замена Archives - Република https://republika.mk/tema/zamena/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 10:38:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png замена Archives - Република https://republika.mk/tema/zamena/ 32 32 МВР потсетува: Рокот за замена на возачките дозволи е до крајот на годината https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-potsetuva-rokot-za-zamena-na-vozachkite-dozvoli-e-do-krajot-na-godinata/ Mon, 16 Sep 2024 07:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=816686

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви.

The post МВР потсетува: Рокот за замена на возачките дозволи е до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви.

The post МВР потсетува: Рокот за замена на возачките дозволи е до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Виктор Медведчук: САД сакаат да го заменат украинскиот претседател Владимир Зеленски со шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов https://republika.mk/vesti/svet/viktor-medvedchuk-sad-sakaat-da-go-zamenat-ukrainskiot-pretsedatel-vladimir-zelenski-so-shefot-na-ukrainskata-voena-razuznavachka-sluzhba-kiril-budanov/ Thu, 01 Aug 2024 10:27:22 +0000 https://republika.mk/?p=802264

Украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук изјави дека САД сакаат да го заменат украинскиот претседател Владимир Зеленски со шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов, кој е впишан во руската листа на терористи и екстремисти.

Во интервју за ТАСС, тој вели дека Велика Британија би сакала Валериј Залужни, поранешен врховен украински командант и сега амбасадор во Лондон, да го преземе Зеленски.

Медведчук порано беше лидер на партијата Опозициска платформа за живот, која е забранета во Украина, а сега го води движењето Друга Украина.

„Американските разузнавачки служби на Буданов гледаат како на личност која може да го замени Зеленски“, рече тој. „Но, како да го замениме? Само преку воен удар“.

Политичарот рече дека изјавите на Буданов дека Киев планирал обид за атентат врз рускиот претседател се дел од поголемата игра што шефот на разузнавањето ја игра со надеж дека ќе го смени Зеленски. Според Медведчук, Буданов треба да се покаже како поголем непријател на Русија од Зеленски.

„Буданов треба да побрза, бидејќи Велика Британија го подготвува Залужни да го замени Зеленски“, рече политичарот.

Претходно Буданов изјави дека имало неколку обиди за убиство на Путин, но дека биле неуспешни.

Неодамна, одговарајќи на прашањето во интервју за порталот „Њу војс“ дали знаел за обидите за убиство на Путин, шефот на ГУР одговори потврдно.

„Имаше обиди за атентат, но, како што можете да видите, досега беа неуспешни“, изјави Буданов, пренесе Интерфакс Украина.

Буданов рече дека Путин е на власт во Русија повеќе од 20 години, па Русите сега „имаат страв да не го загубат, бидејќи тој е гарант за нивната животна стабилност“.

The post Виктор Медведчук: САД сакаат да го заменат украинскиот претседател Владимир Зеленски со шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов appeared first on Република.

]]>

Украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук изјави дека САД сакаат да го заменат украинскиот претседател Владимир Зеленски со шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов, кој е впишан во руската листа на терористи и екстремисти. Во интервју за ТАСС, тој вели дека Велика Британија би сакала Валериј Залужни, поранешен врховен украински командант и сега амбасадор во Лондон, да го преземе Зеленски. Медведчук порано беше лидер на партијата Опозициска платформа за живот, која е забранета во Украина, а сега го води движењето Друга Украина. „Американските разузнавачки служби на Буданов гледаат како на личност која може да го замени Зеленски“, рече тој. „Но, како да го замениме? Само преку воен удар“. Политичарот рече дека изјавите на Буданов дека Киев планирал обид за атентат врз рускиот претседател се дел од поголемата игра што шефот на разузнавањето ја игра со надеж дека ќе го смени Зеленски. Според Медведчук, Буданов треба да се покаже како поголем непријател на Русија од Зеленски. „Буданов треба да побрза, бидејќи Велика Британија го подготвува Залужни да го замени Зеленски“, рече политичарот. Претходно Буданов изјави дека имало неколку обиди за убиство на Путин, но дека биле неуспешни. Неодамна, одговарајќи на прашањето во интервју за порталот „Њу војс“ дали знаел за обидите за убиство на Путин, шефот на ГУР одговори потврдно. „Имаше обиди за атентат, но, како што можете да видите, досега беа неуспешни“, изјави Буданов, пренесе Интерфакс Украина. Буданов рече дека Путин е на власт во Русија повеќе од 20 години, па Русите сега „имаат страв да не го загубат, бидејќи тој е гарант за нивната животна стабилност“.

The post Виктор Медведчук: САД сакаат да го заменат украинскиот претседател Владимир Зеленски со шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданов appeared first on Република.

]]>
На северот на Косово 128 барања за замена на возачки дозволи https://republika.mk/vesti/balkan/na-severot-na-kosovo-128-barana-za-zamena-na-vozachki-dozvoli/ Wed, 15 May 2024 09:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=778215

Директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека од 10 мај, кога Министерството за внатрешни работи на Косово одобри замена на возачките дозволи издадени од српските институции со возачки дозволи издадени од Косово, пристигнати се 128 барања.

Елшани за Косово онлајн вели дека МВР одговорило на барањата на граѓаните за замена на возачките дозволи и донело одлука барањата да се поднесуваат во следните три месеци, односно до 9 август.

Тој додаде дека ќе има поинаков процес за замена на личните карти и дека најверојатно ќе започне овој месец, пренесе Бета.

The post На северот на Косово 128 барања за замена на возачки дозволи appeared first on Република.

]]>

Директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека од 10 мај, кога Министерството за внатрешни работи на Косово одобри замена на возачките дозволи издадени од српските институции со возачки дозволи издадени од Косово, пристигнати се 128 барања. Елшани за Косово онлајн вели дека МВР одговорило на барањата на граѓаните за замена на возачките дозволи и донело одлука барањата да се поднесуваат во следните три месеци, односно до 9 август. Тој додаде дека ќе има поинаков процес за замена на личните карти и дека најверојатно ќе започне овој месец, пренесе Бета.

The post На северот на Косово 128 барања за замена на возачки дозволи appeared first on Република.

]]>
Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи https://republika.mk/vesti/balkan/od-utre-do-9-avgust-vo-kosovo-ke-se-menuvaat-srpskite-vozachki-dozvoli/ Thu, 09 May 2024 08:19:32 +0000 https://republika.mk/?p=776181

Приштинските институции соопштија дека постапката за замена на возачките дозволи издадени од надлежните институции на Република Србија за возачки дозволи на Косово ќе почне утре на 10 мај и ќе трае до 9 август 2024 година.

Сите граѓани кои имаат возачка дозвола издадена од српски институции можат да аплицираат за официјална косовска возачка дозвола преку електронскиот формулар на веб-страницата https://patentshoferonline.rks-gov.net/ или лично да дојдат во Центарот за издавање. Документи во сите општини во Косово, се вели во соопштението на властите во Приштина.

Во соопштението се наведува дека граѓаните кои лично ќе дојдат на шалтерите на Центарот за издавање документи задолжително треба да поседуваат лична карта, оригинална возачка дозвола издадена од надлежните органи на Република Србија, здравствена потврда и лиценца.

Здравственото уверение го издаваат здравствени установи лиценцирани од Министерството за здравство, на целата територија на Косово“, се наведува во соопштението.

The post Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи appeared first on Република.

]]>

Приштинските институции соопштија дека постапката за замена на возачките дозволи издадени од надлежните институции на Република Србија за возачки дозволи на Косово ќе почне утре на 10 мај и ќе трае до 9 август 2024 година. Сите граѓани кои имаат возачка дозвола издадена од српски институции можат да аплицираат за официјална косовска возачка дозвола преку електронскиот формулар на веб-страницата https://patentshoferonline.rks-gov.net/ или лично да дојдат во Центарот за издавање. Документи во сите општини во Косово, се вели во соопштението на властите во Приштина. Во соопштението се наведува дека граѓаните кои лично ќе дојдат на шалтерите на Центарот за издавање документи задолжително треба да поседуваат лична карта, оригинална возачка дозвола издадена од надлежните органи на Република Србија, здравствена потврда и лиценца. Здравственото уверение го издаваат здравствени установи лиценцирани од Министерството за здравство, на целата територија на Косово“, се наведува во соопштението.

The post Од утре до 9 август во Косово ќе се менуваат српските возачки дозволи appeared first on Република.

]]>
Граѓаните досега дале над 5 милиони евра за нови лични карти https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-dosega-dale-nad-5-milioni-evra-za-novi-lichni-karti/ Tue, 13 Feb 2024 10:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=743575

Иако првично беа упатувани апели да се заменат документите до средината на февруари, личните карти со „Република Македонија“ чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12 февруари, бидеќи Законот за личната карта се уште не е изменет.  Но, и покрај тоа милиони евра се слеале досега од џебот на граѓаните во државниот буџет поради замена на личните карти со новото име на државата, пишува Дојче веле.

Иако не се стапени во сила, граѓаните во периодот од јули 2021 година, па до крајот на 2023 година поитале да извршат замена на 1.007.885 лични карти на коишто стои името „Република Македонија“.

Само од почетокот на годината се издадени над 75 илјади нови лични карти, со што вкупниот број на издадени лични карти со новото уставно име е 1.083.048, покажува статистиката на МВР.

Ако се има предвид дека замена на лична карта со новото име на државата чини 310 денари по редовна постапка, проценките се дека само од замената на документите за внатрешна употреба се слеале нас пет милиони евра во буџетот.

Народниот правобранител, Насер Зибери и дел од партиите во повеќе наврати укажуваа дека трошоците за обновување на исправите за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, треба да ги сноси државата.

Целиот текст овде.

The post Граѓаните досега дале над 5 милиони евра за нови лични карти appeared first on Република.

]]>

Иако првично беа упатувани апели да се заменат документите до средината на февруари, личните карти со „Република Македонија“ чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12 февруари, бидеќи Законот за личната карта се уште не е изменет.  Но, и покрај тоа милиони евра се слеале досега од џебот на граѓаните во државниот буџет поради замена на личните карти со новото име на државата, пишува Дојче веле. Иако не се стапени во сила, граѓаните во периодот од јули 2021 година, па до крајот на 2023 година поитале да извршат замена на 1.007.885 лични карти на коишто стои името „Република Македонија“. Само од почетокот на годината се издадени над 75 илјади нови лични карти, со што вкупниот број на издадени лични карти со новото уставно име е 1.083.048, покажува статистиката на МВР. Ако се има предвид дека замена на лична карта со новото име на државата чини 310 денари по редовна постапка, проценките се дека само од замената на документите за внатрешна употреба се слеале нас пет милиони евра во буџетот. Народниот правобранител, Насер Зибери и дел од партиите во повеќе наврати укажуваа дека трошоците за обновување на исправите за сите граѓани кои поднеле барање за нови исправи, а дадени им се исправи со стариот образец, со името Република Македонија, по стапувањето на сила на измените на Уставот, треба да ги сноси државата. Целиот текст овде.

The post Граѓаните досега дале над 5 милиони евра за нови лични карти appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Замената на личните документи ќе се заврши на најдобар можен начин https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-zamenata-na-lichnite-dokumenti-ke-se-zavrshi-na-najdobar-mozhen-nachin/ Tue, 26 Dec 2023 12:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=726817

Процесот на издавање на лични документи во Скопје и во Секторите за внатрешни работи во земјава е интензивен. Во внатрешноста во земјава овој процес на замена на лични документи е сосема при крај, истакна денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во Скопје знаете дека се отвори новиот пункт се со цел да се апсорбира што е можно повеќе барања. Имајќи предвид дека само во пунктот имаме 40.000 граѓани, коишто дошле оставиле барања за лични документи, значи не за еден документ, туку за повеќе и другите пунктови низ Скопје апсорбираат. Така да сметам дека интензивната работа сега, до крајот на годината, целиот месец јануари итн. ќе се заврши целиот овој процес на најдобар можен начин - рече Спасовски.

Прашан за видеата за полициска службеничка која славела со торта, а синдикатите сметаат дека е незаконски унапредена, Спасовски одговори дека полицајката е сосема законски унапредена и ги исполнува сите услови.

The post Спасовски: Замената на личните документи ќе се заврши на најдобар можен начин appeared first on Република.

]]>

Процесот на издавање на лични документи во Скопје и во Секторите за внатрешни работи во земјава е интензивен. Во внатрешноста во земјава овој процес на замена на лични документи е сосема при крај, истакна денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Во Скопје знаете дека се отвори новиот пункт се со цел да се апсорбира што е можно повеќе барања. Имајќи предвид дека само во пунктот имаме 40.000 граѓани, коишто дошле оставиле барања за лични документи, значи не за еден документ, туку за повеќе и другите пунктови низ Скопје апсорбираат. Така да сметам дека интензивната работа сега, до крајот на годината, целиот месец јануари итн. ќе се заврши целиот овој процес на најдобар можен начин - рече Спасовски.
Прашан за видеата за полициска службеничка која славела со торта, а синдикатите сметаат дека е незаконски унапредена, Спасовски одговори дека полицајката е сосема законски унапредена и ги исполнува сите услови.

The post Спасовски: Замената на личните документи ќе се заврши на најдобар можен начин appeared first on Република.

]]>
Досега заменети над еден милион патни исправи, 900 илјади лични карти и 480 илјади возачки дозволи https://republika.mk/vesti/makedonija/dosega-zameneti-nad-eden-milion-patni-ispravi-900-iljadi-lichni-karti-i-480-iljadi-vozachki-dozvoli/ Wed, 15 Nov 2023 13:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=701854

На ниво на државата досега се заменети 1.050.000 патни исправи, 900.00 лични карти и 480.000 возачки дозволи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со раководството на Министерството за внатрешни работи го посети пунктот во Полициската станица „Пролет" каде граѓаните можат да направат промена на личните документи, без претходно закажување.

Спасовски информираше дека се инсталирани 10 нови работни станици, каде што ќе можат граѓаните да извршат сликање за документите. Причина за отварањето на пунктот, како што посочи во изјава за медиумите, е бројноста на населението во Скопје и фактот дека на околу 70 проценти од закажаните термини граѓаните не се појавуваат, а притоа презакажуваат нови термини.

За поздравување е тоа што граѓаните од внатрешноста на државата дури над 80 проценти ги имаат направено промените на личните документи. Причина за отворањето на овој нов пункт беше бројноста на населението во Скопје, како и фактот дека околу 70 проценти од закажаните термини коишто ги имаат граѓаните резервирано преку телефонскиот број или по електронски пати ги откажуваат, односно не се појавуваат на тие термини, а притоа се презакажуваат со нови термини и на тој начин практично се одлага процесот. Затоа како раководство на МВР одлучивме да излеземе во пресрет на граѓаните, да создадеме можност за започнување на процедурата без закажување на редовната постапка, туку со лично појавување во салата по принципот „прв дојден, прв услужен - рече Спасовски.

 

Системот е тестиран, вели Спасовски, и овозможува по околу 1000 лица за период од еден работен ден да ја поминат процедурата. Работното време на пунктот е од 08.00 до 18.00 часот, со можност за продолжување до 20.00 часот. Министерот апелираше до граѓаните да имаат трпение и разбирање кон службениците во управните служби при остварување на својата обврска за промена на личните документи со овој забрзан систем на промена на документите, почитувајќи го редот и дисциплината во објектот.

На 13 и 14 овој месец, пред официјалното пуштање во употреба на пунктот, биле примени околу 1000 барања

The post Досега заменети над еден милион патни исправи, 900 илјади лични карти и 480 илјади возачки дозволи appeared first on Република.

]]>

На ниво на државата досега се заменети 1.050.000 патни исправи, 900.00 лични карти и 480.000 возачки дозволи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со раководството на Министерството за внатрешни работи го посети пунктот во Полициската станица „Пролет" каде граѓаните можат да направат промена на личните документи, без претходно закажување. Спасовски информираше дека се инсталирани 10 нови работни станици, каде што ќе можат граѓаните да извршат сликање за документите. Причина за отварањето на пунктот, како што посочи во изјава за медиумите, е бројноста на населението во Скопје и фактот дека на околу 70 проценти од закажаните термини граѓаните не се појавуваат, а притоа презакажуваат нови термини.
За поздравување е тоа што граѓаните од внатрешноста на државата дури над 80 проценти ги имаат направено промените на личните документи. Причина за отворањето на овој нов пункт беше бројноста на населението во Скопје, како и фактот дека околу 70 проценти од закажаните термини коишто ги имаат граѓаните резервирано преку телефонскиот број или по електронски пати ги откажуваат, односно не се појавуваат на тие термини, а притоа се презакажуваат со нови термини и на тој начин практично се одлага процесот. Затоа како раководство на МВР одлучивме да излеземе во пресрет на граѓаните, да создадеме можност за започнување на процедурата без закажување на редовната постапка, туку со лично појавување во салата по принципот „прв дојден, прв услужен - рече Спасовски.
  Системот е тестиран, вели Спасовски, и овозможува по околу 1000 лица за период од еден работен ден да ја поминат процедурата. Работното време на пунктот е од 08.00 до 18.00 часот, со можност за продолжување до 20.00 часот. Министерот апелираше до граѓаните да имаат трпение и разбирање кон службениците во управните служби при остварување на својата обврска за промена на личните документи со овој забрзан систем на промена на документите, почитувајќи го редот и дисциплината во објектот. На 13 и 14 овој месец, пред официјалното пуштање во употреба на пунктот, биле примени околу 1000 барања

The post Досега заменети над еден милион патни исправи, 900 илјади лични карти и 480 илјади возачки дозволи appeared first on Република.

]]>
„Парни ваљак“ му најде замена на Аки Рахимовски https://republika.mk/scena/muzika/parni-valak-mu-najde-zamena-na-aki-rahimovski/ Thu, 23 Mar 2023 09:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=622795

Легендарниот пејач на групата Парни ваљак, Аки Рахимовски, почина во јануари минатата година.

Една година по смртта на Аки Рахимовски, овој популарен бенд излезе со соопштение во кое откри дека нов пејач на Парни ваљак ќе биде Игор Дрвенкар.

Моја глава, мои правила feat. Игор Дрвенкар, четврток, 23.03. во 12 часот. Премиерата на нашата нова песна на радио станиците ширум регионот и видеото на нашиот канал на Јутјуб, соопштија членовите на Парни ваљак.

Хрватската јавност Игор Дрвенкар го запозна преку популарната хрватска емисија „А страна“.

Дрвенкар пеел во различни бендови, а се испробал и во неколку мјузикли, меѓу кои, „Исус Христос Суперстар“ и „Убавицата и ѕверот“. Тој ги забавуваше загрепчани на пречекот на 2022 година.

 

The post „Парни ваљак“ му најде замена на Аки Рахимовски appeared first on Република.

]]>

Легендарниот пејач на групата Парни ваљак, Аки Рахимовски, почина во јануари минатата година. Една година по смртта на Аки Рахимовски, овој популарен бенд излезе со соопштение во кое откри дека нов пејач на Парни ваљак ќе биде Игор Дрвенкар.
Моја глава, мои правила feat. Игор Дрвенкар, четврток, 23.03. во 12 часот. Премиерата на нашата нова песна на радио станиците ширум регионот и видеото на нашиот канал на Јутјуб, соопштија членовите на Парни ваљак.
Хрватската јавност Игор Дрвенкар го запозна преку популарната хрватска емисија „А страна“. Дрвенкар пеел во различни бендови, а се испробал и во неколку мјузикли, меѓу кои, „Исус Христос Суперстар“ и „Убавицата и ѕверот“. Тој ги забавуваше загрепчани на пречекот на 2022 година.  

The post „Парни ваљак“ му најде замена на Аки Рахимовски appeared first on Република.

]]>