здравствено осигурување Archives - Република https://republika.mk/tema/zdravstveno-osiguruvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Aug 2022 16:50:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здравствено осигурување Archives - Република https://republika.mk/tema/zdravstveno-osiguruvanje/ 32 32 Полицајците од денеска се без здравствено осигурување, на лекар плаќале приватно https://republika.mk/vesti/makedonija/policajcite-od-deneska-se-bez-zdravstveno-osiguruvanje-na-lekar-plakjale-privatno/ Wed, 24 Aug 2022 16:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=543765

Полицајци кои утрово биле на лекарски и на стоматолошки прегледи се жалат дека им било кажано оти немаат уплатено здравствено осигурување, поради што прегледите и интервенциите морале да ги платат приватно, објави Телма, цитирајќи неколкумина полицајци кои се обратиле до телевизијата.

Ситуацијата со здравственото осигурување ја потврдуваат и од Независниот синдикат на полицијата. Оттаму бараат МВР да го реши проблемот, кој е дополнително тежок и поради тоа што без здравствено се и децата осигурани преку родителите-полицајци.

Во текот на денот, на мејловите и на телефоните на Независниот Синдикат на Полицијата, пристигнаа повеќе од 50-тина известувања како поплаки по барање совет како да се справат со некои од вечните Неработници кои се по удобните канцеларии во седиштето на МВР. Денеска повеќе 10-тина вработени во полицијата приватно платија за прегледи, неколку од нив и за систематски прегледи за првачиња, за деца на полицајци кои треба да бидат запишани во прво одделение во учебната 2022/23 год, соопштија од НСП.

Од МВР засега нема одговор на информациите дека нивните вработени немаат уплатено здравствено осигурување.

The post Полицајците од денеска се без здравствено осигурување, на лекар плаќале приватно appeared first on Република.

]]>

Полицајци кои утрово биле на лекарски и на стоматолошки прегледи се жалат дека им било кажано оти немаат уплатено здравствено осигурување, поради што прегледите и интервенциите морале да ги платат приватно, објави Телма, цитирајќи неколкумина полицајци кои се обратиле до телевизијата. Ситуацијата со здравственото осигурување ја потврдуваат и од Независниот синдикат на полицијата. Оттаму бараат МВР да го реши проблемот, кој е дополнително тежок и поради тоа што без здравствено се и децата осигурани преку родителите-полицајци.