здруженија Archives - Република https://republika.mk/tema/zdruzenija/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Nov 2022 10:53:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здруженија Archives - Република https://republika.mk/tema/zdruzenija/ 32 32 Камбовски: Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост https://republika.mk/vesti/makedonija/kambovski-ne-veruvam-deka-venecijanskata-komisija-kje-odobri-formiranje-zdruzenija-shto-shirat-omraza-ili-netrpelivost/ Thu, 10 Nov 2022 10:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=572249

Испраќањето закони на преглед во Венецијанската комисија не новост, тука е практика која постоела и претходно, изјави денеска академик Владо Камбовски.

Ние и порано сме испраќале такви закони на преглед и ако се добие објективна оценка, според мене, во тој дел на законот за забрана на делување на политички партии, е општа практика насекаде во сите демократски држави. Дури и уставните судови имаат директна надлежност да забранат делување на политичка партија која има програма или дејствува спротивно на вредностите кои се прогласени со националниот Устав, човековите права, забрана на дискриминација, ширење омраза, нетрпеливост и слично, рече Камбовски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој очекува дека Венецијанската комисија ќе го потврди таквиот став и во однос на изменетиот Закон за здруженија и фондации.

Не верувам дека Венецијанската комисија ќе рече „може да формирате здруженија кои ќе шират национална омраза или нетрпеливост“. Тоа ниедна држава не го допушта во светот, тоа е во спротивност со сите меѓународни стандарди и норми, вели Камбовски.

Тој додаде дека секој може да се бори за одредени свои права, но без да ги загрози правата и слободите на другиот и оти тоа е темелно начело на правото, што мора да го заштитува секој национален правен поредок.

Можете да формирате какви сакате здруженија, но никој нема право од позиција на такво здружение да негира право или да загрозува права на другиот, нагласи Камбовски.

The post Камбовски: Не верувам дека Венецијанската комисија ќе одобри формирање здруженија што шират омраза или нетрпеливост appeared first on Република.

]]>

Здруженија со имиња на соработници на фашистичкиот режим не ги подобруваат односите со соседите, смета Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/zdruzenija-so-iminja-na-sorabotnici-na-fashistichkiot-rezim-ne-gi-podobruvaat-odnosite-so-sosedite-smeta-kovachevski/ Mon, 10 Oct 2022 20:36:58 +0000 https://republika.mk/?p=559581

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека јасно ги искажува ставовите по однос на здруженијата што се формираат и носат имиња на соработници на фашистичкиот режим. Во однос на најавеното отворање на здружението Цар Фердинанд оцени дека ваквите имиња на никој начин не придонесуваат кон подобрување на односите помеѓу соседните држави, но уште повеќе ги повредуваат чувствата на македонските граѓани, а особено на еврејската заедница.

Премиерот во интервју за Телевизија 24 изјави дека Централниот регистар ја разгледува документацијата и поради намерата на граѓани да формираат такви здруженија што ги нарушуваат чувствата и односите со соседна држава, е формирано тело во Владата, односно во Министерството за правда, што треба да оцени дали одредено име може да биде користено или не.

Ковачевски вели дека македонското законодавство е многу либерално во однос на формирање здруженија и од таа причина му сугерирал до министерот за правда, како основа да се земе германското законодавство.

Германија е држава што е една од носечките држави во Европската Унија во економијата, владеењето на право и по организирање на внатрешен систем и мислам дека тоа е законодавство што треба да го земеме. Сакам да ги заштитам чувствата на граѓаните и исто така повикав при изработка на тој закон да учествуваат не само сите политички партии, туку и еврејската заедница да биде вклучена во собраниската комисијата во којашто ќе се разгледува законот - додаде Ковачевски.

Идејата за овие здруженија, вели дека е да се предизвика провокација кај граѓаните, како и финансиски интерес и нетрпение помеѓу двете држави. Додаде дека ова се случува во изминатите години во односите помеѓу двете држави и треба да се стави крај. Порача дека сите граѓаните не треба да бидат заложници на одредени граѓани што сакаат да ги нарушат односите, пред сè внатре во општеството, а потоа надвор од државата.

The post Здруженија со имиња на соработници на фашистичкиот режим не ги подобруваат односите со соседите, смета Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека јасно ги искажува ставовите по однос на здруженијата што се формираат и носат имиња на соработници на фашистичкиот режим. Во однос на најавеното отворање на здружението Цар Фердинанд оцени дека ваквите имиња на никој начин не придонесуваат кон подобрување на односите помеѓу соседните држави, но уште повеќе ги повредуваат чувствата на македонските граѓани, а особено на еврејската заедница. Премиерот во интервју за Телевизија 24 изјави дека Централниот регистар ја разгледува документацијата и поради намерата на граѓани да формираат такви здруженија што ги нарушуваат чувствата и односите со соседна држава, е формирано тело во Владата, односно во Министерството за правда, што треба да оцени дали одредено име може да биде користено или не. Ковачевски вели дека македонското законодавство е многу либерално во однос на формирање здруженија и од таа причина му сугерирал до министерот за правда, како основа да се земе германското законодавство.
Германија е држава што е една од носечките држави во Европската Унија во економијата, владеењето на право и по организирање на внатрешен систем и мислам дека тоа е законодавство што треба да го земеме. Сакам да ги заштитам чувствата на граѓаните и исто така повикав при изработка на тој закон да учествуваат не само сите политички партии, туку и еврејската заедница да биде вклучена во собраниската комисијата во којашто ќе се разгледува законот - додаде Ковачевски.
Идејата за овие здруженија, вели дека е да се предизвика провокација кај граѓаните, како и финансиски интерес и нетрпение помеѓу двете држави. Додаде дека ова се случува во изминатите години во односите помеѓу двете држави и треба да се стави крај. Порача дека сите граѓаните не треба да бидат заложници на одредени граѓани што сакаат да ги нарушат односите, пред сè внатре во општеството, а потоа надвор од државата.

The post Здруженија со имиња на соработници на фашистичкиот режим не ги подобруваат односите со соседите, смета Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Ќе се стави ли крај на бугарските провокации: Министерот за правда најавува нов закон за здруженија и фондации https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-stavi-li-kraj-na-bugarskite-provokacii-ministerot-za-pravda-najavuva-nov-zakon-za-zdruzenija-i-fondacii/ Tue, 23 Aug 2022 12:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=543271

Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски.

Ова Тупанчевски, го најави денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се спречат формираните бугарски здруженија во земјава.

– Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, изјави Тупанчевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување.

Министерството за правда на 15-ти овој месец, најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.

-Целта на овие измени на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање. Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување, појаснуваат од Министерството за правда

The post Ќе се стави ли крај на бугарските провокации: Министерот за правда најавува нов закон за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>

Формирање ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, ќе предложи на денешната седница на Владата министерот за правда Никола Тупанчевски. Ова Тупанчевски, го најави денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали може да се спречат формираните бугарски здруженија во земјава. – Мој предлог би било да се формира ад хок тело, меѓуресорско, што ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на којшто ќе се формираат. Во таа насока мислам дека ќе биде намалена можност да се злоупотребуваат одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, изјави Тупанчевски, денеска одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод 21 година од формирањето на Единицата за брзо распоредување. Министерството за правда на 15-ти овој месец, најави состанок на Работната група на кој ќе се дискутира за новиот Закон за здруженија и фондации, откако изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за издавањето на дозовли за регистрирање на здруженија со спорни имиња на историски личности.
-Целта на овие измени на законот е подобрување на правната рамка во делот на одредбите кои се однесуваат на статусот на организацијата од јавен интерес, регистрација на граѓански организации, дефинирање на статус на непрофитни организации како и начинот на нивно финансирање. Постојната правна рамка, со внимателно повикување на судската пракса на Европскиот суд за човекови права е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување, појаснуваат од Министерството за правда

The post Ќе се стави ли крај на бугарските провокации: Министерот за правда најавува нов закон за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Спорните имиња можно е да се спречат со нов закон за здруженија и фондации https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-spornite-iminja-mozno-e-da-se-sprechat-so-nov-zakon-za-zdruzenija-i-fondacii/ Sat, 13 Aug 2022 20:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=540004

Спорните имиња и називи на граѓански организации можно е да се спречуваат со нов закон за здруженија и фондации, оценува Бојан Маричиќ, поранешен министер за правда, сега вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Сегашната состојбата, според Маричиќ, доаѓа поради тоа што имаме еден од најлибералните закони во Европа за регистрација на Здруженија.

авистина неселективно се регистрираа здруженија и тоа во праксата покажува извесни проблеми. Имаше еден случај, има и други такви случаи. Иако ние сме се одлучиле за најлиберална регистрација затоа што минатото сме имале и случаи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде што имаме изгубено како држава. Факт е дека има потреба од креирање на таков регистар бидејќи нели ограничувањето на слободата на здружувања се јасно дефинирани и тие имаат определени граници и таа гарантирана со Уставот. Кај нас е слободата на здружувањето гарантирана со Уставот, истакна Маричиќ.

Тој вели дека има информации дека се подготвува нов закон.

инистерот Тупанчевски е најрелевантен да го каже тоа, но според моите информации се подготвува нов закон за здруженија и фондации врз основа на кој ќе треба да се направи и таков регистар кој што ќе, или генерички ќе објасни каков тип на имиња не би биле дозволени на здруженијата, каков тип на називите, или пак точно кои поединечно ќе ги наброи кои називи не се дозволени. Мислам дека тоа е потребно секако. Тоа не смее да значи и не може да значи ускратување на било чие право. Исто така треба да се има предвид и јавниот интерес и она што може да ја вознемири јавноста или би одело против принципите на демократијата, слободата и демокрастскиот систем кој е воведен кај нас во Македонија со Уставот, истакна Маричиќ од Тетово, каде се приклучи на предизборната кампања со кандидатите за советници.

The post Маричиќ: Спорните имиња можно е да се спречат со нов закон за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>

Спорните имиња и називи на граѓански организации можно е да се спречуваат со нов закон за здруженија и фондации, оценува Бојан Маричиќ, поранешен министер за правда, сега вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Сегашната состојбата, според Маричиќ, доаѓа поради тоа што имаме еден од најлибералните закони во Европа за регистрација на Здруженија. авистина неселективно се регистрираа здруженија и тоа во праксата покажува извесни проблеми. Имаше еден случај, има и други такви случаи. Иако ние сме се одлучиле за најлиберална регистрација затоа што минатото сме имале и случаи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур каде што имаме изгубено како држава. Факт е дека има потреба од креирање на таков регистар бидејќи нели ограничувањето на слободата на здружувања се јасно дефинирани и тие имаат определени граници и таа гарантирана со Уставот. Кај нас е слободата на здружувањето гарантирана со Уставот, истакна Маричиќ. Тој вели дека има информации дека се подготвува нов закон. инистерот Тупанчевски е најрелевантен да го каже тоа, но според моите информации се подготвува нов закон за здруженија и фондации врз основа на кој ќе треба да се направи и таков регистар кој што ќе, или генерички ќе објасни каков тип на имиња не би биле дозволени на здруженијата, каков тип на називите, или пак точно кои поединечно ќе ги наброи кои називи не се дозволени. Мислам дека тоа е потребно секако. Тоа не смее да значи и не може да значи ускратување на било чие право. Исто така треба да се има предвид и јавниот интерес и она што може да ја вознемири јавноста или би одело против принципите на демократијата, слободата и демокрастскиот систем кој е воведен кај нас во Македонија со Уставот, истакна Маричиќ од Тетово, каде се приклучи на предизборната кампања со кандидатите за советници.

The post Маричиќ: Спорните имиња можно е да се спречат со нов закон за здруженија и фондации appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Потребни се законски измени за недвосмислено правно уредување на називите на здруженијата и фондациите https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-potrebni-se-zakonski-izmeni-za-nedvosmisleno-pravno-ureduvanje-na-nazivite-na-zdruzenijata-i-fondaciite/ Sat, 13 Aug 2022 19:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=540000

Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој недвосмислено правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

– За жал, како држава, од неодамнешното именување на клубот во Битола според историски докажан соработник на нацистичкиот режим, не извлековме поука. Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој на недвосмислен начин правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности, соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски за ТВ 24 во врска со новоформираните бугарски здруженија во земјава.

Од Кабинетот посочуваат дека за таа цел е потребно да се определи надлежна институција што ќе дава задолжителна согласност во постапката за регистрација, со претходна изработка на регистар на историски личности кои недвосмислено биле асоцирани со расистички идеологии, а не како досега, преку согласност на нивен роднина или наследник да може да се регистрира здружение со име на личност што неспорно ги повредува чувствата на дел од македонските граѓани.

-Во постојните прописи и покрај правните празнини и недоречености, постојат правни можности за реакција на институциите и тие треба да дејствуваат во таа насока без да си ја префрлаат одговорноста, наведува Кабинетот.

Во април годинава во Битола беше отворен Културниот центар „Ванчо Михајлов“, но за два месеца, во јуни, објектот беше опожарен. Овој месец, пак, повеќе институции во земјава реагираа за регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид. Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија пред неколку дена соопштија дека со регистрацијата на ова здружение во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза. На социјалните мрежи, како што објавија некои медиуми, веќе се споделува информација дека и во Богданци се подготвува ново бугарско здружение кое според најавите треба да го носи името на Цар Фердинанд, татко на Царот Борис III.

The post Пендаровски: Потребни се законски измени за недвосмислено правно уредување на називите на здруженијата и фондациите appeared first on Република.

]]>

Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој недвосмислено правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. – За жал, како држава, од неодамнешното именување на клубот во Битола според историски докажан соработник на нацистичкиот режим, не извлековме поука. Потребни се итни измени на Законот за здруженија и фондации во кој на недвосмислен начин правно ќе се уредат нивните називи, вклучувајќи ја и постапката за регистрација на називи што вклучуваат историски настани и личности, соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски за ТВ 24 во врска со новоформираните бугарски здруженија во земјава. Од Кабинетот посочуваат дека за таа цел е потребно да се определи надлежна институција што ќе дава задолжителна согласност во постапката за регистрација, со претходна изработка на регистар на историски личности кои недвосмислено биле асоцирани со расистички идеологии, а не како досега, преку согласност на нивен роднина или наследник да може да се регистрира здружение со име на личност што неспорно ги повредува чувствата на дел од македонските граѓани. -Во постојните прописи и покрај правните празнини и недоречености, постојат правни можности за реакција на институциите и тие треба да дејствуваат во таа насока без да си ја префрлаат одговорноста, наведува Кабинетот. Во април годинава во Битола беше отворен Културниот центар „Ванчо Михајлов“, но за два месеца, во јуни, објектот беше опожарен. Овој месец, пак, повеќе институции во земјава реагираа за регистрацијата на Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид. Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија пред неколку дена соопштија дека со регистрацијата на ова здружение во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза. На социјалните мрежи, како што објавија некои медиуми, веќе се споделува информација дека и во Богданци се подготвува ново бугарско здружение кое според најавите треба да го носи името на Цар Фердинанд, татко на Царот Борис III.

The post Пендаровски: Потребни се законски измени за недвосмислено правно уредување на називите на здруженијата и фондациите appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе прими делегација на македонските здруженија од Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-kje-primi-delegacija-na-makedonskite-zdruzenija-od-bugarija/ Mon, 10 Jan 2022 20:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=442762

Воочи средбата на бугарскиот и македонскиот премиер Кирил Петков и Димитар Ковачевски на 18 Јануари во Скопје, претседателот Пендаровски реши дека ќе прими делегација на две македонски здруженија од Бугарија, на  ОМО Илинден Пирин и на ОМО Илинден на нивно барање. Од кабинетот на претседателот за ТВ24 велат дека датумот сеуште не е утврден.

„Пристигнато е барањето на ОМО Илинден Пирин и на ОМО Илинден за средба. Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими во најбрз можен рок.“ – Кабинет на Претседателот на Македонија.

Во писмото Македонците од Бугарија велат дека безрезервно ги поддржуваат аспирациите на етничките браќа од Македонија за достојно место меѓу народите на демократска Европа, но и ја спомнуваат средбата на бугарскиот претседател Радев со претставници на неколку регистрирани здруженија на Бугари од Македонија и на една политичка партија. Опозицијата пак денеска повторно обвини дека Димитар Ковачевски и Владо Бучковски немаат легитимитет да преговараат за македонскиот проблем со Бугарија.

СДСМ, преку соопштение реагираше на изјавите Митева, и велат дека Ковачевски и новата Влада не само што имаат легитимитет, туку имаат проширено и стабилно мнозинство во Собранието. Очигледно ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се добро запознаени со уставот и законите во земјава, се вели во соопштениетто на СДСМ.

The post Пендаровски ќе прими делегација на македонските здруженија од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Воочи средбата на бугарскиот и македонскиот премиер Кирил Петков и Димитар Ковачевски на 18 Јануари во Скопје, претседателот Пендаровски реши дека ќе прими делегација на две македонски здруженија од Бугарија, на  ОМО Илинден Пирин и на ОМО Илинден на нивно барање. Од кабинетот на претседателот за ТВ24 велат дека датумот сеуште не е утврден. „Пристигнато е барањето на ОМО Илинден Пирин и на ОМО Илинден за средба. Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими во најбрз можен рок.“ – Кабинет на Претседателот на Македонија. Во писмото Македонците од Бугарија велат дека безрезервно ги поддржуваат аспирациите на етничките браќа од Македонија за достојно место меѓу народите на демократска Европа, но и ја спомнуваат средбата на бугарскиот претседател Радев со претставници на неколку регистрирани здруженија на Бугари од Македонија и на една политичка партија. Опозицијата пак денеска повторно обвини дека Димитар Ковачевски и Владо Бучковски немаат легитимитет да преговараат за македонскиот проблем со Бугарија. СДСМ, преку соопштение реагираше на изјавите Митева, и велат дека Ковачевски и новата Влада не само што имаат легитимитет, туку имаат проширено и стабилно мнозинство во Собранието. Очигледно ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се добро запознаени со уставот и законите во земјава, се вели во соопштениетто на СДСМ.

The post Пендаровски ќе прими делегација на македонските здруженија од Бугарија appeared first on Република.

]]>