закон за санкции Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-sanktsii/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 13:54:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png закон за санкции Archives - Република https://republika.mk/tema/zakon-za-sanktsii/ 32 32 Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-gi-izglasa-izmenite-na-zakonot-za-izvrshuvane-na-sanktsiite/ Thu, 28 Mar 2024 13:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=759837

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите.

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина, како во затворите, така и генерална и општата безбедност во државата.

Предлогот предвидува воспоставување на законска основа и формирање на единици за затворско разузнавање и единици за интервенции, воспоставување на систем за видеонадзор и користење боди камери во установите, намалување на корупцијата во казнено-поправните установи, решавање на проблемот со пренатрупаноста и регулирање и унапредување на права од работен однос на сите категории вработени лица во КПУ и ВПУ.

Покрај зголемување на безбедноста на установите, унапредување на правата на осудените лица и децата со овој Предлог на закон се оди кон подобрување на статусот и на вработените во пенитенцијарниот систем, велат од Министерството за правда.

Од таму додаваат дека измените на Законот за извршување на санкциите се донесени од повеќе причини, меѓу кои и поради менување во голем дел на кривичното законодавство во земјава, менување на затвореничката структура и појавата на сѐ поголем број на радикализирани осудени лица, како и поради потребата од заострување на начинот на којшто осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење и со тоа таканаречено избирање на казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната и условите во истата.

The post Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите appeared first on Република.

]]>

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина, како во затворите, така и генерална и општата безбедност во државата. Предлогот предвидува воспоставување на законска основа и формирање на единици за затворско разузнавање и единици за интервенции, воспоставување на систем за видеонадзор и користење боди камери во установите, намалување на корупцијата во казнено-поправните установи, решавање на проблемот со пренатрупаноста и регулирање и унапредување на права од работен однос на сите категории вработени лица во КПУ и ВПУ. Покрај зголемување на безбедноста на установите, унапредување на правата на осудените лица и децата со овој Предлог на закон се оди кон подобрување на статусот и на вработените во пенитенцијарниот систем, велат од Министерството за правда. Од таму додаваат дека измените на Законот за извршување на санкциите се донесени од повеќе причини, меѓу кои и поради менување во голем дел на кривичното законодавство во земјава, менување на затвореничката структура и појавата на сѐ поголем број на радикализирани осудени лица, како и поради потребата од заострување на начинот на којшто осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење и со тоа таканаречено избирање на казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната и условите во истата.

The post Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите appeared first on Република.

]]>