Западен Балкан Archives - Република https://republika.mk/tema/zapaden-balkan/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 20:04:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Западен Балкан Archives - Република https://republika.mk/tema/zapaden-balkan/ 32 32 Фон дер Лајен почнува балканска турнеја, во четврток ќе биде во Скопје https://republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-pochnuva-balkanska-turneja-vo-chetvrtok-ke-bide-vo-skopje/ Fri, 18 Oct 2024 20:04:35 +0000 https://republika.mk/?p=828637

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави.

В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.

В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.

В петок таа ќе отпатува за Србија, а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.

The post Фон дер Лајен почнува балканска турнеја, во четврток ќе биде во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави. В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа. В четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Македонија, а ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина. В петок таа ќе отпатува за Србија, а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.

The post Фон дер Лајен почнува балканска турнеја, во четврток ќе биде во Скопје appeared first on Република.

]]>
Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/balkan/rute-nato-ke-prodolzhi-so-poddrshkata-za-zapadniot-balkan/ Thu, 17 Oct 2024 09:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=827945

Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел.

– Без сомнеж тоа ќе биде на нашата агенда и бидете сигурни дека ќе сториме се и ја изразуваме нашата поддршка за Западниот Балкан, рече Руте.

Тој додаде дека го поздравува и одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес, како дел од напорите, пред се на Германија, за приближување на Западниот Балкан кон ЕУ, но и кон НАТО.

Руте додаде и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно и тоа е пораката до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија

– Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.

Генералниот секретар на Алијансата додаде дека на денешната работна вечера, на која ќе се разговара за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги запознае министрите за најновите случувања во земјата, но и тој ќе биде информиран за „неверојатниот напредок на НАТО“ во обезбедувањето поддршка за Украина.

– Како што знаете во првата половина од годинава 20,9 милијарди евра веќе „се во џебот“ (на Укрина) и имаме доволно простор да ги испорачаме сите предвидени 40 милијарди до крајот на годината, додаде Руте, поздравувајќи ги при тоа последните најави на неколку земји, меѓу кои и на САД и Австралија, за испраќање конкретна помош за Украина.

Во врска со членството на Украина во НАТО, Руте нагласи дека на јулскиот Самит на Алијансата во Вашингтон беше потврдено дека тоа е неповратен процес.

– Тоа значи дека во иднината, НАТО ќе има најмалку 32, дури можеби и 34 земји и меѓу нив ќе биде и Украина, истакна Руте, додавајќи дека иако засега не може да каже конкретен термин за зачленувањето, тоа што во моментов се работи на поддршка за обнова на Украина и за обезбедување на нејзината интероперабилност со Алијансата, претставува мост кон членство на земјата во Пактот.

Запрашан што е Русија за НАТО, кога е очигледно дека земјата повеќе не е партнер на Алијансата, Руте одговори дека и на следната средба на министрите за надворешни работи на Пактот што ќе се одржи годинава и на Самитот следната година, ќе се разговара за идите односи на сојузниците со Москва на долг рок, па затоа не сака да ја прејудицира таа дебата.

Во врска со Белорусија, Руте нагласи дека сите докази укажуваат оти Минск ги поддржува руските воени напори со инфраструктура и територија и тоа го прави на штета на сопственото население.

– Таа му помага и го поддржува Путин во војната во Украина и тоа мора да запре. Тоа секако зависи од белоруската политика и народ, но во овој момент земјата страда поради тоа што нејзиниот претседател и ја дава таа поддршка, додаде Руте.

Тој потсети и дека како дел од напорите на НАТО за интензивирање на глобалните партнерства, на состанокот ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, како и претставници на Европската Унија. Со нив ќе се разговара за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите.

На министерскиот состанок на НАТО учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

The post Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел.
– Без сомнеж тоа ќе биде на нашата агенда и бидете сигурни дека ќе сториме се и ја изразуваме нашата поддршка за Западниот Балкан, рече Руте.
Тој додаде дека го поздравува и одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес, како дел од напорите, пред се на Германија, за приближување на Западниот Балкан кон ЕУ, но и кон НАТО. Руте додаде и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно и тоа е пораката до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија
– Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.
Генералниот секретар на Алијансата додаде дека на денешната работна вечера, на која ќе се разговара за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги запознае министрите за најновите случувања во земјата, но и тој ќе биде информиран за „неверојатниот напредок на НАТО“ во обезбедувањето поддршка за Украина.
– Како што знаете во првата половина од годинава 20,9 милијарди евра веќе „се во џебот“ (на Укрина) и имаме доволно простор да ги испорачаме сите предвидени 40 милијарди до крајот на годината, додаде Руте, поздравувајќи ги при тоа последните најави на неколку земји, меѓу кои и на САД и Австралија, за испраќање конкретна помош за Украина.
Во врска со членството на Украина во НАТО, Руте нагласи дека на јулскиот Самит на Алијансата во Вашингтон беше потврдено дека тоа е неповратен процес.
– Тоа значи дека во иднината, НАТО ќе има најмалку 32, дури можеби и 34 земји и меѓу нив ќе биде и Украина, истакна Руте, додавајќи дека иако засега не може да каже конкретен термин за зачленувањето, тоа што во моментов се работи на поддршка за обнова на Украина и за обезбедување на нејзината интероперабилност со Алијансата, претставува мост кон членство на земјата во Пактот.
Запрашан што е Русија за НАТО, кога е очигледно дека земјата повеќе не е партнер на Алијансата, Руте одговори дека и на следната средба на министрите за надворешни работи на Пактот што ќе се одржи годинава и на Самитот следната година, ќе се разговара за идите односи на сојузниците со Москва на долг рок, па затоа не сака да ја прејудицира таа дебата. Во врска со Белорусија, Руте нагласи дека сите докази укажуваат оти Минск ги поддржува руските воени напори со инфраструктура и територија и тоа го прави на штета на сопственото население.
– Таа му помага и го поддржува Путин во војната во Украина и тоа мора да запре. Тоа секако зависи од белоруската политика и народ, но во овој момент земјата страда поради тоа што нејзиниот претседател и ја дава таа поддршка, додаде Руте.
Тој потсети и дека како дел од напорите на НАТО за интензивирање на глобалните партнерства, на состанокот ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, како и претставници на Европската Унија. Со нив ќе се разговара за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. На министерскиот состанок на НАТО учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

The post Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Вархеји: Работиме на забрзување на пристапот на земјите од Западен Балкан во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/varheji-rabotime-na-zabrzuvane-na-pristapot-na-zemjite-od-zapaden-balkan-vo-eu/ Mon, 14 Oct 2024 13:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=826670

Комесарот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, на Самитот на Берлинскиот процес изјави дека приемот на земјите од Западен Балкан е геополитички приоритет за ЕУ.
Работиме со сите наши инструменти за да го забрзаме процесот за да го постигнеме во блиска иднина, напиша Вархелина на социјалната мрежа Х, по повод средбата на лидерите на Западен Балкан на Самитот на Берлински процес.

Вархеји го истакна и фактот дека ЕУ на неколку различни начини им помага на земјите од Западен Балкан.

„Преку ЕИП од 30 милијарди евра и РГФ од шест милијарди евра, поврзуваме патишта, железници, дигитални мрежи, ги диверзифицираме енергетските ресурси и ги поддржуваме малите и средни претпријатија. Голем успех: Очекуваната мобилизација на средства веќе достигна 60 проценти = 17,2 милијарди евра. Ова ја докажува релевантноста на нашата програма и способноста да ја апсорбираме во земјите од Западен Балкан“, нагласи Вархеји.

The post Вархеји: Работиме на забрзување на пристапот на земјите од Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Комесарот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, на Самитот на Берлинскиот процес изјави дека приемот на земјите од Западен Балкан е геополитички приоритет за ЕУ. Работиме со сите наши инструменти за да го забрзаме процесот за да го постигнеме во блиска иднина, напиша Вархелина на социјалната мрежа Х, по повод средбата на лидерите на Западен Балкан на Самитот на Берлински процес. Вархеји го истакна и фактот дека ЕУ на неколку различни начини им помага на земјите од Западен Балкан.
„Преку ЕИП од 30 милијарди евра и РГФ од шест милијарди евра, поврзуваме патишта, железници, дигитални мрежи, ги диверзифицираме енергетските ресурси и ги поддржуваме малите и средни претпријатија. Голем успех: Очекуваната мобилизација на средства веќе достигна 60 проценти = 17,2 милијарди евра. Ова ја докажува релевантноста на нашата програма и способноста да ја апсорбираме во земјите од Западен Балкан“, нагласи Вархеји.

The post Вархеји: Работиме на забрзување на пристапот на земјите од Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Западен Балкан со 10,3 отсто има највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години https://republika.mk/zivot/zdravje/zapaden-balkan-so-10-3-otsto-ima-najvisoka-stapka-na-prekumerna-tezhina-kaj-detsata-do-pet-godini/ Fri, 04 Oct 2024 18:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=822849

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји.

Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години, додека стапката на дебелина кај возрасните исто така се зголемува.

Вредностите на анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години ја надминуваат глобалната проценка од 29,9 отсто во Киргистан со 35,8 отсто, Таџикистан 35,2 отсто и Азербејџан 35,1 отсто.

За да се справат со овие предизвици, сите актери во Европа и Централна Азија треба да се фокусираат на квалитетот на исхраната, осигурувајќи дека сите граѓани имаат пристап до разновидна и урамнотежена исхрана.

Никој не треба да се остави зад себе. Ова мора да биде поддржано со едукативни и кампањи за подигање на јавната свест кои поттикнуваат поздрав и поодржлив избор на храна, се додава во соопштението.

 

The post Западен Балкан со 10,3 отсто има највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години appeared first on Република.

]]>

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години и дебелината кај возрасните се во пораст во голем број земји. Западен Балкан со 10,3 отсто и Кавказскиот регион со 9,1 отсто имаат највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години, додека стапката на дебелина кај возрасните исто така се зголемува. Вредностите на анемијата кај жените на возраст од 15 до 49 години ја надминуваат глобалната проценка од 29,9 отсто во Киргистан со 35,8 отсто, Таџикистан 35,2 отсто и Азербејџан 35,1 отсто. За да се справат со овие предизвици, сите актери во Европа и Централна Азија треба да се фокусираат на квалитетот на исхраната, осигурувајќи дека сите граѓани имаат пристап до разновидна и урамнотежена исхрана. Никој не треба да се остави зад себе. Ова мора да биде поддржано со едукативни и кампањи за подигање на јавната свест кои поттикнуваат поздрав и поодржлив избор на храна, се додава во соопштението.  

The post Западен Балкан со 10,3 отсто има највисока стапка на прекумерна тежина кај децата до пет години appeared first on Република.

]]>
Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-na-misterski-sostanok-platformite-na-eu-za-zapaden-balkan-za-obrazovanie-inovatsii-i-kultura-se-silna-altka-za-megusebna-sorabotka/ Mon, 30 Sep 2024 11:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=821034

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура.

На состанокот, на кој покрај министерот Љутков учествуваа и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и министерот за култура и иновации, Балаш Ханко, од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, беше истакната важноста на Управувачката платформа како ресорска оперативна алатка за спроведување на стратешката рамка од агендата за Западен Балкан на ЕУ, како значајна поддршка за евроинтегративните процеси на земјите во регионот.

Министерот Љутков во своето обраќање ги потенцираше важноста и придобивките од Управувачката платформа за соработка на земјите од Западен Балкан во виталните општествени области: науката, истражувањето и иновациите, образованието и културата.

Како претставници на културниот сектор, веруваме дека овој механизам ќе овозможи поефикасна соработка со Европската комисија на оперативно ниво, во рамките на спроведувањето на заедничката регионална, но и европска агенда“, рече Љутков.

Ова е уште една потврда, додаде тој, за сè поголемото значење на културните и креативните сектори во евроинтегративните процеси во регионот на Западен Балкан, кои несомнено ќе придонесат за развој на националните политики, регионалната соработка и актуелните културни политики на ЕУ.

 

Според Љутков, Платформата ќе овозможи вклучување на сите чинители во културата, придонесувајќи за надградување, синхронизирање и профилирање на приоритетите на земјите од Западен Балкан и јакнење на меѓусебната партнерска соработка.

 

The post Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура. На состанокот, на кој покрај министерот Љутков учествуваа и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и министерот за култура и иновации, Балаш Ханко, од унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, беше истакната важноста на Управувачката платформа како ресорска оперативна алатка за спроведување на стратешката рамка од агендата за Западен Балкан на ЕУ, како значајна поддршка за евроинтегративните процеси на земјите во регионот. Министерот Љутков во своето обраќање ги потенцираше важноста и придобивките од Управувачката платформа за соработка на земјите од Западен Балкан во виталните општествени области: науката, истражувањето и иновациите, образованието и културата.
Како претставници на културниот сектор, веруваме дека овој механизам ќе овозможи поефикасна соработка со Европската комисија на оперативно ниво, во рамките на спроведувањето на заедничката регионална, но и европска агенда“, рече Љутков.
Ова е уште една потврда, додаде тој, за сè поголемото значење на културните и креативните сектори во евроинтегративните процеси во регионот на Западен Балкан, кои несомнено ќе придонесат за развој на националните политики, регионалната соработка и актуелните културни политики на ЕУ.   Според Љутков, Платформата ќе овозможи вклучување на сите чинители во културата, придонесувајќи за надградување, синхронизирање и профилирање на приоритетите на земјите од Западен Балкан и јакнење на меѓусебната партнерска соработка.  

The post Љутков на мистерски состанок: Платформите на ЕУ за Западен Балкан за образование, иновации и култура се силна алтка за меѓусебна соработка appeared first on Република.

]]>
ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-da-mu-dade-nov-impuls-na-protsesot-na-integratsija-na-zemjite-od-zapadniot-balkan/ Wed, 25 Sep 2024 06:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=819408

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.

Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји кандидати во ЕУ, продлабочувајќи ја соработката преку претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница, додаде Бока по завршувањето на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).

Главна тема на состанок на ГАК, на кој учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како основен услов за членство во ЕУ. Оваа година, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, како најнапредни земји кандидати во процесот на пристапување и во однос на нивото на подготвеност за владеење на правото, за првпат беа вклучени во извештајот на Комисијата за владеење на правото, се наведува во соопштението од заседанието на ГАК.

 

Во дебатата, која опфати четири области поврзани со владеењето на правото: правосудниот систем, антикорупциската рамка, медиумскиот плурализам и слобода и други институционални прашања поврзани со контролните механизми, министрите го поздравија добриот севкупен напредок во исполнувањето на препораките на Комисијата и вклучувањето на земјите кандидати во овогодишниот извештај.

Министрите ги поздравија сеопфатните реформи што ги спроведоа или иницираа четирите земји кандидати за зајакнување на владеењето на правото и ги охрабрија да продолжат со своите реформски напори додека се подготвуваат за членство во ЕУ. Дискусијата се фокусираше само на општите трендови за владеење на правото и по дебатата не беа донесени официјални заклучоци. Дискусиите за владеењето на правото во поединечните земји кандидати ќе продолжат да се одржуваат во рамките на процесот на проширување, се наведува во соопштението.

Покрај за состојбите во четирите земји кандидати за членство од Западниот Балкан, министрите за европски прашања на членките на ЕУ, како дел од годишниот дијалог на Советот за владеење на правото, расправаа и за општите состојби поврзани со владеењето на правото во Унијата, врз основа на Извештајот на Комисијата. Учесниците на состанокот на ГАК оценија и дека е важно да се продолжи дијалогот со целосно почитување на принципите на објективност, недискриминација и еднаков третман  на сите земји членки на ЕУ.

Дополнително, актуелното унгарско претседателство со Советот на ЕУ ги претстави приоритетите на своето претседавање, кои вклучуваат подготовка на нов европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, водење конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, спречување на илегалната миграција, обликување на иднината на кохезивната политика, изработка на земјоделска политика на ЕУ насочена кон земјоделците и справување со демографските предизвици.

 

Во делот на надлежностите на ГАК, унгарското претседателство ќе продолжи со активности кон спроведување на Стратешката агенда, зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста, интегритетот и демократска отпорност, креирањето на иднината на Европа, проширувањето на Унијата, борбата против антисемитизмот, зајакнување на односите на ЕУ со Велика Британија и Швајцарија и склучување на договори за асоцијација со Андора и Сан Марино.

На заседанието започнаа и подготовките за Самитот на ЕУ предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија за предлог-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата.

Според првичната предлог агенда, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе ја одржат и прва размена за извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за иднината на европската конкурентност.

Другите теми на Самитот се поврзани со миграцијата, безбедноста и одбраната, подготовките за самитите за климатски промени КОП29 и за биолошка разновидност КOP16, како и за случувањата во Грузија и Молдавија.

The post ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.
Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји кандидати во ЕУ, продлабочувајќи ја соработката преку претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница, додаде Бока по завршувањето на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).
Главна тема на состанок на ГАК, на кој учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како основен услов за членство во ЕУ. Оваа година, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, како најнапредни земји кандидати во процесот на пристапување и во однос на нивото на подготвеност за владеење на правото, за првпат беа вклучени во извештајот на Комисијата за владеење на правото, се наведува во соопштението од заседанието на ГАК.
  Во дебатата, која опфати четири области поврзани со владеењето на правото: правосудниот систем, антикорупциската рамка, медиумскиот плурализам и слобода и други институционални прашања поврзани со контролните механизми, министрите го поздравија добриот севкупен напредок во исполнувањето на препораките на Комисијата и вклучувањето на земјите кандидати во овогодишниот извештај.
Министрите ги поздравија сеопфатните реформи што ги спроведоа или иницираа четирите земји кандидати за зајакнување на владеењето на правото и ги охрабрија да продолжат со своите реформски напори додека се подготвуваат за членство во ЕУ. Дискусијата се фокусираше само на општите трендови за владеење на правото и по дебатата не беа донесени официјални заклучоци. Дискусиите за владеењето на правото во поединечните земји кандидати ќе продолжат да се одржуваат во рамките на процесот на проширување, се наведува во соопштението.
Покрај за состојбите во четирите земји кандидати за членство од Западниот Балкан, министрите за европски прашања на членките на ЕУ, како дел од годишниот дијалог на Советот за владеење на правото, расправаа и за општите состојби поврзани со владеењето на правото во Унијата, врз основа на Извештајот на Комисијата. Учесниците на состанокот на ГАК оценија и дека е важно да се продолжи дијалогот со целосно почитување на принципите на објективност, недискриминација и еднаков третман  на сите земји членки на ЕУ. Дополнително, актуелното унгарско претседателство со Советот на ЕУ ги претстави приоритетите на своето претседавање, кои вклучуваат подготовка на нов европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, водење конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, спречување на илегалната миграција, обликување на иднината на кохезивната политика, изработка на земјоделска политика на ЕУ насочена кон земјоделците и справување со демографските предизвици.   Во делот на надлежностите на ГАК, унгарското претседателство ќе продолжи со активности кон спроведување на Стратешката агенда, зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста, интегритетот и демократска отпорност, креирањето на иднината на Европа, проширувањето на Унијата, борбата против антисемитизмот, зајакнување на односите на ЕУ со Велика Британија и Швајцарија и склучување на договори за асоцијација со Андора и Сан Марино. На заседанието започнаа и подготовките за Самитот на ЕУ предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија за предлог-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата. Според првичната предлог агенда, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе ја одржат и прва размена за извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за иднината на европската конкурентност. Другите теми на Самитот се поврзани со миграцијата, безбедноста и одбраната, подготовките за самитите за климатски промени КОП29 и за биолошка разновидност КOP16, како и за случувањата во Грузија и Молдавија.

The post ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Министрите на ЕУ го поддржаа проширувањето со Западен Балкан https://republika.mk/vesti/svet/ministrite-na-eu-go-poddrzhaa-proshiruvaneto-so-zapaden-balkan/ Tue, 24 Sep 2024 12:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=819294

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ, денеска, на седницата на Советот за општи работи на ЕУ, посветена на приоритетите на унгарското претседателство, го поддржаа процесот на проширување на ЕУ заснован на заслуги, вклучително и за Западен Балкан.

Унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока, на седницата, на која ги презентира приоритетите на унгарското претседателство, меѓу кои и конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, рече дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ.

Треба да го одржиме овој успех за да се осигураме дека тоа е засновано на заслуги, балансирано и веродостојно. Набргу доаѓа пакетот за проширување. Ги разгледавме земјите од Западен Балкан и изгледите за членство во ЕУ во овој поглед. Без ова, европската заедница не може да биде комплетна, рече тој.

The post Министрите на ЕУ го поддржаа проширувањето со Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ, денеска, на седницата на Советот за општи работи на ЕУ, посветена на приоритетите на унгарското претседателство, го поддржаа процесот на проширување на ЕУ заснован на заслуги, вклучително и за Западен Балкан. Унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока, на седницата, на која ги презентира приоритетите на унгарското претседателство, меѓу кои и конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, рече дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ. Треба да го одржиме овој успех за да се осигураме дека тоа е засновано на заслуги, балансирано и веродостојно. Набргу доаѓа пакетот за проширување. Ги разгледавме земјите од Западен Балкан и изгледите за членство во ЕУ во овој поглед. Без ова, европската заедница не може да биде комплетна, рече тој.

The post Министрите на ЕУ го поддржаа проширувањето со Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Преку проектот за суперучилишта наши средношколци ќе се дружат со партнерски училишта од Западен Балкан https://republika.mk/vesti/makedonija/preku-proektot-za-superuchilishta-nashi-srednoshkoltsi-ke-se-druzhat-so-partnerski-uchilishta-od-zapaden-balkan/ Fri, 20 Sep 2024 18:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=818324

Во новиот циклус на „Проектот за размена на суперучилишта за Западен Балкан“, вклучени се петнаесет средни училишта од Македонија заедно со нивните партнерски училишта од регионот.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот каде беа претставени наградените проекти за оваа учебна година, изјави дека создавањето силни врски меѓу средните училишта во регионот ја промовира благородната идеја за заедништво меѓу младите, ги поттикнува да ги рушат предрасудите, заменувајќи ги со доверба и градење партнерство со различните од себе.

Не сум сигурна дека светот што ние возрасните им го нудиме за живот на децата и младите е доволно исполнет со доверба, пријателство, единство и еднаквост. Но, затоа пак, овие 15 проекти јасно покажуваат дека младите знаат да се поврзуваат и покрај различностите, а од предизвиците умеат да создаваат можности за соработка, рече Јаневска.

Шемата за размена на суперучилишта е кофинансирана од Европската Унија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој, а е имплементирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка „Рајко“ (RYCO).

Министерката Јаневска укажа дека оваа програма за училишна размена помага во
градењето толеранција, емпатија, дијалог, соработка, ненасилство и инклузивност кај младите и затоа дружењето на средношколци од различни држави не е само споделување на размислувања, желби и стравувања, туку е и основа за градење помирна и постабилна иднина на овие простори.

Средните училишта со прифатени проекти за соработка со партнерски училишта од регионот се: АСУЦ „Боро Петрушевски” од Скопје, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” од Охрид, СОУ „Јосиф Јосифовски” од Гевгелија, СОУ „Коста Сусинов” од Радовиш, ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески” од Охрид, СМУГС „Др. Панче Караѓозов” од Скопје, СОУ „Методи Митевски – Брицо” од Делчево, Училишен Центар за Едукација и Рехабилитација „Партенија Зографски” од Скопје, „Аmerican High School” од Скопје, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, СОУ „Јане Сандански” од Штип, СГГУГС „Здравко Цветковски” од Скопје, Државно Средно Училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ” од Куманово, Државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец” од Тетово и ОСЕУ „8-ми Септември“ од Тетово.

 

The post Преку проектот за суперучилишта наши средношколци ќе се дружат со партнерски училишта од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Во новиот циклус на „Проектот за размена на суперучилишта за Западен Балкан“, вклучени се петнаесет средни училишта од Македонија заедно со нивните партнерски училишта од регионот. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот каде беа претставени наградените проекти за оваа учебна година, изјави дека создавањето силни врски меѓу средните училишта во регионот ја промовира благородната идеја за заедништво меѓу младите, ги поттикнува да ги рушат предрасудите, заменувајќи ги со доверба и градење партнерство со различните од себе.
Не сум сигурна дека светот што ние возрасните им го нудиме за живот на децата и младите е доволно исполнет со доверба, пријателство, единство и еднаквост. Но, затоа пак, овие 15 проекти јасно покажуваат дека младите знаат да се поврзуваат и покрај различностите, а од предизвиците умеат да создаваат можности за соработка, рече Јаневска.
Шемата за размена на суперучилишта е кофинансирана од Европската Унија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој, а е имплементирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка „Рајко“ (RYCO). Министерката Јаневска укажа дека оваа програма за училишна размена помага во градењето толеранција, емпатија, дијалог, соработка, ненасилство и инклузивност кај младите и затоа дружењето на средношколци од различни држави не е само споделување на размислувања, желби и стравувања, туку е и основа за градење помирна и постабилна иднина на овие простори. Средните училишта со прифатени проекти за соработка со партнерски училишта од регионот се: АСУЦ „Боро Петрушевски” од Скопје, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” од Охрид, СОУ „Јосиф Јосифовски” од Гевгелија, СОУ „Коста Сусинов” од Радовиш, ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески” од Охрид, СМУГС „Др. Панче Караѓозов” од Скопје, СОУ „Методи Митевски – Брицо” од Делчево, Училишен Центар за Едукација и Рехабилитација „Партенија Зографски” од Скопје, „Аmerican High School” од Скопје, СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, СОУ „Јане Сандански” од Штип, СГГУГС „Здравко Цветковски” од Скопје, Државно Средно Училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ” од Куманово, Државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец” од Тетово и ОСЕУ „8-ми Септември“ од Тетово.  

The post Преку проектот за суперучилишта наши средношколци ќе се дружат со партнерски училишта од Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со лидерите од Западен Балкан на средба со Фон дер Лајен во Брисел https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-liderite-od-zapaden-balkan-na-sredba-so-fon-der-lajen-vo-brisel/ Wed, 18 Sep 2024 12:04:51 +0000 https://republika.mk/?p=817455

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе има работен ручек со шесте лидери на државите од Западниот Балкан, на кој ќе се разговара за меѓусебните односи и за имплементацијата на Планот за раст на регионот, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.

Таа истакна дека на работниот ручек се поканети премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, Писонеро информира дека Европската комисија во моментов ја финализира проценката на доставените реформски агенди на земјите од Западниот Балкан поврзани со него, а кои се однесуваат на социо-економските аспекти и на областа на основните права.

- Кога ќе ги завршиме овие проценки, ќе се консултираме со земјите членки на претстојниот ИПА Комитет и во случај на позитивна оценка од страна на ИПА Комитетот, ќе ги одобриме реформските агенди, истакна Писонеро, додавајќи дека по ова ќе следи подготовката за исплата на првите транши од Инструментот за раст и реформи на Западниот Балкан.  

Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа н

Инаку, за време на престојот на премиерот Мицкоски во Брисел, во текот на утрешниот ден предвидени се негови средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман. 

За време на посетата на Брисел, Мицкоски ќе биде придружуван од министрите на надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани. Предвидено е Муцунски да се сретне и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг и да се обрати на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 септември

The post Мицкоски со лидерите од Западен Балкан на средба со Фон дер Лајен во Брисел appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе има работен ручек со шесте лидери на државите од Западниот Балкан, на кој ќе се разговара за меѓусебните односи и за имплементацијата на Планот за раст на регионот, информира денеска портпаролката на ЕК за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. Таа истакна дека на работниот ручек се поканети премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, Писонеро информира дека Европската комисија во моментов ја финализира проценката на доставените реформски агенди на земјите од Западниот Балкан поврзани со него, а кои се однесуваат на социо-економските аспекти и на областа на основните права.
- Кога ќе ги завршиме овие проценки, ќе се консултираме со земјите членки на претстојниот ИПА Комитет и во случај на позитивна оценка од страна на ИПА Комитетот, ќе ги одобриме реформските агенди, истакна Писонеро, додавајќи дека по ова ќе следи подготовката за исплата на првите транши од Инструментот за раст и реформи на Западниот Балкан.  
Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа н Инаку, за време на престојот на премиерот Мицкоски во Брисел, во текот на утрешниот ден предвидени се негови средби и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР), Герт Јан Копман.  За време на посетата на Брисел, Мицкоски ќе биде придружуван од министрите на надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани. Предвидено е Муцунски да се сретне и со генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг и да се обрати на приемот организиран во седиштето на Алијансата во Брисел по повод Денот на независноста – 8 септември

The post Мицкоски со лидерите од Западен Балкан на средба со Фон дер Лајен во Брисел appeared first on Република.

]]>
Муртезани: Време е ЕУ да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-vreme-e-eu-da-ne-sretne-na-polovina-pat-i-da-ja-vrati-verbata-na-graganite/ Fri, 13 Sep 2024 14:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=816095

Време е Европската Унија да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните во евроинтеграциите, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој се одржува од денеска во Подгорица, Црна Гора.

Додека еднаш имаше ентузијазам за европските интеграции, сега има незадоволство за европскиот сон. За Македонија и Западен Балкан Европската Унија не смее да се гледа како илузорна цел. Стратешки интерес на ЕУ е Западиот Балкан да не го изгуби интересот, порача Муртезани.

Тој истакна дека евроинтеграциите се морален императив, посветеност на мир, демократија и иднината на граѓаните.

Овој процес претставува егзистенцијален избор кој го преобликува општеството. Верувам дека интеграцискиот процес е можна алатка за трансформација, дополни министерот за европски прашања Орха Муртезани.

The post Муртезани: Време е ЕУ да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Време е Европската Унија да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните во евроинтеграциите, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој се одржува од денеска во Подгорица, Црна Гора.
Додека еднаш имаше ентузијазам за европските интеграции, сега има незадоволство за европскиот сон. За Македонија и Западен Балкан Европската Унија не смее да се гледа како илузорна цел. Стратешки интерес на ЕУ е Западиот Балкан да не го изгуби интересот, порача Муртезани.
Тој истакна дека евроинтеграциите се морален императив, посветеност на мир, демократија и иднината на граѓаните.
Овој процес претставува егзистенцијален избор кој го преобликува општеството. Верувам дека интеграцискиот процес е можна алатка за трансформација, дополни министерот за европски прашања Орха Муртезани.

The post Муртезани: Време е ЕУ да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Ќе не има се помалку: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители https://republika.mk/vesti/balkan/ke-ne-ima-se-pomalku-do-2050-godina-naselenieto-na-zapaden-balkan-ke-se-namali-za-tri-milioni-zhiteli/ Fri, 23 Aug 2024 08:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=809328

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители.

Според процените на ОН населението во Република Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.

Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти.

Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија.

ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку.

Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.

The post Ќе не има се помалку: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители. Според процените на ОН населението во Република Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто. Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти. Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија. ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку. Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.

The post Ќе не има се помалку: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители appeared first on Република.

]]>
Од мај влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра https://republika.mk/zivot/patuvanja/od-maj-vlezot-vo-eu-ke-se-naplaka-7-evra/ Wed, 21 Aug 2024 19:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=808831

Од мај следната година граѓаните на Западен Балкан, односно Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, како и Молдавија и Украина, ќе треба да платат виза од седум евра за влез во Шенген зоната.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Џонсон потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), според кој британските и другите граѓани ќе треба да аплицираат за укинување на визите пред да влезат во ЕУ, најверојатно ќе стапи на сила од мај следната година.

Тој ќе важи и за граѓаните на други земји на кои не им треба виза за влез во ЕУ, како што се САД, Австралија и Канада, пишува Гардијан.

Системот ETIAS ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за патна дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната, која ги вклучува 27-те членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Дозволата ќе трае три години, односно до истекот на пасошот на патникот.

Патниците ќе треба да дадат лични податоци на интернет, како што се адреса и вработување, како и криминални досиеја и информации за контакт во земјата дестинација. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа, пишува Гардијан, пренесува Анадолија.

Во меѓувреме, ЕУ потврди дека на 10 ноември, односно половина година пред имплементацијата на системот ETIAS, по неколку одложувања, ќе почне да функционира системот за влез и излез (ЕЕС) за земјите од Шенген зоната.

EES ќе бара од патниците да обезбедат биометриски податоци како што се отпечатоци од прсти и слики од лицето на границата. Тоа е дел од мерките кои имаат за цел да им го отежнат влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши. Според првите предвидувања, системот требаше да биде оперативен во 2022 година.

The post Од мај влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра appeared first on Република.

]]>

Од мај следната година граѓаните на Западен Балкан, односно Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, како и Молдавија и Украина, ќе треба да платат виза од седум евра за влез во Шенген зоната. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Џонсон потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), според кој британските и другите граѓани ќе треба да аплицираат за укинување на визите пред да влезат во ЕУ, најверојатно ќе стапи на сила од мај следната година. Тој ќе важи и за граѓаните на други земји на кои не им треба виза за влез во ЕУ, како што се САД, Австралија и Канада, пишува Гардијан. Системот ETIAS ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за патна дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната, која ги вклучува 27-те членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Дозволата ќе трае три години, односно до истекот на пасошот на патникот. Патниците ќе треба да дадат лични податоци на интернет, како што се адреса и вработување, како и криминални досиеја и информации за контакт во земјата дестинација. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа, пишува Гардијан, пренесува Анадолија. Во меѓувреме, ЕУ потврди дека на 10 ноември, односно половина година пред имплементацијата на системот ETIAS, по неколку одложувања, ќе почне да функционира системот за влез и излез (ЕЕС) за земјите од Шенген зоната. EES ќе бара од патниците да обезбедат биометриски податоци како што се отпечатоци од прсти и слики од лицето на границата. Тоа е дел од мерките кои имаат за цел да им го отежнат влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши. Според првите предвидувања, системот требаше да биде оперативен во 2022 година.

The post Од мај влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра appeared first on Република.

]]>
НАТО не го заборава Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/balkan/nato-ne-go-zaborava-zapadniot-balkan/ Thu, 11 Jul 2024 09:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=795741

Во заедничката декларација усвоена на Самитот на НАТО во Вашингтон, помеѓу другото се наведува дека Алијансата ќе остане силно посветена на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, регион „од стратешко значење за Северноатлантската алијанса“.

- Ќе продолжиме да го подобруваме политичкиот дијалог и практичната соработка со Западен Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучувајќи дезинформации, хибридни и кибер закани, претставени од државни и недржавни актери, се истакнува во декларацијата.

Во документот се додава дека демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантските интеграции и дека се очекува континуиран напредок на тој план.

Во декларацијата, исто така, се наведува дека НАТО останува посветен на континуиран ангажман на Западен Балкан, вклучително и преку Косовските сили (КФОР).

На Самитот во Вашингтон, лидерите на земјите-членки ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина на „неповратниот пат кон целосна евроатлантска интеграција, вклучително и членство во НАТО“ и најавија помош од 40 милијарди евра во текот на следната година. Тие апелираа до Кина да престане да ја поддржува Русија во војната против Украина

The post НАТО не го заборава Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Во заедничката декларација усвоена на Самитот на НАТО во Вашингтон, помеѓу другото се наведува дека Алијансата ќе остане силно посветена на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, регион „од стратешко значење за Северноатлантската алијанса“. - Ќе продолжиме да го подобруваме политичкиот дијалог и практичната соработка со Западен Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучувајќи дезинформации, хибридни и кибер закани, претставени од државни и недржавни актери, се истакнува во декларацијата. Во документот се додава дека демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантските интеграции и дека се очекува континуиран напредок на тој план. Во декларацијата, исто така, се наведува дека НАТО останува посветен на континуиран ангажман на Западен Балкан, вклучително и преку Косовските сили (КФОР). На Самитот во Вашингтон, лидерите на земјите-членки ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина на „неповратниот пат кон целосна евроатлантска интеграција, вклучително и членство во НАТО“ и најавија помош од 40 милијарди евра во текот на следната година. Тие апелираа до Кина да престане да ја поддржува Русија во војната против Украина

The post НАТО не го заборава Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Нов инвестициски пакет на ЕУ за Западен Балкан https://republika.mk/vesti/balkan/nov-investitsiski-paket-na-eu-za-zapaden-balkan/ Tue, 02 Jul 2024 15:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=792834

Европска комисија денеска најави шести инвестициски пакет како дел од Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан, кој се очекува да мобилизира 1,2 милијарди евра инвестиции.

Новите инвестиции се однесуваат на три приоритети од Економско-инвестицискиот план – животна средина и клима, одржлив транспорт и поддршка на бизнис секторот.

ЕК најави дека инвестициите ќе се реализираат во тесна соработка со партнери од Западен Балкан и меѓународни финансиски институции.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека со овој пакет од 1,2 милијарди евра се зајакнува регионалното поврзување со квалитетна инфраструктура.

- Нашите партнери од Западен Балкан ја градат својата европска иднина. Тие инвестиции, заедно со неопходните реформи и пристапот до единствениот пазар, ќе ги подготват економиите на нашите партнери за влез во Унијата, посочи Лајен.

Инвестицискиот пакет вклучува 300 милиони евра грантови од ЕУ од Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), дополнителни билатерални придонеси од членките на ЕУ и Норвешка, заеми од меѓународни финансиски институции и придонеси од економиите на Западен Балкан.

Целта на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (2021-2027) е да се поттикне долгорочното закрепнување, да се забрза зелената и дигиталната транзиција и да се зајакне регионалната соработка и конвергенција со ЕУ.

The post Нов инвестициски пакет на ЕУ за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Европска комисија денеска најави шести инвестициски пакет како дел од Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан, кој се очекува да мобилизира 1,2 милијарди евра инвестиции. Новите инвестиции се однесуваат на три приоритети од Економско-инвестицискиот план – животна средина и клима, одржлив транспорт и поддршка на бизнис секторот. ЕК најави дека инвестициите ќе се реализираат во тесна соработка со партнери од Западен Балкан и меѓународни финансиски институции. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека со овој пакет од 1,2 милијарди евра се зајакнува регионалното поврзување со квалитетна инфраструктура. - Нашите партнери од Западен Балкан ја градат својата европска иднина. Тие инвестиции, заедно со неопходните реформи и пристапот до единствениот пазар, ќе ги подготват економиите на нашите партнери за влез во Унијата, посочи Лајен. Инвестицискиот пакет вклучува 300 милиони евра грантови од ЕУ од Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), дополнителни билатерални придонеси од членките на ЕУ и Норвешка, заеми од меѓународни финансиски институции и придонеси од економиите на Западен Балкан. Целта на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан (2021-2027) е да се поттикне долгорочното закрепнување, да се забрза зелената и дигиталната транзиција и да се зајакне регионалната соработка и конвергенција со ЕУ.

The post Нов инвестициски пакет на ЕУ за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено, на европскиот блок му се потребни нови членки https://republika.mk/vesti/svet/orban-proshiruvaneto-na-eu-kon-zapaden-balkan-e-zapreno-na-evropskiot-blok-mu-se-potrebni-novi-chlenki/ Sat, 29 Jun 2024 18:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=791952

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е запрено, истакнувајќи дека на европскиот блок му се потребни нови држави-членки и нивниот економски замав повеќе од кога било досега.

„Проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е запрено. Само херојската борба на унгарскиот комесар за проширување (Оливер Вархеји) донесе одреден напредок. Бриселските демократи несомнено се успешни во една работа - ослабнувањето на националните држави и зголемувањето на сопствената моќ. Оваа елита во нас буди сеќавања на комунистите. Нивниот моментален идеал е токсичната зелена политика“, напиша унгарскиот премиер авторски текст за дневниот весник Маѓар Немзет.

Орбан вели дека луѓето во ЕУ гласале за промени, но дека „бриселската елита ги изневерила“.

Според него, Унгарија ќе продолжи да соработува со европските десничарски партии, и покрај провоениот пакт.

„Христијанската цивилизација, која ги одредува рамките на нашите животи, исчезнува“, оцени Орбан и додаде дека ЕУ е во состојба на пропаѓање и дека европскиот блок во последните три децении го изгубил економското значење.

Орбан, исто така, смета дека „европскиот поредок исчезнува пред нашите очи“, додека постои зголемена закана од тероризам и влошување на јавната безбедност.

Унгарскиот премиер истакна дека во меѓународната политика „мирот, редот и развојот“ се заменети со „војна, миграции и стагнација“, наведувајќи дека ситуацијата се влошила „со многу лоши одлуки што ги донела бриселската бирократија во последните години“.

Тој нагласи дека Европа „лебди“ во војна од која не може ништо да добие, а може „сè да изгуби“.

Орбан тврди дека „бриселските бирократи испраќаат пари на европските даночни обврзници во Украина“, како и дека со санкциите „си пукаа во нозете“ на европските компании, ја подигнаа инфлацијата и ги турнаа милиони европски граѓани во криза поради зголемените трошоци за живот.

Тој исто така истакна дека европските земјоделци секојдневно протестираат и дека украинските земјоделски производи, со полош квалитет и пониски цени, го преплавија пазарот.

Орбан се осврна и на резултатите од изборите во Европската Унија.

„Левичарските француска и белгиска влада паднаа веднаш по изборите, а Берлин се тресе. Европските народи јасно ставија до знаење дека сакаат да ја завршат војната која се води во соседството, сакаат да се ослободат од прогресивната идеолошко дивеење, сакаат да ја запрат миграцијата и сакаат да ја видат европската економија на патот на растот“, рече Орбан.

На крајот, Орбан порача дека десничарите, и покрај опструкциите, ќе продолжат да работат на создавање силна фракција во Европскиот парламент.

„В недела ќе се случат клучни настани. Треба да ги држите очите на Париз (предвремени парламентарни избори). Вчера беше направен голем чекор кон промените во Америка. Ако сè оди по план и ако ни помогне Бог, до крајот на годината патриотите ќе бидат мнозинство во целиот западен свет“, заклучи Орбан.

The post Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено, на европскиот блок му се потребни нови членки appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е запрено, истакнувајќи дека на европскиот блок му се потребни нови држави-членки и нивниот економски замав повеќе од кога било досега. „Проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е запрено. Само херојската борба на унгарскиот комесар за проширување (Оливер Вархеји) донесе одреден напредок. Бриселските демократи несомнено се успешни во една работа - ослабнувањето на националните држави и зголемувањето на сопствената моќ. Оваа елита во нас буди сеќавања на комунистите. Нивниот моментален идеал е токсичната зелена политика“, напиша унгарскиот премиер авторски текст за дневниот весник Маѓар Немзет. Орбан вели дека луѓето во ЕУ гласале за промени, но дека „бриселската елита ги изневерила“. Според него, Унгарија ќе продолжи да соработува со европските десничарски партии, и покрај провоениот пакт. „Христијанската цивилизација, која ги одредува рамките на нашите животи, исчезнува“, оцени Орбан и додаде дека ЕУ е во состојба на пропаѓање и дека европскиот блок во последните три децении го изгубил економското значење. Орбан, исто така, смета дека „европскиот поредок исчезнува пред нашите очи“, додека постои зголемена закана од тероризам и влошување на јавната безбедност. Унгарскиот премиер истакна дека во меѓународната политика „мирот, редот и развојот“ се заменети со „војна, миграции и стагнација“, наведувајќи дека ситуацијата се влошила „со многу лоши одлуки што ги донела бриселската бирократија во последните години“. Тој нагласи дека Европа „лебди“ во војна од која не може ништо да добие, а може „сè да изгуби“. Орбан тврди дека „бриселските бирократи испраќаат пари на европските даночни обврзници во Украина“, како и дека со санкциите „си пукаа во нозете“ на европските компании, ја подигнаа инфлацијата и ги турнаа милиони европски граѓани во криза поради зголемените трошоци за живот. Тој исто така истакна дека европските земјоделци секојдневно протестираат и дека украинските земјоделски производи, со полош квалитет и пониски цени, го преплавија пазарот. Орбан се осврна и на резултатите од изборите во Европската Унија. „Левичарските француска и белгиска влада паднаа веднаш по изборите, а Берлин се тресе. Европските народи јасно ставија до знаење дека сакаат да ја завршат војната која се води во соседството, сакаат да се ослободат од прогресивната идеолошко дивеење, сакаат да ја запрат миграцијата и сакаат да ја видат европската економија на патот на растот“, рече Орбан. На крајот, Орбан порача дека десничарите, и покрај опструкциите, ќе продолжат да работат на создавање силна фракција во Европскиот парламент. „В недела ќе се случат клучни настани. Треба да ги држите очите на Париз (предвремени парламентарни избори). Вчера беше направен голем чекор кон промените во Америка. Ако сè оди по план и ако ни помогне Бог, до крајот на годината патриотите ќе бидат мнозинство во целиот западен свет“, заклучи Орбан.

The post Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено, на европскиот блок му се потребни нови членки appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Членството на Западeн Балкан во ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на Европа https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-chlenstvoto-na-zapaden-balkan-vo-eu-e-geostrateshka-investitsija-vo-mirot-bezbednosta-i-stabilnosta-na-evropa/ Mon, 24 Jun 2024 16:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=790390

Цврсто верувам дека проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент што придонесува во градењето отпорни општества, а јасно е дека членството на земјите од Западен Балкан во Унијата претставува т.н. геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на континентот како целина, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ и на земјите од Западниот Балкан што се одржа во рамки на европскиот Совет за надворешни работи (ФАК).

Муцунски во обраќањето ја истакна посветеноста на новата Влада за забрзување на темпото на реформските постигнувања што водат кон остварување на зацртаната цел – што поскоро членство на земјата во ЕУ.

Според Муцунски, конфликтот во Украина е најитниот и најголемиот предизвик на европскиот континент, но и пошироко, со големо негативно влијание и врз земјите од Западниот Балкан, што потенцијално отвора зона за можна дестабилизација на регионот. Тој истакна и дека Македонија го задржува својот принципиелен став што го зазема уште од почетокот на војната, со недвосмислена поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украинa.

Според шефот на македонската дипломатија, земјава е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи ги и сите рестриктивни мерки воведени од страна на ЕУ кон Русија, а во исто време и дава политичка, хуманитарна и воена поддршка на Украина.

Како што соопшти МНР, на состанокот беше повторена заемната заложба за натамошна поддршка на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како споделена стратешка цел и гаранција за безбедноста.

Муцунски ќе присуствува и на аудиенција кај луксембуршкиот голем војвода Анри, а на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел и на работна вечера со министрите за надворешни работи од членките на ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Утре, министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе престојува во Брисел каде ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа ќе има и средби со високи претставници на Европската Унија.

 

The post Муцунски: Членството на Западeн Балкан во ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на Европа appeared first on Република.

]]>

Цврсто верувам дека проширувањето на ЕУ е еден од најуспешните мировни проекти на европскиот континент што придонесува во градењето отпорни општества, а јасно е дека членството на земјите од Западен Балкан во Унијата претставува т.н. геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на континентот како целина, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ и на земјите од Западниот Балкан што се одржа во рамки на европскиот Совет за надворешни работи (ФАК). Муцунски во обраќањето ја истакна посветеноста на новата Влада за забрзување на темпото на реформските постигнувања што водат кон остварување на зацртаната цел – што поскоро членство на земјата во ЕУ. Според Муцунски, конфликтот во Украина е најитниот и најголемиот предизвик на европскиот континент, но и пошироко, со големо негативно влијание и врз земјите од Западниот Балкан, што потенцијално отвора зона за можна дестабилизација на регионот. Тој истакна и дека Македонија го задржува својот принципиелен став што го зазема уште од почетокот на војната, со недвосмислена поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украинa. Според шефот на македонската дипломатија, земјава е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи ги и сите рестриктивни мерки воведени од страна на ЕУ кон Русија, а во исто време и дава политичка, хуманитарна и воена поддршка на Украина. Како што соопшти МНР, на состанокот беше повторена заемната заложба за натамошна поддршка на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како споделена стратешка цел и гаранција за безбедноста. Муцунски ќе присуствува и на аудиенција кај луксембуршкиот голем војвода Анри, а на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел и на работна вечера со министрите за надворешни работи од членките на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Утре, министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе престојува во Брисел каде ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а потоа ќе има и средби со високи претставници на Европската Унија.  

The post Муцунски: Членството на Западeн Балкан во ЕУ е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста и стабилноста на Европа appeared first on Република.

]]>
Муцунски од Луксембург: Новата Влада ќе биде фокусирана на европските интеграции https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-od-luksemburg-novata-vlada-ke-bide-fokusirana-na-evropskite-integratsii/ Mon, 24 Jun 2024 12:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=790262

Новата Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, јави дописникот на МИА од Белград.

Ќе бидеме силно фокусирани на спроведувањето на реформите, рече Муцунски по пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и претставници на регионот на Западен Балкан, што се одржува во Луксембург, соопшти Танјуг.

Муцунски, чиј прв работен ден на оваа функција е денеска, рече дека дошол во Луксембург за да се сретне со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и заедно со своите колеги од Западен Балкан да потврди колку е важен процесот на европската интеграција за стабилноста на регионот.

Ќе разговараме со колегите од земјите-членки на Европската унија за тоа што може ЕУ да направи, важноста на Планот за раст за Западен Балкан, кој ќе има сериозни позитивни фискални импликации за Западен Балкан. Веруваме дека ова е еден од форумите преку кои можеме заеднички да го забрзаме напредокот на целиот регион кон полноправно членство во ЕУ, рече Муцунски.

Тој додаде дека Скопје сака да напредува кон полноправно членство во ЕУ врз основа на вредностите и критериумите што ги бара самата ЕУ и рече дека Скопје смета дека процесот на европските интеграции не треба да биде оптоварен со билатерални спорови.

Во Луксембург, во рамките на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и на Косово, беше соопштено претходно од Советот на ЕУ.

The post Муцунски од Луксембург: Новата Влада ќе биде фокусирана на европските интеграции appeared first on Република.

]]>

Новата Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, јави дописникот на МИА од Белград.
Ќе бидеме силно фокусирани на спроведувањето на реформите, рече Муцунски по пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и претставници на регионот на Западен Балкан, што се одржува во Луксембург, соопшти Танјуг.
Муцунски, чиј прв работен ден на оваа функција е денеска, рече дека дошол во Луксембург за да се сретне со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и заедно со своите колеги од Западен Балкан да потврди колку е важен процесот на европската интеграција за стабилноста на регионот.
Ќе разговараме со колегите од земјите-членки на Европската унија за тоа што може ЕУ да направи, важноста на Планот за раст за Западен Балкан, кој ќе има сериозни позитивни фискални импликации за Западен Балкан. Веруваме дека ова е еден од форумите преку кои можеме заеднички да го забрзаме напредокот на целиот регион кон полноправно членство во ЕУ, рече Муцунски.
Тој додаде дека Скопје сака да напредува кон полноправно членство во ЕУ врз основа на вредностите и критериумите што ги бара самата ЕУ и рече дека Скопје смета дека процесот на европските интеграции не треба да биде оптоварен со билатерални спорови. Во Луксембург, во рамките на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и на Косово, беше соопштено претходно од Советот на ЕУ.

The post Муцунски од Луксембург: Новата Влада ќе биде фокусирана на европските интеграции appeared first on Република.

]]>
Медиуми во ЕУ: Почнувањето преговори за членство на Украина во ЕУ го отвора прашањето за дискриминација на Западен Балкан https://republika.mk/vesti/svet/mediumi-vo-eu-pochnuvaneto-pregovori-za-chlenstvo-na-ukraina-vo-eu-go-otvora-prashaneto-za-diskriminatsija-na-zapaden-balkan/ Sun, 23 Jun 2024 12:57:44 +0000 https://republika.mk/?p=789953

Лидерите на Европската унија во вторник треба да го одобрат започнувањето на преговорите за членство на Украина и Молдавија, што неминовно го поставува прашањето што да се направи за земјите од Западен Балкан, кои се сопнуваат на патот кон Унијата. со години и се чувствуваат дискриминирани во однос на Киев и Кишињев, објавуваат медиуми во ЕУ.

Францускиот економски весник „Лезеко“ посочува дека за два дена шефовите на држави или влади на Унијата треба конечно да дадат „зелено светло“ на предлогот на Европската комисија за отворање преговарачка рамка со Украина и Молдавија, „што земјите на Западен Балкан прифати со горчина, бидејќи барањата на Украина и Молдавија за почеток на преговори беа прифатени за само неколку месеци“, пренесе Бета.

„Лезеко“ истакнува дека затоа „земјите пријатели на Западен Балкан во ЕУ бараат, во најмала рака, истовремено да се испратат позитивни знаци до партнерите од Западен Балкан и да се забрза нивниот пат кон Унија“.

Германски „Дојче веле“ посочува дека Унгарија, која цврсто се залага за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата, и која од 1 јули го презема претседавањето со ЕУ, „ќе се залага за конзистентна политика на проширување заснована на заслуги“, како што ја претстави унгарскиот министер за Европа Јанош Бока, објаснувајќи ја програмата на унгарското претседателство во работите на европските 27.

„Лезеко“ посочува дека и унгарскиот министер Бок изјавил дека ЕУ мора да испрати позитивни пораки до Западен Балкан и да го промовира нивниот напредок.

Весникот на француските деловни кругови потсетува дека на поттик на Австрија „од седум членки на Унијата е формиран клубот на пријатели на Западен Балкан кои бараат забрзано вклучување на тој регион во членството на европските 27“.

„Лезеко“ додава дека тие членки на ЕУ, а тоа се „Австрија, Грција, Италија, Хрватска, Словачка, Словенија и Чешка, сметаат дека доколку нивното членство биде суспендирано, балканските земји би паднале под зголеменото влијание на непријателските земји, како што е Кина“.

Францускиот весник истакнува дека Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, заклучил дека земјите од Западен Балкан треба да се приклучат на членството до 2030 година.

„Европските дваесет и седум тогаш презентираа дека тоа не може да се постигне без длабока реорганизација на институциите на ЕУ и промени во структурата на буџетот на Унијата“, наведува „Лезеко“.

Шефовите на држави или влади на Унијата во вторник на самитот во Брисел ќе побараат од Европската комисија да презентира предлози токму за ова прашање, најдоцна до средината на 2025 година.

The post Медиуми во ЕУ: Почнувањето преговори за членство на Украина во ЕУ го отвора прашањето за дискриминација на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Лидерите на Европската унија во вторник треба да го одобрат започнувањето на преговорите за членство на Украина и Молдавија, што неминовно го поставува прашањето што да се направи за земјите од Западен Балкан, кои се сопнуваат на патот кон Унијата. со години и се чувствуваат дискриминирани во однос на Киев и Кишињев, објавуваат медиуми во ЕУ. Францускиот економски весник „Лезеко“ посочува дека за два дена шефовите на држави или влади на Унијата треба конечно да дадат „зелено светло“ на предлогот на Европската комисија за отворање преговарачка рамка со Украина и Молдавија, „што земјите на Западен Балкан прифати со горчина, бидејќи барањата на Украина и Молдавија за почеток на преговори беа прифатени за само неколку месеци“, пренесе Бета. „Лезеко“ истакнува дека затоа „земјите пријатели на Западен Балкан во ЕУ бараат, во најмала рака, истовремено да се испратат позитивни знаци до партнерите од Западен Балкан и да се забрза нивниот пат кон Унија“. Германски „Дојче веле“ посочува дека Унгарија, која цврсто се залага за влез на земјите од Западен Балкан во Унијата, и која од 1 јули го презема претседавањето со ЕУ, „ќе се залага за конзистентна политика на проширување заснована на заслуги“, како што ја претстави унгарскиот министер за Европа Јанош Бока, објаснувајќи ја програмата на унгарското претседателство во работите на европските 27. „Лезеко“ посочува дека и унгарскиот министер Бок изјавил дека ЕУ мора да испрати позитивни пораки до Западен Балкан и да го промовира нивниот напредок. Весникот на француските деловни кругови потсетува дека на поттик на Австрија „од седум членки на Унијата е формиран клубот на пријатели на Западен Балкан кои бараат забрзано вклучување на тој регион во членството на европските 27“. „Лезеко“ додава дека тие членки на ЕУ, а тоа се „Австрија, Грција, Италија, Хрватска, Словачка, Словенија и Чешка, сметаат дека доколку нивното членство биде суспендирано, балканските земји би паднале под зголеменото влијание на непријателските земји, како што е Кина“. Францускиот весник истакнува дека Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, заклучил дека земјите од Западен Балкан треба да се приклучат на членството до 2030 година.
„Европските дваесет и седум тогаш презентираа дека тоа не може да се постигне без длабока реорганизација на институциите на ЕУ и промени во структурата на буџетот на Унијата“, наведува „Лезеко“.
Шефовите на држави или влади на Унијата во вторник на самитот во Брисел ќе побараат од Европската комисија да презентира предлози токму за ова прашање, најдоцна до средината на 2025 година.

The post Медиуми во ЕУ: Почнувањето преговори за членство на Украина во ЕУ го отвора прашањето за дискриминација на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Шефовите на дипломатиите на ЕУ утре во Луксембург ќе разговараат и за Западен Балкан https://republika.mk/vesti/svet/shefovite-na-diplomatiite-na-eu-utre-vo-luksemburg-ke-razgovaraat-i-za-zapaden-balkan/ Sun, 23 Jun 2024 11:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=789932

Во Луксембург утре ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за Западен Балкан.

Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, на состанокот ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово.

Со состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

The post Шефовите на дипломатиите на ЕУ утре во Луксембург ќе разговараат и за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Во Луксембург утре ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за Западен Балкан. Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, на состанокот ќе бидат разменети мислења за Западен Балкан, со учество на министрите за надворешни работи на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово. Со состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

The post Шефовите на дипломатиите на ЕУ утре во Луксембург ќе разговараат и за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Шаленберг: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, нема сомнеж дека регионот е дел од европското семејство https://republika.mk/vesti/svet/shalenberg-eu-e-netselosna-bez-zapaden-balkan-nema-somnezh-deka-regionot-e-del-od-evropskoto-semejstvo/ Fri, 21 Jun 2024 18:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=789638

Европската унија нема да биде целосна додека Западен Балкан не стане дел од нејзиното семејство, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и повика на забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Шаленберг на Европскиот форум Вахау во Австрија, пред врачувањето на наградата „Aлојз Moк“ на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, укажа на предизвиците со кои се соочува светот, но рече дека е неопходно и соочување и со долгогодишните предизвици во Европа, особено во регионот каде што „мораме да преминеме од разговор на конкретна акција“.

„Очигледно, мислам на Западен Балкан, кој за нас е културно, ментално и емоционално непосредно соседство. Нема сомнеж, и верувам дека се согласуваме околу тоа, дека Западен Балкан, овој регион, веќе е дел од европското семејство, дека припаѓа на ова европско семејство“, рече шефот на австриската дипломатија.

 

The post Шаленберг: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, нема сомнеж дека регионот е дел од европското семејство appeared first on Република.

]]>

Европската унија нема да биде целосна додека Западен Балкан не стане дел од нејзиното семејство, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и повика на забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Шаленберг на Европскиот форум Вахау во Австрија, пред врачувањето на наградата „Aлојз Moк“ на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, укажа на предизвиците со кои се соочува светот, но рече дека е неопходно и соочување и со долгогодишните предизвици во Европа, особено во регионот каде што „мораме да преминеме од разговор на конкретна акција“.
„Очигледно, мислам на Западен Балкан, кој за нас е културно, ментално и емоционално непосредно соседство. Нема сомнеж, и верувам дека се согласуваме околу тоа, дека Западен Балкан, овој регион, веќе е дел од европското семејство, дека припаѓа на ова европско семејство“, рече шефот на австриската дипломатија.
 

The post Шаленберг: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, нема сомнеж дека регионот е дел од европското семејство appeared first on Република.

]]>