запроси Archives - Република https://republika.mk/tema/zaprosi/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jul 2023 14:23:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png запроси Archives - Република https://republika.mk/tema/zaprosi/ 32 32 Затвор и веридба: Обвинет од „Софтвери“ клекна и ја праша обвинетата дали ќе се омажи за него https://republika.mk/vesti/makedonija/zatvor-i-veridba-obvinet-od-softveri-klekna-i-ja-prasha-obvinetata-dali-ke-se-omazhi-za-nego/ Thu, 06 Jul 2023 14:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=658705

Четвртообвинетиот Даниел Станчев, четвртообвинетиот во случајот „Софтвери“ кој денес доби казна затвор од 4 години, ја запроси обвинетата Ирена Ивановска после изрекувањето на пресудите во случајот откако обвинителката побара притвор за него затоа што имало опасност да избега оти бил неженет. Обвинетиот се сврти кон обвинетата Ирена Ивановска која денес доби 3 и пол години затвор, кажа дека е вљубен во неа и ја побара за жена.

„Во однос на мојата семејна состојба која за обвинителката е околност дека како неженет би се дал во бегство, еве со моето срце јавно ја прашувам Ирена Ивановка дали ќе се омажи за мене. Дали ти после осум години ќе се омажиш за мене. Ти си единствената причина поради која останав во оваа земја“, клекна на колена Даниел, а Ирена Ивановска му одговори со „да“.

Судијката им честиташе пред да се повлече од судницата за да решава дали ќе им одреди притвор, а останатите во судница останаа со изненадени лица.

„Прекрасен момент за вас двајца, ви честитам“, рече судијката Фанка Јанчулева Михаиловска од Основниот кривичен суд Скопје.

По ова беше дадена пауза за да се одлучи на барањата за притвор.

The post Затвор и веридба: Обвинет од „Софтвери“ клекна и ја праша обвинетата дали ќе се омажи за него appeared first on Република.

]]>