Западан Балкан Archives - Република https://republika.mk/tema/zapadan-balkan/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Mar 2022 14:57:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Западан Балкан Archives - Република https://republika.mk/tema/zapadan-balkan/ 32 32 Ковачевски-Шолц: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешко позиционирање во регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sholc-proshiruvanjeto-na-eu-so-zemjite-od-zapaden-balkan-e-geostrateshko-pozicioniranje-vo-regionot/ Thu, 24 Mar 2022 14:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=477782

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, за време на неговата работна посета на Брисел за учество на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц.

Двајцата соговорници на средбата изразија големо задоволство од континуираниот развој на пријателските односи кои се рефлектираат и во економската соработка и трговската размена.

Двајцата шефови на влади ги нагласија заеднички споделените ставови во однос на воената агресија на Русија во Украина, при што премиерот Ковачевски потенцираше дека Македонија се приклучи кон санкциите на ЕУ кон Русија согласно целосната усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Брисел.

Премиерот Димитар Ковачевски го информираше канцеларот Шолц за напредокот во дијалогот со Бугарија кој има за цел да го деблокира процесот за свикување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Брисел за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Претседателот на Владата Ковачевски истакна дека војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување туку и геостратешко позиционирање во регионот, дека Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и дека граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската.

The post Ковачевски-Шолц: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешко позиционирање во регионот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, за време на неговата работна посета на Брисел за учество на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО, оствари средба со канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц. Двајцата соговорници на средбата изразија големо задоволство од континуираниот развој на пријателските односи кои се рефлектираат и во економската соработка и трговската размена. Двајцата шефови на влади ги нагласија заеднички споделените ставови во однос на воената агресија на Русија во Украина, при што премиерот Ковачевски потенцираше дека Македонија се приклучи кон санкциите на ЕУ кон Русија согласно целосната усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Брисел. Премиерот Димитар Ковачевски го информираше канцеларот Шолц за напредокот во дијалогот со Бугарија кој има за цел да го деблокира процесот за свикување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Брисел за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ. Претседателот на Владата Ковачевски истакна дека војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување туку и геостратешко позиционирање во регионот, дека Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и дека граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската.

The post Ковачевски-Шолц: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешко позиционирање во регионот appeared first on Република.

]]>