зависност Archives - Република https://republika.mk/tema/zavisnost/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Dec 2023 13:02:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зависност Archives - Република https://republika.mk/tema/zavisnost/ 32 32 Меџити: Пушењето не е зависност, туку лоша навика, ќе има ригорозни санкции, особено за здравствените работници https://republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-pusheneto-ne-e-zavisnost-tuku-losha-navika-ke-ima-rigorozni-sanktsii-osobeno-za-zdravstvenite-rabotnitsi/ Wed, 27 Dec 2023 13:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=727107

Пушењето не е зависност, туку лоша навика. Ќе има најстроги санкции за сите, особено за здравствените работници кои нема да го почитуваат законот. Но, пред да се казнува, ќе се апелира на штетноста од пушењето. Секоја лоша навика може да доведе до болест од која, можеби, нема да има спас, рече денеска на брифингот со новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити повика да се менуваат навиките и да се почитуваат законите.

Мора превентивно да се влијае, особено кога станува збор за пушењето, бидејќи со тоа, покрај грижата за сопственото и туѓото здравје, се влијае и врз тоа колку болестите врз кои влијаело и пушењето, ја чинат државата, истакна министерот.

Министерот одговори дека идентификувано е лицето, што, според фотографии на социјалните мрежи, пуши во здравствена институција на работното место.

- Најстрого ќе биде санкционирано спрема законот. Суспендирано од местото на работа, а ќе се формира и дисциплинска комисија, сите мерки ќе бидат преземени согласно законот за здравствена заштита, подвлече Меџити, информирајќи дека по Нова година, ќе има засилени контроли, ќе се влезе во секоја институција, за да се укаже, да се подобрат здравствените услуги.

Меџити најави дека многу брзо ќе има двоцифрен број на нови лекови на позитивна листа. Министерот рече дека многу труд бил вложен за трајно вработување на здравствени работници, кои по неколку години се работно ангажирани во здравството. Тој додаде дека ова останува под знак прашалник уште неколку дена, до петок, кога ќе го има конечниот одговор. Бројките биле усогласени со Министерството за финансии и Фондот за здравство, но, потребен бил уште еден состанок за дефинитивна одлука.

Во врска со загадениот воздух, тој рече дека како и секаде во светот, Министерството за здравство повикува на превентивни мерки а од наредната година, повтори оти многу динамично ќе се пристапи и со ригорозни мерки, заедно со други министерства и институции.

Ќе има ригорозни мерки и за загадувачите. Мора да се стремиме кон таа зелена и еколошка светска карта, нагласи Меџити.

 

 

 

The post Меџити: Пушењето не е зависност, туку лоша навика, ќе има ригорозни санкции, особено за здравствените работници appeared first on Република.

]]>

Пушењето не е зависност, туку лоша навика. Ќе има најстроги санкции за сите, особено за здравствените работници кои нема да го почитуваат законот. Но, пред да се казнува, ќе се апелира на штетноста од пушењето. Секоја лоша навика може да доведе до болест од која, можеби, нема да има спас, рече денеска на брифингот со новинарите министерот за здравство Фатмир Меџити. Меџити повика да се менуваат навиките и да се почитуваат законите.
Мора превентивно да се влијае, особено кога станува збор за пушењето, бидејќи со тоа, покрај грижата за сопственото и туѓото здравје, се влијае и врз тоа колку болестите врз кои влијаело и пушењето, ја чинат државата, истакна министерот.
Министерот одговори дека идентификувано е лицето, што, според фотографии на социјалните мрежи, пуши во здравствена институција на работното место.
- Најстрого ќе биде санкционирано спрема законот. Суспендирано од местото на работа, а ќе се формира и дисциплинска комисија, сите мерки ќе бидат преземени согласно законот за здравствена заштита, подвлече Меџити, информирајќи дека по Нова година, ќе има засилени контроли, ќе се влезе во секоја институција, за да се укаже, да се подобрат здравствените услуги.
Меџити најави дека многу брзо ќе има двоцифрен број на нови лекови на позитивна листа. Министерот рече дека многу труд бил вложен за трајно вработување на здравствени работници, кои по неколку години се работно ангажирани во здравството. Тој додаде дека ова останува под знак прашалник уште неколку дена, до петок, кога ќе го има конечниот одговор. Бројките биле усогласени со Министерството за финансии и Фондот за здравство, но, потребен бил уште еден состанок за дефинитивна одлука. Во врска со загадениот воздух, тој рече дека како и секаде во светот, Министерството за здравство повикува на превентивни мерки а од наредната година, повтори оти многу динамично ќе се пристапи и со ригорозни мерки, заедно со други министерства и институции.
Ќе има ригорозни мерки и за загадувачите. Мора да се стремиме кон таа зелена и еколошка светска карта, нагласи Меџити.
     

The post Меџити: Пушењето не е зависност, туку лоша навика, ќе има ригорозни санкции, особено за здравствените работници appeared first on Република.

]]>
„Гардијан“: Електронската „vape“ цигара содржи никотин https://republika.mk/zivot/zdravje/gardijan-elektronskata-vape-tsigara-sodrzhi-nikotin/ Sat, 23 Sep 2023 14:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=684421

Истрагата на лондонскиот дневен весник „Гардијан“ откри дека електронските цигари, т.н „vape“, кои се продаваат на платформата „Амазон“ како „без никотин“ ја содржат оваа супстанца која создава голема зависност.

Тестирани се седум производи од интернет маркетот, за кои на страниците на продавачите било наведено дека не содржат никотин, но кај шест производи била откриена оваа супстанца, пишува весникот.

Нелегално е во Велика Британија да се продаваат електронски цигари кои содржат никотин како производи „без никотин“.

 

The post „Гардијан“: Електронската „vape“ цигара содржи никотин appeared first on Република.

]]>

Истрагата на лондонскиот дневен весник „Гардијан“ откри дека електронските цигари, т.н „vape“, кои се продаваат на платформата „Амазон“ како „без никотин“ ја содржат оваа супстанца која создава голема зависност. Тестирани се седум производи од интернет маркетот, за кои на страниците на продавачите било наведено дека не содржат никотин, но кај шест производи била откриена оваа супстанца, пишува весникот. Нелегално е во Велика Британија да се продаваат електронски цигари кои содржат никотин како производи „без никотин“.  

The post „Гардијан“: Електронската „vape“ цигара содржи никотин appeared first on Република.

]]>