заменици министри Archives - Република https://republika.mk/tema/zamenici-ministri/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 10:43:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заменици министри Archives - Република https://republika.mk/tema/zamenici-ministri/ 32 32 Апанажа и за замениците министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски https://republika.mk/vesti/makedonija/apanazha-i-za-zamenitsite-ministri-huseini-bajdevski-bushi-i-nikoloski/ Tue, 13 Aug 2024 10:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=806112

Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги одобри барањата на Енвер Хусеини, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Александар Бајдевски, поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Назим Буши, поранешен заменик-министер за внатрешни работи и на Филип Николоски, поранешен заменик-министер за финансии да добиваат апанажа по престанокот на работниот однос.

Исто така, членовите на Комисијата на изборите и именувањата на денешната седница го утврдија и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Мики Милковски и Неџбедин Ибраими.

Комисијата денеска ја донесе одлуката за определување на надоместок на закупнина на стан за пратеничките Лидија Петковска и Ангелина Петкова. Комисијата исто така, го донесе и решението за остварување на отпремнина при заминување во пензија за поранешниот пратеник Мирослав Јовановиќ.

На седницата денеска членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија и одлуката за разрешување членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации. Ова беше додадено како точка на дневен ред на седницата на предлог на пратеничката Ели Панова.

Образложувајќи ја предлог точката на дневниот ред, Панова посочи дека при самиот избор на членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации биле избрани кадри кои не ги исполнуваа условите предвидени во членот 16 од Законот за електронски комуникации, а подвлече и дека имало континуирано прекршување на Законот за електронски комуникации.

Според Законот, членовите треба да имаат најмалку пет години соодветно работно искуство и посебни знаења од областа на електронските комуникации. Токму на оваа Комисија ние предупредувавме и зборувавме дека не може некој кој што не ги исполнува условите да стане член на оваа Комисија. Ова е многу важен услов, бидејќи станува збор за Комисија која што е стручно насочена во својата работа и во исто време има огромни овластувања кои се од значење за работењето на Агенцијата. Четири од вкупно пет членови на Комисијата не го исполнуваат условот од членот 16, додаде Панова.

Членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија и одлуката за разрешување членови на Управен одбор на Агенција за регулирање на железничкиот сектор, која се најде на дневен ред на предлог на пратеникот Јован Јаулески.

Како причина за разрешување, Јаулески ја наведе повредата на одредбите и прописите донесени врз основа на Законот при вршење на функцијата.

Актуелниот состав на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор е предложен од претходниот парламентарен состав кој водеше сметка само за надоместокот кој што овие членови треба да го примат на месечно ниво, а не според способноста и ангажманот што истите требаше да ги вложат за да ја подобрат катастрофалната состојба во железничкиот сектор. За жал, со актуелниот состав ни одалеку не се остварени целите и надлежности кои Законот ги предвидува, рече Јаулески.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски посочи дека потпишал решение за престанок на апанажа на Јетон Незири, поранешен член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка за работен однос од втор степен, затоа што е именуван за директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на Скопје.

Право да остварува плата и по престанување на функција му беше утврдено со решение на Комисијата за прашања на изборите и именувањата истото да го остварува заклучно со 18 октомври 2024 година. Јетон Незири е именуван за вршител на должност директор на Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ на Скопје, сметано од 8 август. Со решението му се утврдува престанок на остварување на право на апанажа заклучно со 7 август оваа година.

Членовите на Комисијата на седницата денеска ја утврдија и предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“.

The post Апанажа и за замениците министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски appeared first on Република.

]]>

Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги одобри барањата на Енвер Хусеини, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Александар Бајдевски, поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Назим Буши, поранешен заменик-министер за внатрешни работи и на Филип Николоски, поранешен заменик-министер за финансии да добиваат апанажа по престанокот на работниот однос. Исто така, членовите на Комисијата на изборите и именувањата на денешната седница го утврдија и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Мики Милковски и Неџбедин Ибраими. Комисијата денеска ја донесе одлуката за определување на надоместок на закупнина на стан за пратеничките Лидија Петковска и Ангелина Петкова. Комисијата исто така, го донесе и решението за остварување на отпремнина при заминување во пензија за поранешниот пратеник Мирослав Јовановиќ. На седницата денеска членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија и одлуката за разрешување членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации. Ова беше додадено како точка на дневен ред на седницата на предлог на пратеничката Ели Панова. Образложувајќи ја предлог точката на дневниот ред, Панова посочи дека при самиот избор на членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации биле избрани кадри кои не ги исполнуваа условите предвидени во членот 16 од Законот за електронски комуникации, а подвлече и дека имало континуирано прекршување на Законот за електронски комуникации.
Според Законот, членовите треба да имаат најмалку пет години соодветно работно искуство и посебни знаења од областа на електронските комуникации. Токму на оваа Комисија ние предупредувавме и зборувавме дека не може некој кој што не ги исполнува условите да стане член на оваа Комисија. Ова е многу важен услов, бидејќи станува збор за Комисија која што е стручно насочена во својата работа и во исто време има огромни овластувања кои се од значење за работењето на Агенцијата. Четири од вкупно пет членови на Комисијата не го исполнуваат условот од членот 16, додаде Панова.
Членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија и одлуката за разрешување членови на Управен одбор на Агенција за регулирање на железничкиот сектор, која се најде на дневен ред на предлог на пратеникот Јован Јаулески. Како причина за разрешување, Јаулески ја наведе повредата на одредбите и прописите донесени врз основа на Законот при вршење на функцијата.
Актуелниот состав на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор е предложен од претходниот парламентарен состав кој водеше сметка само за надоместокот кој што овие членови треба да го примат на месечно ниво, а не според способноста и ангажманот што истите требаше да ги вложат за да ја подобрат катастрофалната состојба во железничкиот сектор. За жал, со актуелниот состав ни одалеку не се остварени целите и надлежности кои Законот ги предвидува, рече Јаулески.
Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски посочи дека потпишал решение за престанок на апанажа на Јетон Незири, поранешен член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка за работен однос од втор степен, затоа што е именуван за директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на Скопје. Право да остварува плата и по престанување на функција му беше утврдено со решение на Комисијата за прашања на изборите и именувањата истото да го остварува заклучно со 18 октомври 2024 година. Јетон Незири е именуван за вршител на должност директор на Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ на Скопје, сметано од 8 август. Со решението му се утврдува престанок на остварување на право на апанажа заклучно со 7 август оваа година. Членовите на Комисијата на седницата денеска ја утврдија и предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“.

The post Апанажа и за замениците министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до замениците министри: Нема да толерирам неодговорност, бидете чесни и посветени https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-zamenitsite-ministri-nema-da-toleriram-neodgovornost-bidete-chesni-i-posveteni/ Tue, 23 Jul 2024 16:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=799637

Премиерот Мицкоски во воведото обраќање кажа дека е уверен дека ќе направат вистинска трансформација на Македонија, но и дека нема да толерира неодговорност и неработење на замениците-министри и ги повика да бидат чесни и посветени.

The post Мицкоски до замениците министри: Нема да толерирам неодговорност, бидете чесни и посветени appeared first on Република.

Со 76 гласа „за“, Собранието ги изгласа замениците министри https://republika.mk/vesti/makedonija/so-76-glasa-za-sobranieto-gi-izglasa-zamenitsite-ministri/ Tue, 23 Jul 2024 16:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=799635

Собранието попладнево на седница ги изгласа замениците министри на Владата.  „За“ гласаа 76 пратеници, додека 16 беа против. Воздржани немаше, а вкупно гласаа 92 пратеници.

The post Со 76 гласа „за“, Собранието ги изгласа замениците министри appeared first on Република.

Само двајца пријавени за збор: Изборот на заменици министри неинтересен за пратениците на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-dvajtsa-prijaveni-za-zbor-izborot-na-zamenitsi-ministri-neinteresen-za-pratenitsite-na-sdsm/ Tue, 23 Jul 2024 12:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=799549

Денеска во Собранието се бираат заменици министри.Но се чини дека оваа точна не е интересна за пратениците од СДСМ.

За расправа  пријавени се 39 дискутанти, во кои само двајца се од пратеничката група на СДСМ (Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи). Пратеничката група на СДСМ брои вкупно 18 пратеници

The post Само двајца пријавени за збор: Изборот на заменици министри неинтересен за пратениците на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Денеска во Собранието се бираат заменици министри.Но се чини дека оваа точна не е интересна за пратениците од СДСМ. За расправа  пријавени се 39 дискутанти, во кои само двајца се од пратеничката група на СДСМ (Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи). Пратеничката група на СДСМ брои вкупно 18 пратеници

The post Само двајца пријавени за збор: Изборот на заменици министри неинтересен за пратениците на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе избира заменици министри https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ke-izbira-zamenitsi-ministri/ Tue, 23 Jul 2024 06:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=799378

Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, со што целосно би се комплетирал владиниот тим. Седницата е закажана за 11 часот, а на дневен ред е и Предлог на законот за изменување на Законот за здравствената заштита - прво читање, со кои се укинуваат економските директори во јавните здравствени установи и болници  и верификацијата на мандат на пратеник во Собранието.

Претседателот на Владата предлогот за заменици министри го достави до Собрание минатата недела.

За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на РС Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија.

За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола.

За заменик министер во  Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга.

За заменик министер во  Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите.

За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа.

За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје.

За заменик на министерот во  Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации.

За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија.

За заменик на министерот во  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон.

За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор.

За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република Македонија.

За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан.

За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир.

За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје.

За заменик министер во  Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на  Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат.

За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки  – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово.

За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации.

За заменик на министерот во  Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан.

За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание.

За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

The post Собранието ќе избира заменици министри appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, со што целосно би се комплетирал владиниот тим. Седницата е закажана за 11 часот, а на дневен ред е и Предлог на законот за изменување на Законот за здравствената заштита - прво читање, со кои се укинуваат економските директори во јавните здравствени установи и болници  и верификацијата на мандат на пратеник во Собранието. Претседателот на Владата предлогот за заменици министри го достави до Собрание минатата недела. За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на РС Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија. За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола. За заменик министер во  Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга. За заменик министер во  Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите. За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа. За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје. За заменик на министерот во  Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации. За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија. За заменик на министерот во  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон. За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор. За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република Македонија. За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан. За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир. За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје. За заменик министер во  Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на  Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат. За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки  – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово. За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации. За заменик на министерот во  Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан. За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание. За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

The post Собранието ќе избира заменици министри appeared first on Република.

]]>
Владата предложи до Собранието имиња на заменици министри, владиниот кабинет се комплетира https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-predlozhi-do-sobranieto-imina-na-zamenitsi-ministri-vladiniot-kabinet-se-kompletira/ Wed, 17 Jul 2024 09:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=797627

Владата на Република  Македонија до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим.

За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на Р Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија.

За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола.

За заменик министер во Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга.

За заменик министер во Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите.

За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа.

За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје.

За заменик на министерот во Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации.

За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил Градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија.

За заменик на министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон.

За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор.

За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република  Македонија.

За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан.

За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир.

За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје.

За заменик министер во Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат.

За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово.

За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации.

За заменик на министерот во Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан.

За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание.

За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

The post Владата предложи до Собранието имиња на заменици министри, владиниот кабинет се комплетира appeared first on Република.

]]>

Владата на Република  Македонија до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на Р Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија. За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола. За заменик министер во Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга. За заменик министер во Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите. За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа. За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје. За заменик на министерот во Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации. За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил Градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија. За заменик на министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон. За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор. За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република  Македонија. За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан. За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир. За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје. За заменик министер во Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат. За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово. За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации. За заменик на министерот во Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан. За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание. За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

The post Владата предложи до Собранието имиња на заменици министри, владиниот кабинет се комплетира appeared first on Република.

]]>
Закажана е нова собраниска седница: Ќе се гласа за замениците министри во техничката Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/zakazhana-e-nova-sobraniska-sednitsa-ke-se-glasa-za-zamenitsite-ministri-vo-tehnichkata-vlada/ Sun, 28 Jan 2024 14:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=737815

Закажана е нова собраниска седница во 15 часот. На неа треба да се изгласаат и замениците министри во новата техничка влада.

На првата седница која се одржа денес беше изгласат поранениот собраниски спикер Талат Џафери за нов премиер, а заклетва положија и новите министри.

The post Закажана е нова собраниска седница: Ќе се гласа за замениците министри во техничката Влада appeared first on Република.

]]>

Закажана е нова собраниска седница во 15 часот. На неа треба да се изгласаат и замениците министри во новата техничка влада. На првата седница која се одржа денес беше изгласат поранениот собраниски спикер Талат Џафери за нов премиер, а заклетва положија и новите министри.  

The post Закажана е нова собраниска седница: Ќе се гласа за замениците министри во техничката Влада appeared first on Република.

]]>
Собранието ги избра замениците министри https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-gi-izbra-zamenitsite-ministri/ Thu, 02 Mar 2023 16:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=615211

Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение ба 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука.

Сите заменици министри беа избрани едногласно, но за Тирон Јајага гласаа 64 пратеници, а за останатите заменици по 65 пратеници.

Со тоа беше исцрпен дневниот ред на 104-тата седница за реконструкција на Владата која започна пред три недели.

Новите министри во Владата на Ковачевски, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани во понеделникот пред полноќ.

The post Собранието ги избра замениците министри appeared first on Република.

]]>

Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение ба 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука. Сите заменици министри беа избрани едногласно, но за Тирон Јајага гласаа 64 пратеници, а за останатите заменици по 65 пратеници. Со тоа беше исцрпен дневниот ред на 104-тата седница за реконструкција на Владата која започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани во понеделникот пред полноќ.

The post Собранието ги избра замениците министри appeared first on Република.

]]>
Собранието ги избра 16-те заменици-министри во Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-gi-izbra-16-te-zamenici-ministri-vo-vladata/ Thu, 10 Feb 2022 21:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=456959

Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието ги избра 16. заменик-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.

За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки.

Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан Филип Николоски, во Министерството за економија Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство Абдулшуќур Абедини. За заменик на министерот за здравство е изгласан Владимир Рендевски, во Министерството за образование и наука за заменик е избран Лулзим Алиу, додека во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин.

За заменик-министер за локална самоуправа е избран Зоран Димитровски, за култура Даим Лучи, за информатичко општество Александар Бајдевски, за транспорт и врски Беким Реџепи и за животна средина Христина Оџакиевска. Во Министерството за политички систем за заменик-министер е избран Џабир Доко.

Премиерот во завршното обраќањето пред пратениците, изјави дека најважно е да работат искрено, посветено, стручно и ефикасно.

Таква матрица, таква методологија, таква работна сфера, таква контрола и одговорност побарав и нема да отстапам за сите врвни владини позиции, како и за министрите така и за заменик-министрите. Како што најавив имаме план, со рокови, обврски, носители на задачи и начин за мерење на ефектите врз животот на граѓаните. Нашиот пристап е јасен, искрен и мерлив. Сите работи – минати, сегашни и идни јасно ги соопштувам на јавноста и зад нив стојам, бидејќи личниот образ, одговорноста и системот на вредности за мене се врвни критериуми и така барам да се однесуваат и останатите - изјави Ковачевски

Опозицијата пак, обвини дека начинот на кој се предложени заменик-министрите е непрофесионален, дека дел од нив немаат соодветно образование и познавање за назначената функција и дека голем дел од нив се од составот на претходната Влада, предводена од Зоран Заев.

Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа функција е непотребна и треба да се укине. Тие повторно побараа предвремени парламентарни избори, поради лошото менаџирање со кризата предизвикана од пандемијата.

По изборот на заменик-министрите, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина работата по 62. седница, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.

The post Собранието ги избра 16-те заменици-министри во Владата appeared first on Република.

]]>

Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието ги избра 16. заменик-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски. За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки. Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан Филип Николоски, во Министерството за економија Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство Абдулшуќур Абедини. За заменик на министерот за здравство е изгласан Владимир Рендевски, во Министерството за образование и наука за заменик е избран Лулзим Алиу, додека во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусејин. За заменик-министер за локална самоуправа е избран Зоран Димитровски, за култура Даим Лучи, за информатичко општество Александар Бајдевски, за транспорт и врски Беким Реџепи и за животна средина Христина Оџакиевска. Во Министерството за политички систем за заменик-министер е избран Џабир Доко. Премиерот во завршното обраќањето пред пратениците, изјави дека најважно е да работат искрено, посветено, стручно и ефикасно.
Таква матрица, таква методологија, таква работна сфера, таква контрола и одговорност побарав и нема да отстапам за сите врвни владини позиции, како и за министрите така и за заменик-министрите. Како што најавив имаме план, со рокови, обврски, носители на задачи и начин за мерење на ефектите врз животот на граѓаните. Нашиот пристап е јасен, искрен и мерлив. Сите работи – минати, сегашни и идни јасно ги соопштувам на јавноста и зад нив стојам, бидејќи личниот образ, одговорноста и системот на вредности за мене се врвни критериуми и така барам да се однесуваат и останатите - изјави Ковачевски
Опозицијата пак, обвини дека начинот на кој се предложени заменик-министрите е непрофесионален, дека дел од нив немаат соодветно образование и познавање за назначената функција и дека голем дел од нив се од составот на претходната Влада, предводена од Зоран Заев. Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа функција е непотребна и треба да се укине. Тие повторно побараа предвремени парламентарни избори, поради лошото менаџирање со кризата предизвикана од пандемијата. По изборот на заменик-министрите, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина работата по 62. седница, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.

The post Собранието ги избра 16-те заменици-министри во Владата appeared first on Република.

]]>