застарени предмети Archives - Република https://republika.mk/tema/zastareni-predmeti/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 13:05:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png застарени предмети Archives - Република https://republika.mk/tema/zastareni-predmeti/ 32 32 Застаре случајот „Тендери“ на поранешното СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/zastare-sluchajot-tenderi-na-poraneshnoto-sjo/ Thu, 29 Feb 2024 13:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=749648

Случајот „Тендери“ на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), застаре поради неодаменшните измени во Кривичниот законик. Во овој случај една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна. Пресудата КОКЗ.бр.149/23 е донесена на 15.02.2024 година и е предадена на првостепениот суд, потврдија од Кривичен суд за МИА.

Поради измените во Кривичниот законик, донесени по „скратена постапка“ во септември лани, претходно застареа дел од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „Траекторија“ и „Моќник“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

The post Застаре случајот „Тендери“ на поранешното СЈО appeared first on Република.

]]>

Случајот „Тендери“ на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), застаре поради неодаменшните измени во Кривичниот законик. Во овој случај една од обвинетите беше поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна. Пресудата КОКЗ.бр.149/23 е донесена на 15.02.2024 година и е предадена на првостепениот суд, потврдија од Кривичен суд за МИА.
Поради измените во Кривичниот законик, донесени по „скратена постапка“ во септември лани, претходно застареа дел од обвиненијата за „Таргет-Тврдина“, „Талир“, „Траекторија“ и „Моќник“, отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

The post Застаре случајот „Тендери“ на поранешното СЈО appeared first on Република.

]]>
Поради недостиг на судии третина од кривичните предмети во Прилеп пред застарување https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-nedostig-na-sudii-tretina-od-krivichnite-predmeti-vo-prilep-pred-zastaruvane/ Sat, 11 Feb 2023 17:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=607802

Алармантна е ситуацијата во прилепското судство поради недостиг од судии. Работат шест судии, а наскоро ќе останат четворица судии. Иако има делегиран судија од Ресен, никој не може да стигне да ги решава сите случаи и една третина, главно кривични, се пред застарување.

Според Жарко Стеваноски, претседател на Адвокатската заедница од Прилеп во крајно неповолна и неправедна состојба се и судиите и граѓаните.

-Ситуацијата е алармантна. Од една страна Судскиот совет е принуден да постапува според критериумите на Европската комисија, а од друга страна судовите се соочуваат со обемен број предмети и недостиг од кадар. Најалармантна е ситуацијата во прилепскиот основен суд. Судските предмети, според годишните извештаи, се во просек од 20 000 до 22 000. Во нив се и наследени предмети од претходните години, од 3 000 до 5 000 предмети. Со овој кадар во судот во незавидна ситуација се судиите, бидејќи се во нерамноправна положба при годишното оценување, зашто судат и кривични и граѓански предмети, а најголема штета трпат граѓаните. Со години судот функционираше со 15 судии, со ист број предмети, а сега се шест судии. Уште двајца ќе заминат во пензија, а еден судија е делегиран од Ресен. Трпат и судиите, дискриминирани се, а и граѓаните. Во ваква ситуација сметам дека барем една третина од наследените кривични предмети се пред застарување, објаснува Стеваноски.

Граѓанските спорови се, главно, на вечните имотно-правни односи, оставинските постапки, а се зголемува бројот на разводите. Како новина се фиктивните разводи за заминување во странство, вели адвокатот Живко Јакимоски.

-Во последно време во пораст се бракоразводните парници. Дел од нив се објективни и еден процент се бракови кои се фиктивни за добивање статус на лице кое би заминало во странство за таму да добие престој и да се ожени со државјанка од западните земји. За пофалба се напорите на останатите судии кои се обидуваат да го покријат целото подрачје, вели Јакимоски.

Водењето судска постапка, за граѓаните, е релативно скапо. Имајќи ја предвид економската состојба, граѓаните тешко се решаваат да поведат судска постапка.

The post Поради недостиг на судии третина од кривичните предмети во Прилеп пред застарување appeared first on Република.

]]>

Алармантна е ситуацијата во прилепското судство поради недостиг од судии. Работат шест судии, а наскоро ќе останат четворица судии. Иако има делегиран судија од Ресен, никој не може да стигне да ги решава сите случаи и една третина, главно кривични, се пред застарување. Според Жарко Стеваноски, претседател на Адвокатската заедница од Прилеп во крајно неповолна и неправедна состојба се и судиите и граѓаните. -Ситуацијата е алармантна. Од една страна Судскиот совет е принуден да постапува според критериумите на Европската комисија, а од друга страна судовите се соочуваат со обемен број предмети и недостиг од кадар. Најалармантна е ситуацијата во прилепскиот основен суд. Судските предмети, според годишните извештаи, се во просек од 20 000 до 22 000. Во нив се и наследени предмети од претходните години, од 3 000 до 5 000 предмети. Со овој кадар во судот во незавидна ситуација се судиите, бидејќи се во нерамноправна положба при годишното оценување, зашто судат и кривични и граѓански предмети, а најголема штета трпат граѓаните. Со години судот функционираше со 15 судии, со ист број предмети, а сега се шест судии. Уште двајца ќе заминат во пензија, а еден судија е делегиран од Ресен. Трпат и судиите, дискриминирани се, а и граѓаните. Во ваква ситуација сметам дека барем една третина од наследените кривични предмети се пред застарување, објаснува Стеваноски. Граѓанските спорови се, главно, на вечните имотно-правни односи, оставинските постапки, а се зголемува бројот на разводите. Како новина се фиктивните разводи за заминување во странство, вели адвокатот Живко Јакимоски. -Во последно време во пораст се бракоразводните парници. Дел од нив се објективни и еден процент се бракови кои се фиктивни за добивање статус на лице кое би заминало во странство за таму да добие престој и да се ожени со државјанка од западните земји. За пофалба се напорите на останатите судии кои се обидуваат да го покријат целото подрачје, вели Јакимоски. Водењето судска постапка, за граѓаните, е релативно скапо. Имајќи ја предвид економската состојба, граѓаните тешко се решаваат да поведат судска постапка.

The post Поради недостиг на судии третина од кривичните предмети во Прилеп пред застарување appeared first on Република.

]]>