западно оружје Archives - Република https://republika.mk/tema/zapadno-oruzje/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 17:58:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png западно оружје Archives - Република https://republika.mk/tema/zapadno-oruzje/ 32 32 Украински бегалец во Полска им овозможил на руските сили да го следат и уништуваат западното оружје испратено во Украина https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-begalets-vo-polska-im-ovozmozhil-na-ruskite-sili-da-go-sledat-i-unishtuvaat-zapadnoto-oruzhje-isprateno-vo-ukraina/ Thu, 16 May 2024 17:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=778499

Руските сили успеваат да ги погодат тајните складишта за муниција во Украина поради дојави од украински бегалец во Полска, пишува „Волстрит џурнал“.

Написот ја раскажува приказната за Максим Лега, кој имал 22 години кога почнал да ги извршува руските задачи во Полска.

Тој, немајќи средства за егзистенција, прво сликал графити на далечни огради и подземни премини за седум долари по парче. Потоа, Лега инсталирал камери долж  железничките линии по кои се транспортира западната воена помош во Украина.

Руските воени аналитичари ги комбинирале снимките од овие камери со снимките од сателитски надзор, што им овозможило да ги следат пратките со муниција од Полска до тајните складишта во Украина, кои на крајот биле погодени и уништени со дронови и проектили.

Висок претставник на западното воено разузнавање изјавил дека на овој начин руските сили успеале да уништат клучна воена опрема со минимални инвестиции.

The post Украински бегалец во Полска им овозможил на руските сили да го следат и уништуваат западното оружје испратено во Украина appeared first on Република.

]]>

Руските сили успеваат да ги погодат тајните складишта за муниција во Украина поради дојави од украински бегалец во Полска, пишува „Волстрит џурнал“. Написот ја раскажува приказната за Максим Лега, кој имал 22 години кога почнал да ги извршува руските задачи во Полска. Тој, немајќи средства за егзистенција, прво сликал графити на далечни огради и подземни премини за седум долари по парче. Потоа, Лега инсталирал камери долж  железничките линии по кои се транспортира западната воена помош во Украина. Руските воени аналитичари ги комбинирале снимките од овие камери со снимките од сателитски надзор, што им овозможило да ги следат пратките со муниција од Полска до тајните складишта во Украина, кои на крајот биле погодени и уништени со дронови и проектили. Висок претставник на западното воено разузнавање изјавил дека на овој начин руските сили успеале да уништат клучна воена опрема со минимални инвестиции.

The post Украински бегалец во Полска им овозможил на руските сили да го следат и уништуваат западното оружје испратено во Украина appeared first on Република.

]]>
Американскиот воен аташе во Белград: Ја охрабруваме Србија да ја зголеми набавката на воена опрема од Запад https://republika.mk/vesti/balkan/amerikanskiot-voen-atashe-vo-belgrad-ja-ohrabruvame-srbija-da-ja-zgolemi-nabavkata-na-voena-oprema-od-zapad/ Sat, 08 Oct 2022 09:59:50 +0000 https://republika.mk/?p=558695

Военото аташе на американската амбасада во Србија, Кори Шеј, изјави дека се надева оти воените вежби на Србија со западните партнери ќе продолжат и додаде дека САД ја охрабруваат Србија да ја зголеми набавката на воена опрема од Запад.

Целосно го разбираме мораториумот на вежбите со Руската Федерација во момент на нивната агресија во Украина и се надеваме дека Србија наскоро ќе продолжи со вежбите со западните партнери - изјави Шеј во интервју за Демостат.

Шеј оцени дека особено треба да се зголеми набавката на опрема за воздухопловните и ПВО системи.

Потпирањето на Србија на руската и кинеската опрема, особено на полето на авијацијата и противвоздушната одбрана, ги ограничува нашите можности за соработка, бидејќи имате ситуација кога нашата опрема не се совпаѓа со кинеската и руската опрема - порача Шеј.

Тој додаде дека САД обезбедиле опрема вредна повеќе од 14 милиони долари за работа на Центарот за обука за мировни операции во базата „Југ“, возила од брендот Хамер, опрема за борбена симулација, падобрани, машини за изградба на патишта, опрема за дигитална симулација.

The post Американскиот воен аташе во Белград: Ја охрабруваме Србија да ја зголеми набавката на воена опрема од Запад appeared first on Република.