закон за странски агенти Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-stranski-agenti/ За подобро да се разбереме Sat, 11 May 2024 18:22:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за странски агенти Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-stranski-agenti/ 32 32 „Европските“ Грузијци не сакаат да имаат закон сличен како во Русија https://republika.mk/vesti/svet/evropskite-gruzijtsi-ne-sakaat-da-imaat-zakon-slichen-kako-vo-rusija/ Sat, 11 May 2024 18:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=777110

Неколку илјади демонстранти излегоа вечерва на улиците во грузискиот главен град Тбилиси за уште еднаш да протестираат против контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“ поддржан од владата, но критикуван од САД и Европската унија.

Толпата собрана на плоштадот Европа ги вееше знамињата на Грузија и на Европската унија.

Тбилиси вели дека сака да се приклучи на заедницата и покрај предлог-законот, за кој неговите противници велат дека е сличен на руското законодавство што се користи против опозицијата.

The post „Европските“ Грузијци не сакаат да имаат закон сличен како во Русија appeared first on Република.

]]>

Неколку илјади демонстранти излегоа вечерва на улиците во грузискиот главен град Тбилиси за уште еднаш да протестираат против контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“ поддржан од владата, но критикуван од САД и Европската унија. Толпата собрана на плоштадот Европа ги вееше знамињата на Грузија и на Европската унија. Тбилиси вели дека сака да се приклучи на заедницата и покрај предлог-законот, за кој неговите противници велат дека е сличен на руското законодавство што се користи против опозицијата.

The post „Европските“ Грузијци не сакаат да имаат закон сличен како во Русија appeared first on Република.

]]>
Не е само Грузија: И ЕУ подготвува закон за странски агенти https://republika.mk/vesti/svet/ne-e-samo-gruzija-i-eu-podgotvuva-zakon-za-stranski-agenti/ Tue, 14 Mar 2023 12:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=619557

 Европската унија подготвува закон за странски агенти, иако највисоките европски функционери жестоко ги критикуваа грузиските власти дека се обидуваат да донесат таков закон, објави „Политико“.

Бриселскиот портал, повикувајќи се на три извори, пишува дека ЕУ, како дел од борбата против странското влијание во блокот, работи на закон што ќе ги принуди невладините групи, консултантски фирми и академски институции да ги пријават сите финансирања надвор од ЕУ.

Планираното законодавство, кое е во рана фаза на подготовка, е слично на законите во Австралија и САД. Според американскиот Закон за регистрација на странски агенти, од 1938 година, лобистите кои работат во име на странска држава се обврзани да се регистрираат во американската федерална влада.

Европската верзија на законот веројатно нема да таргетира поединци, но доколку биде усвоена, и комерцијалните и непрофитните организации ќе мора да обелоденат финансирање што не е од ЕУ и се однесува на плаќање за академски студии, изјави претставник на Европската комисија за Политико, кој не сака да биде именуван.

Законот може да биде финализиран на крајот на мај, според Политико

Според копија од прашалникот во кој имале увид од Политико, од испитаниците веќе било побарано да дадат детали за изворите на финансирање надвор од ЕУ.

Тоа прашање за финансирање изненади многумина, рече Ник Ајоса од Транспаренси Интернешнл, додавајќи дека „прашањата сугерираат дека проценуваат дали Транспаренси интернешнал е закана за демократијата“.

Некои невладини организации изразија загриженост дека доколку ЕУ продолжи со својата верзија на американскиот Закон за регистрација на странски агенти, некои силни луѓе, како што е унгарскиот премиер Виктор Орбан, би можеле да го искористат за да ги потиснат продемократските сили во нивната земја.

https://republika.mk/vesti/svet/shto-se-sluchuva-vo-gruzija-dali-ovie-fotografii-ve-potsetuvaat-na-sharenata-revolutsija-na-sdsm/

Со цел да ги отфрли тие стравувања, комесарката Јурова ќе има серија состаноци со граѓанските групи оваа недела, рече неименуваниот функционер

The post Не е само Грузија: И ЕУ подготвува закон за странски агенти appeared first on Република.