зараза Archives - Република https://republika.mk/tema/zaraza/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 10:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зараза Archives - Република https://republika.mk/tema/zaraza/ 32 32 Лекот против мпокс не е ефикасен, вирусот брзо се шири https://republika.mk/vesti/svet/lekot-protiv-mpoks-ne-e-efikasen-virusot-brzo-se-shiri/ Mon, 19 Aug 2024 10:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=807913

Антивирусниот лек „Tecovirimat“ не го намалува времетраењето на лезиите кај децата и возрасните инфицирани со тип 1 мпокс во Демократска Република Конго (ДР Конго), открија истражувачите од ДР Конго и САД.

Типот 1 претставува поопасен тип на мпокс во споредба со тип 2, кој предизвика епидемија во 2022 година и е поврзан со потешки форми на болеста и повисоки стапки на смртност.

Мпокс 1 несразмерно ги погодува децата, што не беше случај за време на избувнувањето во 2022 година, што ја поттикна Светската здравствена организација да прогласи глобална вонредна состојба.

-Овие резултати се разочарувачки, но ни даваат клучни информации и ја нагласуваат потребата да се најдат други терапевтски кандидати за лекување на мпокс додека продолжуваме со истражувањето, рече за Политико, Жана Марацо, директорка на Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД).

Студијата поддржана од НИАИД покажа дека смртните случаи може да се избегнат кога пациентите со мпокс се лекуваат во болница. Истражувачите вклучиле 597 пациенти, хоспитализирани најмалку 14 дена. Стапката на смртност, вклучувајќи ги и оние кои примиле плацебо, била 1,7 проценти, во споредба со најмалку 3,6 проценти меѓу сите случаи во ДР Конго, велат тие.

-Ова покажува дека подобри резултати кај луѓето со мпокс може да се постигнат кога тие се хоспитализирани и им се дава висококвалитетна помошна нега, се вели во соопштението на Националниот институт за здравје.

The post Лекот против мпокс не е ефикасен, вирусот брзо се шири appeared first on Република.

]]>

Антивирусниот лек „Tecovirimat“ не го намалува времетраењето на лезиите кај децата и возрасните инфицирани со тип 1 мпокс во Демократска Република Конго (ДР Конго), открија истражувачите од ДР Конго и САД. Типот 1 претставува поопасен тип на мпокс во споредба со тип 2, кој предизвика епидемија во 2022 година и е поврзан со потешки форми на болеста и повисоки стапки на смртност. Мпокс 1 несразмерно ги погодува децата, што не беше случај за време на избувнувањето во 2022 година, што ја поттикна Светската здравствена организација да прогласи глобална вонредна состојба. -Овие резултати се разочарувачки, но ни даваат клучни информации и ја нагласуваат потребата да се најдат други терапевтски кандидати за лекување на мпокс додека продолжуваме со истражувањето, рече за Политико, Жана Марацо, директорка на Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД). Студијата поддржана од НИАИД покажа дека смртните случаи може да се избегнат кога пациентите со мпокс се лекуваат во болница. Истражувачите вклучиле 597 пациенти, хоспитализирани најмалку 14 дена. Стапката на смртност, вклучувајќи ги и оние кои примиле плацебо, била 1,7 проценти, во споредба со најмалку 3,6 проценти меѓу сите случаи во ДР Конго, велат тие. -Ова покажува дека подобри резултати кај луѓето со мпокс може да се постигнат кога тие се хоспитализирани и им се дава висококвалитетна помошна нега, се вели во соопштението на Националниот институт за здравје.

The post Лекот против мпокс не е ефикасен, вирусот брзо се шири appeared first on Република.

]]>
Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, велат од АХВ https://republika.mk/vesti/skopje/nema-salmonela-vo-hranata-koja-ja-jadele-uchenitsite-vo-karposh-izvorot-na-zarazata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva-velat-od-ahv/ Wed, 15 Nov 2023 12:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=701819

Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во основните училишта во скопската општина Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

АХВ ги добила резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

Лабораториски резултати од испитаната храна која е земена од централниот магацин на операторот со храна “Ванила Фуд” кој се наоѓа во ОУ “Димо Хаџи Димов” се со уреден наод, исто како и мострите од четирите кујни во основните училишта каде се приготвува храна. Тие се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно, кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела.

Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите се уште не се добиени, бидејќи при надзорот, не е затекната подготвена храна. Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде претходно веќе биле земени мостри, за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на Салмонела, односно, истите се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, се вели во соопштението на АХВ.

Претходно, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат информираше дека се негативни резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош.

https://republika.mk/vesti/makedonija/negativni-rezultatite-po-pojavata-na-salmonela-kaj-osnovtsi-vo-karposh-dzsi-ke-gi-otvori-kujnite-vo-shest-uchilishta/

Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Рената Младеновска денеска информиораше дека во текот на вчерашниот ден биле добиени резултатите од Институтот за јавно здравје Скопје и од Центарот за јавно здравје Скопје, бидејќи мострите храна и брисевите од работни површини биле земени двојно и однесени во лабораториите на двете здравствени установи.

https://republika.mk/vesti/skopje/vkupno-12-sluchai-na-salmonela-vo-pet-uchilishta-vo-skopje/

The post Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, велат од АХВ appeared first on Република.

]]>

Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во основните училишта во скопската општина Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). АХВ ги добила резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор. Лабораториски резултати од испитаната храна која е земена од централниот магацин на операторот со храна “Ванила Фуд” кој се наоѓа во ОУ “Димо Хаџи Димов” се со уреден наод, исто како и мострите од четирите кујни во основните училишта каде се приготвува храна. Тие се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно, кај нив не е утврдено присуство на бактеријата салмонела.
Во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите се уште не се добиени, бидејќи при надзорот, не е затекната подготвена храна. Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде претходно веќе биле земени мостри, за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на Салмонела, односно, истите се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, се вели во соопштението на АХВ.
Претходно, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат информираше дека се негативни резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош. https://republika.mk/vesti/makedonija/negativni-rezultatite-po-pojavata-na-salmonela-kaj-osnovtsi-vo-karposh-dzsi-ke-gi-otvori-kujnite-vo-shest-uchilishta/ Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Рената Младеновска денеска информиораше дека во текот на вчерашниот ден биле добиени резултатите од Институтот за јавно здравје Скопје и од Центарот за јавно здравје Скопје, бидејќи мострите храна и брисевите од работни површини биле земени двојно и однесени во лабораториите на двете здравствени установи. https://republika.mk/vesti/skopje/vkupno-12-sluchai-na-salmonela-vo-pet-uchilishta-vo-skopje/

The post Нема салмонела во храната која ја јаделе учениците во Карпош, изворот на заразата дополнително ќе се утврдува, велат од АХВ appeared first on Република.

]]>
Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? https://republika.mk/zivot/zdravje/moze-li-da-se-zarazime-dvapati-so-omikron-varijantata/ Thu, 16 Jun 2022 12:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=515987

Ако некогаш сме биле изложени на сојот омикрон на коронавирус, најважното прашање што секогаш се поставува е: дали постои страв од повторно заразување со истиот вид?

Омикронската варијанса не дава имунитет и постои можност за повторна инфекција со овој вид на вирусот.

Студијата на научниците од Империјалниот колеџ во Лондон покажа дека луѓето кои ја имале омикронската варијанта на вирусот немаат заштита од повторна инфекција со вирусот.

Истражувачите откриле дека иако луѓето имале одреден степен на антитела со првата форма на ковид и други подоцнежни варијанти на вирусот, тие не го откриле ова кога ги истражувале соевите на омикрон.

Овие наоди би можеле да објаснат зошто луѓето кои имале омикрон наскоро повторно ја „закачиле“ истата форма на вирусот.

Добрата вест е дека бројот на смртни случаи од ковид е намален, и покрај овие тврдења.

Професорот Дени Алтман од Одделот за имунологија и инфекции објасни дека омикронот е способен да „лета под радарот“ така што човечкиот имунолошки систем не може да го запомни.

Омикрон и неговите варијанти се одлични во пенетрациите, но лоши во поттикнувањето имунитет, па тогаш добиваме нови инфекции. Не само што може да ја пробие бариерата на вакцината, туку се чини дека остава многу малку траги на имунолошкиот систем.

Истражувањето покажа дека кај оние кои трипати биле вакцинирани без претходна инфекција, омикрон обезбедил зајакнување на имунитетот против претходните соеви на коронавирусот – изјави Алтман.

The post Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? appeared first on Република.

]]>

Ако некогаш сме биле изложени на сојот омикрон на коронавирус, најважното прашање што секогаш се поставува е: дали постои страв од повторно заразување со истиот вид? Омикронската варијанса не дава имунитет и постои можност за повторна инфекција со овој вид на вирусот. Студијата на научниците од Империјалниот колеџ во Лондон покажа дека луѓето кои ја имале омикронската варијанта на вирусот немаат заштита од повторна инфекција со вирусот. Истражувачите откриле дека иако луѓето имале одреден степен на антитела со првата форма на ковид и други подоцнежни варијанти на вирусот, тие не го откриле ова кога ги истражувале соевите на омикрон. Овие наоди би можеле да објаснат зошто луѓето кои имале омикрон наскоро повторно ја „закачиле“ истата форма на вирусот. Добрата вест е дека бројот на смртни случаи од ковид е намален, и покрај овие тврдења. Професорот Дени Алтман од Одделот за имунологија и инфекции објасни дека омикронот е способен да „лета под радарот“ така што човечкиот имунолошки систем не може да го запомни.
Омикрон и неговите варијанти се одлични во пенетрациите, но лоши во поттикнувањето имунитет, па тогаш добиваме нови инфекции. Не само што може да ја пробие бариерата на вакцината, туку се чини дека остава многу малку траги на имунолошкиот систем. Истражувањето покажа дека кај оние кои трипати биле вакцинирани без претходна инфекција, омикрон обезбедил зајакнување на имунитетот против претходните соеви на коронавирусот – изјави Алтман.

The post Може ли да се заразиме двапати со омикрон варијантата? appeared first on Република.

]]>
Досега не „фативте“ ковид-19, какви се шансите да се заразите во иднина? https://republika.mk/zivot/zdravje/dosega-ne-fativte-kovid-19-kakvi-se-shansite-da-se-zarazite-vo-idnina/ Sun, 13 Mar 2022 17:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=472197

Ако почнете да живеете „нормално“, ако ги тргнете маските, одите во ресторани, шопинг или во кино – кои се шансите и понатаму успешно да го избегнувате ковид-19?

Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) проценува дека околу 43 отсто од населението во САД или 140 милиони лица биле заразени со ковид-19, а околу 60 отсто од населението никогаш ја немале оваа болест. Стручњаците сметаат дека од овој вирус нема така лесно да се ослободиме, барем во блиска иднина, но тоа не значи дека мора да се заразите.

Од моја перспектива, не е неизбежно дека ќе се заразите со вирусот, а на пример, на места каде што е мала стапката на заболени, голем број лица кои немале ковид-19, нема ниту да го добијат, бидејќи нема да бидат изложени на вирусот, појаснува д-р Боб Вочер.

Оние кои се вакцинирале и понатму имаат заштита од потешка форма на болеста, додава д-р Питер Чин-Хонг, инфектолог, и додава дека не мора да значи дека ќе се разболете, иако вирусот е сѐ уште присутен.

Дали можеме да се заразиме? Тоа е можно. Да запомниме дека вирусот е сѐ уште присутен и дека предизвикува страдање за голем број луѓе, а околу 2000 смртни случаи во Америка неделно не се „прошетка низ парк“, додава тој.

Сепак се согласува дека со мала претпазливост, можеме лесно да ја избегнеме болеста додека уживаме во животот. Докторот вели дека додека вечера во ресторани или пие кафе во кафулиња, многу добро внимава да избегнува ризични однесувања, па секогаш избегнува места во кои се присутни многу луѓе.

Д-р Абрар Каран, инфектолог, додава дека попуштањето на мерките не значи дека ќе страдате поради инфекцијата.

Тој додава и дека лицата кои се во ризични групи или имаат автоимуни болести, сепак, треба да внимаваат малку повеќе и да се обидат да ја избегнат инфекцијата на сите начини, со носење маска и избегнување на места со голем број луѓе, на пример, вежбална или преполни кафулиња.

Стручњаците велат дека постојат дополнителни придобивки ако успеете да ја избегнете инфекцијата, дури и ако се случи инфекцијата да ја „соберете“ подоцна. Колку подолго трае пандемијата, толку повеќе знаеме за вирусот, што значи дека ќе има сѐ поквалитетни начини на лекување.

 

The post Досега не „фативте“ ковид-19, какви се шансите да се заразите во иднина? appeared first on Република.

]]>

Ако почнете да живеете „нормално“, ако ги тргнете маските, одите во ресторани, шопинг или во кино – кои се шансите и понатаму успешно да го избегнувате ковид-19? Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) проценува дека околу 43 отсто од населението во САД или 140 милиони лица биле заразени со ковид-19, а околу 60 отсто од населението никогаш ја немале оваа болест. Стручњаците сметаат дека од овој вирус нема така лесно да се ослободиме, барем во блиска иднина, но тоа не значи дека мора да се заразите.
Од моја перспектива, не е неизбежно дека ќе се заразите со вирусот, а на пример, на места каде што е мала стапката на заболени, голем број лица кои немале ковид-19, нема ниту да го добијат, бидејќи нема да бидат изложени на вирусот, појаснува д-р Боб Вочер.
Оние кои се вакцинирале и понатму имаат заштита од потешка форма на болеста, додава д-р Питер Чин-Хонг, инфектолог, и додава дека не мора да значи дека ќе се разболете, иако вирусот е сѐ уште присутен.
Дали можеме да се заразиме? Тоа е можно. Да запомниме дека вирусот е сѐ уште присутен и дека предизвикува страдање за голем број луѓе, а околу 2000 смртни случаи во Америка неделно не се „прошетка низ парк“, додава тој.
Сепак се согласува дека со мала претпазливост, можеме лесно да ја избегнеме болеста додека уживаме во животот. Докторот вели дека додека вечера во ресторани или пие кафе во кафулиња, многу добро внимава да избегнува ризични однесувања, па секогаш избегнува места во кои се присутни многу луѓе. Д-р Абрар Каран, инфектолог, додава дека попуштањето на мерките не значи дека ќе страдате поради инфекцијата. Тој додава и дека лицата кои се во ризични групи или имаат автоимуни болести, сепак, треба да внимаваат малку повеќе и да се обидат да ја избегнат инфекцијата на сите начини, со носење маска и избегнување на места со голем број луѓе, на пример, вежбална или преполни кафулиња. Стручњаците велат дека постојат дополнителни придобивки ако успеете да ја избегнете инфекцијата, дури и ако се случи инфекцијата да ја „соберете“ подоцна. Колку подолго трае пандемијата, толку повеќе знаеме за вирусот, што значи дека ќе има сѐ поквалитетни начини на лекување.  

The post Досега не „фативте“ ковид-19, какви се шансите да се заразите во иднина? appeared first on Република.

]]>
СЗО: Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за да се спречи ширење на зараза https://republika.mk/vesti/svet/szo-ukraina-da-gi-unishti-opasnite-patogeni-pronajdeni-vo-laboratoriite-za-da-se-sprechi-shirenje-na-zaraza/ Fri, 11 Mar 2022 08:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=471129

Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство” и ширење на болеста меѓу населението.

Експертите за биобезбедност предупредуваат дека влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите го зголемиле ризикот од бегство од патогени во случај на оштетување на некоја од тие лаборатории.

Како и во многу други земји, лабораториите за јавно здравје истражуваат како да ја намалат заканата од опасните болести што ги погодуваат животните и луѓето, вклучително и Ковид-19.

Украинските лаборатории добиваат поддршка од САД, Европската Унија и СЗО.

СЗО наведе дека соработувала со украинските лаборатории за јавно здравје неколку години за да обезбеди безбедносни практики кои помагаат да се спречат „несреќи или намерно ослободување на патогени”.

Како дел од својата работа, СЗО им препорача на украинското Министерство за здравство и другите одговорни тела да ги уништат опасните патогени и да ја спречат можноста за нивно ‘бегство’, одговори СЗО.

Сепак, тие не кажаа кога е дадена препораката, ниту пак дадоа детали за видовите патогени или токсини пронајдени во украинските лаборатории.

Агенцијата не одговори на прашањата дали се почитувани нивните препораки.

Украинските власти во Киев и нивната амбасада во Вашингтон не одговорија на барањето за коментар.

Можностите на украинските лаборатории се најдоа во центарот на засилената информативна војна откако руската војска влезе во Украина.

The post СЗО: Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за да се спречи ширење на зараза appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство” и ширење на болеста меѓу населението. Експертите за биобезбедност предупредуваат дека влегувањето на руските војници во Украина и бомбардирањето на градовите го зголемиле ризикот од бегство од патогени во случај на оштетување на некоја од тие лаборатории.
Како и во многу други земји, лабораториите за јавно здравје истражуваат како да ја намалат заканата од опасните болести што ги погодуваат животните и луѓето, вклучително и Ковид-19. Украинските лаборатории добиваат поддршка од САД, Европската Унија и СЗО. СЗО наведе дека соработувала со украинските лаборатории за јавно здравје неколку години за да обезбеди безбедносни практики кои помагаат да се спречат „несреќи или намерно ослободување на патогени”.
Како дел од својата работа, СЗО им препорача на украинското Министерство за здравство и другите одговорни тела да ги уништат опасните патогени и да ја спречат можноста за нивно ‘бегство’, одговори СЗО.
Сепак, тие не кажаа кога е дадена препораката, ниту пак дадоа детали за видовите патогени или токсини пронајдени во украинските лаборатории. Агенцијата не одговори на прашањата дали се почитувани нивните препораки. Украинските власти во Киев и нивната амбасада во Вашингтон не одговорија на барањето за коментар. Можностите на украинските лаборатории се најдоа во центарот на засилената информативна војна откако руската војска влезе во Украина.

The post СЗО: Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за да се спречи ширење на зараза appeared first on Република.

]]>
Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-trajkovski-prelezanosta-e-faktorot-shto-go-sopira-shirenjeto-na-zarazata-so-kovid/ Wed, 26 Jan 2022 13:27:29 +0000 https://republika.mk/?p=449792

И дневниот број на тестови, којшто претставува показател на изложеноста на населението на вирусот, веќе се намалува (жолтата линија на третиот дијаграм), што секако е позитивен сигнал. Единствен загрижувачки показател е стапката на позитивни тестови (сината и црвената линија на третиот дијаграм), која сé уште искачува и која не покажува знаци за скоро достигнување на максимумот, пишува во својата дневна ковид- анализа проф. Дејан Трајковски.

Тој вели дека во околните земји оваа стапка достигната е дури до 50%, а кај нас сé уште е под 40%, што може да нé загрижи.

-Додуша, таа последна започна и да искачува, дури откако броевите на нови случаи започнаа да растат, па можеме да се надеваме дека се работи за некаков задоцнет индикатор, иако не е јасно зошто би се појавило доцнењето.

На четвртиот дијаграм гледаме дека инциденците на заразување кај непрележаните и прележаните оваа недела се изедначија, што значи дека ефективноста на прележувањето во заштитата од заразување опадна на 0%. Тоа се добива сметајќи со вкупно население од 1,7 милион жители, инаку со 1,8 милиони жители би добиле негативна ефективност (т.е. би испаднало прележаните да се разболуваат повеќе од непрележаните), што е малку веројатно и поради што е направена корекција во бројот на жители. Ќе ги почекаме резултатите од пописот на населението, меѓутоа речиси сигурно е дека во земјава живеат најмногу 1,7 милиони жители, а можеби и помалку.

Податокот за ефективноста на прележувањето ќе ни послужи за уште една анализа. Иако ефективноста опаднала на 0%, односно прележаните се разболуваат еднакво како непрележаните, сепак епидемијата на омикрон сојот не започнува од почеток, што се гледа од достигнувањето на врвот на бранот при релативно мал број на дијагностицирани, сé на сé околу 35.000 од почетокот на бранот за Нова година. Тоа значи дека има некаков фактор којшто го сопира бранот иако прележаноста сама по себе не е доволна. Тој фактор може да биде вакцинираноста, како кај непрележаните, така и прележаните.

Истото резонирање ќе го примениме и кај вакцинираните и невакцинираните. Веќе видовме дека ефективноста на вакцините против заразување со Омикрон сојот исто така опадна практично до 0%, т.е. вакцинираните се заразуваат подеднакво како невакцинираните. Сепак, врвот на бранот кажува дека постои фактор што го сопира ширењето на заразата независно од вакцините – а тоа е прележаноста, пишува Трајковски.

 

The post Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид appeared first on Република.

]]>

И дневниот број на тестови, којшто претставува показател на изложеноста на населението на вирусот, веќе се намалува (жолтата линија на третиот дијаграм), што секако е позитивен сигнал. Единствен загрижувачки показател е стапката на позитивни тестови (сината и црвената линија на третиот дијаграм), која сé уште искачува и која не покажува знаци за скоро достигнување на максимумот, пишува во својата дневна ковид- анализа проф. Дејан Трајковски. Тој вели дека во околните земји оваа стапка достигната е дури до 50%, а кај нас сé уште е под 40%, што може да нé загрижи.
-Додуша, таа последна започна и да искачува, дури откако броевите на нови случаи започнаа да растат, па можеме да се надеваме дека се работи за некаков задоцнет индикатор, иако не е јасно зошто би се појавило доцнењето. На четвртиот дијаграм гледаме дека инциденците на заразување кај непрележаните и прележаните оваа недела се изедначија, што значи дека ефективноста на прележувањето во заштитата од заразување опадна на 0%. Тоа се добива сметајќи со вкупно население од 1,7 милион жители, инаку со 1,8 милиони жители би добиле негативна ефективност (т.е. би испаднало прележаните да се разболуваат повеќе од непрележаните), што е малку веројатно и поради што е направена корекција во бројот на жители. Ќе ги почекаме резултатите од пописот на населението, меѓутоа речиси сигурно е дека во земјава живеат најмногу 1,7 милиони жители, а можеби и помалку. Податокот за ефективноста на прележувањето ќе ни послужи за уште една анализа. Иако ефективноста опаднала на 0%, односно прележаните се разболуваат еднакво како непрележаните, сепак епидемијата на омикрон сојот не започнува од почеток, што се гледа од достигнувањето на врвот на бранот при релативно мал број на дијагностицирани, сé на сé околу 35.000 од почетокот на бранот за Нова година. Тоа значи дека има некаков фактор којшто го сопира бранот иако прележаноста сама по себе не е доволна. Тој фактор може да биде вакцинираноста, како кај непрележаните, така и прележаните. Истото резонирање ќе го примениме и кај вакцинираните и невакцинираните. Веќе видовме дека ефективноста на вакцините против заразување со Омикрон сојот исто така опадна практично до 0%, т.е. вакцинираните се заразуваат подеднакво како невакцинираните. Сепак, врвот на бранот кажува дека постои фактор што го сопира ширењето на заразата независно од вакцините – а тоа е прележаноста, пишува Трајковски.
 

The post Д-р Трајковски: Прележаноста е факторот што го сопира ширењето на заразата со ковид appeared first on Република.

]]>
За само една недела 1.247 лица се заразиле вторпат со ковид-19 https://republika.mk/zivot/zdravje/za-samo-edna-nedela-1-247-lica-se-zarazile-vtorpat-so-kovid-19/ Tue, 18 Jan 2022 08:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=446141

Само за една недела има нови 1.247 реинфекции, што е зголемување од 31,8% во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.380 реинфекции, што е 1,4% од вкупниот брои на инфицирани, покажува поледниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица.

Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%“, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во
споредба со претходна недела), а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

The post За само една недела 1.247 лица се заразиле вторпат со ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Само за една недела има нови 1.247 реинфекции, што е зголемување од 31,8% во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.380 реинфекции, што е 1,4% од вкупниот брои на инфицирани, покажува поледниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%“, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во споредба со претходна недела), а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

The post За само една недела 1.247 лица се заразиле вторпат со ковид-19 appeared first on Република.

]]>
По колку денови од заразата со омикрон се појавуваат првите симптоми? https://republika.mk/zivot/zdravje/po-kolku-denovi-od-zarazata-so-omikron-se-pojavuvaat-prvite-simptomi/ Wed, 05 Jan 2022 09:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=440720

Во истражувањето учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постоел сомнеж дека се заразени, а од кои само една личност била целосно вакцинирана.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести спровел истражување со кое утврдиле дека симптомите на омикрон сојот на коронавирусот се појавуваат по три дена од заразата.

Со зголемена преносливост и потенцијално поблаги симптоми, омикрон сојот има помал период на инкубација во однос на делта варијантата, но и другите варијанти на коронавирусот.

Симптомите кај другите варијанти на коронавирусот се појавуваат (во просек) по пет дена од моментот на заразување.

Истражувањето било објавено во CDC неделниот извештај за морбидитет и морталитет.

Во истражувањето учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постоел сомнеж дека се заразени, а од кои само една личност била целосно вакцинирана.

По геномското секвенционирање на примероците било заклучено дека сите се заразени со омикрон варијантата на коронавирусот. CDC потоа докажале дека симптомите се појавиле по три дена од заразата.

И Институтот за јавно здравје во Норвешка анализирал симптоми на 11 луѓе кои присуствувале на некоја божиќна забава. Поголем дел од нив биле вакцинирани, а 73 отсто биле позитивни на омикрон сојот.

Никој не се разболел посериозно, а симптомите се покажале во рок од три дена од контакт со заразена личност.

The post По колку денови од заразата со омикрон се појавуваат првите симптоми? appeared first on Република.

]]>

Во истражувањето учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постоел сомнеж дека се заразени, а од кои само една личност била целосно вакцинирана. Американскиот центар за контрола и превенција на болести спровел истражување со кое утврдиле дека симптомите на омикрон сојот на коронавирусот се појавуваат по три дена од заразата. Со зголемена преносливост и потенцијално поблаги симптоми, омикрон сојот има помал период на инкубација во однос на делта варијантата, но и другите варијанти на коронавирусот. Симптомите кај другите варијанти на коронавирусот се појавуваат (во просек) по пет дена од моментот на заразување. Истражувањето било објавено во CDC неделниот извештај за морбидитет и морталитет. Во истражувањето учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постоел сомнеж дека се заразени, а од кои само една личност била целосно вакцинирана. По геномското секвенционирање на примероците било заклучено дека сите се заразени со омикрон варијантата на коронавирусот. CDC потоа докажале дека симптомите се појавиле по три дена од заразата. И Институтот за јавно здравје во Норвешка анализирал симптоми на 11 луѓе кои присуствувале на некоја божиќна забава. Поголем дел од нив биле вакцинирани, а 73 отсто биле позитивни на омикрон сојот. Никој не се разболел посериозно, а симптомите се покажале во рок од три дена од контакт со заразена личност.

The post По колку денови од заразата со омикрон се појавуваат првите симптоми? appeared first on Република.

]]>