запалено тело Archives - Република https://republika.mk/tema/zapaleno-telo/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 08:27:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png запалено тело Archives - Република https://republika.mk/tema/zapaleno-telo/ 32 32 Немал пари за погреб, па го запалил телото на татко му, шокантен случај во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/nemal-pari-za-pogreb-pa-go-zapalil-teloto-na-tatko-mu-shokanten-sluchaj-vo-grtsija/ Sun, 02 Jun 2024 10:13:04 +0000 https://republika.mk/?p=784049

Во областа Лиосија во Грција, во дворот на семејна куќа полицијата пронашла јагленисано тело на постар маж. Иако прво биле речиси сигурни дека се работи за убиство, по разговорот со синот на починатиот старец почнале да водат паралелна истрага. Сега се истражува дали човекот навистина бил убиен, а потоа запален или, како што тврди неговиот син, починал од природна смрт уште во февруари, а потоа бил запален.

-Не можев повеќе да го издржам непријатниот мирис и морав да го запалам татко ми – изјавил 57-годишниот маж во полиција.

Според медиумите во Грција, се шпекулира дека старецот починал во февруари, но неговиот син наводно немал пари за погреб, па телото на починатиот останало во куќата. Дури кога од дворот почнала да доаѓа неподнослива смрдеа, соседите се посомневале дека нешто не е во ред и ја известиле полицијата.

Во разговор со новинарите соседите откриле дека односите меѓу сега починатиот татко и син биле веќе нарушени подолго време. Наводно, често се расправале, а таткото за синот би рекол дека му е здодевен и го оптоварува. Соседите изјавиле и дека синот на несреќниот старец е многу образован, но има психички проблеми. Исто така, старецот еднаш се пожалил на еден од соседите дека неговиот син наводно физички го малтретирал.

Додека се чекаат резултатите од обдукцијата, синот на несреќниот старец тврди дека нема никаква врска со неговата смрт.

– Не го распарчив. Додека го носев надвор од куќата на душек, некои делови од телото паднаа – синот на починатиот се обиде да им објасни на шокираните полицајци зошто во корпата за отпадоци пред куќата има череп и стапала за кои постои сомневање дека се на починатиот.

Полицијата утрово во присуство на обвинител на лице место извела 57-годишен маж за да опише под кои околности и зошто го запалил душекот на кој се наоѓале посмртните останки на неговиот татко.

https://www.youtube.com/watch?v=vxX-L5v8e24&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Немал пари за погреб, па го запалил телото на татко му, шокантен случај во Грција appeared first on Република.

]]>

Во областа Лиосија во Грција, во дворот на семејна куќа полицијата пронашла јагленисано тело на постар маж. Иако прво биле речиси сигурни дека се работи за убиство, по разговорот со синот на починатиот старец почнале да водат паралелна истрага. Сега се истражува дали човекот навистина бил убиен, а потоа запален или, како што тврди неговиот син, починал од природна смрт уште во февруари, а потоа бил запален. -Не можев повеќе да го издржам непријатниот мирис и морав да го запалам татко ми – изјавил 57-годишниот маж во полиција. Според медиумите во Грција, се шпекулира дека старецот починал во февруари, но неговиот син наводно немал пари за погреб, па телото на починатиот останало во куќата. Дури кога од дворот почнала да доаѓа неподнослива смрдеа, соседите се посомневале дека нешто не е во ред и ја известиле полицијата. Во разговор со новинарите соседите откриле дека односите меѓу сега починатиот татко и син биле веќе нарушени подолго време. Наводно, често се расправале, а таткото за синот би рекол дека му е здодевен и го оптоварува. Соседите изјавиле и дека синот на несреќниот старец е многу образован, но има психички проблеми. Исто така, старецот еднаш се пожалил на еден од соседите дека неговиот син наводно физички го малтретирал. Додека се чекаат резултатите од обдукцијата, синот на несреќниот старец тврди дека нема никаква врска со неговата смрт. – Не го распарчив. Додека го носев надвор од куќата на душек, некои делови од телото паднаа – синот на починатиот се обиде да им објасни на шокираните полицајци зошто во корпата за отпадоци пред куќата има череп и стапала за кои постои сомневање дека се на починатиот. Полицијата утрово во присуство на обвинител на лице место извела 57-годишен маж за да опише под кои околности и зошто го запалил душекот на кој се наоѓале посмртните останки на неговиот татко. https://www.youtube.com/watch?v=vxX-L5v8e24&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Немал пари за погреб, па го запалил телото на татко му, шокантен случај во Грција appeared first on Република.

]]>