затајување данок Archives - Република https://republika.mk/tema/zatajuvanje-danok/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 17:41:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затајување данок Archives - Република https://republika.mk/tema/zatajuvanje-danok/ 32 32 Иниеста казнет со 3,5 милиони евра поради затајување данок во Јапонија https://republika.mk/sport/fudbal/iniesta-kaznet-so-3-5-milioni-evra-poradi-zatajuvane-danok-vo-japonija/ Fri, 22 Mar 2024 17:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=757526

Легендарниот шпански фудбалер, Андрес Иниеста е казнет од даночните власти во Јапонија со 580 милиони јени, што е еднакво на околу 3,5 милиони евра, пренесува „АС“.

Причината е што играчот од средниот ред, кој сега игра за клубот Емирати во ОАЕ, затаил данок од 5,2 милиони евра во врска со неговиот прв договор со јапонскиот клуб Висел Кобе во 2018 година.

Според јапонските закони, фудбалерите кои играат за локалните клубови се поделени во две даночни категории: резидентни и нерезидентни, при што последните се однесуваат на играчи чии договори се помалку од една и пол година и чии семејства не живеат со нив во земјата.

Сепак, Иниеста спаѓа во категоријата жител бидејќи помина пет години во Јапонија до 2023 година и беше придружуван од неговото семејство. Затоа, поранешниот шпански интернационалец требал да плати данок во земјата на изгрејсонцето, но не го испочитувал овој закон.

Покрај Иниеста, со истото обвинение се казнети уште двајца странски фудбалери, Јужнокорејецот Ким Џин-Хјун, кој играше за Серезо Осака во периодот од 2015 до 2020 година, како и Бразилецот Патрик, кој меѓу 2016 и 2021 година беше дел прво од Санфрече Хирошима, а потоа од Гамба Осака.

The post Иниеста казнет со 3,5 милиони евра поради затајување данок во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Легендарниот шпански фудбалер, Андрес Иниеста е казнет од даночните власти во Јапонија со 580 милиони јени, што е еднакво на околу 3,5 милиони евра, пренесува „АС“. Причината е што играчот од средниот ред, кој сега игра за клубот Емирати во ОАЕ, затаил данок од 5,2 милиони евра во врска со неговиот прв договор со јапонскиот клуб Висел Кобе во 2018 година. Според јапонските закони, фудбалерите кои играат за локалните клубови се поделени во две даночни категории: резидентни и нерезидентни, при што последните се однесуваат на играчи чии договори се помалку од една и пол година и чии семејства не живеат со нив во земјата. Сепак, Иниеста спаѓа во категоријата жител бидејќи помина пет години во Јапонија до 2023 година и беше придружуван од неговото семејство. Затоа, поранешниот шпански интернационалец требал да плати данок во земјата на изгрејсонцето, но не го испочитувал овој закон. Покрај Иниеста, со истото обвинение се казнети уште двајца странски фудбалери, Јужнокорејецот Ким Џин-Хјун, кој играше за Серезо Осака во периодот од 2015 до 2020 година, како и Бразилецот Патрик, кој меѓу 2016 и 2021 година беше дел прво од Санфрече Хирошима, а потоа од Гамба Осака.

The post Иниеста казнет со 3,5 милиони евра поради затајување данок во Јапонија appeared first on Република.

]]>
Кривична за газда од Струмица кој не исплатил над 13.000 евра данок на личен доход и ДДВ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-gazda-od-strumica-koj-ne-isplatil-nad-13-000-evra-danok-na-lichen-dohod-i-ddv/ Thu, 03 Feb 2022 11:24:07 +0000 https://republika.mk/?p=453513

Против 45-годишен струмичанец и против правен субјект од Струмица се поднесени кривични пријави за даночно затајување.

Осомничениот Н.Б. во својство на управител на правниот субјект, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година не платил данок на личен доход во износ од 280.048 денари со затезна камата за ненавремено плаќање во износ од 24.183 денари.

 

Исто така, во периодот од 1 јануари 2019 година до 30 септември 2021 година не платил данок на додадена вредност во износ од 518.078 денари.

 

Со ова е предизвикана штета на Буџетот во висина од 822.309 денари - информираат од МВР.

The post Кривична за газда од Струмица кој не исплатил над 13.000 евра данок на личен доход и ДДВ appeared first on Република.

]]>

Против 45-годишен струмичанец и против правен субјект од Струмица се поднесени кривични пријави за даночно затајување.
Осомничениот Н.Б. во својство на управител на правниот субјект, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година не платил данок на личен доход во износ од 280.048 денари со затезна камата за ненавремено плаќање во износ од 24.183 денари.   Исто така, во периодот од 1 јануари 2019 година до 30 септември 2021 година не платил данок на додадена вредност во износ од 518.078 денари.   Со ова е предизвикана штета на Буџетот во висина од 822.309 денари - информираат од МВР.

The post Кривична за газда од Струмица кој не исплатил над 13.000 евра данок на личен доход и ДДВ appeared first on Република.

]]>