зелено кредитирање Archives - Република https://republika.mk/tema/zeleno-kreditiranje/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 08:04:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зелено кредитирање Archives - Република https://republika.mk/tema/zeleno-kreditiranje/ 32 32 Народна банка: Годишен раст на зелените кредити за 29 проценти во 2023 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-godishen-rast-na-zelenite-krediti-za-29-protsenti-vo-2023-godina/ Mon, 08 Apr 2024 08:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=763667

Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за четвртиот квартал од 2023 година, каде што се забележува раст на квартално ниво од 5 проценти, додека на годишна основа од 29,1 проценти. Во споредба со крајот на 2019 година, кога почнале да се прибираат податоците, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање нова еколошка технологија, информираат од Народната банка.

Според податоците на со кои таа располага, на крајот од 2023 година, банкарските побарувања врз основа на зелени кредити изнесуваат 19.863 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите земени од фирмите, додека најмногу зелени кредити давале големите банки.

Од Народната банка додаваат дека расте и уделот на зелените во вкупните кредити, иако сѐ уште е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со 2023 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2 на 4,5 отсто.

Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки. Народната банка изработи Среднорочен план на активностите во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 − 2025 година, а неодамна заради подобрување на расположливоста на податоците за климатските промени објави и Преглед на зелените показатели коишто ќе помогнат во анализите за понатамошно носење политики, се вели во соопштението од Народната банка.

Од Банката додаваат дека се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови.

The post Народна банка: Годишен раст на зелените кредити за 29 проценти во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за четвртиот квартал од 2023 година, каде што се забележува раст на квартално ниво од 5 проценти, додека на годишна основа од 29,1 проценти. Во споредба со крајот на 2019 година, кога почнале да се прибираат податоците, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање нова еколошка технологија, информираат од Народната банка. Според податоците на со кои таа располага, на крајот од 2023 година, банкарските побарувања врз основа на зелени кредити изнесуваат 19.863 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите земени од фирмите, додека најмногу зелени кредити давале големите банки. Од Народната банка додаваат дека расте и уделот на зелените во вкупните кредити, иако сѐ уште е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со 2023 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2 на 4,5 отсто. Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки. Народната банка изработи Среднорочен план на активностите во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 − 2025 година, а неодамна заради подобрување на расположливоста на податоците за климатските промени објави и Преглед на зелените показатели коишто ќе помогнат во анализите за понатамошно носење политики, се вели во соопштението од Народната банка. Од Банката додаваат дека се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат стрес-тестови.

The post Народна банка: Годишен раст на зелените кредити за 29 проценти во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Забрзува растот на зелените кредити во третиот квартал од 2022 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/zabrzuva-rastot-na-zelenite-krediti-vo-tretiot-kvartal-od-2022-godina/ Fri, 09 Dec 2022 09:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=583560

Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи 17,7%%. Зелените кредити се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Во третиот квартал е зголемен и уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од 2,7% во претходниот квартал, на 3,1%, односно за 0,4 процентни поени. Иако податоците покажуваат поволни поместувања, сепак има простор за понатамошно зголемување на уделот на зелените во вкупните кредити.

Во третиот квартал, зелените кредити на корпоративниот сектор и домаќинствата достигнаа 12.876 милиони денари, односно се зголемија за 31,5 милиони евра за едно тримесечје. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите на фирмите, коишто учествуваат со 5,8% во вкупните кредити доделени на корпоративниот сектор. Растот на зелените кредити кај домаќинствата е помал и тие учествуваат со само 0,7% во вкупните кредити на секторот „домаќинства“.

Насочените активности на Народната банка за поттикнување и зголемување на свесноста кај домашните кредитори за финансирање „зелени“ проекти, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации, придонесоа за зголемување на зеленото кредитирање за речиси 80% крајот на 2019 година. Во истиот период, кредитите пораснаа и како удел во вкупните кредити за 0,9 процентни поени.

Во септември 2022 година, Народната банка донесе одлука за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. На ваков начин, во услови на енергетска криза и силен раст на глобалните цени на електричната енергија, Народната банка придонесува кон ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата, а воедно со мерката се поддржуваат и „зелените финансии“ и одржливото финансирање.

Преку низа други активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање. Во тек е и изработка на стратегија за поттикнување на зеленото финансирање, во која меѓу другото е предвидена подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, вклучително и за транспарентното финансирање. Се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а од годинава Народната банка воспостави и редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат и редовни стрес-тестови.

Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено кај помалку развиените економии, затоа сè повеќе централни банки го гледаат зеленото финансирање како дел од нивниот мандат, информираат од НБРМ.

The post Забрзува растот на зелените кредити во третиот квартал од 2022 година appeared first on Република.

]]>

Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи 17,7%%. Зелените кредити се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Во третиот квартал е зголемен и уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од 2,7% во претходниот квартал, на 3,1%, односно за 0,4 процентни поени. Иако податоците покажуваат поволни поместувања, сепак има простор за понатамошно зголемување на уделот на зелените во вкупните кредити. Во третиот квартал, зелените кредити на корпоративниот сектор и домаќинствата достигнаа 12.876 милиони денари, односно се зголемија за 31,5 милиони евра за едно тримесечје. Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите на фирмите, коишто учествуваат со 5,8% во вкупните кредити доделени на корпоративниот сектор. Растот на зелените кредити кај домаќинствата е помал и тие учествуваат со само 0,7% во вкупните кредити на секторот „домаќинства“. Насочените активности на Народната банка за поттикнување и зголемување на свесноста кај домашните кредитори за финансирање „зелени“ проекти, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации, придонесоа за зголемување на зеленото кредитирање за речиси 80% крајот на 2019 година. Во истиот период, кредитите пораснаа и како удел во вкупните кредити за 0,9 процентни поени. Во септември 2022 година, Народната банка донесе одлука за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. На ваков начин, во услови на енергетска криза и силен раст на глобалните цени на електричната енергија, Народната банка придонесува кон ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата, а воедно со мерката се поддржуваат и „зелените финансии“ и одржливото финансирање. Преку низа други активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање. Во тек е и изработка на стратегија за поттикнување на зеленото финансирање, во која меѓу другото е предвидена подготовка на насоки за работењето на банките во доменот на зелените финансии, вклучително и за транспарентното финансирање. Се гради и зелено портфолио на хартиите од вредност во девизните резерви, а од годинава Народната банка воспостави и редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање. За оцена на отпорноста на банкарскиот систем на климатските промени се планираат и редовни стрес-тестови. Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено кај помалку развиените економии, затоа сè повеќе централни банки го гледаат зеленото финансирање како дел од нивниот мандат, информираат од НБРМ.

The post Забрзува растот на зелените кредити во третиот квартал од 2022 година appeared first on Република.

]]>