запленети Archives - Република https://republika.mk/tema/zapleneti/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 07:24:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png запленети Archives - Република https://republika.mk/tema/zapleneti/ 32 32 На скопскиот аеродром запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-skopskiot-aerodrom-zapleneti-mobilni-telefoni-ajfon-vo-vrednost-od-1-8-milioni-denari/ Tue, 27 Aug 2024 07:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=810437

Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со проценета вредност од еден милион денари се запленети на Меѓународниот Аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони биле откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје.

Како што соопштија од Царинската управа, дополнително уште 11 мобилни телефони „Ајфон 15 Про“ во вредност од 799 илјади денари и еден таблет се запленети на патнички промет, откако патник кој патувал од Истанбул не ги пријавил на влез во државата. Истиот е селектиран за ренген контрола при што во дел од куферите помеѓу облеката се откриени мобилните телефони и таблетот.

На Меѓународен Аеродром Скопје на стоково царинење, декларирани за увоз, привремено се задржани 883 блутут слушалки и 1.048 задни капаци за мобилни телефони со лого на „Ејпл“ за коишто во моментов е отпочната постапка за повреда на право на интелектуална сопственост.

Исто како и во првиот случај, станува збор за пратка од Дубаи, за којашто е поднесена декларација за увозно царинење за обични блутут слушалки и задни капаци за мобилни телефони. Проценетата малопродажна цена за овие производи доколку се продаваат како оригинали е 220 илјади евра.

На Царинска испостава Гевгелија при контрола на стока за увозно царинење се откриени 1.920 полначи за мобилни телефони „Самсунг“ кои не биле опфатени со увозната декларација. Стоката е со потекло од Кина и била наменета за фирма од Скопје. Вкупната проценета вредност на непријавената стока е 374 илјади денари. Полначите се запленети, против увозникот е поведена прекршочна постапка, а се води и постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост, наведуваат од Царинската управа.

The post На скопскиот аеродром запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Вкупно 21 мобилен телефон „Ајфон 15 Про“ со проценета вредност од еден милион денари се запленети на Меѓународниот Аеродром Скопје по детална контрола на стока декларирана за увозно царинење. Непријавените мобилни телефони биле откриени при детална физичка контрола на пратка од Дубаи која била наменета за фирма од Скопје. Како што соопштија од Царинската управа, дополнително уште 11 мобилни телефони „Ајфон 15 Про“ во вредност од 799 илјади денари и еден таблет се запленети на патнички промет, откако патник кој патувал од Истанбул не ги пријавил на влез во државата. Истиот е селектиран за ренген контрола при што во дел од куферите помеѓу облеката се откриени мобилните телефони и таблетот. На Меѓународен Аеродром Скопје на стоково царинење, декларирани за увоз, привремено се задржани 883 блутут слушалки и 1.048 задни капаци за мобилни телефони со лого на „Ејпл“ за коишто во моментов е отпочната постапка за повреда на право на интелектуална сопственост. Исто како и во првиот случај, станува збор за пратка од Дубаи, за којашто е поднесена декларација за увозно царинење за обични блутут слушалки и задни капаци за мобилни телефони. Проценетата малопродажна цена за овие производи доколку се продаваат како оригинали е 220 илјади евра.
На Царинска испостава Гевгелија при контрола на стока за увозно царинење се откриени 1.920 полначи за мобилни телефони „Самсунг“ кои не биле опфатени со увозната декларација. Стоката е со потекло од Кина и била наменета за фирма од Скопје. Вкупната проценета вредност на непријавената стока е 374 илјади денари. Полначите се запленети, против увозникот е поведена прекршочна постапка, а се води и постапка за повреда на правото на интелектуална сопственост, наведуваат од Царинската управа.

The post На скопскиот аеродром запленети мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 1,8 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Во Бугарија запленети 436 килограми хероин https://republika.mk/vesti/balkan/vo-bugarija-zapleneti-436-kilogrami-heroin/ Tue, 13 Aug 2024 07:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=806019

Бугарските царина соопшти дека открила и запленила речиси половина тон херои во пристаништето Бургас.

Во товарна приколка со казахстански регистарски таблици пронајдени се 436 килограми хероин спакуван во 434 пакети. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 35 милиони евра.

Приколката била сомнителна поради невообичаено долгиот престој во пристаништето во Бургас, а на 9 август при рендгенски преглед била откриена дрогата.

 

The post Во Бугарија запленети 436 килограми хероин appeared first on Република.

]]>

Бугарските царина соопшти дека открила и запленила речиси половина тон херои во пристаништето Бургас. Во товарна приколка со казахстански регистарски таблици пронајдени се 436 килограми хероин спакуван во 434 пакети. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 35 милиони евра. Приколката била сомнителна поради невообичаено долгиот престој во пристаништето во Бургас, а на 9 август при рендгенски преглед била откриена дрогата.  

The post Во Бугарија запленети 436 килограми хероин appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија запленети 7,2 тони кокаин https://republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-zapleneti-7-2-toni-kokain/ Wed, 06 Dec 2023 13:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=720328

Шпанската полиција, заедно со царинските органи, успеаја да зададат голем удар против меѓународниот шверц на дрога, пренесува ДПА.

Полицајците откриле огромно количество од 7,2 тони кокаин во контејнер со замрзната риба од Јужна Америка, објавија радио станицата Кадена Сер и весниците Фаро де Виго и Воз де Галиција, повикувајќи се на истражни извори.

Приведени се четири лица. Станува збор за најголемото количество кокаин во подолг период кое било пресретнато во регионот на Галиција во северозападна Шпанија, наведува „Кадена Сер“.

Првично беше нејасно од која јужноамериканска земја потекнува контејнерот, пишуваат медиумите.

Уличната вредност одговара на околу 500 милиони евра (539,5 милиони долари) по цени од 60 до 80 евра за грам кокаин.

The post Во Шпанија запленети 7,2 тони кокаин appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција, заедно со царинските органи, успеаја да зададат голем удар против меѓународниот шверц на дрога, пренесува ДПА. Полицајците откриле огромно количество од 7,2 тони кокаин во контејнер со замрзната риба од Јужна Америка, објавија радио станицата Кадена Сер и весниците Фаро де Виго и Воз де Галиција, повикувајќи се на истражни извори. Приведени се четири лица. Станува збор за најголемото количество кокаин во подолг период кое било пресретнато во регионот на Галиција во северозападна Шпанија, наведува „Кадена Сер“. Првично беше нејасно од која јужноамериканска земја потекнува контејнерот, пишуваат медиумите. Уличната вредност одговара на околу 500 милиони евра (539,5 милиони долари) по цени од 60 до 80 евра за грам кокаин.

The post Во Шпанија запленети 7,2 тони кокаин appeared first on Република.

]]>
Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-okolu-35-metri-kubni-bespravno-isecheni-drva/ Tue, 03 Oct 2023 15:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=687550

МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР и СВР Скопје во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва.

Дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва appeared first on Република.

]]>

МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, ОСПО-ЕБР и СВР Скопје во близина на местото Рамно, Скопска Црна Гора, запленија три камиони натоварени со околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва. Дрвата ќе бидат предадени на ЈП „Национални шуми“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Запленети околу 35 метри кубни бесправно исечени дрва appeared first on Република.

]]>
Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра https://republika.mk/vesti/balkan/vo-drach-zapleneti-neprijaveni-nad-250-iljadi-evra/ Sat, 23 Sep 2023 14:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=684418

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони.

- Тоа во рамки на последователните операции за уништување на криминални групи кои се обидуваат да перат пари, како и за запленување на имот и парични вредности кои произлегуваат од криминални активности. Уапсен е 58-годишен жител на Драч, кој пристигнал од Италија и се обидел да ги внесе во Албанија, без да ги пријави парите и лековите што ги сокрил во своето возило, соопшти полицијата.

Според истиот извор, појавата албански граѓани, но и странски државјани, кои се обидуваат, пред сѐ да внесат поголеми износи пари во земјата, но и да изнесат, а да не ги пријавуваат, е едно од кривичните дела кое бележи раст последните години.

Со денешната заплена, според полициската статистика, само годинава на граничните премини, запленети се над два милиони евра.

Од контролите е докажано дека премини каде што имало обиди да поминат најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч, каде се запленети евра, долари, британски фунти и швајцарски франци.

Само во март, на граничните премини биле блокирани околу 520 илјади евра, што е најголема вредност во однос на другите месеци.

 

The post Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. - Тоа во рамки на последователните операции за уништување на криминални групи кои се обидуваат да перат пари, како и за запленување на имот и парични вредности кои произлегуваат од криминални активности. Уапсен е 58-годишен жител на Драч, кој пристигнал од Италија и се обидел да ги внесе во Албанија, без да ги пријави парите и лековите што ги сокрил во своето возило, соопшти полицијата. Според истиот извор, појавата албански граѓани, но и странски државјани, кои се обидуваат, пред сѐ да внесат поголеми износи пари во земјата, но и да изнесат, а да не ги пријавуваат, е едно од кривичните дела кое бележи раст последните години. Со денешната заплена, според полициската статистика, само годинава на граничните премини, запленети се над два милиони евра. Од контролите е докажано дека премини каде што имало обиди да поминат најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч, каде се запленети евра, долари, британски фунти и швајцарски франци. Само во март, на граничните премини биле блокирани околу 520 илјади евра, што е најголема вредност во однос на другите месеци.  

The post Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Запленети стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-stari-moneti-so-vrednost-od-okolu-2-350-000-denari/ Tue, 25 Jul 2023 08:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=664972

На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник - македонски државјанин кој патувал за САД, соопштија од Царинската управа.

Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари.

Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

The post Запленети стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари appeared first on Република.

]]>

На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник - македонски државјанин кој патувал за САД, соопштија од Царинската управа.

Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари.

Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

The post Запленети стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари appeared first on Република.

]]>