закон за урбанистичко планирање Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-urbanistichko-planirane/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 12:24:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за урбанистичко планирање Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-urbanistichko-planirane/ 32 32 Николоски: Ни треба нов закон за урбанистичко планирање https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ni-treba-nov-zakon-za-urbanistichko-planirane/ Mon, 19 Aug 2024 12:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=807952

Министерот за транспорт и врски Александар Николоска го реафирмира ставот за изработка на нов закон за урбанистичко планирање, со учество на претставници на невладините организации кои што имаа редица реакции на измените на постојниот закон што по скратена постапка беа изгласани минатата недела.

Кажав дека дефинитивно ни треба нов закон. Предлагам хетероген состав во којшто ќе учествуваат претставници на различни невладини организации коишто се засегнати за да изработиме целосно нов закон за урбанистичко планирање, така што со претседателката имаме целосно ист став по однос на ова прашање, рече денеска Николоски на новинарско прашање, откако претседателката Годана Сиљановска минатата недела најави дека ќе го потпише указот за прогласување на законските измени, но повика што поскоро да почне подготовка на нов закон со учество на опозицијата и невладините организации.

Власта тврди дека главна причина за измените е поедноставување на процедурите за носење на плановите за реализација на објектите што ги планираат општините со средствата што ќе ги добијат од пакетот од 250 милиони евра обебзедени со ребалансот на Буџетот. Според граѓанските организации, пак, со измените ќе се овозможи да се носат застарени ДУП-ови чии параметри и мерења нема да одговараат на реалноста и ќе се уништува јавен простор. Сиљановска Давкова во образложението на одлуката за потпис на указот за законот, меѓу другото, рече дека измените биле потребни за општините да добијат средства за проекти но и упати забелешки дека во постапката за носење на законските измени немало амандмани, ниту дискусија од опозицијата.

The post Николоски: Ни треба нов закон за урбанистичко планирање appeared first on Република.

]]>

ЗЕЛС ги поддржува измените на законот за урбанистичко планирање https://republika.mk/vesti/makedonija/zels-gi-poddrzhuva-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane/ Tue, 13 Aug 2024 11:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=806141

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија –ЗЕЛС ги подржува општините во процесот на изградба на капитални проекти од јавен интерес, чија реализација ќе се забрза со предложените измени во Законот за урбанистичко планирање, што е во собраниска процедура и каде се предвидени поедноставени процеси на донесување на плановите, како основ за одобрение за градба.

Со тоа ќе им се овозможи на општините да реализираат објекти кои се исклучиво од јавен интерес (градинки, училишта, амбуланти, катни гаражи…. ), односно во интерес на граѓаните.

Најголем број општини во земјава во континуитет се соочуваат со неможност да им излезат во пресрет на барањата на своите граѓаните преку изградба на јавни објекти со кои ќе се подобрат услугите и ќе се обезбеди поквалитетно живеење. Причината е што најчесто во реоните каде што има потреба од вакви објекти не се донесени детални урбанистички планови или треба да се направат измени на постојните. Донесувањето на вакви детални планови бараат одвојување на многу големи финансиски средства, (што најголем број од општините ги немаат доволно), но истовремено и што нивното донесување се одвива во еден долг временски период, од најмалку четири, пет до десет години. Предложените законски измени ќе им дадат можност на општините да ги исполнат барањата на своите граѓани и истовремено ќе ја зголемат одговорноста на општинските совети, кои требаа претходно да дадат ,,зелено светло,, при одобрувањето на изградбата на секој ваков објект од јавен интерес.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-uchilishta-gradinki-i-kanalizatsiska-mrezha-ke-se-gradat-po-poednostavna-postapka/

Како дополнителна причина во полза на предложените измени е и обврската за обезбедувањето еднакви можности на сите општини во земјава кои имаат потреба од градба на јавни објекти, а не таа ,,привилегија,, да ја имаат само општините кои располагаат со поголеми финансиски средства за да издвојат за донесување на ваква планска регулатива. Всушност, по неодамна изнесеното ветување на Владата на РСМ дека наскоро ќе објави јавен повик до сите општини за финансирање на капитални проекти во општините, беше забележано дека токму поради недостаток на изработени детални урбанистички планови, голем дел од општините не ќе можат да аплицираат за нивно користење. Поддршката од ЗЕЛС оди во насока, сите општини да учествуваат со еднакви услови кога се обезбедуваат вакви ,,грантови“, бидејќи тие средства треба да бидат во полза, подеднакво на сите граѓани во земјата, велат од ЗЕЛС.

The post ЗЕЛС ги поддржува измените на законот за урбанистичко планирање appeared first on Република.

]]>

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија –ЗЕЛС ги подржува општините во процесот на изградба на капитални проекти од јавен интерес, чија реализација ќе се забрза со предложените измени во Законот за урбанистичко планирање, што е во собраниска процедура и каде се предвидени поедноставени процеси на донесување на плановите, како основ за одобрение за градба. Со тоа ќе им се овозможи на општините да реализираат објекти кои се исклучиво од јавен интерес (градинки, училишта, амбуланти, катни гаражи…. ), односно во интерес на граѓаните.
Најголем број општини во земјава во континуитет се соочуваат со неможност да им излезат во пресрет на барањата на своите граѓаните преку изградба на јавни објекти со кои ќе се подобрат услугите и ќе се обезбеди поквалитетно живеење. Причината е што најчесто во реоните каде што има потреба од вакви објекти не се донесени детални урбанистички планови или треба да се направат измени на постојните. Донесувањето на вакви детални планови бараат одвојување на многу големи финансиски средства, (што најголем број од општините ги немаат доволно), но истовремено и што нивното донесување се одвива во еден долг временски период, од најмалку четири, пет до десет години. Предложените законски измени ќе им дадат можност на општините да ги исполнат барањата на своите граѓани и истовремено ќе ја зголемат одговорноста на општинските совети, кои требаа претходно да дадат ,,зелено светло,, при одобрувањето на изградбата на секој ваков објект од јавен интерес.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-so-izmenite-na-zakonot-za-urbanistichko-planirane-uchilishta-gradinki-i-kanalizatsiska-mrezha-ke-se-gradat-po-poednostavna-postapka/
Како дополнителна причина во полза на предложените измени е и обврската за обезбедувањето еднакви можности на сите општини во земјава кои имаат потреба од градба на јавни објекти, а не таа ,,привилегија,, да ја имаат само општините кои располагаат со поголеми финансиски средства за да издвојат за донесување на ваква планска регулатива. Всушност, по неодамна изнесеното ветување на Владата на РСМ дека наскоро ќе објави јавен повик до сите општини за финансирање на капитални проекти во општините, беше забележано дека токму поради недостаток на изработени детални урбанистички планови, голем дел од општините не ќе можат да аплицираат за нивно користење. Поддршката од ЗЕЛС оди во насока, сите општини да учествуваат со еднакви услови кога се обезбедуваат вакви ,,грантови“, бидејќи тие средства треба да бидат во полза, подеднакво на сите граѓани во земјата, велат од ЗЕЛС.

The post ЗЕЛС ги поддржува измените на законот за урбанистичко планирање appeared first on Република.

]]>
МТ: Заглавени околу 600 урбанистички планови, со законските измени ќе ја олесниме изградбата на школи, градинки, болници,… https://republika.mk/vesti/ekonomija/mt-zaglaveni-okolu-600-urbanistichki-planovi-so-zakonskite-izmeni-ke-ja-olesnime-izgradbata-na-shkoli-gradinki-bolnitsi/ Fri, 09 Aug 2024 11:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=804954

Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба.

Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините - за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови.

Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план.
Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој, истакнува Министерството.

Како што нагласува, недозволиво е поради немање адекватна правна рамка, општините и државата да не се во можност да ги реализираат своите развојни програми и реализацијата на капиталните проекти да трае со години, дури и со децении.

Во тој контекст би сакале да потенцираме дека околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции. Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото „молчењето е одобрување”, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба на службена должност, нагласува Министерството.

Додава и дека поради неколку потврдени примери на дивеење на одредени општини, со предложеното законско решение целта е токму да се зајакне улогата на Министерството како контолен механизам во процесот и да се стави ред, а законите да важат подеднакво за сите граѓани.

Со измените е невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. Така се спречува дивеење, потенцира Министерството.

The post МТ: Заглавени околу 600 урбанистички планови, со законските измени ќе ја олесниме изградбата на школи, градинки, болници,… appeared first on Република.

]]>

Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба. Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините - за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови.
Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план. Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој, истакнува Министерството.