовски.

The post Машиновозачите бараат повлекување на решенијата за суспензија на 12 колеги или отказни решенија за сите appeared first on Република.

]]>

Машинскиот и извршниот персонал на Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје повторно е во бојкот од 25.08.2023 поради неисплатен втор дел на плата и неисполнети барања, изјави денеска на прес-конференција претставникот на машинскиот и извршниот персонал, Тони Димовски. Тие освен редовна исплата на плата, бараат и покачување на коефициенти, изнајмување на две локомотиви од странство и подобрување на условите за работа, за кои велат дека се под минимум. Шефот на работна единица на ЖРСМ Транспорт АД Скопје во текот на вчерашниот ден доставил список на машиновозачи за суспендирање од нивното работно место. -Сите прашуваат зошто се бојкотира, а никој од менаџерскиот тим не дава објаснување зошто нема плата, кое е основно средство за живеење. Крајно време е одговорноста за нефункционалноста и пропаста на железницата да ја преземе менаџерскиот тим и Владата. Доста покажуваат со прст кон нас, крајно време е да го свртат прстот кон себе за состојбата во која не донесоа. Бараме од денеска да биде суспендиран цел машински персонал, а не само тие 12 машиновозачи, изјави Димовски. Во случај на суспендирање на целиот машински персонал ќе нема кој да ги управува возовите, а на менаџерскиот тим му се одзема правото за пишување на дневен распоред и како што велат, со тоа ќе не можат да вршат мобинг врз вработените. -Некои шефови на работна единица, директори на теретен сообраќај или генерален директор сега се јавуваат кај колегите и ги тераат да одат работа, а ако не одат се закануваат со отказно решение. Бараме да ги повлечат решенијата за суспензија на 12-те колеги или на сите да ни доделат решенија за суспендирање, па дури и отказни решенија, рече претставникот на машинскиот и извршниот персонал, Тони Димовски. ЖРСМ Транспорт АД Скопје, деновиве излезе со свое соопштение и ги обвини машиновозачите дека го блокираат целиот сообраќај и вршат директна штета врз претпријатието. Оттаму информираат дека во периодот од 1 август до денот на прекинот на железничкиот сообраќај на 25 август, машиновозачите оствариле вкупни просечни лични примања во износ од 60.000 денари, додека за споредба во истиот период, раководител инженер, остварил лични примања во висина од 21.000 денари. Димовски ги демантира информациите со кои излезе Железница и вели дека се работи за дезинформација. -Нашата основна плата, според коефициент на сложеност е 23.000 денари. Доколку ги земеме надоместоците за ноќна работа, работа за празници и работа во недела стигаме до максимум 40.000 денари. Повисоко примање од тоа сме немале, рече Димовски.

The post Машиновозачите бараат повлекување на решенијата за суспензија на 12 колеги или отказни решенија за сите appeared first on Република.

]]>
Штрајк во железничкиот сообраќај, вработените си ги бараат платите за април https://republika.mk/vesti/ekonomija/shtrajk-vo-zheleznichkiot-soobrakaj-vrabotenite-si-gi-baraat-platite-za-april/ Mon, 05 Jun 2023 09:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=647916

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин откако вработените во РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт, прекинаа со извршување на работните задачи за одржување на локомотивите и патничките гарнитури поради неисплатена плата за април.

Од РЕ Одржување за МИА информираа дека прекинот на сообраќајот стартувал со возот 7011/0506 предвиден со возниот ред во 09:30 часот на релацијата Скопје – Велес.

Бидејќи се уште не е исплатена платата за април работниците одлучија од денеска во 08:00 часот да не си ги извршуваат работните задачи односно нема да ги поправаат и прегледуваат машините и како такви тие не можат да бидат вклучени во сообраќај, наведуваат од РЕ Одржување во известување за состанокот што го доставиле до генералниот директор и Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт.

Оттаму потсетуваат дека согласно договорот со раководството на железничката компанија од изминатиот период, доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат машините.

The post Штрајк во железничкиот сообраќај, вработените си ги бараат платите за април appeared first on Република.

]]>

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин откако вработените во РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт, прекинаа со извршување на работните задачи за одржување на локомотивите и патничките гарнитури поради неисплатена плата за април. Од РЕ Одржување за МИА информираа дека прекинот на сообраќајот стартувал со возот 7011/0506 предвиден со возниот ред во 09:30 часот на релацијата Скопје – Велес.
Бидејќи се уште не е исплатена платата за април работниците одлучија од денеска во 08:00 часот да не си ги извршуваат работните задачи односно нема да ги поправаат и прегледуваат машините и како такви тие не можат да бидат вклучени во сообраќај, наведуваат од РЕ Одржување во известување за состанокот што го доставиле до генералниот директор и Управниот одбор на ЖРСМ Транспорт.
Оттаму потсетуваат дека согласно договорот со раководството на железничката компанија од изминатиот период, доколку до 15-ти во месецот не биде исплатен првиот дел од платата односно до 25-ти вториот дел од платата, наредниот ден работниците ќе престанат да ги извршуваат работните задачи и нема да ги поправаат и прегледуваат машините.  

The post Штрајк во железничкиот сообраќај, вработените си ги бараат платите за април appeared first on Република.

]]>
Железници Транспорт доби струја, долгот ќе го плати државата по пренамена на средствата https://republika.mk/vesti/ekonomija/zeleznici-transport-dobi-struja-dolgot-kje-go-plati-drzavata-po-prenamena-na-sredstvata/ Thu, 15 Dec 2022 11:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=585916

Железници Транспорт на РСМ АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес.

Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше таква опасност со огле д дека струја им е потребна за пумпите за нафта.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претходно во изјава за медиумите најави дека Железници ќе има струја и повтори дека долгот кон ЕВН за неплатените сметки на одредени државни институции ќе биде подмирен веднаш штом во Собранието ќе помине најавената пренамената на средствата од Буџетот.

Според него, не треба никаква друга гаранција дека тоа ќе се исполни, бидејќи веќе го најавија и премиерот Димитар Ковачевски и други членови на Владата.

Сметам дека веќе во овој момент во „Железници Транспорт“ има струја. Владата не е ниту договорна, ниту облигациска страна кон ЕВН и ако ЕВН не сфаќа дека Владата не е тука страна која дава гаранции, тогаш ЕВН има навистина проблем со толкување на нивното функционирање во нашата држава. Премиерот, вицепремиерот и министерот за финансии кажаа дека ќе се платат долгови кон ЕВН и тоа е сосема доволно за било кој економски оператор да сфати дека тоа е Влада и држава и оти не треба никакви други гаранции, рече вицепремиерот Битиќи во одговор на новинарско прашање зошто досега Владата не испратила гаранција до ЕВН дека ќе го подмири долгот, откако изутрина беше исклучена струјата во „Железници Транспорт“.

ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.

The post Железници Транспорт доби струја, долгот ќе го плати државата по пренамена на средствата appeared first on Република.

]]>

Железници Транспорт на РСМ АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес. Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не се одразил на одвивањето на железничкиот собраќај, иако постоеше таква опасност со огле д дека струја им е потребна за пумпите за нафта. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претходно во изјава за медиумите најави дека Железници ќе има струја и повтори дека долгот кон ЕВН за неплатените сметки на одредени државни институции ќе биде подмирен веднаш штом во Собранието ќе помине најавената пренамената на средствата од Буџетот. Според него, не треба никаква друга гаранција дека тоа ќе се исполни, бидејќи веќе го најавија и премиерот Димитар Ковачевски и други членови на Владата.