замјоделци Archives - Република https://republika.mk/tema/zamjodeltsi/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jan 2024 09:05:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замјоделци Archives - Република https://republika.mk/tema/zamjodeltsi/ 32 32 Европските земјоделци се обединуваат: Лидерот на француската Рурална алијанса сака да формира аграрна групација во новиот Европарламент https://republika.mk/vesti/svet/evropskite-zemjodeltsi-se-obedinuvaat-liderot-na-frantsuskata-ruralna-alijansa-saka-da-formira-agrarna-grupatsija-vo-noviot-evroparlament/ Sun, 28 Jan 2024 09:05:47 +0000 https://republika.mk/?p=737661

Лидерот на новоформираната француска партија на земјоделците, Рурална алијанса (АР), Вили Шран најави дека ако стане европратеник на претстојните евроизбори ќе се заложи за формирање на групација на аграрните партии во Европскиот парламент.

Доколку бидам избран имам намера да создадам неидеолошка група за руралните интереси, за да ги брани овие вредности во Европскиот парламент, најави Шран.

Тој вели дека веќе воспоставил контакт со партии кои ги споделуваат „истите вредности на традиција и рурална култура против еколошкиот и животински наплив“ како и неговата АР, вклучително и со холандското Движење земјоделци-граѓани (БББ), кое победи на локалните избори во Холандија лани во март и со своите седум пратеници освоени на парламентарните избори во ноември има шанси да биде дел од новата холандска влада.

Шран, кој е поранешен претседател на француската Национална ловечка федерација (ФНЦ), ја формира Руралната алијанса на почетокот на минатиот месец со цел во јуни да учествува на изборите за Европскиот парламент, каде сака да го пренесе „чувството на фрустрација и гнев што постои во целиот рурален свет“.

Руралните реони испраќаат јасна порака: Европа мора да ни дозволи да живееме спокојно. Има невидена економска, геополитичка и социјална криза и само треба да ни се дозволи да дишеме. Во спротивно, котелот под притисок ќе експлодира, изјави Шран.

Тој ги поддржа протестите на германските земјоделци поради владината одлука за намалување на даночните олеснувања за набавка на дизел гориво, како и блокадите на земјоделците во Франција, кои протестираа поради зголемените трошоци за фитосанитарни контроли и за наводнување, укинувањето на даночното ослободување за дизел горивото за тракторите,  приливот на поевтини земјоделски производи од трети земји и правилата на ЕУ.

Треба да престанеме да им отежнуваме на земјоделците. Оваа спирала на стандарди, забрани и ограничувања ќе доведе до пад на земјоделското производство за 15 отсто. Се уште ќе произведуваме, но помалку и поскапо, тврди Шран, кој е противник на мерките во рамките на Европскиот зелен договор.

Тој е противник на слободниот увоз на земјоделски производи од Украина, оценувајќи дека „тоа што Украина минува низ тешки времиња, не ни дава право да го уништиме нашето земјоделско производство“.

Шран смета и дека ЕУ треба да воведе построги здравствени и еколошки стандарди за прехранбените производи кои се увезуваа на европскиот пазар, а да ги „олабави“ нормите за земјоделското производство во Унијата.

Во врска со прашањето за благосостојбата на животните, Шран оцени дека правилата на ЕУ ги менуваат „односите на луѓето со животните, добитокот, па дури и со домашните миленици“.

Повеќе не можеме да одиме на лов и риболов, да одгледуваме животни, да гледаме борби со бикови, да јадеме месо, изјави Шран.

Во програмата на неговата партија посебен дел е посветен на „штетните животни“, како волците и мечките. Шран го поздрави предлогот на ЕК од минатиот месец за промена на статусот на волците во ЕУ од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни, што овозможува нивен лов, изјавувајќи дека „тоа го чекал 10 години“, затоа што „популацијата на волци во Франција мора да де намали“. Според него, тврдењата на Француската канцеларија за биодиверзитет дека во Франција има меѓу 550 и 700 волци, претставува „најголема еколошка лага во последните 50 години“, тврдејќи дека верува оти нивниот бројот е помеѓу 2.500 и 3.000.

Ќе ставиме крај на овој технократски наплив. Дали со него нашиот животен стил ќе биде возможен за 10 години? Не сум сигурен, изјави Шран.

Франција и претходно има искуство со учество на земјоделски партии на евроизборите. Така, во 1999 година партијата Рурално движење (ЛМР), која во тоа време се нарекуваше Лов, риболов, природа и традиции (ЦПНТ) и бранеше слични вредности како АР на Шран, освои 6,77 отсто од гласовите и шест места во Европарламентот, а во 2009 година со 4,8 отсто остана под изборниот праг од пет проценти.

Со својата анти-ЕУ реторика се очекува АР да привлече дел од гласачите на десничарскиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен, пред се во руралните делови на Франција.

Стравувајќи од прелевање на нивните гласови кон АР, РН потсети дека во вториот круг на претседателските избори во 2022 година Шран повика да се гласа за францускиот претседател Емануел Макрон, чиј противкандидат беше Ле Пен. Од партијата дури сугерираа дека „Шран работи за Макрон“, тврдејќи дека неговата кандидатура е во договор со францускиот претседател.

Шран од своја страна ги отфрла ваквите обвинувања.

Во тоа време, зборував како претседател на Националната ловечка федерација, а меѓу оние кои можеа да победат, Емануел Макрон беше тој што можеше да придонесе најмногу за ловот, изјави Шран.

The post Европските земјоделци се обединуваат: Лидерот на француската Рурална алијанса сака да формира аграрна групација во новиот Европарламент appeared first on Република.

]]>

Лидерот на новоформираната француска партија на земјоделците, Рурална алијанса (АР), Вили Шран најави дека ако стане европратеник на претстојните евроизбори ќе се заложи за формирање на групација на аграрните партии во Европскиот парламент.
Доколку бидам избран имам намера да создадам неидеолошка група за руралните интереси, за да ги брани овие вредности во Европскиот парламент, најави Шран.
Тој вели дека веќе воспоставил контакт со партии кои ги споделуваат „истите вредности на традиција и рурална култура против еколошкиот и животински наплив“ како и неговата АР, вклучително и со холандското Движење земјоделци-граѓани (БББ), кое победи на локалните избори во Холандија лани во март и со своите седум пратеници освоени на парламентарните избори во ноември има шанси да биде дел од новата холандска влада. Шран, кој е поранешен претседател на француската Национална ловечка федерација (ФНЦ), ја формира Руралната алијанса на почетокот на минатиот месец со цел во јуни да учествува на изборите за Европскиот парламент, каде сака да го пренесе „чувството на фрустрација и гнев што постои во целиот рурален свет“.
Руралните реони испраќаат јасна порака: Европа мора да ни дозволи да живееме спокојно. Има невидена економска, геополитичка и социјална криза и само треба да ни се дозволи да дишеме. Во спротивно, котелот под притисок ќе експлодира, изјави Шран.
Тој ги поддржа протестите на германските земјоделци поради владината одлука за намалување на даночните олеснувања за набавка на дизел гориво, како и блокадите на земјоделците во Франција, кои протестираа поради зголемените трошоци за фитосанитарни контроли и за наводнување, укинувањето на даночното ослободување за дизел горивото за тракторите,  приливот на поевтини земјоделски производи од трети земји и правилата на ЕУ.
Треба да престанеме да им отежнуваме на земјоделците. Оваа спирала на стандарди, забрани и ограничувања ќе доведе до пад на земјоделското производство за 15 отсто. Се уште ќе произведуваме, но помалку и поскапо, тврди Шран, кој е противник на мерките во рамките на Европскиот зелен договор.
Тој е противник на слободниот увоз на земјоделски производи од Украина, оценувајќи дека „тоа што Украина минува низ тешки времиња, не ни дава право да го уништиме нашето земјоделско производство“. Шран смета и дека ЕУ треба да воведе построги здравствени и еколошки стандарди за прехранбените производи кои се увезуваа на европскиот пазар, а да ги „олабави“ нормите за земјоделското производство во Унијата. Во врска со прашањето за благосостојбата на животните, Шран оцени дека правилата на ЕУ ги менуваат „односите на луѓето со животните, добитокот, па дури и со домашните миленици“.
Повеќе не можеме да одиме на лов и риболов, да одгледуваме животни, да гледаме борби со бикови, да јадеме месо, изјави Шран.
Во програмата на неговата партија посебен дел е посветен на „штетните животни“, како волците и мечките. Шран го поздрави предлогот на ЕК од минатиот месец за промена на статусот на волците во ЕУ од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни, што овозможува нивен лов, изјавувајќи дека „тоа го чекал 10 години“, затоа што „популацијата на волци во Франција мора да де намали“. Според него, тврдењата на Француската канцеларија за биодиверзитет дека во Франција има меѓу 550 и 700 волци, претставува „најголема еколошка лага во последните 50 години“, тврдејќи дека верува оти нивниот бројот е помеѓу 2.500 и 3.000.
Ќе ставиме крај на овој технократски наплив. Дали со него нашиот животен стил ќе биде возможен за 10 години? Не сум сигурен, изјави Шран.
Франција и претходно има искуство со учество на земјоделски партии на евроизборите. Така, во 1999 година партијата Рурално движење (ЛМР), која во тоа време се нарекуваше Лов, риболов, природа и традиции (ЦПНТ) и бранеше слични вредности како АР на Шран, освои 6,77 отсто од гласовите и шест места во Европарламентот, а во 2009 година со 4,8 отсто остана под изборниот праг од пет проценти. Со својата анти-ЕУ реторика се очекува АР да привлече дел од гласачите на десничарскиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен, пред се во руралните делови на Франција. Стравувајќи од прелевање на нивните гласови кон АР, РН потсети дека во вториот круг на претседателските избори во 2022 година Шран повика да се гласа за францускиот претседател Емануел Макрон, чиј противкандидат беше Ле Пен. Од партијата дури сугерираа дека „Шран работи за Макрон“, тврдејќи дека неговата кандидатура е во договор со францускиот претседател. Шран од своја страна ги отфрла ваквите обвинувања.