заштитени видови Archives - Република https://republika.mk/tema/zashtiteni-vidovi/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 10:32:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заштитени видови Archives - Република https://republika.mk/tema/zashtiteni-vidovi/ 32 32 Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид https://republika.mk/vesti/dobrovolnite-pozharnikari-od-kochani-spasija-povreden-i-dezorientiran-orel-od-zagrozen-vid/ Mon, 05 Aug 2024 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=803483

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел.

По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило.

[caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]

Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.

[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption]

Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки.

[caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption]

Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел. По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило. [caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]
Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.
[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption] Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки. [caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption] Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>
Волк го заклал понито на Фон дер Лајен: Таа побарала ѕверот да биде убиен, германските власти дале дозвола https://republika.mk/vesti/svet/volk-go-zaklal-ponito-na-fon-der-lajen-taa-barala-dzverot-da-bide-ubien-germanskite-vlasti-dale-dozvola/ Thu, 15 Dec 2022 19:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=586139

Германските власти дозволиле да биде застрелан волкот што го искасапил понито на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но не коментираа дали нејзиното име е тоа што ги поттикнало да дадат таква дозвола.

Волците и другите големи месојади се под строга заштита според Директивата на ЕУ за природни живеалишта, што значи дека нивното убивање е забрането, но сепак, земјоделците во земјите и регионите каде што има многу волци, предупредуваат дека нивната растечка популација претставува закана за земјоделството и локалните заедници.

Волк го нападнал понито Доли во септември, додека пасело во близина на Хановер со други коњчиња на семејството Фон дер Лејен.

Властите во Хановер соопштија дека волкот, покрај понито, заклал и 12 овци и крави, што било потврдено со ДНК анализа, пренесе „Еурактив“.

Портпаролот на градот Хановер изјави дека во случајот со волкот е побарано изземање од законот за заштита на волците и големите месојади. Како што се наведува, тој волк спаѓа во категоријата „проблематични“, што значи дека полесно може да се добие дозвола за негов улов.

Според германскиот закон за заштита на загрозените видови, „проблематично“ е животното кое постојано напаѓа добиток или на друг начин покажало дека не е способно за коегзистенција.

Урсула фон дер Лајен, неодамна во писмо до германските европратеници од групата на Европската народна партија (ЕПП) порача дека Европската комисија треба да го разгледа заштитениот статус на волците.

Таа не го спомна своето пони, но, како што јави агенцијата ДПА, напишала дека Комисијата го „препознава“ проблемот со зголемувањето на бројот на волци бидејќи „има се повеќе извештаи за напади од волци врз добиток и зголемен ризик за луѓето“.

Европратениците од групата на ЕПП, чиј член е и Фон дер Лајен, бараат ревизија на заштитениот статус на волците и другите големи месојади, како што се мечките и рисовите.

Кон крајот на ноември, Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција со која се бара да се намали статусот на заштита на волците за да се помогне сточарството.

Бриселскиот портал пишува дека Фон дер Лајен, сепак, не може да очекува поддршка од колегите европски комесари во однос на статусот на волците, затоа што европскиот комесар за животна средина, Вирџинијус Синкевичиус, е поборник за заштита на големите месојади и неодамна ја бранел актуелната Регулатива на ЕУ на оваа тема наспроти критиките од членките на Унијата.

The post Волк го заклал понито на Фон дер Лајен: Таа побарала ѕверот да биде убиен, германските власти дале дозвола appeared first on Република.

]]>

Германските власти дозволиле да биде застрелан волкот што го искасапил понито на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но не коментираа дали нејзиното име е тоа што ги поттикнало да дадат таква дозвола. Волците и другите големи месојади се под строга заштита според Директивата на ЕУ за природни живеалишта, што значи дека нивното убивање е забрането, но сепак, земјоделците во земјите и регионите каде што има многу волци, предупредуваат дека нивната растечка популација претставува закана за земјоделството и локалните заедници. Волк го нападнал понито Доли во септември, додека пасело во близина на Хановер со други коњчиња на семејството Фон дер Лејен. Властите во Хановер соопштија дека волкот, покрај понито, заклал и 12 овци и крави, што било потврдено со ДНК анализа, пренесе „Еурактив“. Портпаролот на градот Хановер изјави дека во случајот со волкот е побарано изземање од законот за заштита на волците и големите месојади. Како што се наведува, тој волк спаѓа во категоријата „проблематични“, што значи дека полесно може да се добие дозвола за негов улов. Според германскиот закон за заштита на загрозените видови, „проблематично“ е животното кое постојано напаѓа добиток или на друг начин покажало дека не е способно за коегзистенција. Урсула фон дер Лајен, неодамна во писмо до германските европратеници од групата на Европската народна партија (ЕПП) порача дека Европската комисија треба да го разгледа заштитениот статус на волците. Таа не го спомна своето пони, но, како што јави агенцијата ДПА, напишала дека Комисијата го „препознава“ проблемот со зголемувањето на бројот на волци бидејќи „има се повеќе извештаи за напади од волци врз добиток и зголемен ризик за луѓето“. Европратениците од групата на ЕПП, чиј член е и Фон дер Лајен, бараат ревизија на заштитениот статус на волците и другите големи месојади, како што се мечките и рисовите. Кон крајот на ноември, Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција со која се бара да се намали статусот на заштита на волците за да се помогне сточарството. Бриселскиот портал пишува дека Фон дер Лајен, сепак, не може да очекува поддршка од колегите европски комесари во однос на статусот на волците, затоа што европскиот комесар за животна средина, Вирџинијус Синкевичиус, е поборник за заштита на големите месојади и неодамна ја бранел актуелната Регулатива на ЕУ на оваа тема наспроти критиките од членките на Унијата.

The post Волк го заклал понито на Фон дер Лајен: Таа побарала ѕверот да биде убиен, германските власти дале дозвола appeared first on Република.

]]>