замрзнување цени Archives - Република https://republika.mk/tema/zamrznuvanje-ceni/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Sep 2023 11:45:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замрзнување цени Archives - Република https://republika.mk/tema/zamrznuvanje-ceni/ 32 32 Мицкоски: Замрзнувањето на цените не го решава проблемот https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-zamrznuvaneto-na-tsenite-ne-go-reshava-problemot/ Wed, 27 Sep 2023 11:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=685646

Владата води комплетно погрешна економска политика. Не е проблем одлуката да на насилен болшевички пат интервенираат на пазарот. Во ред, тоа е во немоќ. Проблемот е што ние немаме раст на продуктивноста со што ќе имаме континуиран раст на бруто домашниот производ, сериозен озбилен раст. Во првата половина тоа е еден незначителен раст од 1,6 проценти и ако се спореди со инфлацијата ќе видите дека во минус сме повеќе од 10% проценти, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар за замрзнувањето на цените на одредени производи.

https://www.youtube.com/watch?v=ClOej42qH8A&feature=youtu.be

Мицкоски додаде дека владината економска политика е погрешна, немаме раст на БДП, немаме раст на продуктивноста, имаме какво такво, имаме некакво вештачко зголемување на примањата, кои секако се недоволни за да ги амортизираат овие ценовни шокови кои што се на пазарот и инфлацијата.

„И сега што прават? Болшевички одлучуваат да интервенираат на пазарот, односно колку што можев да бидам информиран од страна на овие официјални гласила, е дека, практично, одлуката е за намалување на сите цени линеарно 10%. Можеби треба 20, можеби и 30, можеби и 50 проценти, можеби треба да ја анектираат целата економија, но тоа не го решава проблемот. Јас ги разбирам дека тие се навикнати на едноумие, на болшевизам и така натаму, но тоа нема никаква врска со пазарната економија. Уништувајќи еден сегмент, на сметка да добијат, можеби краткорочно на ден два политички поени, притоа изгубија премногу. Зошто? Повторно ќе кажам, нема зголемен БДП, нема зголемена продуктивност, нема зголемена економска активност и сега што прават, прават насилен упад на пазарот. Еве јас ви кажувам, ниту ова ниту пак било која идна мерка од оваа влада полна со незнајковци, ќе биде добредојден и ќе донесе било каков ефект“, рече Мицкоски.

Додаде дека потребен е комплетно нов ресет, нова влада со здрава економска политика, со визија која што знае како да ја развива Македонија за да имаме резултати, затоа што со овие луѓе медиокритети и незнајковци ова ќе е политиката.

The post Мицкоски: Замрзнувањето на цените не го решава проблемот appeared first on Република.

]]>

Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-ekonomija-ako-se-otseni-deka-e-potrebno-ke-prodolzhi-odlukata-za-trgovskite-marzhi/ Wed, 28 Jun 2023 14:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=656120

Од министерството за економија излегоа со став дека со оглед дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни 2023 година, кога завршува рокот за примена на oдлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови.

Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

Сепак, доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот на Одлуката, тоа и ќе се спроведе.

Ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи важи до 30 јуни 2023 година и нејзината примена се заснова на следење на временската рамка што се одреди на кризната состојба. Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови.

Долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа. Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија.

Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на по

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни.

Со таквата одлука, највисоката трговска маржа за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до пет проценти во трговијата на големо и до пет5 проценти во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

The post Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи appeared first on Република.

]]>

Од министерството за економија излегоа со став дека со оглед дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни 2023 година, кога завршува рокот за примена на oдлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови. Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста. Сепак, доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот на Одлуката, тоа и ќе се спроведе.
Ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи важи до 30 јуни 2023 година и нејзината примена се заснова на следење на временската рамка што се одреди на кризната состојба. Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови.   Долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа. Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија.
Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на по Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Со таквата одлука, највисоката трговска маржа за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до пет проценти во трговијата на големо и до пет5 проценти во трговијата на мало. Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

The post Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Се грижиме за стандардот на граѓаните, намалени цени за уште 11 прехранбени производи https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-se-grizhime-za-standardot-na-graganite-namaleni-tseni-za-ushte-11-prehranbeni-proizvodi/ Tue, 04 Apr 2023 07:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=626977

Партијата СДСМ ја поздравува одлуката на Владата за замрзнување на дел од овошјето и зеленчукот. Додаваат дека со конкретни мерки продолжува со грижата за граѓаните и нивниот животен стандард.

Овие мерки, според СДСМ, се во насока на заштита на стандардот на граѓаните, како и за забавување на растот на инфлацијата во државата.

Со СДСМ, додаваат од партијата, никој не е оставен сам да се справува со последиците од кризата, но и не дозволуваме некој да профитира врз грбот на граѓаните.

Владата вчера одлучи да ги одреди највисоките малопродажни цени на овошјето и зеленчукот.

Одлуката се однесува на свежите домати, краставиците, кромидот, карфиолот, зелените пиперки, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимоните и ќе важи за пазарите и маркетите од 5 до 30 април.

Во аргументите на Министерството за економија, се наведува дека според Законот за трговија, Владата може привремено да ја ограничи трговијата, во случај на нарушувања на внатрешниот пазар, поради злоупотреба при продажбата на одредени производи и стоки, а државата може да постави највисоки цени за поединечни стоки и услуги во производството и продажбата.

Со претходните одлуки веќе се замрзнати цените на оризот и јајцата, како и на млечните производи и тестенините.

The post СДСМ: Се грижиме за стандардот на граѓаните, намалени цени за уште 11 прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Партијата СДСМ ја поздравува одлуката на Владата за замрзнување на дел од овошјето и зеленчукот. Додаваат дека со конкретни мерки продолжува со грижата за граѓаните и нивниот животен стандард. Овие мерки, според СДСМ, се во насока на заштита на стандардот на граѓаните, како и за забавување на растот на инфлацијата во државата. Со СДСМ, додаваат од партијата, никој не е оставен сам да се справува со последиците од кризата, но и не дозволуваме некој да профитира врз грбот на граѓаните. Владата вчера одлучи да ги одреди највисоките малопродажни цени на овошјето и зеленчукот. Одлуката се однесува на свежите домати, краставиците, кромидот, карфиолот, зелените пиперки, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимоните и ќе важи за пазарите и маркетите од 5 до 30 април. Во аргументите на Министерството за економија, се наведува дека според Законот за трговија, Владата може привремено да ја ограничи трговијата, во случај на нарушувања на внатрешниот пазар, поради злоупотреба при продажбата на одредени производи и стоки, а државата може да постави највисоки цени за поединечни стоки и услуги во производството и продажбата. Со претходните одлуки веќе се замрзнати цените на оризот и јајцата, како и на млечните производи и тестенините.

The post СДСМ: Се грижиме за стандардот на граѓаните, намалени цени за уште 11 прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Нови „замрзнувања“: По хигенските производи се размислува и за ограничување на цената на овошјето и зеленчукот https://republika.mk/vesti/ekonomija/novi-zamrznuvana-po-higenskite-proizvodi-se-razmisluva-i-za-ogranichuvane-na-tsenata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/ Wed, 29 Mar 2023 06:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=624833

Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.

-Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре, најави вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија ги доби анализите за овошјето и зеленчукот од Министерството за земјоделство и веќе се утврдува кои од нив ќе бидат со намалена цена. Според Бектеши, најверојатно во текот на неделава ќе бидат замрзнати цените на повеќе од пет-шест производи. За таа цел се чекаат и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да се види колку е разликата во делот на маржите.

Претходно со одлука на Владата беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и на јајцата и оризот, чии цени останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека на 33 денари е замрзната цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера со Бектеши  и со директорт на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, беа во посета на маркет во Скопје оцени дека владините одлуки за цените се почитуваат.

-Драго ми е што се уверивме дека нашите одлуки се почитуваат, се надевам така е во сите маркети. Пријатно се изненадив  и дека цената на брашното е намалена без државата да донесе одлука. Го поздравуваме ваквиот потег, ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој чекор, рече  Ковачевски, порачувајќи дека е време компаниите да им вратат на граѓаните, како што државата им помогна кога им беше најпотребно.

Премиерот најави дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно.

-Нашата посета денеска не е случајна. Водиме практична и инклузивна политика, носиме одлуки што ги засегаат граѓаните, сакаме да го слушнеме нивниот глас. Тука нема да застанеме, ќе продолжиме да го штитиме стандардот на граѓаните, нема да дозволиме лично богатење во време на криза. Ова е време на солидарност, а не време на остварување профити. Време е сите компании да им вратат на граѓаните, им пруживме рака за стабилност, сега бараме тие да пружат рака, само така, со заемна помош, може да ја пребродиме кризата, изјави Ковачевски.

Од октомври до денес, дополни, инфлацијата се намалува на месечно ниво, што значи дека владините мерки даваат резултат.

Како што информираше Трајковски, инспекторите на ДПИ констататирале непочитување на замрзнатата цена на лебот од 33 денари, несоодветна грамажа, немање најмалку 80 отсто од производите на рафтовите. Имињата на фирмите кои ги сториле прекршоците ќе бидат соопштени, но откако постапувањата за нив ќе бидат целосно завршени.

ДПИ, посочи,  работи со полн капацитет. Претходните пет дена се извршени над 500 надзори, а 130 од нив се по одлуките на Владата. Притоа, констатирани се шест прекршоци во висина од 750 000 денари.

Одлуките на Владата за замрзнувањето на цените вчера ги коментираа  и од Сојузот на стопански комори, чиј претседател Трајан Ангелоски посочи дека секое замрзнување на цените има позитивни и негативни консеквенци, како и дека ССК преферира слободен пазар.

- Ако Владата смета дека треба да воведе ваква мерка, најубаво е и да објасни каква и е идејата и што сака да постигне, рече Ангелоски.

Од Стопанската комора на Македонија и од Комората на северозападна Македонија, претходно порачаа да се престане со одлуките за замрзнување на цените и да се пристапи кон други мерки за помош на граѓаните.

The post Нови „замрзнувања“: По хигенските производи се размислува и за ограничување на цената на овошјето и зеленчукот appeared first on Република.

Замрзнувањето на цената на лебот не е добра мерка, води до несакани покви, смета проф. Димитриевски https://republika.mk/vesti/ekonomija/zamrznuvaneto-na-tsenata-na-lebot-ne-e-dobra-merka-vodi-do-nesakani-pokvi-smeta-prof-dimitrievski/ Fri, 03 Mar 2023 14:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=615649

Замрзнувањето на цената на лебот е „популарна“ мерка, но не е добра и треба да се преиспита, смета професорот Драги Димитриевски од Институтот за агроекономика на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Професорот за МИА објаснува дека мерката не е добра, зашто во систем на пазарна економија и слободен пазар, контролата на цените е несоодветна и доведува до несакани појави, а, пред се, како што наведува, до недостиг на производот на пазарот или до пораст на т.н. сива економија кога со таквиот производ нелегално се тргува.

Оваа мерка не е добра, а е „популарна“. Популарна е зашто за секого е убаво да слуша за намалена цена и да купува производ по пониска цена. Во случајот со лебот е евидентно дека ограничената цена предизвика реакција на производителите да не го произведуваат и овој тип леб го снема на полиците во продавниците. Контролата на цените честопати дава спротивен ефект од тој кој се сакал да се постигне со мерката. Во случајот со лебот, со мерката се сакало да се постигне подобрување на стандардот на населението, но бидејќи таквиот тип леб го нема, граѓаните се приморани да купуваат други типови леб кои имаат повисоки цени, па дури и повисоки од претходната цена на белиот и полубелиот леб. Затоа, час поскоро е потребно мерката да се преиспита и да се изнајдат други мерки за поддршка и заштита на стандардот на населението, посебно на тие што се под прагот на сиромаштијата, но со мерки од социјалните политики, нагласува професорот.

На прашањето како го оценува потегот на пекарниците да го повлечат лебот од продавниците, Димитриевски истакнува дека тие си имаат свои калкулации кои треба да се анализираат за да се дојде до реалната цена на чинење.

Никој во услови на слободен пазар не произведува доколку не може да обезбеди профитабилно производство, односно тие кои не се конкурентни го напуштаат производството. Но, тоа треба да си го стори пазарот, а не владините одлуки, дополнува професорот.

Според него, тука е изворот на сегашниот проблем.

Таа одлука не ни требаше да се донесе, зашто немаше посериозен ефект на намалување на цените, што се гледа токму кај цената на лебот. И ако се вратиме на почетокот на прашањето за влијанието на Владата во контрола на цените, може да се види дека секоја таква одлука предизвикува друга, најчесто несакана појава, потенцира Димитриевски.

Владата пред три дена ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, на предлог на Министерството за економија со образложение дека производителите на пекарски производи веќе три месеци се корисници на субвенционирана струја, а намалувањето на цените на белиот леб не е на соодветно ниво.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повтори дека мерката е донесена за да се заштитат граѓаните и уште еднаш апелираше дека нема да се дозволи никој да профитира на нивниот грб.

Пекарите, пак, излегоа со став дека од утре ќе почнат да испорачуваат леб по 33 денари само за да им излезат во пресрет на граѓаните, но најавија и поведување правна постапка против одлуката за замзрнување на цената на лебот која, според нив, е неуставна и противзаконска.

The post Замрзнувањето на цената на лебот не е добра мерка, води до несакани покви, смета проф. Димитриевски appeared first on Република.

]]>

Замрзнувањето на цената на лебот е „популарна“ мерка, но не е добра и треба да се преиспита, смета професорот Драги Димитриевски од Институтот за агроекономика на Факултетот за земјоделски науки и храна. Професорот за МИА објаснува дека мерката не е добра, зашто во систем на пазарна економија и слободен пазар, контролата на цените е несоодветна и доведува до несакани појави, а, пред се, како што наведува, до недостиг на производот на пазарот или до пораст на т.н. сива економија кога со таквиот производ нелегално се тргува.
Оваа мерка не е добра, а е „популарна“. Популарна е зашто за секого е убаво да слуша за намалена цена и да купува производ по пониска цена. Во случајот со лебот е евидентно дека ограничената цена предизвика реакција на производителите да не го произведуваат и овој тип леб го снема на полиците во продавниците. Контролата на цените честопати дава спротивен ефект од тој кој се сакал да се постигне со мерката. Во случајот со лебот, со мерката се сакало да се постигне подобрување на стандардот на населението, но бидејќи таквиот тип леб го нема, граѓаните се приморани да купуваат други типови леб кои имаат повисоки цени, па дури и повисоки од претходната цена на белиот и полубелиот леб. Затоа, час поскоро е потребно мерката да се преиспита и да се изнајдат други мерки за поддршка и заштита на стандардот на населението, посебно на тие што се под прагот на сиромаштијата, но со мерки од социјалните политики, нагласува професорот.
На прашањето како го оценува потегот на пекарниците да го повлечат лебот од продавниците, Димитриевски истакнува дека тие си имаат свои калкулации кои треба да се анализираат за да се дојде до реалната цена на чинење.
Никој во услови на слободен пазар не произведува доколку не може да обезбеди профитабилно производство, односно тие кои не се конкурентни го напуштаат производството. Но, тоа треба да си го стори пазарот, а не владините одлуки, дополнува професорот.
Според него, тука е изворот на сегашниот проблем.
Таа одлука не ни требаше да се донесе, зашто немаше посериозен ефект на намалување на цените, што се гледа токму кај цената на лебот. И ако се вратиме на почетокот на прашањето за влијанието на Владата во контрола на цените, може да се види дека секоја таква одлука предизвикува друга, најчесто несакана појава, потенцира Димитриевски.
Владата пред три дена ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, на предлог на Министерството за економија со образложение дека производителите на пекарски производи веќе три месеци се корисници на субвенционирана струја, а намалувањето на цените на белиот леб не е на соодветно ниво. Премиерот Димитар Ковачевски денеска повтори дека мерката е донесена за да се заштитат граѓаните и уште еднаш апелираше дека нема да се дозволи никој да профитира на нивниот грб. Пекарите, пак, излегоа со став дека од утре ќе почнат да испорачуваат леб по 33 денари само за да им излезат во пресрет на граѓаните, но најавија и поведување правна постапка против одлуката за замзрнување на цената на лебот која, според нив, е неуставна и противзаконска.

The post Замрзнувањето на цената на лебот не е добра мерка, води до несакани покви, смета проф. Димитриевски appeared first on Република.

]]>
Ако со новите мерки не се намали цената на производите, ќе следат и други мерки, ветуваат од Влада https://republika.mk/vesti/ekonomija/ako-so-novite-merki-ne-se-namali-cenata-na-proizvodite-kje-sledat-i-drugi-merki-vetuvaat-od-vlada/ Sun, 30 Oct 2022 15:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=567466

Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Тој очекува утре или задутре на седница на Собранието да биде усвоен Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите.

Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот.

The post Ако со новите мерки не се намали цената на производите, ќе следат и други мерки, ветуваат од Влада appeared first on Република.

]]>

Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. Тој очекува утре или задутре на седница на Собранието да биде усвоен Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите.
Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот.

The post Ако со новите мерки не се намали цената на производите, ќе следат и други мерки, ветуваат од Влада appeared first on Република.

]]>
Организацијата на потрошувачи останува на барањето да се замрзнат цените на производите https://republika.mk/vesti/ekonomija/organizacijata-na-potroshuvachi-ostanuva-na-baranjeto-da-se-zamrznat-cenite-na-proizvodite/ Thu, 13 Oct 2022 12:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=560669

Организацијата на потрошувачи на Македонија(ОПМ) останува на барањето да се замрзнат цените на производите, а не на маржите. Од март годинава постојано добиваат претставки од граѓаните кога влегуваат во супермаркетите, кои реагираат на цените, но и на квалитетот на производите, кои се во фрижидерите. Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова вели дека претставки веќе имаат, а на терен секојдневно се и инспекциите, кои утврдуваат дали трговците за да ги намалат сметките за струја ги исклучуваат фрижидерите.

-Луѓето реагираат на тоа. Купиле производ, па го сликаат дека е расипан. Сега дали баш поради тоа е расипан не можеме ние да утврдиме, меѓутоа инспекторите може да бидат на терен, дури и рано сабајле да видат дали ладилниците се уклучени или не. Бидејќи може навечер илил во текот на денот да ги исклучуваат, вели Лончар-Велкова.

Посочи дека во зимскиот период очекуваат да се зголеми бројот на преставки поврзани со сметките за струја. Изминатиот период реакциите се околу цената на трансмисија на струјата, која најмногу ги буни граѓаните. Имаат и реакции од страна на граѓаните и за цената на огревното дрво, кое дефинитивно не се продава за 3.000 до 3.500 денари.

-Луѓето не можат да ги најдат тие дрва по 3.000денари. И јас лично барав не можев да ги најдам. И кога правевме истражување пак не најдовме. Сега ќе мора да купат помалку од потребното, за дополнително не го оптеретат буџетот. Таква цена од 3.000 до 3.500денари нема, вели Лончар-Велкова.

Забележа дека треба да има и субвенции, но и поволни кредити за граѓаните кои купуваат инвертор клими и се залагаат за заштита на животна средина.

The post Организацијата на потрошувачи останува на барањето да се замрзнат цените на производите appeared first on Република.

Геноцид врз домашните фирми со замрзнатите цени на масло и леб, една фирма загуби 190.000 евра во еден месец https://republika.mk/vesti/ekonomija/genocid-vrz-domashnite-firmi-so-zamrznatite-ceni-na-maslo-i-leb-edna-firma-zagubi-190-000-evra-vo-eden-mesec/ Thu, 21 Apr 2022 08:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=491613

Поразителни за домашните прехранбени компании се резултатите кои дојдоа по замрзнувањето на цените на лебот и маслото за јадење (мерка која важеше од почетокот на декември 2021 година па до крај на февруари 2022 година), анализира „Фактор“.

Нути граѓаните не се задоволни од мерките кои беа преземени за заштита на нивниот стандард. Во бројните телевизиски анкети во овој период најбројни беа поплаките дека не може да се најде масло по цени пониски од 90 денари за литар и бројни анкетирани лица беа револтирани затоа што цените за литар сончогледново масло надминуваа 110 денари за литар. Тоа направи стампеда по маркетите, а во еден случај медиуми известуваа и за физичка пресметка меѓу купувачи и продавач во еден од маркетите на КАМ.

Во извештај на најголемата домашна прехранбена компанија „Витаминка“ за периодот во кој Министерството за економија предложи, а Владата пресече со замрзнување на малопродажните цени пишува: Во периодот на замрзнување, во кој работевме со големи загуби од продажбатана маслото за јадење „Брилијант“, Само за февруари таа загуба изнесуваше околу 190.000 евра.

Целата анализа на „Фактор

The post Геноцид врз домашните фирми со замрзнатите цени на масло и леб, една фирма загуби 190.000 евра во еден месец appeared first on Република.

]]>

Поразителни за домашните прехранбени компании се резултатите кои дојдоа по замрзнувањето на цените на лебот и маслото за јадење (мерка која важеше од почетокот на декември 2021 година па до крај на февруари 2022 година), анализира „Фактор“. Нути граѓаните не се задоволни од мерките кои беа преземени за заштита на нивниот стандард. Во бројните телевизиски анкети во овој период најбројни беа поплаките дека не може да се најде масло по цени пониски од 90 денари за литар и бројни анкетирани лица беа револтирани затоа што цените за литар сончогледново масло надминуваа 110 денари за литар. Тоа направи стампеда по маркетите, а во еден случај медиуми известуваа и за физичка пресметка меѓу купувачи и продавач во еден од маркетите на КАМ. Во извештај на најголемата домашна прехранбена компанија „Витаминка“ за периодот во кој Министерството за економија предложи, а Владата пресече со замрзнување на малопродажните цени пишува: Во периодот на замрзнување, во кој работевме со големи загуби од продажбатана маслото за јадење „Брилијант“, Само за февруари таа загуба изнесуваше околу 190.000 евра. Целата анализа на „Фактор

The post Геноцид врз домашните фирми со замрзнатите цени на масло и леб, една фирма загуби 190.000 евра во еден месец appeared first on Република.

]]>