Зеќири Archives - Република https://republika.mk/tema/zekjiri/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Feb 2023 14:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зеќири Archives - Република https://republika.mk/tema/zekjiri/ 32 32 Сослушани сведоци за „Софтвери“: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/soslushani-svedotsi-za-softveri-od-kabinetot-na-zekiri-davaa-nasoki-kako-da-se-odgovori-na-barana-za-dokumenti/ Fri, 03 Feb 2023 14:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=604404

Во Основниот кривичен суд Скопје, на предлог на одбраната, денеска беа сослушани сведоци, вработени во генералниот секретаријат на Владата во врска со случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Сослушани беа сведоците Зорица Стојановиќ, Агим Махмути и Мирче Јанев.

Обвинетиот Драги Рашковски преку директно испрашување постави прашања во врска со конкретни докази, дописи и одговори од Владата, во насока на тоа дали сведоците се изготвувачи на истите.

Рашковски ја прашуваше Стојановиќ за дописите што ги изготвувала, а потоа биле испратени до Трајчева. Таа објасни како течело давањето на одговорите. Рече дека тогашниот генерален секретар Мухамед Зеќири, односно неговиот Кабинет, давал насоки за одговори.

Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

The post Сослушани сведоци за „Софтвери“: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје, на предлог на одбраната, денеска беа сослушани сведоци, вработени во генералниот секретаријат на Владата во врска со случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Сослушани беа сведоците Зорица Стојановиќ, Агим Махмути и Мирче Јанев. Обвинетиот Драги Рашковски преку директно испрашување постави прашања во врска со конкретни докази, дописи и одговори од Владата, во насока на тоа дали сведоците се изготвувачи на истите. Рашковски ја прашуваше Стојановиќ за дописите што ги изготвувала, а потоа биле испратени до Трајчева. Таа објасни како течело давањето на одговорите. Рече дека тогашниот генерален секретар Мухамед Зеќири, односно неговиот Кабинет, давал насоки за одговори. Според обвинението, првообвинетиот не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

The post Сослушани сведоци за „Софтвери“: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи appeared first on Република.

]]>
Прекинати детските додатоци за граѓаните од Полог, Зеќири ги повика граѓаните да ја тужат државата https://republika.mk/vesti/makedonija/prekinati-detskite-dodatoci-za-gragjanite-od-polog-zekjiri-gi-povika-gragjanite-da-ja-tuzat-drzavata/ Fri, 23 Sep 2022 14:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=553559

На граѓаните од полошкиот регион, по покачувањето на минималната плата, им се прекинаа детските додатоци, вели Арбен Зеќири од Алијанса за Албанците.

Владата на СДСМ-ДУИ со ова удира на најранливата социјална категорија, во време на тешка економска криза. Алијанса за Албанците ги повикува Владата и одговорното соодветно Министерство итно да ја исправат оваа неправда и да ги исплатат сите суми што им следуваат со закон. Во спротивно ги повикуваме граѓаните да ја тужат државата“, додава тој.

The post Прекинати детските додатоци за граѓаните од Полог, Зеќири ги повика граѓаните да ја тужат државата appeared first on Република.