здравствени установи Archives - Република https://republika.mk/tema/zdravstveni-ustanovi/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jul 2024 09:02:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png здравствени установи Archives - Република https://republika.mk/tema/zdravstveni-ustanovi/ 32 32 Уште две здравствени установи добија нови директори https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-dve-zdravstveni-ustanovi-dobija-novi-direktori/ Fri, 05 Jul 2024 08:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=793660

Уште две здравствени установи добија нови директори.

На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8-ми Септември“ доаѓа доктор Синиша Стојаноски.

 

Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.

Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог.

 

Работи на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.

Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.

Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.

The post Уште две здравствени установи добија нови директори appeared first on Република.

]]>

Уште две здравствени установи добија нови директори. На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8-ми Септември“ доаѓа доктор Синиша Стојаноски.   Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието. Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог.   Работи на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар во Скопје и е асистент на Катедрата за болести за забите и ендодонтот. Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје. Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.

The post Уште две здравствени установи добија нови директори appeared first on Република.

]]>
Се враќаат маските во здравствените установи во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/se-vrakaat-maskite-vo-zdravstvenite-ustanovi-vo-srbija/ Tue, 19 Sep 2023 19:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=683156

Работната група на српското Министерство за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи, јави дописникот на МИА од Белград.

Се одредува задолжително тестирање на Ковид на сите вработени во здравствените установи доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по утврдена инфекција, се наведува во соопштението на институтот „Батут“.

Во него се додава дека на ниво на болнички установи, задолжително е тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација, потребно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција.

Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции.

Комисиите за превенција од болнички инфекции во здравствените установи се должни во наредните седум дена да направат проценка на епидемиолошката состојба и да предложат мерки, како и редовно да ја следат епидемиолошката состојба.

Во однос на болничките капацитети за сместување на хоспитализирани пациенти болни од Ковид, Работната група зазеде став дека засега не е потребно нивно дополнително проширување.

Во Србија за само три недели, бројот на заразени со корона вирусот е тројно зголемен, а според епидемиолози, реалната бројка е 10-20 пати поголема, бидејќи заболените малку одат на лекар, а уште поретко се тестираат за Ковид - 19.

Според последните официјални податоци, за една недела во Србија имаше 1.529 нови случаи, што е на ниво на статистичка грешка ако се знае дека на почетокот на 2022 година имало речиси 20.000 нови случаи на дневна основа.

The post Се враќаат маските во здравствените установи во Србија appeared first on Република.

]]>

Работната група на српското Министерство за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи, јави дописникот на МИА од Белград.
Се одредува задолжително тестирање на Ковид на сите вработени во здравствените установи доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по утврдена инфекција, се наведува во соопштението на институтот „Батут“.
Во него се додава дека на ниво на болнички установи, задолжително е тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација, потребно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција. Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции. Комисиите за превенција од болнички инфекции во здравствените установи се должни во наредните седум дена да направат проценка на епидемиолошката состојба и да предложат мерки, како и редовно да ја следат епидемиолошката состојба. Во однос на болничките капацитети за сместување на хоспитализирани пациенти болни од Ковид, Работната група зазеде став дека засега не е потребно нивно дополнително проширување. Во Србија за само три недели, бројот на заразени со корона вирусот е тројно зголемен, а според епидемиолози, реалната бројка е 10-20 пати поголема, бидејќи заболените малку одат на лекар, а уште поретко се тестираат за Ковид - 19. Според последните официјални податоци, за една недела во Србија имаше 1.529 нови случаи, што е на ниво на статистичка грешка ако се знае дека на почетокот на 2022 година имало речиси 20.000 нови случаи на дневна основа.

The post Се враќаат маските во здравствените установи во Србија appeared first on Република.

]]>