затемнување на сонце Archives - Република https://republika.mk/tema/zatemnuvanje-na-sonce/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Oct 2022 16:27:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затемнување на сонце Archives - Република https://republika.mk/tema/zatemnuvanje-na-sonce/ 32 32 Почнува магичниот коридор на помрачување: Еве што би требало да направите до 8 ноември! https://republika.mk/zivot/psihologija/pochnuva-magichniot-koridor-na-pomrachuvanje-eve-shto-bi-trebalo-da-napravite-do-8-noemvri/ Sat, 29 Oct 2022 21:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=567149

Помрачувањето на сонцето што можевме да го набљудуваме во вторник на 25 октомври, го отвори коридорот на помрачување. Ќе трае точно две недели и ќе заврши со помрачување на месечината на 8 ноември.

Во овој момент, сите хороскопски знаци ќе доживеат некои потешкотии, па затоа, додека не се затвори коридорот на помрачување, треба да почитувате одредени правила на однесување. Ситуациите што се случат за време на овој период, ќе ви донесат важни поуки. Истовремено, во овој момент не би требало да донесувате судбоносни одлуки.

За време на коридорот на помрачување, врската со универзумот се засилува, што значи дека сите ваши мисли може да имаат многу големо влијание. Па затоа, мора внимателно да го контролирате сето тоа за коешто размислувате. Не дозволувајте да се задржувате на негативните работи, стравови и огорчувања. Напротив, време е да ги разредите што е можно повеќе и да ги исфрлите од вашиот живот.

Што е најдобро да правите во текот на наредните две недели?

Ова е најдоброто време за да почнете да планирате. Сè што ќе си замислите помеѓу две моќни помрачувања сигурно ќе биде реализирано најдоцна до мај 2023 година. Па затоа, можете слободно да размислувате за купување куќа, одење на одмор или други пријатни случувања, а магијата на коридорот на помрачување со сигурност ќе ви помогне да ги реализирате.

Покрај тоа, астролозите советуваат да не се расправате со други луѓе и да се воздржувате од покажување емоции што е можно повеќе. Со повеќе позитивни мисли и помалку непријатни ситуации ќе можете да излезете од периодот на помрачување без поголеми последици.

Што никако не би требало да правите до 8 ноември?

Дефинитивно не вреди да решавате некои важни прашања овој период, особено такви што се однесуваат на документи или пари. Венчавањето за време на ходникот на помрачување исто така не е најдобра идеја. Идеално е да се воздржувате од конечни одлуки, па дури и пресуди. Во спротивно, може да направите грешка чии последици ќе биде многу тешко да ги поправите.

The post Почнува магичниот коридор на помрачување: Еве што би требало да направите до 8 ноември! appeared first on Република.

]]>

Помрачувањето на сонцето што можевме да го набљудуваме во вторник на 25 октомври, го отвори коридорот на помрачување. Ќе трае точно две недели и ќе заврши со помрачување на месечината на 8 ноември. Во овој момент, сите хороскопски знаци ќе доживеат некои потешкотии, па затоа, додека не се затвори коридорот на помрачување, треба да почитувате одредени правила на однесување. Ситуациите што се случат за време на овој период, ќе ви донесат важни поуки. Истовремено, во овој момент не би требало да донесувате судбоносни одлуки. За време на коридорот на помрачување, врската со универзумот се засилува, што значи дека сите ваши мисли може да имаат многу големо влијание. Па затоа, мора внимателно да го контролирате сето тоа за коешто размислувате. Не дозволувајте да се задржувате на негативните работи, стравови и огорчувања. Напротив, време е да ги разредите што е можно повеќе и да ги исфрлите од вашиот живот. Што е најдобро да правите во текот на наредните две недели? Ова е најдоброто време за да почнете да планирате. Сè што ќе си замислите помеѓу две моќни помрачувања сигурно ќе биде реализирано најдоцна до мај 2023 година. Па затоа, можете слободно да размислувате за купување куќа, одење на одмор или други пријатни случувања, а магијата на коридорот на помрачување со сигурност ќе ви помогне да ги реализирате. Покрај тоа, астролозите советуваат да не се расправате со други луѓе и да се воздржувате од покажување емоции што е можно повеќе. Со повеќе позитивни мисли и помалку непријатни ситуации ќе можете да излезете од периодот на помрачување без поголеми последици. Што никако не би требало да правите до 8 ноември? Дефинитивно не вреди да решавате некои важни прашања овој период, особено такви што се однесуваат на документи или пари. Венчавањето за време на ходникот на помрачување исто така не е најдобра идеја. Идеално е да се воздржувате од конечни одлуки, па дури и пресуди. Во спротивно, може да направите грешка чии последици ќе биде многу тешко да ги поправите.

The post Почнува магичниот коридор на помрачување: Еве што би требало да направите до 8 ноември! appeared first on Република.

]]>