замрзнати средства Archives - Република https://republika.mk/tema/zamrznati-sredstva/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 09:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замрзнати средства Archives - Република https://republika.mk/tema/zamrznati-sredstva/ 32 32 Парите ќе овозможат зголемување на темпото на француската индустрија: Франција ќе зема од замрзнатите руски средства за да купува оружје за Украина https://republika.mk/vesti/svet/parite-ke-ovozmozhat-zgolemuvane-na-tempoto-na-frantsuskata-industrija-frantsija-ke-zema-od-zamrznatite-ruski-sredstva-za-da-kupuva-oruzhje-za-ukraina/ Sat, 07 Sep 2024 09:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=814060

Франција планира да искористи дел од 1,4 милијарди евра, колку што изнесуваат каматите од рускиот имот запленет во ЕУ, за финансирање на набавка на воена опрема за Украина, соопшти француското Министерство за одбрана.

Заедно со другите земји-членки, Министерството ќе учествува во спроведувањето на новата мерка за поддршка на Украина од Фондот за мир на ЕУ“, се наведува во соопштението.

Се работи за сума од 300 милиони евра, кои ќе бидат доделени во текот на 2024 година. Според Министерството, овие средства ќе овозможат зголемување на темпото на работа на француската индустрија, што ќе работи за поддршка на Украина.

Европската комисија се согласи со Генералниот директорат за вооружување да ги искористи овие пари за брза набавка на муниција, артилерија и опрема за противвоздушна одбрана за вооружените сили на Украина од француската индустрија.

Околу 200 милијарди евра руски имот беа замрзнати во ЕУ по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, од кои речиси 90 отсто се наоѓаат во Белгија.

Во мај годинава членките на Европската Унија постигнаа договор за искористување на каматата од рускиот имот. ЕУ во јули најави распределба на 1,5 милијарди евра помош за Украина, што одговара на првата транша од овие приходи.

Овие средства се очекува да генерираат од 2,5 до 3 милијарди евра годишно за да помогнат во вооружувањето на Украина и да се финансира нејзината реконструкција.

The post Парите ќе овозможат зголемување на темпото на француската индустрија: Франција ќе зема од замрзнатите руски средства за да купува оружје за Украина appeared first on Република.

]]>

Франција планира да искористи дел од 1,4 милијарди евра, колку што изнесуваат каматите од рускиот имот запленет во ЕУ, за финансирање на набавка на воена опрема за Украина, соопшти француското Министерство за одбрана.
Заедно со другите земји-членки, Министерството ќе учествува во спроведувањето на новата мерка за поддршка на Украина од Фондот за мир на ЕУ“, се наведува во соопштението.
Се работи за сума од 300 милиони евра, кои ќе бидат доделени во текот на 2024 година. Според Министерството, овие средства ќе овозможат зголемување на темпото на работа на француската индустрија, што ќе работи за поддршка на Украина. Европската комисија се согласи со Генералниот директорат за вооружување да ги искористи овие пари за брза набавка на муниција, артилерија и опрема за противвоздушна одбрана за вооружените сили на Украина од француската индустрија. Околу 200 милијарди евра руски имот беа замрзнати во ЕУ по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, од кои речиси 90 отсто се наоѓаат во Белгија. Во мај годинава членките на Европската Унија постигнаа договор за искористување на каматата од рускиот имот. ЕУ во јули најави распределба на 1,5 милијарди евра помош за Украина, што одговара на првата транша од овие приходи. Овие средства се очекува да генерираат од 2,5 до 3 милијарди евра годишно за да помогнат во вооружувањето на Украина и да се финансира нејзината реконструкција.

The post Парите ќе овозможат зголемување на темпото на француската индустрија: Франција ќе зема од замрзнатите руски средства за да купува оружје за Украина appeared first on Република.

]]>
Политико: Малта, Луксембург и Унгарија не сакаат да и ги дадат на Украина одземените руски средства https://republika.mk/vesti/svet/politiko-malta-luksemburg-i-ungarija-ne-sakaat-da-i-gi-dadat-na-ukraina-odzemenite-ruski-sredstva/ Fri, 15 Mar 2024 07:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=754866

Малта, Луксембург и Унгарија не сакаат да и помогнат на Украина, а притоа да бидат искористени одземените руски средства, пишува „Политико“.

Опцијата да се искористи приходот од замрзнатите руски средства за купување воена опрема за Украина „ги искомплицираа преговорите“, пишува изданието.

Претходно беше договорено првични три милијарди евра приход да одат за реставрација на Украина, но сега Урсула фон дер Лајен вели дека парите треба да бидат искористени за набавка на оружје.

Тоа не им се допаѓа на голем број земји, па несогласувањата во ЕУ околу одземениот руски имот стануваат уште посериозни. Во меѓувреме, европските банки се повеќе ги губат позициите, затоа што не се знае за што ќе се користат блокираните средства.

 

The post Политико: Малта, Луксембург и Унгарија не сакаат да и ги дадат на Украина одземените руски средства appeared first on Република.

]]>

Малта, Луксембург и Унгарија не сакаат да и помогнат на Украина, а притоа да бидат искористени одземените руски средства, пишува „Политико“. Опцијата да се искористи приходот од замрзнатите руски средства за купување воена опрема за Украина „ги искомплицираа преговорите“, пишува изданието. Претходно беше договорено првични три милијарди евра приход да одат за реставрација на Украина, но сега Урсула фон дер Лајен вели дека парите треба да бидат искористени за набавка на оружје. Тоа не им се допаѓа на голем број земји, па несогласувањата во ЕУ околу одземениот руски имот стануваат уште посериозни. Во меѓувреме, европските банки се повеќе ги губат позициите, затоа што не се знае за што ќе се користат блокираните средства.  

The post Политико: Малта, Луксембург и Унгарија не сакаат да и ги дадат на Украина одземените руски средства appeared first on Република.

]]>
Украинскиот премиер ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства замрзнати во странство https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-premier-gi-povika-zapadnite-zemji-da-mu-prefrlat-na-kiev-300-milijardi-evra-ruski-sredstva-zamrznati-vo-stranstvo/ Mon, 04 Mar 2024 14:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=751112

Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства кои се замрзнати во странство, јавија француските медиуми.

Помошта од нашите партнери е исклучително важна алатка, но ни треба предвидливост и стабилност без оглед на временските услови, политичките промени, изборните циклуси што се случуваат низ светот, рече Шмигал.

„Конфискацијата на рускиот имот треба да прерасне во еден сигурен извор на поддршка за нашата земја“, додаде тој.

The post Украинскиот премиер ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства замрзнати во странство appeared first on Република.

]]>

Украинскиот премиер Денис Шмигал денеска ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства кои се замрзнати во странство, јавија француските медиуми. Помошта од нашите партнери е исклучително важна алатка, но ни треба предвидливост и стабилност без оглед на временските услови, политичките промени, изборните циклуси што се случуваат низ светот, рече Шмигал. „Конфискацијата на рускиот имот треба да прерасне во еден сигурен извор на поддршка за нашата земја“, додаде тој.

The post Украинскиот премиер ги повика западните земји да му префрлат на Киев 300 милијарди евра руски средства замрзнати во странство appeared first on Република.

]]>