закон Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 11:42:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon/ 32 32 Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/filipche-do-2-000-denari-ke-se-shtedi-mesechno-na-hrana-sdsm-podnesuva-zakon-za-namaluvane-na-tseni/ Mon, 04 Nov 2024 11:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=833985

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Предлог-законот го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ - истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.

Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно.

Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски - рече Филипче.

СДСМ преку консултации со експерти и бизнис секторот разви мерки кои го штитат стандардот на граѓаните без да ги оптоваруваат компаниите и како опозиција и понатаму остануваме посветени на заштита на нивните интереси, додаде Филипче

Тој ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот, но упати и критика до владините политики кои ги оставија граѓаните со сè помали буџети за кои основните прехранбени производи станаа луксуз, а мерките за нивно поевтинување се сведоа на празни налепници и неефикасна ПР кампања.

По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија - потенцира Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети на ефективните економски модели што ги спроведуваше Владата на СДСМ, кои со само една мерка овозможија поевтинување на над 500 производи, или пет пати повеќе од сегашните резултати.

The post Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени appeared first on Република.

]]>

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Предлог-законот го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.
Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ - истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.
Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно.
Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски - рече Филипче.
СДСМ преку консултации со експерти и бизнис секторот разви мерки кои го штитат стандардот на граѓаните без да ги оптоваруваат компаниите и како опозиција и понатаму остануваме посветени на заштита на нивните интереси, додаде Филипче Тој ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот, но упати и критика до владините политики кои ги оставија граѓаните со сè помали буџети за кои основните прехранбени производи станаа луксуз, а мерките за нивно поевтинување се сведоа на празни налепници и неефикасна ПР кампања.
По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија - потенцира Филипче.
Претседателот на СДСМ потсети на ефективните економски модели што ги спроведуваше Владата на СДСМ, кои со само една мерка овозможија поевтинување на над 500 производи, или пет пати повеќе од сегашните резултати.

The post Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Законот за зголемување на минималната плата е чекор кон подобра иднина за секој работник https://republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-zakonot-za-zgolemuvane-na-minimalnata-plata-e-chekor-kon-podobra-idnina-za-sekoj-rabotnik/ Tue, 22 Oct 2024 10:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=829745

СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Со оваа мерка предвидуваме минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра. Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство, изјави денеска на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Таа вели „нашите сограѓани секојдневно се соочуваат со се поголеми економски предизвици. Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај“.

Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно.

Жалиме што Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги слуша потребите на народот.

Во време кога граѓаните се борат со високи цени и намалени приходи, Владата не презема ништо за да им помогне. Социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари. Ниту една од мерките на Владата за намалување на цените не даде резултати. Напротив, куповната моќ на граѓаните се намалува, и тие веќе не можат да си дозволат дури и основни прехранбени производи. Работниците, особено оние со најниски примања, се оставени на милост и немилост на пазарот.

Почитувани пратеници, погледнете околу нас во Србија, Црна Гора, Хрватска.

Во соседните земји, минималната плата расте. Во Србија ќе биде 457 евра, во Црна Гора 700 евра, во Хрватска веќе е 677 евра. Нашите работници заслужуваат подобро, тие не се помалку важни од оние во соседството. Нивниот труд и посветеност мора да бидат вреднувани, и тоа сега. Време е да се погрижиме и да им обезбедиме животен стандард кој ќе им овозможи да живеат достоинствено.

Работниците не треба да бидат жртва на политичките игри.

ВМРО-ДПМНЕ веќе бланко го одбива нашиот предлог, но ние велиме – ова не е време за партиски интереси. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспитаат својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани.

Ги повикуваме сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да гласаат за подобар животен стандард. Сега е време да се издигнеме над партиските разлики и да направиме нешто вистински важно за граѓаните. Секој глас за овој закон е глас за подобар живот за илјадници работници и нивните семејства. Нема ништо поважно од тоа!

Да се обединиме во оваа борба и заедно да донесеме поголема минимална плата. За подобар живот, за достоинствен труд, за иднината на нашите деца, вели Тренчевска.

The post Тренчевска: Законот за зголемување на минималната плата е чекор кон подобра иднина за секој работник appeared first on Република.

]]>

СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Со оваа мерка предвидуваме минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра. Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство, изјави денеска на прес-конференција пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска. Таа вели „нашите сограѓани секојдневно се соочуваат со се поголеми економски предизвици. Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај“. Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно. Жалиме што Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги слуша потребите на народот. Во време кога граѓаните се борат со високи цени и намалени приходи, Владата не презема ништо за да им помогне. Социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари. Ниту една од мерките на Владата за намалување на цените не даде резултати. Напротив, куповната моќ на граѓаните се намалува, и тие веќе не можат да си дозволат дури и основни прехранбени производи. Работниците, особено оние со најниски примања, се оставени на милост и немилост на пазарот. Почитувани пратеници, погледнете околу нас во Србија, Црна Гора, Хрватска. Во соседните земји, минималната плата расте. Во Србија ќе биде 457 евра, во Црна Гора 700 евра, во Хрватска веќе е 677 евра. Нашите работници заслужуваат подобро, тие не се помалку важни од оние во соседството. Нивниот труд и посветеност мора да бидат вреднувани, и тоа сега. Време е да се погрижиме и да им обезбедиме животен стандард кој ќе им овозможи да живеат достоинствено. Работниците не треба да бидат жртва на политичките игри. ВМРО-ДПМНЕ веќе бланко го одбива нашиот предлог, но ние велиме – ова не е време за партиски интереси. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспитаат својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани. Ги повикуваме сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да гласаат за подобар животен стандард. Сега е време да се издигнеме над партиските разлики и да направиме нешто вистински важно за граѓаните. Секој глас за овој закон е глас за подобар живот за илјадници работници и нивните семејства. Нема ништо поважно од тоа! Да се обединиме во оваа борба и заедно да донесеме поголема минимална плата. За подобар живот, за достоинствен труд, за иднината на нашите деца, вели Тренчевска.

The post Тренчевска: Законот за зголемување на минималната плата е чекор кон подобра иднина за секој работник appeared first on Република.

]]>
Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-so-zakon-ke-zabrani-izdavane-stanovi-na-eden-den/ Mon, 23 Sep 2024 09:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=818924

Хрватскиот Сабор в четврток ќе расправа за предлог-законот за управување и одржување на згради, кој предизвика голем интерес во јавноста, а со кој има намера да се ограничи пренамена на станови во туристички апартмани и други форми на краткорочно изнајмување.

На сопствениците кои сакаат да ги пренаменат становите во иднина ќе им треба согласност од 80 отсто од косопствениците на зградата.

Според податоците од надлежните институции, 40 отсто од вкупниот станбен фонд во Хрватска не се користи за домување. Целта е тие околу 908.000 станови да се вратат во првобитната намена, нагласи ресорниот министер Бранко Бачиќ.

Казни се пропишани за сопствениците на станови кои самоволно затвораат балкони, градат настрешници или поставуваат клима уреди на фасадата.

 

The post Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот Сабор в четврток ќе расправа за предлог-законот за управување и одржување на згради, кој предизвика голем интерес во јавноста, а со кој има намера да се ограничи пренамена на станови во туристички апартмани и други форми на краткорочно изнајмување. На сопствениците кои сакаат да ги пренаменат становите во иднина ќе им треба согласност од 80 отсто од косопствениците на зградата. Според податоците од надлежните институции, 40 отсто од вкупниот станбен фонд во Хрватска не се користи за домување. Целта е тие околу 908.000 станови да се вратат во првобитната намена, нагласи ресорниот министер Бранко Бачиќ. Казни се пропишани за сопствениците на станови кои самоволно затвораат балкони, градат настрешници или поставуваат клима уреди на фасадата.  

The post Хрватска со закон ќе забрани издавање станови на еден ден appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, убиството во Мавровка е расчистено, институциите експресно реагираа https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekoj-koj-se-ogreshil-pred-zakonot-ke-odgovara-ubistvoto-vo-mavrovka-e-raschisteno-institutsiite-ekspresno-reagiraa/ Thu, 22 Aug 2024 12:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=809077

„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и загубениот човечки живот“, кажа претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за убиството пред Мавровка и обвинувањата на опозицијата дека институциите не ги презеле сите мерки навреме и додаде:

Но, она што е важно е дека веќе во серија, криминалци и корумпирани судии и обвинители се одговорни пред законите и институциите откако најпрвин врховниот судија и оној обвинител кој што е дел од Советот на јавни обвинители призна вина дека учествувале во коруптивен скандал и дека на тој начин само ги докажаа тезите кои што ние ги имаме дека имаме партизирано оптруирано обвинителство и судство во најголема мерка.

Тој истакна дека институциите брзо реагирале на расчистување на овој грозоморен чин и ги привеле сторителите, нешто што не било случај во минатото.

Сега следеше втор чин кога институциите брзо молскавично сторителите на овој грозоморен чин ги приведоа и ги извадија пред органите на правдата. Сите буквално учесници се приведени, нешто што во минатото не беше случај. Нешто што морам да признам во минатото не беше случај и затоа довербата во правната држава беше еднаква на нула, подвлече премиерот Мицкоски.

„Добро е што последните мерења конкретно од август кои што како партија ги правиме во довербата во институциите во борбата против криминалот и корупцијата постепено се враќа и можам со задоволство да кажам дека за прв пат имаме повеќе наши сограѓани кои што веруваат во борбата против криминалот и корупцијата на оваа влада отколку што не веруваат. И тоа е само уште една причина повеќе да продолжиме да се бориме со овие криминални битанги, без разлика дали се вакви безочни криминалци или криминалци во политиката“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски е дециден дека сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Набргу од денеска сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вклучително и оние групи кои што во последно време се обидуваат да бидат активни во скопското подземје, ги следиме и нив, рече Мицкоски.

 

The post Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, убиството во Мавровка е расчистено, институциите експресно реагираа appeared first on Република.

]]>

„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и загубениот човечки живот“, кажа претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за убиството пред Мавровка и обвинувањата на опозицијата дека институциите не ги презеле сите мерки навреме и додаде:
Но, она што е важно е дека веќе во серија, криминалци и корумпирани судии и обвинители се одговорни пред законите и институциите откако најпрвин врховниот судија и оној обвинител кој што е дел од Советот на јавни обвинители призна вина дека учествувале во коруптивен скандал и дека на тој начин само ги докажаа тезите кои што ние ги имаме дека имаме партизирано оптруирано обвинителство и судство во најголема мерка.
Тој истакна дека институциите брзо реагирале на расчистување на овој грозоморен чин и ги привеле сторителите, нешто што не било случај во минатото.
Сега следеше втор чин кога институциите брзо молскавично сторителите на овој грозоморен чин ги приведоа и ги извадија пред органите на правдата. Сите буквално учесници се приведени, нешто што во минатото не беше случај. Нешто што морам да признам во минатото не беше случај и затоа довербата во правната држава беше еднаква на нула, подвлече премиерот Мицкоски.
„Добро е што последните мерења конкретно од август кои што како партија ги правиме во довербата во институциите во борбата против криминалот и корупцијата постепено се враќа и можам со задоволство да кажам дека за прв пат имаме повеќе наши сограѓани кои што веруваат во борбата против криминалот и корупцијата на оваа влада отколку што не веруваат. И тоа е само уште една причина повеќе да продолжиме да се бориме со овие криминални битанги, без разлика дали се вакви безочни криминалци или криминалци во политиката“, изјави тој. Премиерот Мицкоски е дециден дека сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Набргу од денеска сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вклучително и оние групи кои што во последно време се обидуваат да бидат активни во скопското подземје, ги следиме и нив, рече Мицкоски.
 

The post Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, убиството во Мавровка е расчистено, институциите експресно реагираа appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот претседател го прифати новиот закон за ЛГБТ пропаганда и покрај противењето на Советот на Европа https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-pretsedatel-go-prifati-noviot-zakon-za-lgbt-propaganda-i-pokraj-protiveneto-na-sovetot-na-evropa/ Tue, 20 Aug 2024 09:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=808222

Бугарскиот претседател Румен Радев ги потпиша измените и дополнувањата на законот за ЛГБТ пропаганда со кој во бугарските училишта се забранува каква било образовна програма за „нетрадиционална сексуална ориентација“, и покрај повиците од Советот на Европа да стави вето на амандманите.

Амандманите ги иницираше проруската партија Препород, а усвоени се со помош на ГЕРБ и проруската БСП. Амандманите беа усвоени минатата недела, по само две читања, а во „Државниот гласник“ беа објавени во петокот.

Според измените на законот, секоја образовна програма во училиштата која се однесува на „нетрадиционална сексуална ориентација“ ќе биде означена како ЛГБТ пропаганда.

Според законот, „нетрадиционалната сексуална ориентација“ е дефинирана како „различна од општоприфатените норми, содржани во бугарската правна традиција“, кои се однесуваат на емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивниот пол, пренесува Еуроактив.

Донесувањето на измените на законот ги отфрли претходниот парламент на Гугарија, но ги усвои актуелниот.

По потпишувањето на законот, кабинетот на Радев соопшти дека „шефот на државата изрази став за измените и дополнувањата на Законот за претшколско и школско образование со потпишување на указот за негово прогласување“.

The post Бугарскиот претседател го прифати новиот закон за ЛГБТ пропаганда и покрај противењето на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев ги потпиша измените и дополнувањата на законот за ЛГБТ пропаганда со кој во бугарските училишта се забранува каква било образовна програма за „нетрадиционална сексуална ориентација“, и покрај повиците од Советот на Европа да стави вето на амандманите. Амандманите ги иницираше проруската партија Препород, а усвоени се со помош на ГЕРБ и проруската БСП. Амандманите беа усвоени минатата недела, по само две читања, а во „Државниот гласник“ беа објавени во петокот. Според измените на законот, секоја образовна програма во училиштата која се однесува на „нетрадиционална сексуална ориентација“ ќе биде означена како ЛГБТ пропаганда. Според законот, „нетрадиционалната сексуална ориентација“ е дефинирана како „различна од општоприфатените норми, содржани во бугарската правна традиција“, кои се однесуваат на емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивниот пол, пренесува Еуроактив. Донесувањето на измените на законот ги отфрли претходниот парламент на Гугарија, но ги усвои актуелниот. По потпишувањето на законот, кабинетот на Радев соопшти дека „шефот на државата изрази став за измените и дополнувањата на Законот за претшколско и школско образование со потпишување на указот за негово прогласување“.

The post Бугарскиот претседател го прифати новиот закон за ЛГБТ пропаганда и покрај противењето на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Ќе легитимираат, ќе казнуваат, ќе приведуваат: Во најава е закон за комунална полиција и соработка меѓу ЗЕЛС и МВР https://republika.mk/vesti/skopje/ke-legitimiraat-ke-kaznuvaat-ke-priveduvaat-vo-najava-e-zakon-za-komunalna-politsija-i-sorabotka-megu-zels-i-mvr/ Wed, 14 Aug 2024 11:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=806483

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека работна група од ЗЕЛС веќе работи на изготување на закон за комунална полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Во изјава за медиуми по денешниот координативен состанок со скопските градоначалници, Ѓорѓиевски рече дека во наредниот период и јавноста ќе треба да се запознае со тој закон.

Размислуваме за закон за комунална полиција. Одредена работна група од ЗЕЛС работи на истото во соработка со МВР. Секако дека ќе треба во наредниот период и јавноста да го види, да се запознае со истиот. Но, мислам дека и конечно донесување на еден таков закон за комунална полиција е нешто што е од сериозна потреба за нашата земја – рече тој.

Според градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, пак, постојните проблеми во град Скопје нема да се решат доколку не се донесе закон за комунална инспекција.

Нема да ги решиме проблемите ако не го донесеме законот за комунална инспекција. Комуналните инспектори мора да добијат овластувања, да легитимираат, да казнуваат, да приведуваат, да побараат притвор и физички да неутрализираат - посочи тој.

Дополнително, во врска со подобрување на состојбите, рече дека и цените за сервисирање на услугите на граѓаните мора да се зголемат согласно промените на трошоците.

Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донесоа одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило.

The post Ќе легитимираат, ќе казнуваат, ќе приведуваат: Во најава е закон за комунална полиција и соработка меѓу ЗЕЛС и МВР appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека работна група од ЗЕЛС веќе работи на изготување на закон за комунална полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи. Во изјава за медиуми по денешниот координативен состанок со скопските градоначалници, Ѓорѓиевски рече дека во наредниот период и јавноста ќе треба да се запознае со тој закон.
Размислуваме за закон за комунална полиција. Одредена работна група од ЗЕЛС работи на истото во соработка со МВР. Секако дека ќе треба во наредниот период и јавноста да го види, да се запознае со истиот. Но, мислам дека и конечно донесување на еден таков закон за комунална полиција е нешто што е од сериозна потреба за нашата земја – рече тој.
Според градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, пак, постојните проблеми во град Скопје нема да се решат доколку не се донесе закон за комунална инспекција.
Нема да ги решиме проблемите ако не го донесеме законот за комунална инспекција. Комуналните инспектори мора да добијат овластувања, да легитимираат, да казнуваат, да приведуваат, да побараат притвор и физички да неутрализираат - посочи тој.
Дополнително, во врска со подобрување на состојбите, рече дека и цените за сервисирање на услугите на граѓаните мора да се зголемат согласно промените на трошоците. Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донесоа одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило.

The post Ќе легитимираат, ќе казнуваат, ќе приведуваат: Во најава е закон за комунална полиција и соработка меѓу ЗЕЛС и МВР appeared first on Република.

]]>
Oстварено првото изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за организација на министерствата https://republika.mk/vesti/makedonija/ostvareno-prvoto-izborno-vetuvane-na-vmro-dpmne-za-izmenite-na-zakonot-za-organizatsija-na-ministerstvata/ Sat, 08 Jun 2024 10:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=785692

Во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ го оствари и првото ветување за реформски закон за распоред и организација на Владата кој беше ветуван во изборите.

Партијата покажа капацитет за двотретинско мнозинство, и досега е партија која обединува најголем број на гласови во Собранието за структурални и важни прашања. Законските измени и дополнувања беа изгласани со 88 гласа „за“ и 22 „против“.

Поддршка за измените на законот дадоа и пратеници од ДУИ кои гласаа без било какви условувања или предлози што никогаш не беше случај претходно. Одлуката на ДУИ и Европскиот фронт ја образложи координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети.

Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Цениме дека еден ваков упад треба да има сериозно разгледување, но ова ќе го оставиме на времето дали ќе биде постигната таква ефикасност, рече Беџети.

Од Вреди се огласија денеска истакнувајќи дека добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција.

Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Македонија, се вели во соопштението.

ВМРО ДПМНЕ покажа дека работи на агендата Македонија повторно твоја. Носењето на измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа се вовед во формирањето нова влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што започна да тече во четвртокот на 6 јуни.

The post Oстварено првото изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за организација на министерствата appeared first on Република.

]]>

Во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ го оствари и првото ветување за реформски закон за распоред и организација на Владата кој беше ветуван во изборите. Партијата покажа капацитет за двотретинско мнозинство, и досега е партија која обединува најголем број на гласови во Собранието за структурални и важни прашања. Законските измени и дополнувања беа изгласани со 88 гласа „за“ и 22 „против“. Поддршка за измените на законот дадоа и пратеници од ДУИ кои гласаа без било какви условувања или предлози што никогаш не беше случај претходно. Одлуката на ДУИ и Европскиот фронт ја образложи координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети. Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Цениме дека еден ваков упад треба да има сериозно разгледување, но ова ќе го оставиме на времето дали ќе биде постигната таква ефикасност, рече Беџети. Од Вреди се огласија денеска истакнувајќи дека добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Македонија, се вели во соопштението. ВМРО ДПМНЕ покажа дека работи на агендата Македонија повторно твоја. Носењето на измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа се вовед во формирањето нова влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што започна да тече во четвртокот на 6 јуни.

The post Oстварено првото изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за организација на министерствата appeared first on Република.

]]>
Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост https://republika.mk/vesti/svet/vo-florida-stapi-vo-sila-zabranata-za-abortus-po-shest-nedeli-bremenost/ Wed, 01 May 2024 14:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=773037

Во Флорида денеска стапи во сила забраната за повеќето абортуси по шест недели од бременоста, пред многу жени да знаат дека се бремени, а некои лекари се загрижени дека жените во државата повеќе нема да имаат пристап до здравствената заштита што им е потребна.

Докторката Леа Робертс, репродуктивен ендокринолог и специјалист за плодност во Бока Фертити во Бока Ратон, рече дека законите против абортусот донесени од Флорида и другите „црвени“ држави се напишани од луѓе кои не ја разбираат медицината.

Правилата не ги засегаат само жените кои сакаат да ја прекинат бременоста како личен избор, туку и проблематичните бремености за жените кои сакаат да имаат бебе, нагласи таа.

Американскиот претседател Џозеф Бајден пред една недела го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.

Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп, им рече Бајден на своите приврзаници во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“.

- Не се работи за правата на (сојузните) држави, туку за правата на жените, рече Бајден и оцени дека Трамп „е загрижен дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што ги создаде“.

На почетокот на претходниот месец, Врховниот суд на Флорида го одобри законот со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени.

Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите веруваат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „свртат“ гласачите на Трамп кон Бајден.

На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто.

Шефицата на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде.

The post Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост appeared first on Република.

]]>

Во Флорида денеска стапи во сила забраната за повеќето абортуси по шест недели од бременоста, пред многу жени да знаат дека се бремени, а некои лекари се загрижени дека жените во државата повеќе нема да имаат пристап до здравствената заштита што им е потребна. Докторката Леа Робертс, репродуктивен ендокринолог и специјалист за плодност во Бока Фертити во Бока Ратон, рече дека законите против абортусот донесени од Флорида и другите „црвени“ држави се напишани од луѓе кои не ја разбираат медицината.
Правилата не ги засегаат само жените кои сакаат да ја прекинат бременоста како личен избор, туку и проблематичните бремености за жените кои сакаат да имаат бебе, нагласи таа.
Американскиот претседател Џозеф Бајден пред една недела го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп за новите ограничувања на правото на абортус во државата Флорида.
Да бидеме многу јасни, има само едно лице одговорно за овој кошмар. Тој се фали со тоа. Доналд Трамп, им рече Бајден на своите приврзаници во градот Тампа и истакна дека правото на абортус „треба да биде уставно право“.
- Не се работи за правата на (сојузните) држави, туку за правата на жените, рече Бајден и оцени дека Трамп „е загрижен дека гласачите ќе го сметаат за одговорен за суровоста и хаосот што ги создаде“. На почетокот на претходниот месец, Врховниот суд на Флорида го одобри законот со кој се забранува абортус по првите шест недели од бременоста, период кога повеќето жени не се ни свесни дека се бремени. Прашањето за абортусот е важно за претстојните избори на 5 ноември во САД, а демократите веруваат дека строгите ограничувања на тоа право во Флорида и Аризона ќе ги „свртат“ гласачите на Трамп кон Бајден. На изборите во 2022 година Трамп освои 51,2 отсто во таа држава, а Бајден 47,9 отсто. Шефицата на Демократската партија на Флорида, Ники Фрид изјави дека Бајден разбира дека победата во таа држава е малку веројатна, но дека вреди да се обиде.

The post Во Флорида стапи во сила забраната за абортус по шест недели бременост appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе си одговара секој кој ќе се огреши кон законот, без оглед на сè https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-si-odgovara-sekoj-koj-ke-se-ogreshi-kon-zakonot-bez-ogled-na-se/ Mon, 29 Apr 2024 19:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=772364

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во 360 степени на МРТ во однос на криминалот, корупцијата и скандалите на власта во земјата и за тоа колку е сериозен во намерата за тоа дека ќе има нулта толеранција за криминал и корупција истакна дека ќе си одговара секој кој се огрешил пред законот без оглед на сè.

Јас сега немам друга алатка освен зборот и треба да се верува на зборот и треба да се верува на зборот и желбата тоа да се направи. Ценам дека преку работаат на градоначалниците и луѓето во локалната самоуправа покажавме и докажавме дека повеќе од 2,5 години немаме ниту основано сомнение за било каков криминал или корупција“, кажа Мицкоски и додаде:

Најдобро е тоа што се слуша по допрен глас да дојде до институциите еве ако до сега овие институции под ДУИ и под СДСМ не успевале да го слушнат тоа што се слуша јас би ги повикал сите оние кои што слушаат такво нешто да го донесат тој глас да го слушнат и институциите кои што утре идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги управува и јас ви гарантирам дека ќе нема милост кон никого. За кој што ќе има докази се разбира. Се што се темели на прекршување на закон и ако има такви докази. Вие велите се слуша тоа значи дека има допрен глас и тоа може да дојде до истражните органи истражните органи тој допрен глас ќе го истражат и доколку има докази за такво нешто јас ви гарантирам дека родена сестра да ми е ќе нема пардон. Тука нема пардон да има, како што рековте има многу политичари кои доаѓале со таква амбиција и таква реторика но за жал времето покажало дека или не успевале или пак се топеле во тоа сивило и тие продолжувале по тој пат. Јас сепак мислам дека сум поразличен од сите кои што ја воделе оваа држава и владата во Македонија.

Во однос на проверка на имотот и целосната состојба и имотот на судиите, Мицкоски истакна дека сето тоа ќе се направи со мечирање на податоците од неколку институции.

Ние многу јасно кажуваме дека ќе направиме проверка на сите граѓани а во нив ќе бидат и овие. Со мечирање на неколку бази на податоци меѓу кои што се УЈП, Катастарот Централниот Регистер и тн и да видиме дали приходите на некое физичко лице соодветствуваат со тоа што тој располага. И јас одам чекор понатаму во таа проверка и велам еве почнете од мене и од моето семејство. Да видиме Христијан Мицкоски во неговиот живот колку даноци уплатил колкави приходи имал преку УЈП, по сите основи, дали е тоа приход по личен доход, дивиденда, некој друг приход итн. Сето тоа УЈП го еведентира“, рече Мицкоски.

 

The post Мицкоски: Ќе си одговара секој кој ќе се огреши кон законот, без оглед на сè appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во 360 степени на МРТ во однос на криминалот, корупцијата и скандалите на власта во земјата и за тоа колку е сериозен во намерата за тоа дека ќе има нулта толеранција за криминал и корупција истакна дека ќе си одговара секој кој се огрешил пред законот без оглед на сè.
Јас сега немам друга алатка освен зборот и треба да се верува на зборот и треба да се верува на зборот и желбата тоа да се направи. Ценам дека преку работаат на градоначалниците и луѓето во локалната самоуправа покажавме и докажавме дека повеќе од 2,5 години немаме ниту основано сомнение за било каков криминал или корупција“, кажа Мицкоски и додаде:
Најдобро е тоа што се слуша по допрен глас да дојде до институциите еве ако до сега овие институции под ДУИ и под СДСМ не успевале да го слушнат тоа што се слуша јас би ги повикал сите оние кои што слушаат такво нешто да го донесат тој глас да го слушнат и институциите кои што утре идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги управува и јас ви гарантирам дека ќе нема милост кон никого. За кој што ќе има докази се разбира. Се што се темели на прекршување на закон и ако има такви докази. Вие велите се слуша тоа значи дека има допрен глас и тоа може да дојде до истражните органи истражните органи тој допрен глас ќе го истражат и доколку има докази за такво нешто јас ви гарантирам дека родена сестра да ми е ќе нема пардон. Тука нема пардон да има, како што рековте има многу политичари кои доаѓале со таква амбиција и таква реторика но за жал времето покажало дека или не успевале или пак се топеле во тоа сивило и тие продолжувале по тој пат. Јас сепак мислам дека сум поразличен од сите кои што ја воделе оваа држава и владата во Македонија. Во однос на проверка на имотот и целосната состојба и имотот на судиите, Мицкоски истакна дека сето тоа ќе се направи со мечирање на податоците од неколку институции.
Ние многу јасно кажуваме дека ќе направиме проверка на сите граѓани а во нив ќе бидат и овие. Со мечирање на неколку бази на податоци меѓу кои што се УЈП, Катастарот Централниот Регистер и тн и да видиме дали приходите на некое физичко лице соодветствуваат со тоа што тој располага. И јас одам чекор понатаму во таа проверка и велам еве почнете од мене и од моето семејство. Да видиме Христијан Мицкоски во неговиот живот колку даноци уплатил колкави приходи имал преку УЈП, по сите основи, дали е тоа приход по личен доход, дивиденда, некој друг приход итн. Сето тоа УЈП го еведентира“, рече Мицкоски.
 

The post Мицкоски: Ќе си одговара секој кој ќе се огреши кон законот, без оглед на сè appeared first on Република.

]]>
Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам https://republika.mk/zivot/zdravje/sovetot-na-eu-i-evropskiot-parlament-donesoa-odluka-za-zabrana-na-zabnite-plombi-so-amalgam/ Thu, 14 Mar 2024 11:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=754719

Советот на Европската Унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година.

Сребрените или амалгамските пломби се основни во третманот на кариес со децении, пренесува Euroweekly news и додава дека за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива.

Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени.

Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачани побезбедни алтернативи.

The post Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската Унија и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам што содржат жива, која ќе стапи на сила на 1 јануари 2025 година. Сребрените или амалгамските пломби се основни во третманот на кариес со децении, пренесува Euroweekly news и додава дека за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива. Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени. Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачани побезбедни алтернативи.

The post Советот на ЕУ и Европскиот парламент донесоа одлука за забрана на забните пломби со амалгам appeared first on Република.

]]>
Измените во Законот за игри на среќа не поминаа во Собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-vo-zakonot-za-igri-na-sreka-ne-pominaa-vo-sobranie/ Thu, 14 Mar 2024 10:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=754668

Измените во Законот за игри на среќа на второто гласање не поминаа. За овој закон гласаа 51 пратеник, а беа потребни 61. Здруженијата на приредувачите на игри на среќа и на спортските обложувалници веќе подолг период предупредуваа дека овие измени се проект на само една партија, отворено алудирајќи дека е тоа ДУИ и дека ќе остави илјадници граѓани без работа. Собранието во февруари ги усвои овие измени поднесени со европско знаменце, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот.

„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14 мај 2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон“, соопштија од Собранието.

The post Измените во Законот за игри на среќа не поминаа во Собрание appeared first on Република.

]]>

Измените во Законот за игри на среќа на второто гласање не поминаа. За овој закон гласаа 51 пратеник, а беа потребни 61. Здруженијата на приредувачите на игри на среќа и на спортските обложувалници веќе подолг период предупредуваа дека овие измени се проект на само една партија, отворено алудирајќи дека е тоа ДУИ и дека ќе остави илјадници граѓани без работа. Собранието во февруари ги усвои овие измени поднесени со европско знаменце, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот. „Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14 мај 2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон“, соопштија од Собранието.

The post Измените во Законот за игри на среќа не поминаа во Собрание appeared first on Република.

]]>
Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот на производите https://republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-go-izglasa-zakonot-za-zabrana-na-nefer-trgovski-praktiki-so-koj-se-ochekuva-namaluvane-na-tsenite-na-hranata-i-zgolemuvane-na-kvalitetot-na-proizvodite/ Wed, 13 Mar 2024 12:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=754402

Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи

Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите.

За прв пат во државата се носи вакво законско решение во кое има наведено 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат.

Со овој Предлог на Закон се очекува да се елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг; или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг.

Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика.

Клучно во овој дел е поголемо приближување и воедначување на националната легислатива, со легислативата на земјите членки на Европската унија. Република Македонија е единствената земја од Западен Балкан кој ја транспонира оваа Директива на ЕУ, со цел да воспостави фер и рамноправни односи во однос на доминацијата на преговарачка моќ во трговијата помеѓу двајца или повеќе деловни партнери.

Со донесување на Предлог на законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Дополнително, законското решение обезбедува поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата која добива дополнителна надлежност. Комисијата има за задача во првите шест месеци од стапувањето на сила на законот да ги усогласи сите нејзини акти со одредбите на овој предлог и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола на одредбите кои се наведени во предлог законот.

Во Законот исто така е наведено  процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената.

Со ова решение е предвидена листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените.

Комисијата за заштита на конкуренцијата за прв пат добива надлежност да соработува со Европската комисија и телата на земји-членки на Европската унија во постапките за идентификување нефер трговски практики, а особено да разменува информации и искуства за најдобри практики, нови случаи и нови настанати нефер трговски практики, како и мерки за извршување кои се носат во постапка за утврдување нефер трговски практики и давање помош во постапките за утврдување нефер трговски практики кои имаат прекугранична димензија.

За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра

 

The post Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот на производите appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Северна Mакедонија на денешната седница го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите. За прв пат во државата се носи вакво законско решение во кое има наведено 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат. Со овој Предлог на Закон се очекува да се елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг; или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика. Клучно во овој дел е поголемо приближување и воедначување на националната легислатива, со легислативата на земјите членки на Европската унија. Република Македонија е единствената земја од Западен Балкан кој ја транспонира оваа Директива на ЕУ, со цел да воспостави фер и рамноправни односи во однос на доминацијата на преговарачка моќ во трговијата помеѓу двајца или повеќе деловни партнери. Со донесување на Предлог на законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Дополнително, законското решение обезбедува поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата која добива дополнителна надлежност. Комисијата има за задача во првите шест месеци од стапувањето на сила на законот да ги усогласи сите нејзини акти со одредбите на овој предлог и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола на одредбите кои се наведени во предлог законот. Во Законот исто така е наведено  процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената. Со ова решение е предвидена листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10% и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените. Комисијата за заштита на конкуренцијата за прв пат добива надлежност да соработува со Европската комисија и телата на земји-членки на Европската унија во постапките за идентификување нефер трговски практики, а особено да разменува информации и искуства за најдобри практики, нови случаи и нови настанати нефер трговски практики, како и мерки за извршување кои се носат во постапка за утврдување нефер трговски практики и давање помош во постапките за утврдување нефер трговски практики кои имаат прекугранична димензија. За непочитување на законските одредби засега во предлог решението се предвидени глоби до 20 000 евра  

The post Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот на производите appeared first on Република.

]]>
Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот https://republika.mk/vesti/svet/rekorden-broj-tinejdheri-vo-holandija-imaat-problemi-so-zakonot/ Fri, 16 Feb 2024 10:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=744803

Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот, покажуваат податоците на Статистичкиот завод на Холандија.

Како што е наведено, во 2022 година, повеќе од 17.000 малолетници на возраст меѓу 12 и 18 години биле осомничени за кривично дело, од кои 11.000 за првпат.

Во 2022 година, 83 отсто од повеќе од 4.000 осомничени девојки го прекршиле законот за првпат, во споредба со 72 отсто во 2014 година.

Шеесет отсто од речиси 13.000 осомничени момчиња во 2022 година првпат извршиле прекршок, во споредба со 53 отсто во 2014 година.

Тинејџерите кои првпат извршиле кривично дело најмногу се осомничени за кражби, а потоа најсомнителни случаи се напади и јавно насилство.

Три четвртини од осомничените се момчиња и тие претставуваат 96 отсто од вкупниот број малолетници кои повеќе пати го прекршиле законот.

The post Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот appeared first on Република.

]]>

Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот, покажуваат податоците на Статистичкиот завод на Холандија. Како што е наведено, во 2022 година, повеќе од 17.000 малолетници на возраст меѓу 12 и 18 години биле осомничени за кривично дело, од кои 11.000 за првпат. Во 2022 година, 83 отсто од повеќе од 4.000 осомничени девојки го прекршиле законот за првпат, во споредба со 72 отсто во 2014 година. Шеесет отсто од речиси 13.000 осомничени момчиња во 2022 година првпат извршиле прекршок, во споредба со 53 отсто во 2014 година. Тинејџерите кои првпат извршиле кривично дело најмногу се осомничени за кражби, а потоа најсомнителни случаи се напади и јавно насилство. Три четвртини од осомничените се момчиња и тие претставуваат 96 отсто од вкупниот број малолетници кои повеќе пати го прекршиле законот.

The post Рекорден број тинејџери во Холандија имаат проблеми со законот appeared first on Република.

]]>
ДУИ контра Пендаровски: Неговата одлука е за жалење https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-kontra-pendarovski-negovata-odluka-e-za-zhalene/ Thu, 15 Feb 2024 09:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=744304

Одлуката на Пендаровски е за жалење, се вели во реакцијата на Демократската партија на Албанците (ДУИ) откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и за забавните игри, што Собранието на Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари.

Опозицијата две години по ред го блокираше законот за одалечување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме нивните мотиви. По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го изгласа законот, кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, а посебно мајките со пораки ‘ни ги спасивте децата’, како и здруженијата против коцкање.

Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци, ја одбра страната на обложувалниците и казината.
Образложението дека европското знаменце била злоупотребено за усвојување на законот е приказна за мали деца. Замислете немале забелешки за содржината, туку за процедурата.
Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците, се вели во реакцијата на ДУИ.

The post ДУИ контра Пендаровски: Неговата одлука е за жалење appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Пендаровски е за жалење, се вели во реакцијата на Демократската партија на Албанците (ДУИ) откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и за забавните игри, што Собранието на Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари. Опозицијата две години по ред го блокираше законот за одалечување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме нивните мотиви. По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го изгласа законот, кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, а посебно мајките со пораки ‘ни ги спасивте децата’, како и здруженијата против коцкање. Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци, ја одбра страната на обложувалниците и казината. Образложението дека европското знаменце била злоупотребено за усвојување на законот е приказна за мали деца. Замислете немале забелешки за содржината, туку за процедурата. Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците, се вели во реакцијата на ДУИ.

The post ДУИ контра Пендаровски: Неговата одлука е за жалење appeared first on Република.

]]>
Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата https://republika.mk/vesti/svet/putin-go-potpisha-zakonot-za-konfiskatsija-na-imot-za-lazhni-vesti-za-armijata/ Wed, 14 Feb 2024 09:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=743970

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи.

Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми.

На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, усвои Закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија.

Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и друг имот за ширење лажни вести за руската армија, како и ако тој имот се користи за финансирање на криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност.

Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го усвои овој Закон на 31 јануари.

Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнува со долги затворски казни.

Извор: МИА

The post Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи. Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми. На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, усвои Закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија. Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и друг имот за ширење лажни вести за руската армија, како и ако тој имот се користи за финансирање на криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност. Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го усвои овој Закон на 31 јануари. Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнува со долги затворски казни. Извор: МИА

The post Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата appeared first on Република.

]]>
Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-voveduva-novi-pravila-za-koristene-na-plazhite-pomalku-lezhalki-i-chadori-poveke-grizha-za-prirodata/ Tue, 13 Feb 2024 10:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=743566

Грчкото Министерство за економија и финансии претстави нова рамка со која се регулираат плажите и бреговите, со цел да им се овозможи на граѓаните непречен пристап до ова јавно добро. Се чини дека со новиот закон Грција ќе им застане на патот на несовесните сопственици на локали, кои ја прошируваат зоната со лежалки и чадори и не се грижат да обезбедат безбеден премин до водата за сите посетители.

Блогот „Real Greek Experiences“ ги претставува главните новини на новиот закон, кој значително ќе влијае на искуствата на туристите кои летово ќе ја посетат Грција. Според него, грчката влада воведе нова платформа за е-аукции која ќе овозможи учество на тендери за закуп на дел од плажата, со цел транспарентност, ефикасност на процесот и воспоставување стандардизирани договори за концесија.

Тие јасно ќе наведат со кој дел од плажата располага закупецот, кои се неговите обврски, како и времетраењето и висината на закупот.
Победниците на тендерот ќе добијат право привремено да изнајмат дел од плажата, каде што ќе можат сезонски да изнајмуваат лежалки и чадори, како и да работат кафулиња и ресторани. Времетраењето на секој договор се одредува на најмногу три години.

The post Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата appeared first on Република.

]]>

Грчкото Министерство за економија и финансии претстави нова рамка со која се регулираат плажите и бреговите, со цел да им се овозможи на граѓаните непречен пристап до ова јавно добро. Се чини дека со новиот закон Грција ќе им застане на патот на несовесните сопственици на локали, кои ја прошируваат зоната со лежалки и чадори и не се грижат да обезбедат безбеден премин до водата за сите посетители. Блогот „Real Greek Experiences“ ги претставува главните новини на новиот закон, кој значително ќе влијае на искуствата на туристите кои летово ќе ја посетат Грција. Според него, грчката влада воведе нова платформа за е-аукции која ќе овозможи учество на тендери за закуп на дел од плажата, со цел транспарентност, ефикасност на процесот и воспоставување стандардизирани договори за концесија. Тие јасно ќе наведат со кој дел од плажата располага закупецот, кои се неговите обврски, како и времетраењето и висината на закупот. Победниците на тендерот ќе добијат право привремено да изнајмат дел од плажата, каде што ќе можат сезонски да изнајмуваат лежалки и чадори, како и да работат кафулиња и ресторани. Времетраењето на секој договор се одредува на најмногу три години.

The post Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата appeared first on Република.

]]>
Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки повлечен од собраниска процедура од административни причини https://republika.mk/vesti/makedonija/predlog-izmenite-na-zakonot-za-restriktivni-merki-povlechen-od-sobraniska-protsedura-od-administrativni-prichini/ Thu, 01 Feb 2024 19:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=739508

Предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки е повлечен од собраниска процедура поради административни причини. Тој се очекува да се најде на дневен ред на следната владина седница на која треба да биде дадено ново одобрение.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада, административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија, се вели во образложението на Владата.

На 221-та владина седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени да ги достави до Собранието.

The post Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки повлечен од собраниска процедура од административни причини appeared first on Република.

]]>

Предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки е повлечен од собраниска процедура поради административни причини. Тој се очекува да се најде на дневен ред на следната владина седница на која треба да биде дадено ново одобрение. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада, административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија, се вели во образложението на Владата. На 221-та владина седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени да ги достави до Собранието.

The post Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки повлечен од собраниска процедура од административни причини appeared first on Република.

]]>
Руското МВР подготви закон со кој странците кои доаѓаат во Русија ќе мора да потпишат „договор за лојалност“ https://republika.mk/vesti/ruskoto-mvr-podgotvi-zakon-so-koj-strantsite-koi-doagaat-vo-rusija-ke-mora-da-potpishat-dogovor-za-lojalnost/ Wed, 29 Nov 2023 11:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=717525

Руското Министерство за внатрешни работи подготви нацрт-закон со кој странците ќе ги принудат да потпишат „договор за верност“, при што ќе им забрани да ја критикуваат официјалната политика, да ја дискредитираат советската воена историја или да ги прекршат традиционалните семејни вредности.

Откако рускиот претседател Владимир Путин ја почна инвазијата во Украина во февруари 2022 година, Русија воведе низа строги закони со кои се забранува дискредитирање на војската, а судовите ги осудуваа опозициските активисти на долги затворски казни.

Државната новинска агенција ТАСС објави дека Министерството за внатрешни работи подготвило нацрт-закон со кој сите странци кои влегуваат во Русија ќе ги принуди да потпишат договор кој суштински ја ограничува нивната слобода на говор. На странец во Русија ќе му биде забрането „мешање во активностите на јавните тела на Руската Федерација, дискредитирање во каква било форма на надворешната и внатрешната државна политика на Руската Федерација, јавните власти и нивните службеници“, пренесува ТАСС.

Предложениот договор ќе вклучува клаузули за морал, семејство, „пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“ и историја. Така, на странците ќе им биде забрането „да ја искривуваат историската вистина за подвигот на советскиот народ во одбрана на татковината и неговиот придонес во победата над фашизмот“.

За предлог-законот да стане закон, документот мора да биде упатен во Долниот дом на рускиот парламент, што се уште не е направено, да помине низ комисија за разгледување и неколку читања пред да биде испратен до претседателот Владимир Путин за негов потпис. Од почетокот на војната во Украина, Русија воведе бројни ограничувања за странците од оние што ги нарекува „непријателски земји“, односно оние што и воведоа санкции.

The post Руското МВР подготви закон со кој странците кои доаѓаат во Русија ќе мора да потпишат „договор за лојалност“ appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за внатрешни работи подготви нацрт-закон со кој странците ќе ги принудат да потпишат „договор за верност“, при што ќе им забрани да ја критикуваат официјалната политика, да ја дискредитираат советската воена историја или да ги прекршат традиционалните семејни вредности. Откако рускиот претседател Владимир Путин ја почна инвазијата во Украина во февруари 2022 година, Русија воведе низа строги закони со кои се забранува дискредитирање на војската, а судовите ги осудуваа опозициските активисти на долги затворски казни. Државната новинска агенција ТАСС објави дека Министерството за внатрешни работи подготвило нацрт-закон со кој сите странци кои влегуваат во Русија ќе ги принуди да потпишат договор кој суштински ја ограничува нивната слобода на говор. На странец во Русија ќе му биде забрането „мешање во активностите на јавните тела на Руската Федерација, дискредитирање во каква било форма на надворешната и внатрешната државна политика на Руската Федерација, јавните власти и нивните службеници“, пренесува ТАСС. Предложениот договор ќе вклучува клаузули за морал, семејство, „пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“ и историја. Така, на странците ќе им биде забрането „да ја искривуваат историската вистина за подвигот на советскиот народ во одбрана на татковината и неговиот придонес во победата над фашизмот“. За предлог-законот да стане закон, документот мора да биде упатен во Долниот дом на рускиот парламент, што се уште не е направено, да помине низ комисија за разгледување и неколку читања пред да биде испратен до претседателот Владимир Путин за негов потпис. Од почетокот на војната во Украина, Русија воведе бројни ограничувања за странците од оние што ги нарекува „непријателски земји“, односно оние што и воведоа санкции.

The post Руското МВР подготви закон со кој странците кои доаѓаат во Русија ќе мора да потпишат „договор за лојалност“ appeared first on Република.

]]>
Се очекува Владата идната недела да го усвои Законот за нефер трговски практики и да го достави до Собранието https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-ochekuva-vladata-idnata-nedela-da-go-usvoi-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-i-da-go-dostavi-do-sobranieto/ Tue, 07 Nov 2023 10:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=699129

Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието.

Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети. Оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски и со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани, за да се вградат во драфт верзијата на законот.

Неделава ќе имаме координација со премиерот за коментарите кои ги добивме од засегнатите страни. Ќе ги разгледаме со различни институции за да ги вклопиме во финалниот драфт на законот. Ќе одржиме и последен состанок со Стопанската комора за да видиме кои ќе бидат прифатливи и можно да се вградат. Очекуваме во почетокот на наредната недела предложениот закон да се усвои на Влада и да се прати до Собранието. Се работи за решение кое дологорочно ќе влије позитивно врз намалување на цените, но воедно ќе биде и недискриминаторно во трговијата, посебно за земјоделските и прехранебните производи - истакна Бектеши.

Со законот се опфатени и се регулираат 26 нефер трговски практики.

The post Се очекува Владата идната недела да го усвои Законот за нефер трговски практики и да го достави до Собранието appeared first on Република.

]]>

Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието. Како што рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети. Оваа недела, во координација со премиерот Димитар Ковачевски и со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани, за да се вградат во драфт верзијата на законот.
Неделава ќе имаме координација со премиерот за коментарите кои ги добивме од засегнатите страни. Ќе ги разгледаме со различни институции за да ги вклопиме во финалниот драфт на законот. Ќе одржиме и последен состанок со Стопанската комора за да видиме кои ќе бидат прифатливи и можно да се вградат. Очекуваме во почетокот на наредната недела предложениот закон да се усвои на Влада и да се прати до Собранието. Се работи за решение кое дологорочно ќе влије позитивно врз намалување на цените, но воедно ќе биде и недискриминаторно во трговијата, посебно за земјоделските и прехранебните производи - истакна Бектеши.
Со законот се опфатени и се регулираат 26 нефер трговски практики.

The post Се очекува Владата идната недела да го усвои Законот за нефер трговски практики и да го достави до Собранието appeared first on Република.

]]>
Николоски: Приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде справување со корупцијата и криминалот https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-prioritet-na-vladata-predvodena-od-vmro-dpmne-ke-bide-spravuvane-so-koruptsijata-i-kriminalot/ Fri, 03 Nov 2023 20:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=697958

Не можам да се согласам со една теза што се сака да се протне, а тоа е дека сите сме исти. Не сме сите исти. Нас измените на КЗ не најдоа затечени и не знаевме дека таква работа ќе се случи, а очигледно некои други добро знаеле, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ што се емитува на телевизија 24.

Николоски посочи дека измените на Казнениот закон не ги изненади само СДСМ и ДУИ.

Почнаа да паѓаат дела или има преквалификација на дела, како на пример случаите со поранешните генерални секретари на Владата, Мухамед Зекири и Драги Рашковски, а има и неказнивост веќе за некои предмети, на пример првиот состав на Владата на Зоран Заев. Има застареност на потенцијални казнени дела и некои застаруваат како она на поранешниот директор на директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски кој бараше 250 илјади евра мито за тој случај не може да одговара, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека тоа што го стори СДСМ, а и ДУИ да има неказнивост на сторени кривични дела никому не му паднало на памет дека е можно.

Ни на крај памет не ни падна дека на власта ќе и текне да носи закон што значи неказнивост. Ова не е случајна работа, каде една страна на брза лента ги пуштија измените, а од друга страна ја кочат експертската комисија предводена од експерти која треба да подготви нов казнен законик. И тука е јасно дека им е потребно да остане еден ваков закон определен период во кој ќе важи овој казнен законик и да се завршат работите. Или  да остане овој актуелниот КЗ да се заврши тоа што треба да се заврши, а потоа да се донесе нов нормален казнен законик“, рече Николоски.

Николоски заклучи дека приоритет на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде владеење на правото. Тој посочи како ќе се справи новата влада со неказнивоста.

Според мене и според партијата тоа ќе биде приоритет број еден. Проблем број еден е корупцијата и криминалот. Нема институција каде нема некорумпирани од најниско до највисоко ниво и никој не одговара, поради неказнивоста цвета криминалот и корупцијата, кажа Николоски.

The post Николоски: Приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде справување со корупцијата и криминалот appeared first on Република.

]]>

Не можам да се согласам со една теза што се сака да се протне, а тоа е дека сите сме исти. Не сме сите исти. Нас измените на КЗ не најдоа затечени и не знаевме дека таква работа ќе се случи, а очигледно некои други добро знаеле, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ што се емитува на телевизија 24.
Николоски посочи дека измените на Казнениот закон не ги изненади само СДСМ и ДУИ.
Почнаа да паѓаат дела или има преквалификација на дела, како на пример случаите со поранешните генерални секретари на Владата, Мухамед Зекири и Драги Рашковски, а има и неказнивост веќе за некои предмети, на пример првиот состав на Владата на Зоран Заев. Има застареност на потенцијални казнени дела и некои застаруваат како она на поранешниот директор на директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски кој бараше 250 илјади евра мито за тој случај не може да одговара, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека тоа што го стори СДСМ, а и ДУИ да има неказнивост на сторени кривични дела никому не му паднало на памет дека е можно.
Ни на крај памет не ни падна дека на власта ќе и текне да носи закон што значи неказнивост. Ова не е случајна работа, каде една страна на брза лента ги пуштија измените, а од друга страна ја кочат експертската комисија предводена од експерти која треба да подготви нов казнен законик. И тука е јасно дека им е потребно да остане еден ваков закон определен период во кој ќе важи овој казнен законик и да се завршат работите. Или  да остане овој актуелниот КЗ да се заврши тоа што треба да се заврши, а потоа да се донесе нов нормален казнен законик“, рече Николоски.
Николоски заклучи дека приоритет на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде владеење на правото. Тој посочи како ќе се справи новата влада со неказнивоста.
Според мене и според партијата тоа ќе биде приоритет број еден. Проблем број еден е корупцијата и криминалот. Нема институција каде нема некорумпирани од најниско до највисоко ниво и никој не одговара, поради неказнивоста цвета криминалот и корупцијата, кажа Николоски.

The post Николоски: Приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде справување со корупцијата и криминалот appeared first on Република.

]]>