затворска полиција Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvorska-policija/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 11:25:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затворска полиција Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvorska-policija/ 32 32 Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-shest-zatvorski-politsajtsi-za-ovozmozhuvane-begstvo-na-litse-lisheno-od-sloboda/ Fri, 04 Oct 2024 11:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=822649

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И.И. (37), Ј.А. (36), И.Ј. (50), Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ.

Пријавените И.И. и Ј.А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 01.02.2023, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И.И. и Ј.А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј.Р., И.Ј., Н.Б., С.С., Р.К., И.Р. и Е.С..

Пријавените И.Ј., Д.П., Ф.Б. и В.Т. на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија за да го задржат осуденото лице Р.К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал.

Пријавените затворски полицајци постапиле спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 2 од КЗ.

The post Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ appeared first on Република.

]]>

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И.И. (37), Ј.А. (36), И.Ј. (50), Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ. Пријавените И.И. и Ј.А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 01.02.2023, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И.И. и Ј.А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј.Р., И.Ј., Н.Б., С.С., Р.К., И.Р. и Е.С.. Пријавените И.Ј., Д.П., Ф.Б. и В.Т. на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија за да го задржат осуденото лице Р.К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал. Пријавените затворски полицајци постапиле спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 2 од КЗ.  

The post Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ appeared first on Република.

]]>
Приведени 17 вработени во затворската полиција https://republika.mk/vesti/makedonija/privedeni-17-vraboteni-vo-zatvorskata-politsija/ Mon, 15 Apr 2024 12:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=766331

По повеќемесечна криминалистичка истрага, Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 17 лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово, соопштија денеска од МВР.

За пет лица постои основано сомнение дека како група, со умисла, во текот на месец октомври минатата година сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 ст.2 од КЗ, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело. За 11 лица постојат основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 во врска со чл.22 од КЗ.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за шестмината осомничени, додека за единаесетте лица за кои се води предистражна постапка предложи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, соопштува МВР.

За овие кривични дела согласно позитивното законодавство се предвидени затворски казни од една до десет години за кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 и од три месеци до пет години за кривичното дело „противзаконито oслободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 од КЗ.

На 15.04.2024 Секторот за криминалистички истраги во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги лиши од слобода сите 17 лица и ги предаде на Основнот кривичен суд Скопје за понатамошно постапување, велат од МВР.

The post Приведени 17 вработени во затворската полиција appeared first on Република.

]]>

По повеќемесечна криминалистичка истрага, Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против 17 лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово, соопштија денеска од МВР. За пет лица постои основано сомнение дека како група, со умисла, во текот на месец октомври минатата година сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 ст.2 од КЗ, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело. За 11 лица постојат основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 во врска со чл.22 од КЗ.
Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за шестмината осомничени, додека за единаесетте лица за кои се води предистражна постапка предложи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, соопштува МВР.
За овие кривични дела согласно позитивното законодавство се предвидени затворски казни од една до десет години за кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по чл.372 и од три месеци до пет години за кривичното дело „противзаконито oслободување на лице лишено од слобода“ по чл.373 од КЗ.
На 15.04.2024 Секторот за криминалистички истраги во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги лиши од слобода сите 17 лица и ги предаде на Основнот кривичен суд Скопје за понатамошно постапување, велат од МВР.

The post Приведени 17 вработени во затворската полиција appeared first on Република.

]]>
Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvorenik-im-zel-4-000-na-zatvorski-komandiri-vetuvajki-im-rabota-vo-mvr/ Mon, 25 Sep 2023 13:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=684999

Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда.

Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.

Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.

Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.

За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР appeared first on Република.

]]>

Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда. Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра, ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци. Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.
Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.
Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.
За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда.

The post Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР appeared first on Република.

]]>
Затворски чувар помогнал во бегство на затвореник, кој подоцна изврши вооружен грабеж https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorski-chuvar-pomognal-vo-begstvo-na-zatvorenik-koj-podotsna-izvrshi-vooruzhen-grabezh/ Thu, 25 May 2023 11:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=644555

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(47) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик.

Тој, во својство на службено лице – вработен во Затворска полиција во КПУ-КПД Идризово Скопје, го ослободил осуденото лице Д.К. од Куманово, овозможувајќи му да избега од установата, информираат од МВР.

Имено, Ј.Ј. на 20 мај, во саботата, додека бил на смена, го ослободил Д.К., осуден на издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл. 237 ст. 1 и чл. 396 ст. 1 од Кривичниот законик, кој имал затворен третман од категорија Б2.

Осуденикот, искористувајќи ја довербата на Ј.Ј., му ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението каде претходно бил работно ангажиран. Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон „зелената капија“. Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затворот, велат од МВР.

Истиот ден, околу 09.16 часот во казино на ул„Благоја Стефковски“, осуденикот извршил разбојништво со закана со пиштол, при што од вработениот одзел пари и избегал. За кусо време бил пронајден од страна на полициски службеници и лишен од слобода, а кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и еден пиштол „Чешка Зброевка ЦЗ 85“.

The post Затворски чувар помогнал во бегство на затвореник, кој подоцна изврши вооружен грабеж appeared first on Република.

По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа https://republika.mk/vesti/makedonija/po-paleneto-i-brojnite-zakani-zatvorski-politsajtsi-zemaat-boleduvane-samo-za-da-ne-odat-na-rabota/ Sat, 29 Apr 2023 08:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=635200

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани.

Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“.

Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.

Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.

Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.

The post По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа appeared first on Република.

]]>

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“. Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани. Одредени затворски полицајци воопшто не пријавуваат закани од затвореници, а Јовановски вели: „На мое прашање зошто не пријавуваат, велат, за да немаат проблеми“. Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.
Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување, додава Јовановски.
Во истото интервју, кое може да го погледнете тука, Јовановски алармира дека во затворот е хаос и е пред колапс, затворениците спијат по ходници, а полицајците се без униформи.

The post По палењето и бројните закани: Затворски полицајци земаат боледување само за да не одат на работа appeared first on Република.

]]>
За 30 дена продолжен притворот за Димитријевски и уште двајца затворски полицајци осомничени за бегството на Беким Мемети https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-30-dena-prodolzhen-pritvorot-za-dimitrijevski-i-ushte-dvajtsa-zatvorski-politsajtsi-osomnicheni-za-begstvoto-na-bekim-memeti/ Fri, 20 Jan 2023 19:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=599237

За Срѓан Димитријевски и уште двајца затворски полицајци, осомничени за бегството на затвореникот Беким Мемети притворот е продолжен за 30 дена.

За нив, истрагата се проширува и за дело примање поткуп, потврдија од обвинителството за гонење организиран криминал за Телма.

За четвртиот осомничен затворски полицаец продолжени се мерките за претпазливост.

Првичната истрагата покажа инволвираност на тројцата затворски полицајци и командирот Срѓан Димитииевски осомничени за противзаконско ослободување на лице лишено од слобода.

А Димитриевски, претходно како вработен во МВР, бил во судир со законот поради коруптивно дело.

Тој е еден од петмината полициски инспектори против кои во 2011-тата година почнало судење за примање поткуп кое правосилно завршило во 2018 година. Според пресудата, на скопјанец му побарале 2.500 евра за да не му поведат кривична постапка. Ова му било соопштено во полициската станица „Бит Пазар“, каде оштетениот бил повикан на сослушување од Димитријевски и неговиот колега.

Наместо прашања, добил непристоен предлог од полицајците. Димитријевски, како што стои во пресудата, побарал и четири гуми за приватното возило.

The post За 30 дена продолжен притворот за Димитријевски и уште двајца затворски полицајци осомничени за бегството на Беким Мемети appeared first on Република.

]]>

За Срѓан Димитријевски и уште двајца затворски полицајци, осомничени за бегството на затвореникот Беким Мемети притворот е продолжен за 30 дена. За нив, истрагата се проширува и за дело примање поткуп, потврдија од обвинителството за гонење организиран криминал за Телма. За четвртиот осомничен затворски полицаец продолжени се мерките за претпазливост. Првичната истрагата покажа инволвираност на тројцата затворски полицајци и командирот Срѓан Димитииевски осомничени за противзаконско ослободување на лице лишено од слобода. А Димитриевски, претходно како вработен во МВР, бил во судир со законот поради коруптивно дело. Тој е еден од петмината полициски инспектори против кои во 2011-тата година почнало судење за примање поткуп кое правосилно завршило во 2018 година. Според пресудата, на скопјанец му побарале 2.500 евра за да не му поведат кривична постапка. Ова му било соопштено во полициската станица „Бит Пазар“, каде оштетениот бил повикан на сослушување од Димитријевски и неговиот колега. Наместо прашања, добил непристоен предлог од полицајците. Димитријевски, како што стои во пресудата, побарал и четири гуми за приватното возило.

The post За 30 дена продолжен притворот за Димитријевски и уште двајца затворски полицајци осомничени за бегството на Беким Мемети appeared first on Република.

]]>
Повисоки плати за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција по спратена постапка во Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/povisoki-plati-za-vrabotenite-vo-sudskata-i-javnoobvinitelskata-dejnost-i-zatvorskata-policija-po-spratena-postapka-vo-sobranieto/ Wed, 27 Jul 2022 17:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=533971

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција.

Со законите за изменување на Законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Законот за изменување на Законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.

Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

The post Повисоки плати за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција по спратена постапка во Собранието appeared first on Република.

]]>

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција. Со законите за изменување на Законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Законот за изменување на Законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво. Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

The post Повисоки плати за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција по спратена постапка во Собранието appeared first on Република.

]]>