Зејнеп Севде Паксу Archives - Република https://republika.mk/tema/zejnep-sevde-paksu/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 06:37:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Зејнеп Севде Паксу Archives - Република https://republika.mk/tema/zejnep-sevde-paksu/ 32 32 Водечката турска авторка на книги за деца Зејнеп Севде Паксу гостинка на „Литера“ https://republika.mk/vesti/kultura/vodechkata-turska-avtorka-na-knigi-za-detsa-zejnep-sevde-paksu-gostinka-na-litera/ Wed, 08 May 2024 06:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=775183

Оваа година на Фестивалот „Литера“ ќе гостува Зејнеп Севде Паксу, водечка турска авторка на книги за деца и сопственичка на издавачката куќа „Тазе китап“.

Со нејзиниот впечатлив талент и страст за литературата за деца, Паксу ќе биде специјален гостин на Фестивалот, заедно со илустраторите и автори Угур Алтун и Гизем Ѓозде Учар, најави организаоторт.

Фестивалот „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Во светот на литературата за деца, Зејнеп Севде Паксу е препозната како креативна сила која го збогатува и развива ова поле со своите високо оценети приказни. Нејзината сликовница „Коалата што не можеше да заспие“, во превод на Анета Матовска, во издание на „Прозарт медија“, е објавена на македонски јазик. Автор на илустрациите е Серхат Албамја.

Зејнеп Севде Паксу ја истакнува важноста на развивањето на литературата за деца преку инвестирање во образованието и креирање на оригинални содржини што ги вплетуваат традициите и вредностите на Истокот. Нејзината посветеност на ова поле ја прават идеална гостинка за Фестивалот „Литера“, каде што ќе имаме можност да разговараме за нејзиниот влијателен работен процес и водечката улога во развојот на литературата за деца во Турција и пошироко. Македонската читателска публика ќе ја запознае Паксу на специјален книжевен настан, закажан за 16 мај во Експо зона во МКЦ, со почеток од 12 часот, каде што ќе имаат можност и присутните да се вклучат во разговорот со неа.

Ви гарантираме дека присуството на Зејнеп Севде Паксу на Фестивалот „Литера“ ќе биде вистинска мотивација и инспирација за сите љубители на литературата за деца. Не пропуштајте го датумот кога таа ќе има свое обраќање пред македонската публика и ќе разговара за нејзината работа и она што ја води во процесот – велат организаторите.

Кариерата ја започнува во 2001 година. Работи како известувач, уредник, преведувач, директор на издаваштво, автор на книги за деца и референт за авторски права во различни медиуми. Нејзината прва книга за деца е издадена во 2009 година. Досега има објавено над 15 книги за деца.

Во рамките на „Литера“, од 15 до 18 мај, ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани.

Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Димитар Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

The post Водечката турска авторка на книги за деца Зејнеп Севде Паксу гостинка на „Литера“ appeared first on Република.

]]>

Оваа година на Фестивалот „Литера“ ќе гостува Зејнеп Севде Паксу, водечка турска авторка на книги за деца и сопственичка на издавачката куќа „Тазе китап“.
Со нејзиниот впечатлив талент и страст за литературата за деца, Паксу ќе биде специјален гостин на Фестивалот, заедно со илустраторите и автори Угур Алтун и Гизем Ѓозде Учар, најави организаоторт.
Фестивалот „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје. Во светот на литературата за деца, Зејнеп Севде Паксу е препозната како креативна сила која го збогатува и развива ова поле со своите високо оценети приказни. Нејзината сликовница „Коалата што не можеше да заспие“, во превод на Анета Матовска, во издание на „Прозарт медија“, е објавена на македонски јазик. Автор на илустрациите е Серхат Албамја. Зејнеп Севде Паксу ја истакнува важноста на развивањето на литературата за деца преку инвестирање во образованието и креирање на оригинални содржини што ги вплетуваат традициите и вредностите на Истокот. Нејзината посветеност на ова поле ја прават идеална гостинка за Фестивалот „Литера“, каде што ќе имаме можност да разговараме за нејзиниот влијателен работен процес и водечката улога во развојот на литературата за деца во Турција и пошироко. Македонската читателска публика ќе ја запознае Паксу на специјален книжевен настан, закажан за 16 мај во Експо зона во МКЦ, со почеток од 12 часот, каде што ќе имаат можност и присутните да се вклучат во разговорот со неа.
Ви гарантираме дека присуството на Зејнеп Севде Паксу на Фестивалот „Литера“ ќе биде вистинска мотивација и инспирација за сите љубители на литературата за деца. Не пропуштајте го датумот кога таа ќе има свое обраќање пред македонската публика и ќе разговара за нејзината работа и она што ја води во процесот – велат организаторите.
Кариерата ја започнува во 2001 година. Работи како известувач, уредник, преведувач, директор на издаваштво, автор на книги за деца и референт за авторски права во различни медиуми. Нејзината прва книга за деца е издадена во 2009 година. Досега има објавено над 15 книги за деца. Во рамките на „Литера“, од 15 до 18 мај, ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани. Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Димитар Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

The post Водечката турска авторка на книги за деца Зејнеп Севде Паксу гостинка на „Литера“ appeared first on Република.

]]>