заложништво Archives - Република https://republika.mk/tema/zaloznishtvo/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Nov 2022 14:21:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png заложништво Archives - Република https://republika.mk/tema/zaloznishtvo/ 32 32 Албанец со години ги држел сопругата и синовите затворени во куќа да не се заразат или да не почнат да се дрогираат https://republika.mk/vesti/balkan/albanec-so-godini-gi-drzel-soprugata-i-sinovite-zatvoreni-vo-kukja-da-ne-se-zarazat-ili-da-ne-pochnat-da-se-drogiraat/ Mon, 07 Nov 2022 14:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=570995

Семејство во Албанија преживувало хорор. Маж од Тирана цели шест години ги држел сопругата и синовите затворени во куќа без вода и струја. Ролетните секогаш биле спуштени на прозорците за да не влезе ниту светлина.

Ѓерѓ Лачи (52) е уапсен вчера под сомнение дека сопругата и синовите со години ги држел затворени во куќата и им забранувал да имаат контакт со надворешниот свет. Човекот со години живеел во Италија, а потоа се вратил во родната Албанија, каде заедно со семејството живееле сиромашно. Тој повеќе од една година не ги пуштал своите синови, кои имаат 15 и 17 години, да ја напуштат куќата, а неговата сопруга шест години не смеела да излезе од дома. На сопругата и децата им велел дека „ќе се заразат ако излезат надвор“. Тој, според медиумите самиот не излегувал од дома во изминатите шест месеци, а храната ја обезбедувало неговото семејство, а понекогаш и неговиот брат.

Соседите раскажале дека го гледале само во петок како излегува од дома за да оди на молитва.

Властите, според написите, биле однапред предупредени дека Лачи има „радикални ставови“, а загрижените соседи повикале полиција кога забележале дека момчињата подолго време не излегуваат од дома.

Момчињата завршиле само основно училиште, а татко им под закана ги држел затворени во куќата. При претресот кај Лачи се пронајдени поголем број ножеви, поголема количина муниција и полни рамки за автоматско оружје. Лачи негирал дека ги малтретирал момчињата и дека ја силувал сопругата Елена.

Се водев од моите религиозни убедувања. Не ги пуштав сопругата и децата надвор за да ги заштитам од злото. Не сакав да почнат да се дрогираат или да се заразат, кажал Лачи на сослушувањето.

Сепак, во присуство на психолог, сопругата и децата докажале дека тој систематски ги малтретирал.

 

The post Албанец со години ги држел сопругата и синовите затворени во куќа да не се заразат или да не почнат да се дрогираат appeared first on Република.

]]>

Семејство во Албанија преживувало хорор. Маж од Тирана цели шест години ги држел сопругата и синовите затворени во куќа без вода и струја. Ролетните секогаш биле спуштени на прозорците за да не влезе ниту светлина. Ѓерѓ Лачи (52) е уапсен вчера под сомнение дека сопругата и синовите со години ги држел затворени во куќата и им забранувал да имаат контакт со надворешниот свет. Човекот со години живеел во Италија, а потоа се вратил во родната Албанија, каде заедно со семејството живееле сиромашно. Тој повеќе од една година не ги пуштал своите синови, кои имаат 15 и 17 години, да ја напуштат куќата, а неговата сопруга шест години не смеела да излезе од дома. На сопругата и децата им велел дека „ќе се заразат ако излезат надвор“. Тој, според медиумите самиот не излегувал од дома во изминатите шест месеци, а храната ја обезбедувало неговото семејство, а понекогаш и неговиот брат. Соседите раскажале дека го гледале само во петок како излегува од дома за да оди на молитва. Властите, според написите, биле однапред предупредени дека Лачи има „радикални ставови“, а загрижените соседи повикале полиција кога забележале дека момчињата подолго време не излегуваат од дома. Момчињата завршиле само основно училиште, а татко им под закана ги држел затворени во куќата. При претресот кај Лачи се пронајдени поголем број ножеви, поголема количина муниција и полни рамки за автоматско оружје. Лачи негирал дека ги малтретирал момчињата и дека ја силувал сопругата Елена.
Се водев од моите религиозни убедувања. Не ги пуштав сопругата и децата надвор за да ги заштитам од злото. Не сакав да почнат да се дрогираат или да се заразат, кажал Лачи на сослушувањето.
Сепак, во присуство на психолог, сопругата и децата докажале дека тој систематски ги малтретирал.  

The post Албанец со години ги држел сопругата и синовите затворени во куќа да не се заразат или да не почнат да се дрогираат appeared first on Република.

]]>