зара Archives - Република https://republika.mk/tema/zara/ За подобро да се разбереме Sat, 13 May 2023 08:44:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png зара Archives - Република https://republika.mk/tema/zara/ 32 32 Повлечена од продажба бебешка кошула од брендот „Зара“ https://republika.mk/vesti/balkan/povlechena-od-prodazhba-bebeshka-koshula-od-brendot-zara/ Sat, 13 May 2023 08:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=640388

Бебешка кошула на брендот „Зара“ се повлекува од продажба во Србија поради опасност од задушување. Станува збор за детска кошула со долги ракави со пет копчиња напред. Според Министерството за трговија во Србија, постои опасност од задушување. Имено, утврдено е дека копчињата лесно се откопчуваат и се одвојуваат од кошулата, а децата можат да ги стават во уста и да ги голтаат.

Клиентите кои ја купиле оваа кошула можат да се жалат и да добијат рефундирање. Производителот тврди дека последните примероци од овој производ биле продадени во јануари, пренесува „Нова.рс“.

The post Повлечена од продажба бебешка кошула од брендот „Зара“ appeared first on Република.

]]>

Бебешка кошула на брендот „Зара“ се повлекува од продажба во Србија поради опасност од задушување. Станува збор за детска кошула со долги ракави со пет копчиња напред. Според Министерството за трговија во Србија, постои опасност од задушување. Имено, утврдено е дека копчињата лесно се откопчуваат и се одвојуваат од кошулата, а децата можат да ги стават во уста и да ги голтаат. Клиентите кои ја купиле оваа кошула можат да се жалат и да добијат рефундирање. Производителот тврди дека последните примероци од овој производ биле продадени во јануари, пренесува „Нова.рс“.

The post Повлечена од продажба бебешка кошула од брендот „Зара“ appeared first on Република.

]]>
Се појави шуга во „Зара“ https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/se-pojavi-shuga-vo-zara/ Tue, 14 Mar 2023 14:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=619513

Откако некои граѓани пријавиле дека добиле шуга откако носеле облека од продавницата Зара во Подгорица, во посочената продавница била испратена санитарна инспекција, потврди за подгоричка „Побједа“, Ана Вујошевиќ, директор на Управата за инспекциски работи на Црна Гора.

Муштериите се сомневаат дека добиле шуга од носење облека од продавницата на Зара, по што им се појавил осип на стомакот или грбот.

Кои се симптомите на шуга

Шуга е заразна болест на кожата. Се пренесува со директен контакт со кожата на пациентот, но и на други начини.Може да се пренесе и со споделување постелнина, лични предмети, долна облека и гардероба со заразено лице.

The post Се појави шуга во „Зара“ appeared first on Република.

]]>

Откако некои граѓани пријавиле дека добиле шуга откако носеле облека од продавницата Зара во Подгорица, во посочената продавница била испратена санитарна инспекција, потврди за подгоричка „Побједа“, Ана Вујошевиќ, директор на Управата за инспекциски работи на Црна Гора. Муштериите се сомневаат дека добиле шуга од носење облека од продавницата на Зара, по што им се појавил осип на стомакот или грбот. Кои се симптомите на шуга Шуга е заразна болест на кожата. Се пренесува со директен контакт со кожата на пациентот, но и на други начини.Може да се пренесе и со споделување постелнина, лични предмети, долна облека и гардероба со заразено лице.

The post Се појави шуга во „Зара“ appeared first on Република.

]]>
Сопственикот на Зара ги зголемува платите во шпанските продавници во просек за 20 отсто https://republika.mk/vesti/svet/sopstvenikot-na-zara-gi-zgolemuva-platite-vo-shpanskite-prodavnitsi-vo-prosek-za-20-otsto/ Sun, 12 Feb 2023 10:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=607937

Компанијата „Индитекс“ (Inditex), која меѓу другото е сопственик на синџирот продавници за облека Зара, постигна договор за зголемување на платите во своите шпански продавници во просек за 20 отсто, објавија двата најголеми шпански синдикати.

Зголемувањето на платите достигнува и до 40 отсто во областите на Шпанија каде што платите беа најниски, се вели во соопштението на синдикатот УГТ.

Зголемувањето значи дека минималната месечна плата во Индитекс во Шпанија ќе биде 1.500 евра за продавачите и минимум 2.041 евро за работниците во продавниците со повисоки одговорности, се вели во посебната изјава на синдикатот ЦЦОО.

Синдикатите соопштија и дека Индитекс се согласил да го прилагоди растот на платите на инфлацијата во следните три години, со чиј силен раст се соочува и Шпанија.

Од Индитекс не одговориле веднаш на барањето на агенцијата Ројтерс за коментар.

Откако работниците во продавниците во градот Ла Коруња, каде што е седиштето на Индитекс, добија зголемување на платите за 25 отсто во декември, синдикатите ЦЦОО и УГТ, кои претставуваат повеќе од половина од работната сила во продавниците на Зара во Шпанија, преговараа со водството на Индитекс за зголемување на платите и бенефициите за трговците кои работат за компанијата низ цела Шпанија.

Во ноември Индитекс се договори со УГТ и ЦЦОО да исплати еднократен бонус од 1.000 евра во февруари на сите продавачи со полно работно време вработени ширум Шпанија, а сега се согласи да го плати истиот бонус следната година.

Индитекс вработува околу 165.000 работници во 177 земји во светот, од кои околу една третина во Шпанија. Околу 86 отсто од работниците работат во 6.477 продавници, а повеќето од нив се жени. Меѓу другите брендови Индитекс ги поседува и Масимо Дути, Пул-и-Беар и Бершка.

 

The post Сопственикот на Зара ги зголемува платите во шпанските продавници во просек за 20 отсто appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Индитекс“ (Inditex), која меѓу другото е сопственик на синџирот продавници за облека Зара, постигна договор за зголемување на платите во своите шпански продавници во просек за 20 отсто, објавија двата најголеми шпански синдикати. Зголемувањето на платите достигнува и до 40 отсто во областите на Шпанија каде што платите беа најниски, се вели во соопштението на синдикатот УГТ.
Зголемувањето значи дека минималната месечна плата во Индитекс во Шпанија ќе биде 1.500 евра за продавачите и минимум 2.041 евро за работниците во продавниците со повисоки одговорности, се вели во посебната изјава на синдикатот ЦЦОО.
Синдикатите соопштија и дека Индитекс се согласил да го прилагоди растот на платите на инфлацијата во следните три години, со чиј силен раст се соочува и Шпанија. Од Индитекс не одговориле веднаш на барањето на агенцијата Ројтерс за коментар. Откако работниците во продавниците во градот Ла Коруња, каде што е седиштето на Индитекс, добија зголемување на платите за 25 отсто во декември, синдикатите ЦЦОО и УГТ, кои претставуваат повеќе од половина од работната сила во продавниците на Зара во Шпанија, преговараа со водството на Индитекс за зголемување на платите и бенефициите за трговците кои работат за компанијата низ цела Шпанија. Во ноември Индитекс се договори со УГТ и ЦЦОО да исплати еднократен бонус од 1.000 евра во февруари на сите продавачи со полно работно време вработени ширум Шпанија, а сега се согласи да го плати истиот бонус следната година. Индитекс вработува околу 165.000 работници во 177 земји во светот, од кои околу една третина во Шпанија. Околу 86 отсто од работниците работат во 6.477 продавници, а повеќето од нив се жени. Меѓу другите брендови Индитекс ги поседува и Масимо Дути, Пул-и-Беар и Бершка.  

The post Сопственикот на Зара ги зголемува платите во шпанските продавници во просек за 20 отсто appeared first on Република.

]]>
Пејпал, Зара и Самсунг заминуваат од Русија https://republika.mk/vesti/svet/pejpal-zara-i-samsung-zaminuvaat-od-rusija/ Sat, 05 Mar 2022 16:38:38 +0000 https://republika.mk/?p=468249

Се чини дека услугите и производите ќе станат поретки во Русија, откако денеска уште повеќе компании објавија дека ги прекинуваат врските во знак на протест против тековната инвазија на Кремљ врз Украина, јави германската агенција ДПА.

Самсунг Електроникс соопшти дека ја прекинал испораката во Русија поради нападот на Москва врз Украина. Испораките се суспендирани „поради тековните геополитички случувања“, се наведува во соопштението на Самсунг. „Продолжуваме активно да ја следиме оваа сложена ситуација за да ги одредиме нашите следни чекори“, велат од компанијата.

Исто така, фирмата ќе донира шест милиони американски долари за хуманитарните напори во регионот, се вели во соопштението.

Самсунг е најпопуларниот бренд за мобилни телефони во Русија, со пазарен удел од 30 отсто во четвртиот квартал од 2021 година, објави добавувачот на податоци Counterpoint. Кинескиот Xiaomi има 23 отсто удел на пазарот, а по него е Apple со 13 отсто, соопшти Counterpoint.

На финансиската страна, услугата за онлајн плаќања Пејпел (PayPal) соопшти дека ќе ги откаже своите услуги во Русија. Иако PayPal ја заврши својата домашна услуга за плаќање во 2020 година, до денеска им дозволуваше на Русите да вршат меѓународни плаќања преку нејзината платформа.

„PayPal го поддржува украинскиот народ и стои со меѓународната заедница во осудата на насилната воена агресија на Русија врз Украина“, се вели во соопштението на извршниот директор Ден Шулман.

Руските корисници на услугата сè уште ќе имаат краток период кога ќе можат да пристапат до средствата што се наоѓаат на нивните сметки

Индитекс, матичната компанија на шпанскиот бренд за брза мода Зара, исто така, ќе ја напушти земјата, што ќе значи привремено затворање на 502 продавници во Русија. Компанијата ги поседува и брендовите Massimo Dutti, Pull&Bear, Zara Home и Bershka, кои исто така ќе бидат засегнати.

„Со оглед на сегашните состојби, континуитетот на работењето и деловните услови не може да се гарантираат во Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Ќе се прекине и онлајн продажбата. По Шпанија, Русија е најголемиот пазар на компанијата. Според сопствените изјави, околу 8,5 отсто од приходите доаѓаат од Русија.

Индитекст информира дека нивна главна грижа ќе бидат 9.000 вработени во Русија и наведе дека работи на план за нивно обезбедување.

Брендовите се приклучуваат на низата големи меѓународни фирми, вклучувајќи ги Епл, Интел и Мајкрософт, кои одлучија да ја запрат продажбата или да го паузираат бизнисот и услугите во Русија поради нејзината инвазија на Украина. ссм/

2022-03-05 17:32:22, од Сања Костовска

The post Пејпал, Зара и Самсунг заминуваат од Русија appeared first on Република.

]]>

Се чини дека услугите и производите ќе станат поретки во Русија, откако денеска уште повеќе компании објавија дека ги прекинуваат врските во знак на протест против тековната инвазија на Кремљ врз Украина, јави германската агенција ДПА. Самсунг Електроникс соопшти дека ја прекинал испораката во Русија поради нападот на Москва врз Украина. Испораките се суспендирани „поради тековните геополитички случувања“, се наведува во соопштението на Самсунг. „Продолжуваме активно да ја следиме оваа сложена ситуација за да ги одредиме нашите следни чекори“, велат од компанијата. Исто така, фирмата ќе донира шест милиони американски долари за хуманитарните напори во регионот, се вели во соопштението. Самсунг е најпопуларниот бренд за мобилни телефони во Русија, со пазарен удел од 30 отсто во четвртиот квартал од 2021 година, објави добавувачот на податоци Counterpoint. Кинескиот Xiaomi има 23 отсто удел на пазарот, а по него е Apple со 13 отсто, соопшти Counterpoint. На финансиската страна, услугата за онлајн плаќања Пејпел (PayPal) соопшти дека ќе ги откаже своите услуги во Русија. Иако PayPal ја заврши својата домашна услуга за плаќање во 2020 година, до денеска им дозволуваше на Русите да вршат меѓународни плаќања преку нејзината платформа. „PayPal го поддржува украинскиот народ и стои со меѓународната заедница во осудата на насилната воена агресија на Русија врз Украина“, се вели во соопштението на извршниот директор Ден Шулман. Руските корисници на услугата сè уште ќе имаат краток период кога ќе можат да пристапат до средствата што се наоѓаат на нивните сметки Индитекс, матичната компанија на шпанскиот бренд за брза мода Зара, исто така, ќе ја напушти земјата, што ќе значи привремено затворање на 502 продавници во Русија. Компанијата ги поседува и брендовите Massimo Dutti, Pull&Bear, Zara Home и Bershka, кои исто така ќе бидат засегнати. „Со оглед на сегашните состојби, континуитетот на работењето и деловните услови не може да се гарантираат во Руската Федерација“, се вели во соопштението. Ќе се прекине и онлајн продажбата. По Шпанија, Русија е најголемиот пазар на компанијата. Според сопствените изјави, околу 8,5 отсто од приходите доаѓаат од Русија. Индитекст информира дека нивна главна грижа ќе бидат 9.000 вработени во Русија и наведе дека работи на план за нивно обезбедување. Брендовите се приклучуваат на низата големи меѓународни фирми, вклучувајќи ги Епл, Интел и Мајкрософт, кои одлучија да ја запрат продажбата или да го паузираат бизнисот и услугите во Русија поради нејзината инвазија на Украина. ссм/ 2022-03-05 17:32:22, од Сања Костовска

The post Пејпал, Зара и Самсунг заминуваат од Русија appeared first on Република.

]]>