Затвор Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvor/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:25:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Затвор Archives - Република https://republika.mk/tema/zatvor/ 32 32 Син на турски градоначалник починал во затвор во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sin-na-turski-gradonachalnik-pochinal-vo-zatvor-vo-skopje/ Thu, 21 Nov 2024 09:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=840220

Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските медиуми.

Веста за смртта ја потврдил и неговиот татко и градоначалник Мустафа Ѓунај на социјалните мрежи.

Ние сме во големи болки, го загубивме нашиот син Онур поради срцев удар. Информациите за погребната церемонија ќе бидат споделени. Не можам да ги примам вашите повици бидејќи не можам да одговорам на телефонот. „Ви благодариме за разбирањето, напиша таткото и градоначалник на Ѓузелбахче, Мустафа Ѓунај.

Како што дознава 24инфо, синот Ѓунај починал во затворот „Скопје“ познат како Шутка.

Таму тој бил спроведен откако претходно бил уапсен поради тоа што во казино во општина Центар со остар предмет им се заканувал на вработени.

Според информациите од турските медиуми, градоначалникот Ѓунај веќе пристигнал во Скопје, по телото на својот син.

The post Син на турски градоначалник починал во затвор во Скопје appeared first on Република.

]]>

Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските медиуми. Веста за смртта ја потврдил и неговиот татко и градоначалник Мустафа Ѓунај на социјалните мрежи. Ние сме во големи болки, го загубивме нашиот син Онур поради срцев удар. Информациите за погребната церемонија ќе бидат споделени. Не можам да ги примам вашите повици бидејќи не можам да одговорам на телефонот. „Ви благодариме за разбирањето, напиша таткото и градоначалник на Ѓузелбахче, Мустафа Ѓунај. Како што дознава 24инфо, синот Ѓунај починал во затворот „Скопје“ познат како Шутка. Таму тој бил спроведен откако претходно бил уапсен поради тоа што во казино во општина Центар со остар предмет им се заканувал на вработени. Според информациите од турските медиуми, градоначалникот Ѓунај веќе пристигнал во Скопје, по телото на својот син.

The post Син на турски градоначалник починал во затвор во Скопје appeared first on Република.

]]>
Во затвор во Еквадор во тепачка загинале 15 затвореници https://republika.mk/vesti/svet/vo-zatvor-vo-ekvador-vo-tepachka-zaginale-15-zatvorenitsi/ Tue, 12 Nov 2024 19:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=836942

Најмалку 15 лица загинаа, а 14 се повредени во тепачка меѓу затвореници во најголемиот затвор во Еквадор, соопштија денеска властите. Затворот Литорал во крајбрежниот град Гвајакил беше место на чести немири, вклучително и еден во 2021 година кога загинаа 119 затвореници.

Официјални лица изјавија дека полицијата и војската биле распоредени за да ја преземат контролата врз објектот.

Локалните медиуми јавија дека може да се забележат хеликоптери како летаат над затворот.

Затворите во Еквадор се меѓу најсмртоносните во Латинска Америка, бидејќи пренаселеноста, корупцијата и слабата државна контрола им овозможија на затворениците да го прошират своето влијание.

The post Во затвор во Еквадор во тепачка загинале 15 затвореници appeared first on Република.

Поранешен албански министер за животна средина осуден на 10 години затвор, ќе одлежи 6,8 години https://republika.mk/vesti/balkan/poraneshen-albanski-minister-za-zhivotna-sredina-osuden-na-10-godini-zatvor-ke-odlezhi-6-8-godini/ Fri, 08 Nov 2024 18:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=835703

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција,  попладнево ја соопшти одлуката за обвинетите во случајот „инценератор во Елбасан" меѓу кои и поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока.

На Кока, кој беше уапсен во средината на декември 2021 година му е изречена затворска казна во траење од 10 години, но поради согласноста за скратен судски процес, казната е намалена на 6 години и 8 месеци.

Обвинението го товареше  за неколку кривични дела,  во врска со истрагата за процедурата за договорот за концесија за изградбата на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија во Елбасан, централна Албанија, која никогаш не профункционира.

Истрагата покажала дека не е спроведена нормална законска процедура што се однесува до видот на постапката што е користена за доделување на концесијата за која станува збор.

Од фирмите корисници на договорот за концесија побарал, Кока прифатил и примил на индиректен начин неправилни парични поволности преку формирање фиктивна шема за извршување на работите на фирмата концесионер, користејќи некои други фирми што се индиректно контролирани од негова страна, од членови на неговото семејство, како и  од страна на трговски субјекти во негова сопственост.

Министер за животна средина на Албанија беше  од 2013 до 2017 година.

Во овој коруптивен случај осудени се и бизнисмените  Клодијан Зото и Мирел Мертири, кои добија идентична казна како и Кока.

Алќи Блако, поранешен пратеник од Социјалистичката партија, за злоупотреба на службената должност, доби 4 но ќе одлежи 2,8 години.

Осудени се  и петмина други носители на високи функции во министерството.

The post Поранешен албански министер за животна средина осуден на 10 години затвор, ќе одлежи 6,8 години appeared first on Република.

]]>

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција,  попладнево ја соопшти одлуката за обвинетите во случајот „инценератор во Елбасан" меѓу кои и поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока. На Кока, кој беше уапсен во средината на декември 2021 година му е изречена затворска казна во траење од 10 години, но поради согласноста за скратен судски процес, казната е намалена на 6 години и 8 месеци. Обвинението го товареше  за неколку кривични дела,  во врска со истрагата за процедурата за договорот за концесија за изградбата на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија во Елбасан, централна Албанија, која никогаш не профункционира. Истрагата покажала дека не е спроведена нормална законска процедура што се однесува до видот на постапката што е користена за доделување на концесијата за која станува збор. Од фирмите корисници на договорот за концесија побарал, Кока прифатил и примил на индиректен начин неправилни парични поволности преку формирање фиктивна шема за извршување на работите на фирмата концесионер, користејќи некои други фирми што се индиректно контролирани од негова страна, од членови на неговото семејство, како и  од страна на трговски субјекти во негова сопственост. Министер за животна средина на Албанија беше  од 2013 до 2017 година. Во овој коруптивен случај осудени се и бизнисмените  Клодијан Зото и Мирел Мертири, кои добија идентична казна како и Кока. Алќи Блако, поранешен пратеник од Социјалистичката партија, за злоупотреба на службената должност, доби 4 но ќе одлежи 2,8 години. Осудени се  и петмина други носители на високи функции во министерството.

The post Поранешен албански министер за животна средина осуден на 10 години затвор, ќе одлежи 6,8 години appeared first on Република.

]]>
Измамничка од Скопје фатена по четири години поминати во бегство од затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izmamnichka-od-skopje-fatena-po-chetiri-godini-pominati-vo-begstvo-od-zatvor/ Wed, 30 Oct 2024 14:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=832458

Утрово во 10.40 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од ОКР Карпош на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје ја лишија од слобода О.С. (47) од Скопје, која се барала со потерница поради бегство од КПУ Затвор Идризово.

Како што соопштува МВР, таа била осудена на казна затвор во траење од една година и осум месеци за сторено кривично дело по чл.247 од Казнениот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, велат од МВР.

The post Измамничка од Скопје фатена по четири години поминати во бегство од затвор appeared first on Република.

]]>

Утрово во 10.40 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од ОКР Карпош на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје ја лишија од слобода О.С. (47) од Скопје, која се барала со потерница поради бегство од КПУ Затвор Идризово. Како што соопштува МВР, таа била осудена на казна затвор во траење од една година и осум месеци за сторено кривично дело по чл.247 од Казнениот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, велат од МВР.

The post Измамничка од Скопје фатена по четири години поминати во бегство од затвор appeared first on Република.

]]>
Кумановец в полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kumanovets-v-politsija-prijavil-napad-zaboravil-deka-nego-so-poternitsa-go-baraat-za-v-zatvor/ Sun, 13 Oct 2024 15:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=826164

Вчеравечер во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово, со престој во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Т.Ѓ.(36) од село Бучинци, општина Илинден.

При преземање мерки во врска со настанот, полициски службеници од Полициската станица Карпош констатирале дека И.Т. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.

Тој бил лишен од слобода и спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

The post Кумановец в полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово, со престој во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Т.Ѓ.(36) од село Бучинци, општина Илинден. При преземање мерки во врска со настанот, полициски службеници од Полициската станица Карпош констатирале дека И.Т. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил лишен од слобода и спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.  

The post Кумановец в полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор appeared first on Република.

]]>
Алан Мичел: Затворениците во Македонија мора да бидат третирани со достоинство и да имаат пристојни услови за живот https://republika.mk/vesti/makedonija/alan-michel-zatvorenitsite-vo-severna-makedonija-mora-da-bidat-tretirani-so-dostoinstvo-i-da-imaat-pristojni-uslovi-za-zhivot/ Thu, 10 Oct 2024 12:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=825245

Спроведувањето на реформите во затворскиот систем во Македонија било главна тема на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Европскиот комитет за спречување на тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување (КПТ), Алан Мичел и заменик-гувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), Томаш Бочек, соопшти Советот на Европа.

- Премиерот беше информиран за лошата состојба во затворот „Идризово“, каде условите за притвор и натаму се ужасни за стотици затвореници. Допрва треба да се решат прашањата нагласени во Извештајот на КПТ по посетата во октомври 2023 година во врска со овој и другите затвори во земјата, како што се недостигот на персонал, корупцијата, отсуството на какви било целни активности, лошата здравствена заштита и насилство, се нагласува во соопштението.

Според Советот на Европа, ваквите состојби во затворот не се нови предизвици, туку се показател за „неуспешен затворски систем кој се уште не инвестирал во професионален пристап на управување“.

Во соопштението се додава дека Мичел на средбата посочил оти македонските власти треба да продолжат со напорите за имплементација на Патоказот за реформи во затворите, подготвен од КПТ, додека Бочек ја истакнал важноста да се обезбеди дека заемот на Банката за реконструкција на затворот „Идризово“ е соодветно и експедитивно реализиран.

- И КПТ и ЦЕБ ја изразија својата посветеност да ги поддржат властите во нивните реформски напори. Како одговор, премиерот изјави дека неговата Влада ја препознава важноста на реформите во затворите како клучна компонента во системот на кривичната правда и дека земјата ќе се придржува до меѓународните обврски. Тој призна дека на затворскиот систем му се потребни поголеми инвестиции, се вели во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Советот на Европа посочува и дека во разговори со министерот за правда Игор Филков и со директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов, претставниците на КПТ и ЦЕБ ја повториле потребата од „воспоставување јасни линии за известување и ефикасен надзор над управувањето во затворската служба“.

Претставниците на КПТ и ЦЕБ имале средба и со државната секретарка во Министерството за здравство, Блерта Рама, со која разговарале за потребата од подобрување на состојбата со обезбедувањето здравствена заштита во затворите.

- Обезбедувањето доволно здравствен персонал и здравствени простории соодветни за клиничките потреби, се предуслови за да се понуди еднаква грижа за лицата во затвор, посочува Советот на Европа.

По средбите, претседателот на КПТ, Мичел оцени дека затворите се сложени институции кои бараат управување од професионални менаџери и персонал.

- Со цел ефикасно да се спречи лошото постапување, Македонија има должност да обезбеди сите лица во затворите да бидат третирани со достоинство и да им се обезбедат пристојни услови за живот, додаде Мичел.

Според Бочек, македонската Влада мора веднаш да преземе акција во согласност со препораките на КПТ и да се обврзе да го обезбеди својот дел од финансирањето за затворскиот проект или ризикува да ги загуби преостанатите 25 милиони евра од договорот за заем меѓу ЦЕБ и Владата за изградба на нови објекти во затворениот оддел и во истражниот затвор во „Идризово“.

- Банката има одлична соработка со македонските власти за низа социјални и образовни проекти и сака да продолжи да ги поддржува развојните предизвици во земјата каде што тоа е потребно, рече Бочек, додавајќи дека верува оти земјата нема да се доведе во состојба да ги изгуби преостанатите средства од заемот за обнова на „Идризово“.

Во соопштението се информира дека пред средбите со претставниците на македонските власти, одржани во вторникот, членовите на делегацијата на КПТ и ЦЕБ во понеделникот се сретнале и со шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас со кого разговарале за „важноста на реформите во затворите, како клучен аспект на правосудниот систем“.

Инаку, покрај Мичел и Бочек во состав на делегацијата на Советот на Европа биле и членката на КПТ, Слава Новак, извршниот секретар на Комитетот, Хју Четвинд и претставникот на Секретаријатот на КПТ, Кристијан Лода, како и Сонај Канбер од ЦЕБ.

Посетата на делегацијата на Советот на Европа доаѓа по објавувањето на одговорот на македонските власти на наводите во Извештајот на КПТ.

The post Алан Мичел: Затворениците во Македонија мора да бидат третирани со достоинство и да имаат пристојни услови за живот appeared first on Република.

]]>

Спроведувањето на реформите во затворскиот систем во Македонија било главна тема на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Европскиот комитет за спречување на тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување (КПТ), Алан Мичел и заменик-гувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ), Томаш Бочек, соопшти Советот на Европа.
- Премиерот беше информиран за лошата состојба во затворот „Идризово“, каде условите за притвор и натаму се ужасни за стотици затвореници. Допрва треба да се решат прашањата нагласени во Извештајот на КПТ по посетата во октомври 2023 година во врска со овој и другите затвори во земјата, како што се недостигот на персонал, корупцијата, отсуството на какви било целни активности, лошата здравствена заштита и насилство, се нагласува во соопштението.
Според Советот на Европа, ваквите состојби во затворот не се нови предизвици, туку се показател за „неуспешен затворски систем кој се уште не инвестирал во професионален пристап на управување“. Во соопштението се додава дека Мичел на средбата посочил оти македонските власти треба да продолжат со напорите за имплементација на Патоказот за реформи во затворите, подготвен од КПТ, додека Бочек ја истакнал важноста да се обезбеди дека заемот на Банката за реконструкција на затворот „Идризово“ е соодветно и експедитивно реализиран.
- И КПТ и ЦЕБ ја изразија својата посветеност да ги поддржат властите во нивните реформски напори. Како одговор, премиерот изјави дека неговата Влада ја препознава важноста на реформите во затворите како клучна компонента во системот на кривичната правда и дека земјата ќе се придржува до меѓународните обврски. Тој призна дека на затворскиот систем му се потребни поголеми инвестиции, се вели во соопштението.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Советот на Европа посочува и дека во разговори со министерот за правда Игор Филков и со директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов, претставниците на КПТ и ЦЕБ ја повториле потребата од „воспоставување јасни линии за известување и ефикасен надзор над управувањето во затворската служба“. Претставниците на КПТ и ЦЕБ имале средба и со државната секретарка во Министерството за здравство, Блерта Рама, со која разговарале за потребата од подобрување на состојбата со обезбедувањето здравствена заштита во затворите.
- Обезбедувањето доволно здравствен персонал и здравствени простории соодветни за клиничките потреби, се предуслови за да се понуди еднаква грижа за лицата во затвор, посочува Советот на Европа.
По средбите, претседателот на КПТ, Мичел оцени дека затворите се сложени институции кои бараат управување од професионални менаџери и персонал.
- Со цел ефикасно да се спречи лошото постапување, Македонија има должност да обезбеди сите лица во затворите да бидат третирани со достоинство и да им се обезбедат пристојни услови за живот, додаде Мичел.
Според Бочек, македонската Влада мора веднаш да преземе акција во согласност со препораките на КПТ и да се обврзе да го обезбеди својот дел од финансирањето за затворскиот проект или ризикува да ги загуби преостанатите 25 милиони евра од договорот за заем меѓу ЦЕБ и Владата за изградба на нови објекти во затворениот оддел и во истражниот затвор во „Идризово“.
- Банката има одлична соработка со македонските власти за низа социјални и образовни проекти и сака да продолжи да ги поддржува развојните предизвици во земјата каде што тоа е потребно, рече Бочек, додавајќи дека верува оти земјата нема да се доведе во состојба да ги изгуби преостанатите средства од заемот за обнова на „Идризово“.
Во соопштението се информира дека пред средбите со претставниците на македонските власти, одржани во вторникот, членовите на делегацијата на КПТ и ЦЕБ во понеделникот се сретнале и со шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас со кого разговарале за „важноста на реформите во затворите, како клучен аспект на правосудниот систем“. Инаку, покрај Мичел и Бочек во состав на делегацијата на Советот на Европа биле и членката на КПТ, Слава Новак, извршниот секретар на Комитетот, Хју Четвинд и претставникот на Секретаријатот на КПТ, Кристијан Лода, како и Сонај Канбер од ЦЕБ. Посетата на делегацијата на Советот на Европа доаѓа по објавувањето на одговорот на македонските власти на наводите во Извештајот на КПТ.

The post Алан Мичел: Затворениците во Македонија мора да бидат третирани со достоинство и да имаат пристојни услови за живот appeared first on Република.

]]>
Власта пред комитетот за спречување на тортура вети дека ќе ја подобри состојбата во затворите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vlasta-pre-komitetot-za-sprechuvane-na-tortura-veti-deka-ke-ja-podobri-sostojbata-vo-zatvorite/ Mon, 07 Oct 2024 06:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=823664

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи ги санкционира сите утврдени незаконски, непрофесионални и неетички постапувања на вработените во МВР, стеснувајќи го на тој начин просторот за нивно повторување и испраќа силна порака дека професионалниот интегритет на вработените не случајно е негова стратешка определба, се наведува во одговорот на македонските власти на последниот Извештај на Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортурата и нехумано или понижувачко постапување или казнување (КПТ).

Во одговорот се посочени и преземените и планираните мерки на македонските власти подготвени врз основа на препораките во Извештајот на Комитетот.

Тие мерки, пред се, се однесуваат на изработката на проектот за реконструкција на затворениот дел од затворот „Идризово“, која треба да биде кофинансирана со кредит од Банката за развој на Советот на Европа, како и на подобрувањето на квалитетот на храната за штитениците на оваа казнено-поправна установа, за регрутирање и обука на дополнителен персонал за затворската полиција и за континуираните напори за борба против корупцијата во институцијата.

Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во воспитно-поправен дом“ ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчиња

Одговорот содржи и информации за решавање на проблемот со несоодветниот третман на пациенти во психијатриските установи, за реновирањето на дотраените одделенија на психијатриските болници што ги посетиле претставниците на КПТ, како и за процесот на деинституционализација на штитениците на домовите за социјални грижи.

Извештајот на КПТ изработен врз основа на наодите на тимот на КПТ што ја посети земјава минатата година, а објавен на 15 мај годинава, беше фокусиран на третманот на лицата лишени од слобода од страна на полицијата, вклучително и на ефикасноста на истрагите по жалбите за наводно полициско малтретирање, како и на условите за притворените лица во четири затворски установи и образовниот центар за малолетници во Волковија.

Во документот, исто така, беа наведени и забелешки за третманот и условите за живот на пациентите во две психијатриски болници и на штитениците на дом за социјална грижа.

Тимот на КПТ во извештајот заклучува дека нема подобрување на состојбите во споредба со претходните посети во врска со постапувањето на полицијата со лицата лишени од слобода, па Комитетот ги повикува македонските власти да изготват сеопфатна стратегија за борба против несоодветното постапување од страна на полициските припадници и за подобрување на ефикасноста на истрагите по жалбите за лош третман.

Во Затвор-Штип нормализирана е состојбата со ширење на коронавирусот, изјави за МИА директорот Мики Тодоров и информира дека утре од изолација излегуваат петмина осуденици и тројца вработени.

Во извештајот се оценува дека состојбата во затворот „Идризово“, во кој се сместени речиси 60 проценти од вкупниот број затворски штитеници во земјава, остана алармантна, при што се посочени случаи на физичкото малтретирање на затворениците од страна на затворскиот персоналот, изолација на одредени штитеници на подолг рок, високо ниво на насилство меѓу затворениците, како и нехигиенски и небезбедни услови кои „дополнително се влошуваат со пренатрупаноста“ на установата.

Според тимот на КПТ, дополнително и „распространетата корупција на персоналот“ и повластиците на одредени затвореници и натаму го поткопуваат правилното функционирање на затворската установа, што резултира со тоа некои штитеници во затворите да престојуваат во лоши услови.

Комитетот потенцира дека е потребна стратешка реформа на затворскиот систем во земјава, став  кој се повторува во неговите извештаи повеќе од една деценија, со посебен фокус на искоренување на корупцијата меѓу затворскиот персонал и обезбедување на професионализација во раководењето со затворот. Реформата, според КПТ, ќе бара и именувањата на одговорните лица во затворите да бидат транспарентни, засновани на заслуги и деполитизирани.

The post Власта пред комитетот за спречување на тортура вети дека ќе ја подобри состојбата во затворите appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи ги санкционира сите утврдени незаконски, непрофесионални и неетички постапувања на вработените во МВР, стеснувајќи го на тој начин просторот за нивно повторување и испраќа силна порака дека професионалниот интегритет на вработените не случајно е негова стратешка определба, се наведува во одговорот на македонските власти на последниот Извештај на Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортурата и нехумано или понижувачко постапување или казнување (КПТ). Во одговорот се посочени и преземените и планираните мерки на македонските власти подготвени врз основа на препораките во Извештајот на Комитетот. Тие мерки, пред се, се однесуваат на изработката на проектот за реконструкција на затворениот дел од затворот „Идризово“, која треба да биде кофинансирана со кредит од Банката за развој на Советот на Европа, како и на подобрувањето на квалитетот на храната за штитениците на оваа казнено-поправна установа, за регрутирање и обука на дополнителен персонал за затворската полиција и за континуираните напори за борба против корупцијата во институцијата. Малолетничките на кои им е изречена мерката „упатување во воспитно-поправен дом“ ќе ја издржуваат во ВПД „Волковија“ во Тетово каде што условите се многу подобри од оние во кои три девојчиња Одговорот содржи и информации за решавање на проблемот со несоодветниот третман на пациенти во психијатриските установи, за реновирањето на дотраените одделенија на психијатриските болници што ги посетиле претставниците на КПТ, како и за процесот на деинституционализација на штитениците на домовите за социјални грижи. Извештајот на КПТ изработен врз основа на наодите на тимот на КПТ што ја посети земјава минатата година, а објавен на 15 мај годинава, беше фокусиран на третманот на лицата лишени од слобода од страна на полицијата, вклучително и на ефикасноста на истрагите по жалбите за наводно полициско малтретирање, како и на условите за притворените лица во четири затворски установи и образовниот центар за малолетници во Волковија. Во документот, исто така, беа наведени и забелешки за третманот и условите за живот на пациентите во две психијатриски болници и на штитениците на дом за социјална грижа. Тимот на КПТ во извештајот заклучува дека нема подобрување на состојбите во споредба со претходните посети во врска со постапувањето на полицијата со лицата лишени од слобода, па Комитетот ги повикува македонските власти да изготват сеопфатна стратегија за борба против несоодветното постапување од страна на полициските припадници и за подобрување на ефикасноста на истрагите по жалбите за лош третман. Во Затвор-Штип нормализирана е состојбата со ширење на коронавирусот, изјави за МИА директорот Мики Тодоров и информира дека утре од изолација излегуваат петмина осуденици и тројца вработени. Во извештајот се оценува дека состојбата во затворот „Идризово“, во кој се сместени речиси 60 проценти од вкупниот број затворски штитеници во земјава, остана алармантна, при што се посочени случаи на физичкото малтретирање на затворениците од страна на затворскиот персоналот, изолација на одредени штитеници на подолг рок, високо ниво на насилство меѓу затворениците, како и нехигиенски и небезбедни услови кои „дополнително се влошуваат со пренатрупаноста“ на установата. Според тимот на КПТ, дополнително и „распространетата корупција на персоналот“ и повластиците на одредени затвореници и натаму го поткопуваат правилното функционирање на затворската установа, што резултира со тоа некои штитеници во затворите да престојуваат во лоши услови. Комитетот потенцира дека е потребна стратешка реформа на затворскиот систем во земјава, став  кој се повторува во неговите извештаи повеќе од една деценија, со посебен фокус на искоренување на корупцијата меѓу затворскиот персонал и обезбедување на професионализација во раководењето со затворот. Реформата, според КПТ, ќе бара и именувањата на одговорните лица во затворите да бидат транспарентни, засновани на заслуги и деполитизирани.

The post Власта пред комитетот за спречување на тортура вети дека ќе ја подобри состојбата во затворите appeared first on Република.

]]>
Во Ѓорче Петров уапсен 50-годишен скопјанец баран за затворска казна од пет години https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-gorche-petrov-uapsen-50-godishen-skopjanets-baran-za-zatvorska-kazna-od-pet-godini/ Wed, 02 Oct 2024 14:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=821823

На 02.10.2024 година, околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

The post Во Ѓорче Петров уапсен 50-годишен скопјанец баран за затворска казна од пет години appeared first on Република.

]]>

На 02.10.2024 година, околу 14.10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(50) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

The post Во Ѓорче Петров уапсен 50-годишен скопјанец баран за затворска казна од пет години appeared first on Република.

]]>
Приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-begalets-od-zatvor-sproveden-e-za-doizdrzhuvane-na-kaznata/ Sun, 29 Sep 2024 11:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=820728

На 28.09.2024 во 13 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници го привеле Џ.С.(44) од Тетово, кој бил баран врз основа на издадена наредба од Основниот суд во Тетово и распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ -Скопје, за доиздржување на казна затвор во траење од една година и девет месеци. Лицето е спроведено во казнено поправната установа.

The post Приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната appeared first on Република.

Турски градежник осуден на 62 доживотни казни затвор за зграда што се урна во катастрофалниот земјотрес https://republika.mk/vesti/svet/turski-gradezhnik-osuden-na-62-dozhivotni-kazni-zatvor-za-zgrada-shto-se-urna-vo-katastrofalniot-zemjotres/ Sat, 28 Sep 2024 09:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=820440

Турскиот суд вчера досуди 62 доживотни затворски казни за градежник обвинет за невнимание при изградбата на зградата што се урна во разорниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција во 2023 година.

Изведувачот Хасан Алпарѓун, кој веќе е во затвор, е осуден на 865 години за „предизвикување смрт и повреда со можна умисла“, објави државната новинска агенција Анадолу.

Уште 34 обвинети се осудени на по 25 години затвор, изјави Бешир Екинчи, адвокат на семејствата на жртвите, пренесува агенцијата.

Тие се товарат за непочитување на стандардите за градба на опасен простор.

Вкупно 96 лица загинаа откако нивниот станбен блок, изграден од Алпарѓун, се урна во југоисточната провинција Адани во февруари минатата година.

Во два земјотреси на 6 февруари 2023 година загинаа повеќе од 60.000 луѓе во Турција и соседна Сирија.

The post Турски градежник осуден на 62 доживотни казни затвор за зграда што се урна во катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>

Турскиот суд вчера досуди 62 доживотни затворски казни за градежник обвинет за невнимание при изградбата на зградата што се урна во разорниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција во 2023 година. Изведувачот Хасан Алпарѓун, кој веќе е во затвор, е осуден на 865 години за „предизвикување смрт и повреда со можна умисла“, објави државната новинска агенција Анадолу. Уште 34 обвинети се осудени на по 25 години затвор, изјави Бешир Екинчи, адвокат на семејствата на жртвите, пренесува агенцијата. Тие се товарат за непочитување на стандардите за градба на опасен простор. Вкупно 96 лица загинаа откако нивниот станбен блок, изграден од Алпарѓун, се урна во југоисточната провинција Адани во февруари минатата година. Во два земјотреси на 6 февруари 2023 година загинаа повеќе од 60.000 луѓе во Турција и соседна Сирија.

The post Турски градежник осуден на 62 доживотни казни затвор за зграда што се урна во катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>
Затворски казни во Грција за четворица државјани на Македонија кои краделе луксузни автомобили на Халкидики https://republika.mk/vesti/balkan/zatvorski-kazni-vo-grtsija-za-chetvoritsa-drzhavjani-na-makedonija-koi-kradele-luksuzni-avtomobili-na-halkidiki/ Thu, 05 Sep 2024 10:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=813423

Грчкиот суд осуди четворица државјани на Македонија откако лани беа уапсени и обвинети дека се членови на криминална група која крадела луксузни автомобили од странски туристи на Халкидики, пренесува МИА.

Како што објави МИА на почетокот на септември минатата година, грчката полиција разби криминална организација во која биле вклучени шест лица, сите македонски државјани, кои се товарат за 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, при што двајца од обвинетите сè уште не се уапсени, но се идентификувани.

Тричлениот кривичен суд во Солун, на тројца од обвинетите им одредил казна од 12 и 14 месеци затвор, додека пак четвртиот добил затворска казна од осум години и десет месеци, кој според пресудата бил задолжен да влегува во туристичките објекти и да ги краде клучевите од автомобилите.

За учество во иста криминална група се гонат уште две лица, а меѓу нив, според АНА-МПА е и „мозокот“, но со оглед на тоа што не се уапсени, ќе им се суди откако ќе бидат фатени.

Грчката новинска агенција пишува дека според судската одлука, осудените ги носеле украдените возила во областа Еордеја кај Кожани, од каде друг соучесник ги преземал и преку скриени премини ги пренесувал во Македонија. Токму затоа, судот ги ослободил тројцата „возачи“ од делото тешка кражба и побарал да се гонат за прекршокот примање производ од кривично дело.

„Фативте погрешен човек“, рекол, според АНА-МПА, обвинетиот на кој му беше изречена највисоката казна, а останатите негирале вмешаност во случајот.

Како што лани објави МИА, едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики, по што започнала истрага при која биле откриени и другите уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство.

Во однос на методологијата, од грчката полиција тогаш објаснија дека членовите на организацијата првично ги лоцирале луксузните возила на туристи на Халкидики, потоа упаѓале во куќите со цел да ги земат клучевите за потоа да ги украдат возилата.

Секој од членовите имал конкретна улога, што се однесува на координација на криминалната организација, лоцирање на возилата, вршење на кражбите и транспортирање на автомобилите во странство.

The post Затворски казни во Грција за четворица државјани на Македонија кои краделе луксузни автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Грчкиот суд осуди четворица државјани на Македонија откако лани беа уапсени и обвинети дека се членови на криминална група која крадела луксузни автомобили од странски туристи на Халкидики, пренесува МИА. Како што објави МИА на почетокот на септември минатата година, грчката полиција разби криминална организација во која биле вклучени шест лица, сите македонски државјани, кои се товарат за 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, при што двајца од обвинетите сè уште не се уапсени, но се идентификувани. Тричлениот кривичен суд во Солун, на тројца од обвинетите им одредил казна од 12 и 14 месеци затвор, додека пак четвртиот добил затворска казна од осум години и десет месеци, кој според пресудата бил задолжен да влегува во туристичките објекти и да ги краде клучевите од автомобилите. За учество во иста криминална група се гонат уште две лица, а меѓу нив, според АНА-МПА е и „мозокот“, но со оглед на тоа што не се уапсени, ќе им се суди откако ќе бидат фатени. Грчката новинска агенција пишува дека според судската одлука, осудените ги носеле украдените возила во областа Еордеја кај Кожани, од каде друг соучесник ги преземал и преку скриени премини ги пренесувал во Македонија. Токму затоа, судот ги ослободил тројцата „возачи“ од делото тешка кражба и побарал да се гонат за прекршокот примање производ од кривично дело.
„Фативте погрешен човек“, рекол, според АНА-МПА, обвинетиот на кој му беше изречена највисоката казна, а останатите негирале вмешаност во случајот.
Како што лани објави МИА, едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики, по што започнала истрага при која биле откриени и другите уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство. Во однос на методологијата, од грчката полиција тогаш објаснија дека членовите на организацијата првично ги лоцирале луксузните возила на туристи на Халкидики, потоа упаѓале во куќите со цел да ги земат клучевите за потоа да ги украдат возилата. Секој од членовите имал конкретна улога, што се однесува на координација на криминалната организација, лоцирање на возилата, вршење на кражбите и транспортирање на автомобилите во странство.

The post Затворски казни во Грција за четворица државјани на Македонија кои краделе луксузни автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Исмет Гури се предаде на полицијата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ismet-guri-se-predade-na-politsijata/ Fri, 30 Aug 2024 08:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=811457

Истакнатиот активист на ДУИ, Исмет Гури, по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денот самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО.

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.

The post Исмет Гури се предаде на полицијата appeared first on Република.

]]>

Истакнатиот активист на ДУИ, Исмет Гури, по кого беше распишана меѓународна потерница, во текот на денот самиот се пријавил на полиција и веќе е во затвор, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Гури, заедно со Ејупи Алими, беше опфатен во предметот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Обвинението беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО. Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, најпрво доби затворски притвор кој подоцна му беше заменет со куќен, поради здравствени проблеми. Против него беше распишана меѓународна потерница, бидејќи избега од куќен притвор на почетокот на оваа година, откако не бил пронајден на адресата на која требал да ја издржува мерката.

The post Исмет Гури се предаде на полицијата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Секој којшто мисли дека криминалот е исплатлива професија, брзо ќе се разочара и ќе биде сместен позади решетки https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekoj-kojshto-misli-deka-kriminalot-e-isplatliva-profesija-brzo-ke-se-razochara-i-ke-bide-smesten-pozadi-reshetki/ Fri, 23 Aug 2024 13:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=809515

Секој којшто мисли дека со криминалот може да профитира и е исплатлива професија, многу скоро од денеска ќе се разочара и ќе биде пронајден и сместен позади решетки, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Ќе се бориме и ќе победиме, порача Мицкоски, наласувајќи дека „тоа треба на сите да им е јасно, не се само тие“, но и дека набљудуваат уште неколку групи и овде во Скопје и во неколку други градови низ цела држава.

- Идентификувавме три групи кои за жал имаат логистика и во некои од затворите коишто се занимаваат со изнуда, со тероризам, со рекетирање, со тежок облик на криминал, точно ги знаеме кои се и очекувам многу скоро и за нив бавењето со криминал да биде неисплатлива професија, изјави Мицкоски.

Во однос на обвинувањата од Славјанка Петровска од СДСМ дека „властите намерно не ги пуштиле убијците пред Мавровка да избегаат затоа што веќе претходно биле избегани од затвор“, Мицкоски, рече дека тие биле избегани кога СДСМ биле дел од владата и од раководните структури на СДСМ и ДУИ.

-Она што е важно е дека е загубен човечки живот, а криминалците се фатени и се изведени пред лицето на правдата. Јас ви кажав неколку пати во јавноста, ќе повторам и сега. Секој оној којшто мисли да се занимава со криминал ќе биде фатен и ќе биде испратен онаму каде што му е местото – позади решетки. Мора професијата криминал и криминалци да ја направиме неисплатлива ако сакаме да се ослободиме од криминалците и криминалот без разлика дали станува збор за вакви безочни убијци, дали станува збор за политички криминалци, дали станува збор за друг тип на криминал и корупција, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Агенција за катастар на недвижности.

Ние мораме како влада и како држава сериозно да се занимаваме со битката против ваквите елементи и  девијантно однесување, изјави Мицкоски, подвлекувајќи дека  тоа е и негов личен приоритет.

-Постојат политички глодари коишто мислат дека на таков начин ќе спечалат некаков политички поен на сметка на загубените животи, но жалам што таков тип на политички глодари не го гледаат минатото и не гледаат што оставија и што правеа додека беа тие во владата и што всушност ние денеска мораме да поразиме кое што е оставштина и би рекол наследство од тоа време кога СДСМ и ДУИ беше во влада. Но, ќе се бориме и ќе победиме. Треба на сите да им е јасно не се само тие. Набљудуваме уште неколку групи и овде во Скопје и во неколку други градови низ цела држава и во цела Македонија гледаме неколку групи. Овдека идентификувавме три групи кои за жал имаат логистика и во некои од затворите коишто се занимаваат со изнуда, со тероризам, со рекетирање, со тежок облик на криминал, точно ги знаеме кои се и очекувам многу скоро и за нив бавењето со криминал да биде неисплатлива професија, изјави Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-poevtinuvaat-katastarskite-uslugi-za-shest-pati-do-milion-evra-godishno-ke-ostanuvaat-vo-parichnitsite-na-graganite/

Мицкоски, исто така, откри дека се работи и оти во многу брзо време ќе бидат откриени многу злоупотреби во институциите.

-Полека се комплетираат истражните органи и очекувам дека ќе имаме оваа есен прилично доста досиеја документирани со цврсти докази. Разговаравме и со директорот за неколку коишто од овде од Катастарот ќе произлезат, ќе биде интересно јавноста да ги слушне имињата коишто се тука инфилтрирани, некои ги слушаше во јавноста во изминатиов период, но кога ќе биде тоа се поткрепено со докази итн. на граѓаните ќе им биде многу јасно зошто се овие конструкции, зошто имаме се уште активни политички глодари коишто сакаат да креираат монструозни сценарија, но ние сме тука – ќе се бориме, мораме Македонија да ја исчистиме од криминал ако сакаме да одиме напред. Мора криминалот да биде неисплатлива професија ако сакаме да одиме напред, во спротивно ќе продолжиме да тонеме во ова политичко мочуриште, изјави Мицкоски.

Како Влада, нагласи Мицкоски, сме жестоко посветени по било која цена да се исчистиме од криминалот во секоја пора на општеството, „дали на улиците, дали во институциите, дали во власта секаде криминалот мора да биде поразен и ќе го поразиме“

The post Мицкоски: Секој којшто мисли дека криминалот е исплатлива професија, брзо ќе се разочара и ќе биде сместен позади решетки appeared first on Република.

]]>

Секој којшто мисли дека со криминалот може да профитира и е исплатлива професија, многу скоро од денеска ќе се разочара и ќе биде пронајден и сместен позади решетки, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се бориме и ќе победиме, порача Мицкоски, наласувајќи дека „тоа треба на сите да им е јасно, не се само тие“, но и дека набљудуваат уште неколку групи и овде во Скопје и во неколку други градови низ цела држава. - Идентификувавме три групи кои за жал имаат логистика и во некои од затворите коишто се занимаваат со изнуда, со тероризам, со рекетирање, со тежок облик на криминал, точно ги знаеме кои се и очекувам многу скоро и за нив бавењето со криминал да биде неисплатлива професија, изјави Мицкоски. Во однос на обвинувањата од Славјанка Петровска од СДСМ дека „властите намерно не ги пуштиле убијците пред Мавровка да избегаат затоа што веќе претходно биле избегани од затвор“, Мицкоски, рече дека тие биле избегани кога СДСМ биле дел од владата и од раководните структури на СДСМ и ДУИ.
-Она што е важно е дека е загубен човечки живот, а криминалците се фатени и се изведени пред лицето на правдата. Јас ви кажав неколку пати во јавноста, ќе повторам и сега. Секој оној којшто мисли да се занимава со криминал ќе биде фатен и ќе биде испратен онаму каде што му е местото – позади решетки. Мора професијата криминал и криминалци да ја направиме неисплатлива ако сакаме да се ослободиме од криминалците и криминалот без разлика дали станува збор за вакви безочни убијци, дали станува збор за политички криминалци, дали станува збор за друг тип на криминал и корупција, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Агенција за катастар на недвижности.
Ние мораме како влада и како држава сериозно да се занимаваме со битката против ваквите елементи и  девијантно однесување, изјави Мицкоски, подвлекувајќи дека  тоа е и негов личен приоритет. -Постојат политички глодари коишто мислат дека на таков начин ќе спечалат некаков политички поен на сметка на загубените животи, но жалам што таков тип на политички глодари не го гледаат минатото и не гледаат што оставија и што правеа додека беа тие во владата и што всушност ние денеска мораме да поразиме кое што е оставштина и би рекол наследство од тоа време кога СДСМ и ДУИ беше во влада. Но, ќе се бориме и ќе победиме. Треба на сите да им е јасно не се само тие. Набљудуваме уште неколку групи и овде во Скопје и во неколку други градови низ цела држава и во цела Македонија гледаме неколку групи. Овдека идентификувавме три групи кои за жал имаат логистика и во некои од затворите коишто се занимаваат со изнуда, со тероризам, со рекетирање, со тежок облик на криминал, точно ги знаеме кои се и очекувам многу скоро и за нив бавењето со криминал да биде неисплатлива професија, изјави Мицкоски. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-poevtinuvaat-katastarskite-uslugi-za-shest-pati-do-milion-evra-godishno-ke-ostanuvaat-vo-parichnitsite-na-graganite/ Мицкоски, исто така, откри дека се работи и оти во многу брзо време ќе бидат откриени многу злоупотреби во институциите.
-Полека се комплетираат истражните органи и очекувам дека ќе имаме оваа есен прилично доста досиеја документирани со цврсти докази. Разговаравме и со директорот за неколку коишто од овде од Катастарот ќе произлезат, ќе биде интересно јавноста да ги слушне имињата коишто се тука инфилтрирани, некои ги слушаше во јавноста во изминатиов период, но кога ќе биде тоа се поткрепено со докази итн. на граѓаните ќе им биде многу јасно зошто се овие конструкции, зошто имаме се уште активни политички глодари коишто сакаат да креираат монструозни сценарија, но ние сме тука – ќе се бориме, мораме Македонија да ја исчистиме од криминал ако сакаме да одиме напред. Мора криминалот да биде неисплатлива професија ако сакаме да одиме напред, во спротивно ќе продолжиме да тонеме во ова политичко мочуриште, изјави Мицкоски.
Како Влада, нагласи Мицкоски, сме жестоко посветени по било која цена да се исчистиме од криминалот во секоја пора на општеството, „дали на улиците, дали во институциите, дали во власта секаде криминалот мора да биде поразен и ќе го поразиме“

The post Мицкоски: Секој којшто мисли дека криминалот е исплатлива професија, брзо ќе се разочара и ќе биде сместен позади решетки appeared first on Република.

]]>
Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците земаа вработени како заложници, најмалку еден вработен загина https://republika.mk/vesti/svet/bunt-vo-zatvor-vo-volgograd-zatvorenitsite-zemaa-vraboteni-kako-zalozhnitsi-najmalku-eden-vraboten-zagina/ Fri, 23 Aug 2024 13:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=809496

Најмалку еден член на затворскиот персонал загина, а четворица се повредени за време на бунтот во поправната колонија бр.19 во регионот на Волгоград, каде што затворениците земаа заложници, пренесе агенцијата ТАС.

За време на состанокот на дисциплинската комисија во ИК-19 во регионот на Волгоград, неколку затвореници зеле заложници, соопшти прес-службата на Федералната казнена служба.

Според оперативните служби, во нападот учествувале најмалку тројца затвореници, има и повредени, а најмалку еден затворски службеник е убиен, пренесува ТАС.

Во болница се пренесени четири повредени, а како што се додава, во моментов се преземаат мерки за ослободување на заложниците.

Поправната колонија – ИК-19 на Федералната казнено-поправна служба на Русија за регионот Волгоград се наоѓа на периферијата на градот Суровикино.

Режимот на притвор е строг, а капацитетот на објектот е ограничен на 1.229 затвореници. Колонијата се наоѓа во градот Суровикино.

The post Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците земаа вработени како заложници, најмалку еден вработен загина appeared first on Република.

]]>

Најмалку еден член на затворскиот персонал загина, а четворица се повредени за време на бунтот во поправната колонија бр.19 во регионот на Волгоград, каде што затворениците земаа заложници, пренесе агенцијата ТАС. За време на состанокот на дисциплинската комисија во ИК-19 во регионот на Волгоград, неколку затвореници зеле заложници, соопшти прес-службата на Федералната казнена служба. Според оперативните служби, во нападот учествувале најмалку тројца затвореници, има и повредени, а најмалку еден затворски службеник е убиен, пренесува ТАС. Во болница се пренесени четири повредени, а како што се додава, во моментов се преземаат мерки за ослободување на заложниците. Поправната колонија – ИК-19 на Федералната казнено-поправна служба на Русија за регионот Волгоград се наоѓа на периферијата на градот Суровикино. Режимот на притвор е строг, а капацитетот на објектот е ограничен на 1.229 затвореници. Колонијата се наоѓа во градот Суровикино.

The post Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците земаа вработени како заложници, најмалку еден вработен загина appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, на прво место парите, а на второ затворска казна https://republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-neshto-mora-sushtinski-da-se-menuva-vo-nachinot-na-koj-se-kaznuvaat-onie-shto-go-prekrshile-zakonot-na-prvo-mesto-parite-a-na-vtoro-zatvorska-kazna/ Sat, 10 Aug 2024 11:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=805182

Не сум експерт за право, но логиката на здравиот разум ми вели дека нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, напиша на својот фејсбук профил Зоран Јовановски.

Мислам дека на прво место треба да бидат парите, а на второ место затворските казни. Прво да ги врати парите тој што ги украл или да ја надомести направената штета, а башка ќе оди и во затвор.

Македонија цел месец се бори со пожари и скоро секој ден дознаваме за некој фатен пироман. На сите такви треба прво да им се испостави сметка и да платат за трошокот за ангажирање хеликоптери, пожарникари и тоа да биде од имотот што го имаат (пари, станови, куќи, коли, или од тоа што ќе го заработат во иднина). После доаѓа затворската казна за “предизвикување општа опасност”. Така секој ќе си размисли дали да подметнува пожари.

Поенатата е криминалот да се направи финансиски неисплатлив!!! Мислам дека тоа е убедливо најголемата казна за криминалците во Македонија. И ги има многу што би одлежале години затвор, ама да им останат парите или ненадоместена штетата што ја направиле.

The post Јовановски: Нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, на прво место парите, а на второ затворска казна appeared first on Република.

Дваесетгодишник од Скопје уапсен по потерница за да лежи затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dvaesetgodishnik-od-skopje-uapsen-po-poternitsa-za-da-lezhi-zatvor/ Mon, 05 Aug 2024 19:53:26 +0000 https://republika.mk/?p=803677

Приведено е 20-годишно лице, барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд - Скопје, за казна затвор од три години и шест месеци, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР - Скопје, денеска околу 14.40 часот на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода, лицето со иницијали Л.Т. од главниот град на државава. Лицето е барано со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд - Скопје за казна затвор од три години и шест месеци, за кривично дело во врска со чл.300 ст.2 в.в. член 297 ст.1 од КЗ, информираат од МВР.

Како што додаваат оттаму, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа.

The post Дваесетгодишник од Скопје уапсен по потерница за да лежи затвор appeared first on Република.

Николоски и Пандов разговарале за градење на нови простории во затворот Идризово https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-i-pandov-razgovarale-za-gradene-na-novi-prostorii-vo-zatvorot-idrizovo/ Tue, 30 Jul 2024 12:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=801716

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

На средбата се разговараше за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово.

Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална.

Изградбата на новите објекти е во висина од 25 милиони евра средства обезбедени со поддршка на Банката за развој при Советот на Европа.

Оваа одлука доаѓа по бројните препораки за модернизација на затворските одделенија и подобрување на условите на осудениците.

Владата и во иднина ќе ги преземе сите активности за подобрување на затворските услови и за борбата против корупцијата и насилството во затворите.

Во рамки на своите надлежности, Министертвото за транспорт ќе ги обезбеди сите административни и градежни дозволи за реализција на овој капитален проект.

The post Николоски и Пандов разговарале за градење на нови простории во затворот Идризово appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции. На средбата се разговараше за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово. Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална. Изградбата на новите објекти е во висина од 25 милиони евра средства обезбедени со поддршка на Банката за развој при Советот на Европа. Оваа одлука доаѓа по бројните препораки за модернизација на затворските одделенија и подобрување на условите на осудениците. Владата и во иднина ќе ги преземе сите активности за подобрување на затворските услови и за борбата против корупцијата и насилството во затворите. Во рамки на своите надлежности, Министертвото за транспорт ќе ги обезбеди сите административни и градежни дозволи за реализција на овој капитален проект.

The post Николоски и Пандов разговарале за градење на нови простории во затворот Идризово appeared first on Република.

]]>
Приведен осуденик кој избегал од затворот „Идризово“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-osudenik-koj-izbegal-od-zatvorot-idrizovo/ Tue, 23 Jul 2024 20:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=799674

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар при СВР Скопје денеска лишиле 46-годишник од Скопје, Џ.Ш., кој бил баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“.

-Тој е осуден на казна затвор од една година за кривично дело по член 236 од КЗ, а за доиздржување има три месеци и 23 дена, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР наведува дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа.

The post Приведен осуденик кој избегал од затворот „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит-пазар при СВР Скопје денеска лишиле 46-годишник од Скопје, Џ.Ш., кој бил баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“. -Тој е осуден на казна затвор од една година за кривично дело по член 236 од КЗ, а за доиздржување има три месеци и 23 дена, соопшти Министерството за внатрешни работи. МВР наведува дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа.

The post Приведен осуденик кој избегал од затворот „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Од затвор во Пакистан избегаа 18 затвореници, дел од нив осудени на смрт https://republika.mk/vesti/svet/od-zatvor-vo-pakistan-izbegaa-18-zatvorenitsi-del-od-niv-osudeni-na-smrt/ Mon, 01 Jul 2024 13:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=792451

Осумнаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, избегаа од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.

Според официјални лица, еден од бегалците имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги украл клучевите од затворските ќелии.

Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.

Мугал рече дека е започната голема потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се приведени на сослушување.

Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а тројца служеа доживотна казна.

The post Од затвор во Пакистан избегаа 18 затвореници, дел од нив осудени на смрт appeared first on Република.

]]>

Осумнаесет затвореници, од кои некои се осудени на смрт, избегаа од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти. Според официјални лица, еден од бегалците имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги украл клучевите од затворските ќелии. Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно кога се обидел да побегне од затворот Равалакот. Мугал рече дека е започната голема потера по сите оние што избегале, шефот на затворот е суспендиран, а неколку службеници се приведени на сослушување. Шестмина избегани затвореници беа осудени на смрт, а тројца служеа доживотна казна.  

The post Од затвор во Пакистан избегаа 18 затвореници, дел од нив осудени на смрт appeared first on Република.

]]>
Полицајка има секс со затвореник во неговата ќелија додека цимерот снима: Секс-снимка ја тресе Британија (+18) https://republika.mk/vesti/svet/politsajka-ima-seks-so-zatvorenik-vo-negovata-kelija-dodeka-tsimerot-snima-seks-snimka-ja-trese-britanija-18/ Mon, 01 Jul 2024 10:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=792325

Скандал го тресе безбедносниот и затворскиот систем во Обединетото Кралство откако на во јавноста се појави снимка од затворска службеничка како има секс со затвореник во неговата ќелија, за време на нејзните работни обврски.

Не е познато кога е направена снимката на која се гледа како полицајката во целосна униформа има секс со затвореникот, додека неговиот цимер од ќелијата цело време за време на односот ги снима со телефон.

Ова се случуваво затворот Вандсворт, а како што објавуваат британските медиуми, жената е уапсена и полицијата го истражува случајот.

Полициска истрага е почната на 28 јуни, откако полицајците беа информирани за видеото наводно снимено во внатрешноста на ХМП Вандсворт. Една жена е уапсена под сомнение за недолично однесување на јавна функција. Истражувањата продолжуваат. Остануваме во близок контакт со Министерството за правда“, информира портпаролот нан „Скотланд Јард“.

Како што наведуваат дел од медиумите, уапсената британска полицајка имала сопруг и син.

The post Полицајка има секс со затвореник во неговата ќелија додека цимерот снима: Секс-снимка ја тресе Британија (+18) appeared first on Република.

]]>

Скандал го тресе безбедносниот и затворскиот систем во Обединетото Кралство откако на во јавноста се појави снимка од затворска службеничка како има секс со затвореник во неговата ќелија, за време на нејзните работни обврски. Не е познато кога е направена снимката на која се гледа како полицајката во целосна униформа има секс со затвореникот, додека неговиот цимер од ќелијата цело време за време на односот ги снима со телефон. Ова се случуваво затворот Вандсворт, а како што објавуваат британските медиуми, жената е уапсена и полицијата го истражува случајот.