затајувачи Archives - Република https://republika.mk/tema/zatajuvachi/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jan 2024 13:28:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png затајувачи Archives - Република https://republika.mk/tema/zatajuvachi/ 32 32 Откриени затајувачи на данок во Грција преку објавени фотографии од луксузна свадба на социјалните мрежи https://republika.mk/vesti/balkan/otkrieni-zatajuvachi-na-danok-vo-grtsija-preku-objaveni-fotografii-od-luksuzna-svadba-na-sotsijalnite-mrezhi/ Wed, 24 Jan 2024 13:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=736347

Со помош на специјален софтвер за скенирање на социјалните мрежи и со употреба на алгоритам за идентификација, Управата за јавни приходи на Грција (ААДЕ), открила низа случаи на затајување данок за време на луксузна свадба, јави дописничката на МИА од Атина.

Детали од свадбата поврзани со организацијата, венчаницата, изгледот на невестата, пејачот и сл, биле објавени на социјалните мрежи, по што од ААДЕ откриле дека никој од нив или не издал соодветни сметки или не платил соодветен данок.

Како што објавија грчките медиуми, било откриено дека гостите ги забавувал познат грчки пејач, кој на задолжителната платформа не го пријавил конкретниот настап, организаторот на свадбата воопшто немал фирма за конкретната активност, продавницата за венчаници не издала сметка за фустаните што ги изработила, фризерскиот салон немал фискална каса, за шминката на невестата не била издадена фискална сметка итн.

Голем дел од споменатите услуги, освен за конкретната свадба, на социјалните мрежи се рекламирале и за други свадбени прослави во минатото.

The post Откриени затајувачи на данок во Грција преку објавени фотографии од луксузна свадба на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

Со помош на специјален софтвер за скенирање на социјалните мрежи и со употреба на алгоритам за идентификација, Управата за јавни приходи на Грција (ААДЕ), открила низа случаи на затајување данок за време на луксузна свадба, јави дописничката на МИА од Атина. Детали од свадбата поврзани со организацијата, венчаницата, изгледот на невестата, пејачот и сл, биле објавени на социјалните мрежи, по што од ААДЕ откриле дека никој од нив или не издал соодветни сметки или не платил соодветен данок. Како што објавија грчките медиуми, било откриено дека гостите ги забавувал познат грчки пејач, кој на задолжителната платформа не го пријавил конкретниот настап, организаторот на свадбата воопшто немал фирма за конкретната активност, продавницата за венчаници не издала сметка за фустаните што ги изработила, фризерскиот салон немал фискална каса, за шминката на невестата не била издадена фискална сметка итн. Голем дел од споменатите услуги, освен за конкретната свадба, на социјалните мрежи се рекламирале и за други свадбени прослави во минатото.

The post Откриени затајувачи на данок во Грција преку објавени фотографии од луксузна свадба на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>